Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Bugarski_konzul_02052023001

Пецаков оствари средба со новиот Бугарски конзул Димитров

Протоколарна средба, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со новиот Бугарски конзул Николај Димитров.На средбата соговорниците разговараа на повeќе теми, меѓу кои беа остварување соработка во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО, поддршката на проекти од повеќе области и унапредување на соработката во областа на туризмот.Заеднички беше констатирано дека добрата меѓусебна соработка треба да продолжи и да се надогради.

Охрид | пред 2 години

studenti

Општина Охрид целосно ги исплати ученичките и студентските стипендии

Општина Охрид целосно ги исплати стипендиите за учениците и студентите предвидени во рамки на програмите за основно и средно образование Н1 и Н2 и програмата за социјална и здравствена заштита Т1. На вкупно 177 ученици во основното образование им се исплатени стипендии во износ од 3.186.000,00 денари, на 112 ученици од средното образование им се исплатени вкупно 2.016.000,00 денари а на 31 студент им се исплатени вкупно 837.000,00 денари. На 40 ученици во основното и средното образование и 4 студенти, лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени стипендии во вкупен износ од 828.000,00 денари.Оваа година за првпат воведуваме и нова мерка за поддршка на талентираните ученици и нивните ментори. Општина Охрид покрај стипендиите кои ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување на награди за постигнати успеси по повод 24 ти мај денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј„ ќе додели и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општина Охрид и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети.Воведена е и парична награда за првенецот на генерацијата избран од страна на наставничкиот совет на училиштето. За таа цел е донесен правилник во кој точно се утврдени критериумите, начинот и постапката за доделување на наградите кои дополнително го вреднуваат успехот на учениците. Постапката ќе се спроведе во текот на месец јуни во соработка со општинските основни и средни училишта.Учениците кои постигнуваат успеси се нашиот фокус и секогаш ќе ја имаат нашата поддршка.

Охрид | пред 2 години

HAB_290423007

Германски искуства за унапредување на работата на јавните сервиси

Денеска во просториите на Касарна Хаб во Охрид се одржа дискусија со цел пренесување на германски искуства и знаења за унапредување на работењето на јавните сервиси.Врвни експерти од Германија пренесуваа искуства на полето на урбана мобилност, сообраќајни решенија, дигитализација на јавниот сектор, туризам, винарство и останати добри бизнис пракси.На почетокот на настанот присутните ги поздрави градоначалникот, Кирил Пецаков:– Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на овој настан на кој преку дискусија се настојува да се пренесат идеи и знаења од врвни експерти од Германија, на полето на урбаната мобилност, сообраќајни решенија, дигитализација на јавниот сектор, туризам, винарство и останати добри бизнис пракси. Древниот Охрид кој е и најголем туристички центар во земјава и регионов многу одамна е впишан на листата на УНЕСКО. Денешната дискусија сметам дека во голема мера ќе ни помогне преку германски искуства да изградиме добри идни стратегии во различни општествени сфери. Денес тука ќе се пренесуваат знаење за унапредување на работењето на јавните сервиси под водство на Bundesverband Deutscher Unternehmensberatungen BDU and of the Professional Association of Public Sector Consultants од Република Германија. Охридскиот регион поседува исклучителна универзална вредност како комбинација од природни феномени со квалитетот и разновидноста на културното наследство – материјално и нематеријално. Затоа треба да работиме на негово одржување и заштита преку донесување правилни урбанистички, сообраќајни или туристички решенија. На оваа средба ќе се носат битни заклучоци за сите нас. Покрај работниот дел се надевам ќе имате доволно време да ги видите убавините на Охрид. Древниот град кој „се капи“ во езерските води е секогаш привлечен со тврдината на Цар Самуил, Античкиот театар, галеријата на икони. Тука е и наколната населба кај Градиште која ќе ве врати во праисторијата. Секако испијте кафе во некој од бројните ресторани и кафулиња на охридската ривиера и секако со убави спомени живи и здрави повторно дојдете ни кај нас – посочи градоначалникот Пецаков.Организатор на настанот е касарна Хаб и Professional Association of Public Sector Consultants од Република Германија.

Охрид | пред 2 години

IMG-6cc3f982dac6b12f17397d2adbdc938e-V

Охрид претставен на саемот за туризам и спорт во Приштина

Општина Охрид од 27 до 28 aприл учествува на Саемот за туризам и спорт кој се одржува во Приштина, Р. Косово. Помеѓу голем број на излагачи од регионот, штандот на општина Охрид предизвика голем интерес како од туристички така и од спортски аспект.Штандот го посетија заменик министерката за култура и спорт на Косово, претседателот на олимпискиот комитет на Косово, престседателот на туристичка комора на Косово и др. Посетителите покажаа интерес за туристичката понуда на Охрид, а воедно и за спортските активности кои се одржуваат во Охрид.Посебна промоција се направи за новиот спортско-туристички настан „Ohrid Water Festival“, кој во Охрид ќе се одржи од 18 до 27 август, при што беа остварени средби со организации од областа на спортот кои би зеле учество на активностите во рамките на Фестивалот.Саемот е одлична можност за презентација на туристичката понуда на косовскиот пазар како и можност за остварување на соработка и на спортски план. Покрај овој Фестивал, промовирани беа и други спортски настани кои во наредниот период ќе се одржуваат во Охрид, како Охрид Трчат, фудбалски, кошаркарски турнири и други спортски манифестации.

Охрид | пред 2 години

DSC0135

Претставници на Бернската и Рамсарската конвенција и експерти од УНЕСКО на работен состанок во Општина Охрид

Претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, претставници на Рамсарската конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење и експерти на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство (УНЕСКО), денеска беа во посета на Општина Охрид и остварија работен состанoк со градоначалникот Кирил Пецаков.Во своето поздравно обраќање пред гостите, градоначалникот Пецаков искажа голема благодарност за нивниот целокупен ангажман и поддршка во насока на зачувување и вреднување на Светското природно наследство со кое располага Охридскиот регион, Охридското Езеро и планината „Галичица“.– Заедно со сите надлежни институции, во текот на изминатиот период сериозно работиме на подобрување на капацитетот за ефективно спроведување на сите препораки за соодветна заштита и успешно надминување на сите проблеми кои се таложеле години наназад.Се надевам дека на оваа денешна средба ќе оствариме конструктивна и позитивна дискусија преку која уште еднаш ќе ги посочиме приоритетните мерки и ќе ги потврдиме нашите определби во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Исто така од вашата денешна посета очекувам да добиеме реална и независна проценка на состојбата и мерките кои понатаму ќе треба да се преземат за зачувување на светското природно наследство во регионот на двете страни на Охридското Езеро и на планината Галичица.Сметам дека само заеднички, преку јасно дефинирана стратегија, координирани активности, меѓуопштинска и меѓугранична соработка, можеме да обезбедиме заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето. Затоа е потребно сите општини од брегот на езерото, подеднакво да се вложат и да преземат конкретни чекори кои ќе бидат во полза на целокупниот процес за зачувување на природното наследство.Заштитата на животната средина е еден од најважните приоритети на Општина Охрид. Продолжуваме да преземаме важни чекори за обезбедување на поголема заштита и зачувувањето на биолошката разновидност. Ова особено се однесува на третманот и одведувањето на отпадните води од крајбрежните населби и отстранување на сите критични точки.Она што природата ни го подарила како богатство, а светот го препознава како светско природно наследство, обврзани сме да го сочуваме за идните генерации. Токму затоа заедно со останатите наделжни институции ќе продолжиме да ги вложуваме сите наши професионални и политички капацитети за остварување на таа цел, истакна Пецаков во своето обраќање.На работниот состанок се разговараше за четири клучни точки поврзани со Општина Охрид, кои беа од интерес на експертите и се однесуваат на зачувување на природните богатства: Нелегалните градби, Заштитата на животната средина, Заштитата на Студенчишкото блато и Урбанистичкиот план „Горица Север“.На состанокот беа присутни претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници на други надележни институции, градоначачникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески и претставник на Општина Струга.Официјалната мисија на високите претставници за заштита на животната средина се поврзани со Отворениот фајл за Република Северна Македонија: „Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и Националниот парк Галичица – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата“. Мисијата започна со вчерашниот состанок во Скопје со тимот на Министерството за животна средина и просторно планирање.Мисијата продолжува денес и утре со посета на НП „Галичица“, Општина Струга, а предвидена е и теренска посета на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и дел од охридско-струшкото крајбрежје.

Охрид | пред 2 години

Hristo_Uzunov_24042023005

Одбележана годишнината од смртта на Христо Узунов

Во рамки на чествувањата по повод одбележување на годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен- биста во градскиот парк.Делегација на општината присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.

Охрид | пред 2 години

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-11

Утре ќе се прска против комарци во Охрид

На 03.05.2023 година (среда) ќе се изврши теристична дезинсекција против ларви од комарци на територија на Општина Охрид на површина од 500 хектари. Се работи за реализација на првиот дел од ларвицидниот третман во рамки на годишниот план за дезинсекција.Активностите се одвиваат согласно склучениот Договор за набавка на услуга за превентивна дезинсекција против возрасни комарци и ларви од комарци во соработка со Министерството за транспорт и врски. Прскањето ќе го спроведе Центарот за јавно здравје од Охрид.

Охрид | пред 2 години

neparkiraj

Денес времен режим на сообраќај на улицата „Пирин Планина“ во Охрид

Се известуваат граѓаните што живеат и гравитираат на улица „Пирин Планина“ во населба Кошишта дека заради подготвителни работи за асфалтирање на улицата, од утре 26.04.2023 година (среда) ќе биде воведен времен режим на сообраќај.Се упатува апел до граѓаните да се придржуваат на сообраќајниот режим и да се воздржат од паркирање на возилата по должина на улицата.

Охрид | пред 2 години

Taequondo_25042023004

Свечен пречек на Христијана Парулеска која освои златен медал на Европското првенство во таеквондо

Голем број охриѓани и вљубеници во спортот беа дел од свечениот пречек на младата охриѓанка Христијана Парулеска која како дел од македонската репрезентација во традиционално таеквoндо, освои златен медал на Европското првенство што се одржа во Јесоло, Италија.Нашата репрезентативка беше прогласена за најдобра кадетка на првенството, а покрај златниот медал во категоријата борба, Парулеска освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.Пехарот и беше вречен на посебна церемонија и е прва ваква награда, што македонски спортист ја освоил во поединечна конкуренција на Европски шампионат. Европската титутла на Парулеска е освоена во силна конкуренција од натпреварувачи од 27 држави.Градоначалникот Кирил Пецаков упати срдечни честитки за постигнатиот успех и истакна дека е горд што Охрид се радува на ваков врвен спортски успех и злато од Европско првенство. Во изјава за медиумите градоначалникот потенцираше дека Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да ги проддржува спортистите и спортските клубови и да вложува средства за подобрување на спортската инфраструктура во градот.

Охрид | пред 2 години

Hofer_Craft_25042023004

Пецаков ја презентираше донацијата од компанијата „Ховер крафт адриа“ за основните училишта „Климент Охридски“ и ООУ „Григор Прличев“

Градоначалникот Кирил Пецаков, ја презентираше добиената донација од компанијата „Ховер крафт адриа“, а тоа се „Ер Трекови“ , односно специјализирана подлога за физички активности. Оваа компанија донира две вакви подлоги едната ќе биде во ООУ „Климент Охридски“ , а другата во ООУ „Григор Прличев“.– Компанијата „Ховер крафт адриа“ свој прозиводствен погон отвори неодмана во Охрид, а доаѓа благодарение на нашите заложби и лобирања за инвестирање во Охрид. Благодарение на коректниот однос на кој наидоа, менаџментот на компанијата донесе одлука за почеток да донира две специјализирани подлоги. Тука сакам да ја изразам мојата благодарност и да порачам и другите компании да го следат нивниот пример. Нашите заложби за привлекување на компании да инвестираат во Охрид, продолжуваат. Тоа го манифестираме преку градење партнерски односи и давање на поддршка во рамки на нашите ингеренции, истакна градоначалникот Пецаков и додаде дека како одговорна Локална самоуправа, постојано се грижиме и вложуваме во образовнието и развојот на децата. Затоа вакви подлоги ќе набавиме и за останатите училишта на територија на Општина Охрид.Изминатиов период Општина Охрид изврши набавка на топки за сите видови спортови и спортски реквизити неопходни за непречено одвивање на наставата по физичко и здравство образование, а пред велигденските празници и официјално беше ставено во употреба реконструираното повеќенамесно игралиште во склоп на училиштетот „Св. Климент Охридски“. Покрај подобрувањето на условите во образовните институции, тука е и поддршката на учениците преку стипендирање во повеќе категории.

Охрид | пред 2 години

Inverter-klima-ured-696x522-1

Поништен повикот за субвенционирање на граѓаните при купување на инвертер клими за 2023 година

Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад во чии рамки се спроведува проектот „Подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид – субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување – инвертер клими за 2023 година“, ги известува граѓаните дека Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 година, објавен на 06.04.2023 година СЕ ПОНИШТУВА согласно доставениот Ревизорски извештај и Решението за поништување донесено од страна на градоначалникот на Општина Охрид.Граѓаните кои поднеле апликации ќе бидат телефонски известени за периодот кога ќе може да ги подигнат документите со кои аплицирале.

Охрид | пред 2 години

urbanisticki-planovi

Општина Охрид организира јавна анкета и презентација на локалната урбанистичко планска документација за проект „Купи куќа за млади“

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 46 став (9) и член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 199/14 , 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) и член 95 став(1) од Законот за урбанистичко планирање(„Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавуваС О О П Ш Т Е Н И ЕЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРОЕКТ “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО ОХРИД 4, ОПШТИНА ОХРИДСЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“, КО Охрид 4, Општина Охрид, со техн.бр. L3016 од октомври 2022 год. изработен од Агенција за планирање на просторот- СкопјеПланскиот опфат за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО Охрид 4, Општина Охрид со површина од35 ха, во рамки на катастарските парцели: КП 2113, КП 2112, КП 2100/1, КП 2100/4, КП 2099/1, КП 2099/2, КП 2085/1, КП 2085/2, КП 2128/1, КП 2128/2, КП 2129, КП 2127/1, КП 2127/2, КП 2126, КП 2114/1, КП 2114/2, КП 2111/1, КП 2111/2, КП 2110, КП 2115, КП 2116, КП 2101/1, КП 2101/2, КП 2102, КП 2103, КП 2098, КП 2086/2, КП 2086/1, КП 2083/1, КП 2083/2, КП 2083/4, КП 2083/5, КП 2083/3, КП 2084/2, КП 2081/2, КП 2081/4, КП 2081/12, КП 3074, КП 3073, КП 3072, КП 3075, КП 3058/1, КП 3058/2, КП 2084/1, КП 2081/10 и КП 2081/9, КО Охрид 4, Општина Охрид.Јавната анкета ќе трае од 26.04.2023 – 04.05.2023 год.Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 02.05.2023 год. со почеток во 10:00 часот.Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13.00 до 15.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

Охрид | пред 2 години

ohrid

Објавен јавен повик за членови на локалното собрание на млади на Општина Охрид

Врз основа начлен 74 став 2, 3 и 4 одСтатутот на Општина Охрид, како и член 17 од законот за младинско учество и младински политики, Локалното младинско собрание на Општина Охрид објавува:ЈАВЕН ПОВИКЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЗа остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласночлен 17 од Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од поголема функционалност на локално младинско собрание, како форма за зголемено учество на младите во локалната заедница.Целтта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите во Општина Охрид.Локалното Собрание на Млади ги известува заинтересираните дека објавува Повик за членови на Локално Собрание на Млади на Општина Охрид.2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИКЈавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и другиоблици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Охрид кои ги исполнуваат следните критериуми:Да имаат активности на територијата на општина Охрид;Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој јавен повик;Делегатот и заменик делегатот кои ќе бидат номинирани требада се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;3. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕАплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик во PDF формат на следната емаил адреса: sovetnamladiohrid@yahoo.comАпликантите задолжително треба да ги достават следните документи:Унифицирана пријава;Резиме од работата на организацијата; (не се однесува за политички подмладоци)Мотивационо писмо за учество во Локалното собрание на млади;Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или со млади во Општина Охрид; (не се однесува за политички подмладоци)Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик.Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето по што следува оддржување на седница на локалното собрание на млади.Апликациите ќе бидат разледани од членовите на постоечкото Локалното младинско собрание на Општина Охрид, а мандатите на делегатите ќе бидат верифицирани на самото Собрание.4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИДополнителни информаци и во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).

Охрид | пред 2 години

Uzunov_200423004

Започнаа чествувањата по повод одбележување на смртта на Христо Узунов

Делегација на Општина Охрид, денеска, во рамки на чествувањата положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во истоименото основно училиште.Чествувањата продолжуваат вечерва со свечена програма по повод Патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ и на 24.04 со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во Градскиот парк и со панихида на неговиот гроб во Цер, Кичево.

Охрид | пред 2 години

Screenshot-2023-04-22-100322

(ФOTO) Туристи доаѓаат специјално за да го фотографираат Охрид, а глетката е запрепастувачка

Граѓанин на социјалните мрежи објави фотографии со ѓубре од пристаништето во Охрид,„Во Охрид има туристи кои специјално доаѓаат за фотографија. Погледнете какви фотографии ќе однесат кога ќе се вратат дома.Погледнете колку сме неодговорни.Погледнете што оставаме зад себе.Се затрупавме класично“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања