Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

342182086_764963654983139_6180058911758901817_n

Завршува првата фаза од изградбата на игралишта во Елшани, Рача и на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид

Активностите за изградба на детски и повеќенаменски игралишта на територијата на Општина Охрид продолжуваат, информира градоначалникот Кирил Пецаков„Во моментов завршува првата фаза од изградбата на игралишта на три нови локации и тоа во Елшани, Рача и на улицата „Карпош Војвода“.После целосната изградба на овие игралишта активностите продолжуваат на други предвидени локации низ градот“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

293743835_462145425925477_7727400485832353612_n

Пецаков: Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ нѐ обдари со сила, верба и благослов

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните по повод ВелигденЧеститката Ви ја пренесуваме во целостДозволете ми да ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да ви посакам здравје, благодет, Христова љубов и спокој во секој дом и во сечие срце.Празнувањето на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, затоа што е празник во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. Велигден е денот кога со радост го славиме животот, кој извира од секој храм, од секој дом и од срцето на секој верник.Христовото Воскресение е темелот на православната вера, празник на надежта и смислата на нашето постоење. Да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме со најблиските и семејството. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов и да правиме добри дела, преку кои ќе ја потврдиме смислата на нашето живеење.Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ нѐ обдари со сила, верба и благослов за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно.Нека е за многу години големиот празник!ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Актуелно | пред 2 години

341266963_772420944595386_5185343450001018293_n

„Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ , вчера, го организираа традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.„На базарот учество зедоа фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења.Базарот беше проследен и со културно уметничка програма во која настапија КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.Велигденскиот базар имаше хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно“, вели граодначалникот Пецаков.

Охрид | пред 2 години

IMG-207eb809ed1b2845baea177356f622f2-V

Промовирана книгата „Приказни од нашата мелница“

Вчера во Охрид беше промовирана книгата „Приказни од нашата мелница“, дело на авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ од Хрватска. Во ова издание, испреплетено со животните случувања на загребските медицински сестри, се раскажува за убавините на Охрид, како најголем туристички центар во Македонија.Пред присутните на промоцијата свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Понекогаш не ја знаеме вистинската вредност на моментот додека тој не стане наш спомен. Некои спомени се незаборавни, а тие остануваат живи само доколку ги споделиме со другите. Токму тие незаборавни спомените од животот се основна водилка во книгата „Приказни од нашата мелница“ која преку интересни сеќавања за младоста, впечатливи детали за една хумана професија и нераскинливите пријателства, ни нуди возбудливо патеписно доживување.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ, за ова дело, кое преку едноставен, читлив и ненаметлив стил, не носи на незаборавно патување низ минатото, ни ги покажува вредностите на една генерација и на неформален начин ги промовира уникатните убавини на нашиот Охрид.Нивниот ентузијазам и желба по 40 години да ги повторат и да ги оживеат спомените кои ги доживеале токму во нашиот град, нема да ве остават рамнодушни и ќе ве поттикнат да ги разбудите и вашите спомени од училишните денови и да се потсетите на сите ваши пријателства и убави моменти од младоста.Посакувам оваа книга да биде една од низата изданија кои ќе раскажуваат приказни и сеќавања од Охрид, како најскапоцен бисер, кој поттикнува воодушевување и инспирација за секој гостин и посетител. Се надевам дека во блиска иднина ќе можеме да се радуваме на уште некое ново книжевно дело од авторките Дувњак и Галиќ, кое ќе биде подеднакво интересно како и оваа книга, истакна Божиновски во своето обраќање.Промоцијата на книгата беше организирана од Црвениот Крст на Македонија и Црвениот Крст од Охрид во соработка со Општина Охрид и Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, Хрватска.

Охрид | пред 2 години

11_Oktomvri_10102022003

Пецаков: Овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост

По повод големиот христијански празник Воскресение Господово – Велигден, градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед.– Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам празникот посакувајќи да го поминете во мир благосостојба и среќа.Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!

Охрид | пред 2 години

IMG-23a51df7aff800fed894f617a21132a0-V

Пецаков приреди ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед

Во пресрет на големиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, вечерва приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред гостите истакна:-Ми претставува особена чест и задоволство што во духот на заедништвото и взаемното почитување, ја организираме оваа традиционална Ифтарска вечера, со цел да испратиме порака за поголема хуманост и солидарност.Рамазанскиот пост ги буди и ги поттикнува најголемите човечки вредности и ни дава поука дека добрите дела се основен предуслов за мир и благосостојба. Нека овој свет месец ви донесе радост, добра мисла за Вас и вашите најблиски и нека биде значаен мотив за поголемо разбирање и хармонија.Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и затоа посакувам вербата во Бога да ни даде сила да продолжиме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото живеење и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид и нашата Македонија.Нека ви е на здравје постот и во радост и мир да го дочекате големиот празник Рамазан Бајрам. Нека вашите молитви ви донесат многу љубов, а вашите домови нека се исполнат со радост, која ги грее срцата и носи мир во душите.Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме на ваков начин, сполотени и заеднички, да ги чествуваме сите големи верски празници и да создаваме моменти вредни за спомен и достојни за пофалба, рече Пецаков во своето обраќање.Ифтарската вечера во покровителство на градоначалникот се организира традиционално неколку години наназад, со цел да ги зајакнe меѓурелигиските врски во Охрид. Инаку Рамазанскиот пост завршува наредната седмица, а муслиманските верници ќе го прослават големиот празник Рамазан Бајрам во петок на 21-ви април 2023 година

Охрид | пред 2 години

Veligdenski_koncert_2023-scaled-1

Велигденски базар на плоштадот „Крушевска република“

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 13.04.2023 година ( Велики четврток) ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ проследен со концерт и музичко сценски перформанс на охридските културно – уметнички друштва.На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.Во забавниот дел од настанот ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.Велигденскиот базар ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, во духот големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Охрид | пред 2 години

Metodi_Patce_07042023007

Делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев

Делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, по повод годишнина од неговата смрт.Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии.

Охрид | пред 2 години

ohrid

(ФОТО) Ги изми четката за варосување и кофата во Охридско Езеро и предизвика револт

Револт предизвикаа фотографии на кои се гледа како маж со кофа во раката истура бела течност во Охридско Езеро беше споделена на социјалните мрежи. Објавувачот, Александар Донев, посочи дека лицето си ја измило и четката за варосување. Лицето е сликано блиску до Калишта, Струга.„Не знам ни зошто поставувам кога знам дека џабе е веќе се.. само не знам од каде е она дека стално некој друг ни е крив“, пишува објавувачот.Корисниците коментираат дека ова е голем срам за езеро кое е под заштита на УНЕСКО.

Македонија | пред 2 години

ohrid

Свикана дваесет и шестата седница на советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.04.2023 година ( вторник ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДПредлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.Предлог-одлука за разрешување член во Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“- Охрид.Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година (Н1).Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година (Н2).Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).Предлог-програма за измени на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата ЈН урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за утврдување на надоместок и регулирање на постапката за одобрување на прекопи за поставување на инсталации во патна мрежа, како и за прекумерно користење на истата.Предлог-oдлука за измени и дополнувања на одлуката за пренесување на правото за објавување на јавен оглас за давање на простор за поставување урбана опрема.Предлог-одлука за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности.Предлог-одлука за усвојување на Процената на загрозеност на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи.Предлог-одлука за донесување План за заштита и спасување на општина Охрид (административна зграда) од природни непогоди и други несреќи.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Општинска организација – Сојуз на борци Охрид и Дебрца.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен санитарен и здравствен инспекторат Охрид.Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Државен инспекторат за труд – Подрачно одделение Охрид.Предлог-одлука за давање на трајно користење на специјално комунално возило марка „TOYOTA“ – сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 3 и ГП 2 во ДУП за дел од УЗ 16-Рача дел од УБ 16.3 – опфат 3 – Охрид во КО Велестово, општина Охрид со тех.бр. 17/21 од Декември 2022 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 3.21, ГП 3.21а, ГП 3.22 и ГП 3.33 ДУП за 6-та УЗ дел од УБ 6.1 опфат 1-Охрид, во Охрид 2, општина Охрид со тех.бр. 02/22 од Март 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.Предлог одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 3.18 и ГП 3.19 во ДУП урбана заедница 9 урбан блок 9.2 – Охрид, општина Охрид со тех.бр. 23/22 од Февруари 2023 година, изработен од „Снегар Компани“, Дооел Охрид.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1564/2 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.722 КО Свињишта.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.832/1 КО Охрид 4.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2350/1 КО Охрид 4.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1323 КО Велестово.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1007 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 543, КП.бр. 546 и КП.бр. 545/2 КО Ливоишта.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 2105/1 КО Долно Лакочереј.Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр. 2803/2 КО Елшани со бр. 08-15397/59 од 15.11.2022 година.

Охрид | пред 2 години

Sovet_Jugozapaden_region_30032023001

Во Охрид се одржа деветтата седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.

Општина Охрид денеска беше домаќин на деветтата редовна седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.Со седницата претседаваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков кој од оваа седница официјално го oтпочна мандатот на функцијата Претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион. На седницата беа присутни градоначалниците на општините од регионот, претставници на општинската администрација и претставници на Центарот за развој на југозападниот плански регион.Членовите на советот ги разгледуваа и едногласно ги изгласаа Предлог одлуката и одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година со интерен финансиски извештај и Предлог одлуката и одлуката за усвојување на годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2022 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-II фаза на спроведување“.На седницата беше презентирана и информација во врска со реализацијата на тековни проекти и доставени проектни апликации за предлог регионални проекти кај Бирото за регионален развој по Програмата за рамномерен регионален развој.Исто така, на денешната седница на советот беше разговарано и за проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион и регионално решавање на проблемот со кучиња скитници со подготовка на заеднички проект за отворање на стационар во општините Охрид и Кичево.

Охрид | пред 2 години

Foto-9

Започнаа подготовките за овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон

Општина Охрид навремено ги започна подготвителните активности за организација на овогодинешното издание на Охридскиот пливачки маратон.За таа цел денеска се одржа состанок со претставници на Националната пливачка федерација на кој се разговараше за дел од потребните технички и логистички услови за целокупната организација на оваа значајна спортска манифестација за Охрид и Република Македонија.По иницијатива на Општина Охрид, Охридскиот пливачки маратон е ставен под закрила на Европската пливачка федерација и ќе се одржува во рамки на Отвореното првенство на LEN. Со тоа се враќа препознатливиот сјај на маратонот, како атрактивен настан кој е интересен за професионалните напреварувачи и врвните пливачки имиња.На денешниот состанок беше истакнато дека во рамки на овогодинешното издание, кое ќе се одржи на 26.08.2023 година на патеката „Климе Савин“, во водите на Охридското Езеро, се очекува да учествуваат околу 30 пливачи. На состанокот беше најавено дека овогодинешното издание ќе биде збогатено со многу новитети, кои ќе бидат значајни и за учесниците и за публиката. За сите детали околу годинешната организација, јавноста ќе биде тековно информирана.По долгогодишните проблеми, предизвикани од претходните организатори, кои го доведоа до прашање опстојувањето на Охридскиот пливачки маратон, минатата година Општина Охрид ја презеде организацијата на овој препознатлив спортски настан. За организација на манифестацијата, беа издвоени 2 милиони денари од општинскиот буџет и беа обезбедени сите услови за успешно маратонско издание.

Охрид | пред 2 години

JAHJA-KEMAL_31.03-3-scaled-1

Пецаков во посета на „Саем за наука и култура“ во Јахја Кемал

Во „Јахја Кемал“ Колеџот во Струга, денес, се одржа саем на наука и култура. Дел од саемот беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. На саемот беа претставени и презентирани научни и културни проекти изработени од ученици од „Јахја Кемал“ како и од ученици од општинските училишта во Охрид и Струга.-Особено задоволство ми преставува што ми ја укажавте оваа можност да бидам дел од овогодинешниот „Саем за наука и култура“ во Јахја Кемал Колеџот. Институција која низ годините покажала и докажала дека знае како да ги вреднува различностите, посебностите, како да ги надоградува талентираните и како секоја индивидуа да ја прави подобра и поуспешна. За тоа како градоначалник на општина Охрид од каде има доста ученици кои учат овде, искрено Ви сум благодарен. Самата организација на ваквите манифестации на учениците им дава дополнителен елан и мотив, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат и чувството за научно истражувачка работа со која ќе би оставиле белег во општеството. Покрај тоа, тука, учениците, учат и како да создадат културни активности. Од приложеното на овој Саем, може да се воочат експерименти и истражувачка работа која убеден сум дека во иднина на дел од Вас ќе ви биде професија во која многу добро ќе се покажете. Тука би ви порачал секогаш да бидете истрајни и секогаш да работите на себе за да бидете подобри во иднина. Како долгогодишен спортист можам да Ве уверам дека не постои успешен ракометар, фудбалер, кошаркар или тенисер кој постојано секојдневно не работи напорно подобрувајќи се себеси. Истото е и во секоја друга област. Тука би ви порачал да бидете истрајни, храбри, самоуверени за да бидете и успешни, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните.Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети: матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, историја, географија, англиски, македонски, албански и турски јазик. Градоначалникот Пецаков по обиколката на штандовите, се запозна и со начинот на работа на училиштето и со постигнатите успеси на децата кои тука се школувале.Свои обраќања пред пристуните имаа и директор на Јахја Кемал Колеџот во Струга господин Јусуф Шахин и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Охрид | пред 2 години

Detski-hepening-1-april-scaled-1

Првоаприлски хепенинг под маски на охридскиот плоштад

Во организација на Општина Охрид во сабота на 1-ви април 2023 година по повод Денот на шегата ќе биде организиран „Првоаприлски хепенинг под маски“ на плоштадот „Свети Климент Охридски“.На настанот со свои музички и танцови точки ќе настапат дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и ученици од сите основни училишта од територијата на Општина Охрид.Програмата ќе започне во 11 часот.

Охрид | пред 2 години

Kocarev-Paris_28032023010

Градоначалникот Пецаков дел од чествувањето посветено на д-р Анастас Коцарев во Париз

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на чествувањата посветени на светски познатиот научник, по потекло од Охрид, д-р Анастас Коцарев, кои се одржаа минатиот викенд во Париз, Франција. Настаните се организираа по повод 133 години од неговото раѓање и 92 години од неговата прерана смрт.Градоначалникот Кирил Пецаков заедно со градоначалникот на париската општина Бонди, Стефен Ерве положија заеднички венец на гробот на д-р Коцарев во знак на заедничка почит кон научникот и гест на поврзување и соработка во иднина.Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна дека му претставува огромна што е првиот градоначалник на Охрид, кој лично оддава почит на овој истакнат охриѓанец и врвен научник.Среќни сме што нашата историска ризница која има непроценлива вредност за светот, ќе биде збогатена со уште една уникатна приказна, за човек кој се родил во нашиот град и кој оставил бесценето наследство за човештвото. Со ликот и делото на д-р Коцарев, Охрид ја комплетира својата биографија како место од кое потекнуваат голем број истакнати великани, кои оставиле значаен печат низ неговото милениумско постоење. Општина Охрид веќе отпочна низа подготовки и активности со цел името на д-р Коцарев да го добие своето заслужено место во мозаикот на непроценливи вредности, кои внамателно ги чуваме и почитуваме, истакна Пецаков во своето обраќање.Тој најави дека Општина Охрид ќе поведе иницијатива за соодветно обележување на родната куќа на д-р Коцарев во Охрид, која подоцна би прераснала во музеј, а планирано е да биде спроведена и постапка за именување на улица и медицинска установа со неговото име.Градоначалникот на Бонди, Стефен Ерве ги поздрави иницијативите во насока на поголемо партнерство меѓу двете општини и најави возвратна посета на Охрид со цел да го види градот на УНЕСКО во кој се родил д-р Анастас Коцарев.На форумот „Одблесоци. Д-р Анастас Коцарев. Еден век потоа“ кој се одржа во црквата „Св.Кирил и Методиј“ и на која беа присутни претствници од македонската заедница во Франција, градоначалникот Пецаков истакна:– Ние денес, како национални држави имаме свои национални херои и свои национални лидери, но „граѓаните на светот“ се планетарни битија кои дале придонес за општото добро на сите народи и нации. Тоа „светско граѓанство“ можеме да му го припишеме и на д-р Анастас Коцарев имајќи ја во предвид неговата пожртвуваност и работа во делот на медицината.Д-р Коцарев за нас Македонците ја положи Хипократовата заклетва многу порано од современиот текст кој го познаваме денес. На ист начин тој постапуваше и со македонското прашање и борбата на македонскиот народ за независност. Тој со сите свои сили ја бранеше честа и достоинството на својот народ во мигот кога се кроеше судбината и новите политички граници на Париската мировна конференција и остана доследен на стремежот за македонска држава– рече меѓудругото Пецаков.Д-р Анастас Коцарев е роден во Охрид, на 26. март 1890 во старо и угледно охридско семејство Коцареви. Основно образование завршил во Охрид, гимназија во Солун и медицински факултет во Женева каде докторирал и останал да работи на Женевскиот универзитет како асистент, потоа како лекар и приватен доцент по онкологија на универзитетската клиника. Во 1928 година со својата вереница Сесил Пинел се населил во Париз каде ненадејно починал на 28. март 1931 година. Д-р Коцарев со својата научна работа бил посветен на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата и првиот научник во светот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер (рак). Покрај неговата професионална преокупација – медицината, д-р Коцарев во текот на Првата светска војна, а и по неа, развил жива политичка активност во Швајцарија и се залагал „за единствена и независна држава Македонија“.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања