Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

IMG-5db4edcb9f82e29ac093a30f92046e22-V

Во Охрид се одржува петтиот меѓународен конгрес на гинеколози и опстетичари

Градоначалникот Кирил Пецаков вчеравечер присуствуваше на свеченото отворање на Петтиот меѓународен конгрес на гинеколози и опстетричари кој се одржува во Охрид.Организатор на конгресот е Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Македонското лекарско друштво.Градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред присутните истакна:-Ми причинува големо задоволство, во мое лично име и во името на Локалната самоуправа да ве поздравам и да ви посакам пријатен престој во Охрид.Почестени сме што токму нашиот град е избран, да биде домаќин на овој важен научен собир на кој учествуваат врвни медицински експерти од областа на гинекологијата и акушерството.Овој меѓународен конгрес е една исклучителна можност за размена на нови методи за дијагностика и третман, како и за презентација на практични заклучоци за актуелни клинички прашања, кои ќе придонесат за унапредување на женското здравје.Сакам да ја искористам оваа можност и да упатам благодарност до Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонското лекарско друштво, кои се организатори на настанот, со надеж дека и во иднина успешно ќе се организираат вакви значајни конгресни собири.Почитувани, нашиот туристички бисер Охрид е надалеку познат по својата убавина. Ова е град со уникатна природа и непроценливо културно богатство, кое е препознаено како светско наследство заштитено од УНЕСКО.Затоа ве поканувам, вашиот престој тука да го искористите за да посетите дел од нашите вредни културни знаменитости кои се распослани покрај преубавото Охридско Езеро и да понесете незаборавни спомени. Уште еднаш ве поздравувам и ви посакувам да имате успешен конгрес со желби за уште поголеми научни достигнувања во иднина, рече Пецаков во своето обраќање.Освен од нашата држава, на конгресот учествуваат медицински експерти од Италија, Турција, Малта, Португалија, Египет, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и истиот се одржува во период на Светската недела на женското здравје.

Охрид | пред 2 години

IMG-b5dcd2ea471d7d0ca2962945ade66854-V

Меѓународен карате натпревар „Охрид Опен 2023“

Околу 500 натпреварувачи од неколку балкански држави, се дел од Маѓународниот карате натпревар “Охрид Опен 2023” кој започна денеска во спортската сала “Билјанини извори”.На свеченото отворање на натпреварот, во името на Локалната самоуправа поздравно обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид , Перчо Божиновски.-Ми претставува голема чест што сум денеска тука и што имам можност да ве поздравам во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Бројката од околу 500 пријавени учесници е јасен показател дека овој меѓународен карате турнир во текот на изминатите годините прерасна во една важна спортска манифестација, која дава голем придонес во промоцијата на Охрид како современ спортски центар.Нашиот град може да се пофали со многу истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа боречка дисциплина. Особено сме горди на младите генерации на талентирани каратисти од кои очекуваме уште поголеми успеси и освоени награди.Упатувам искрени честитки и благодарност до организаторите на овој голем натпревар со надеж дека оваа традиција ќе продолжи и во континуитет и во иднина ќе може да бидеме домаќини на вакви спортки случувања.Спортисти победуваат и добиваат награди, а ние сме секогаш тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми достигнувања. Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортски настани и да дава поддршка на сите спортските клубови.Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, а до сите гости упатувам покана да го искористат својот престој во Охрид, за уживање во природните и културните убавини на нашиот скапоцен туристички бисер, истакна Божиновски во своето обраќање.Организатори на натпреварот се охридските карате клубови “Чоле” и “Кунсуто” со поддршка на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Generalka_15052023007

„Генералка викенд“ во Охрид

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во саботата на 13-ти мај 2023 година во Охрид.Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на Младоста“, компанијата Kостал Македонија Дооел, Шпаркасе Банка и Црвениот Крст Охрид. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и плажата “Грашница“.Акцијата беше организирана од „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина.

Охрид | пред 2 години

RAspeano_ribarce_160523001

24-то издание на „Распеано рибарче“ во Охрид

Во ЦК “Григор Прличев“ во Охрид свечено беше отворено годинешното издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ што се одржува по 24-ти пат, а под покровителство на градоначалникот, Кирил Пецаков.Во негово име пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска.– Драги распеани рибарчиња кои сте дел од 24-то издание на единствениот охридски детски фестивал „Распеано Рибарче“, ценети присутни дами и господа. Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што вечерва сум меѓу вас на официјалниот почеток на годинешното фестивалско издание. Нема поубаво чувство и поголема радост да се биде меѓу распеани дечиња кои со возбуда и трепет го чекаат својот настап. Нема поубав рај за душа и очи да се гледаат настапите и изведбите на нашите најмили кои вечерва се вистински уметници. Фестивалот „Распеано рибарче “ е единствен настан во градов на кој децата го покажуваат својот талент за пеење и музика. Годинава ќе бидат изведени 20 композиции преку кои сите ние заедно ќе навлеземе во розовиот и чист детски Свет, а поубаво од тоа нема.Во оваа прилика упатувам благодарност до организаторите за беспрекорната организација, а градоначалникот Кирил Пецаков и локалната власт како покровители и во иднина ќе го поддржуваме ова прекрасно фестивалско случување.На младите музички таленти, на овие прекрасни наши деца им посакувам успешни настапи со желба да победи најдобриот во најдобрите.Вас драга публико ви посакувам да уживате во овие прекрасни мигови, во ова прекрасно детско царство во кое владее искреност, ведрина и чисти детски насмевки– рече Тодева – Стојаноска.

Охрид | пред 2 години

Atletika_17052023001

Бројни награди за охридските ученици на Државниот натпревар по Атлетика

Со највисоки освоени места и низа награди се вратија средношколците и основците од охридските училишта по вчера одржаниот Државен натпревар по Атлетика во Куманово .Во категоријата скок во височина кај жени Прво место освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во оваа категорија кај мажите Третото место го освои Бојан Секулоски од ОСУ „Свети Климент Охридски“.Во категоријата фрлање ѓуле кај жени, Третото место го освои Климентина Модева од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Во категоријата скок во далечина кај мажи , Второто место го освои Александар Камнароски од ООЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Во категоријата трчање на 400 метри кај мажи, Третото место го освои Михаил Николоски од ОСУ Свери Климент Охридски.Во категоријата трчање на 400 метри машки штафета, Трето место освои ученик од ООЕМУЦ.Што се однесува до основните училишта во категоријата скок во височина за жени, Второто место го освои Матеа Матеска од ООУ „Христо Узунов“, а во истата категорија за мажи, Прво место освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“ и Второ место, Матео Сиљаноски од ООУ „Христо Узунов“.Во категоријата трчање на 100 метри за мажи Првото место го освои Влатко Кркачоски од ООУ „Живко Чинго“.Во категоријата трчање на 600 метри кај жените Првото место го освои Јана Секулоска- Анакиеска од ООУ „Братство и единство“.Во категоријата трчање на 300 метри кај жените Третото место го освои Калина Ангелоска од ООУ „Григор Прличев“.Во категоријата скок во далечина кај мажи третото место го освои Христијан Стојаноски од ООУ „Ванчо Николески“, а во трчање штафета на 100 метри за жени, Второто место го освои ученичка од ООУ „Григор Прличев“.Организатори на настанот се Атлетската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Охрид | пред 2 години

Asfaltirani-ulici1

Денес и утре ќе се асфалтира улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид

Се информираат граѓаните на Општина Охрид дека во период од 12.05.2023 до 13.05.2023 година, на улица „Ѓорче Петров“ ќе започнат градежни активности за асфалтирање. Поради тоа на оваа улица ќе има отежнат сообраќај.Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.

Охрид | пред 2 години

344794584_918382639414296_6801657277176558040_n

Во сабота голема еколошка акција „Генералка Викенд“ во Охрид

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, на 13.05.2023 год ( сабота ) со почеток во 09 часот, ќе се одржи „Генералка Викенд“ во повеќе општини во државата.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.Општина Охрид и ЈП„Охридки Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста и Kостал Македонија Дооел.Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.

Охрид | пред 2 години

Ceski_konzul_11052023002

Градоначалникот Кирил Пецаков на средба со конзулот на Република Чешка, Давид Чернохорски

Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со конзулот на Република Чешка во Македонија, Давид Чернохорски.На средбата беше разговарано за остварување на соработка во повеќе области, а акцент беше ставен на привлекување чешки инвестиции во Охрид. Потенцирано беше дека општината и конзулатот негуваат добри односи и се разгледуваа можности за нивно издигнување на повиско ниво.Соговорниците се сложија дека веќе постоечките чешки инвестиции низ државата, а и во Охрид имаат одлични услови за создавање на бизнис. За таа цел беше разговарано за организирање посета од страна на чешка делегација во Охрид, која би била предводена од претседателот на економскиот совет при чешкиот парламент, пред која ќе бидат претставени можностите и условите што Охрид ги нуди за инвестирање.

Охрид | пред 2 години

Saem_obrazovanie_12052023006

Охрид домаќин на Саемот за Наука и култура

Денеска во Касарна ХАБ во Охрид беше отворен Саемот за Наука и култура што годинава се организира за прв пат.Пред присутните се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиноски.Ми причинува особено задоволство што сум меѓу Вас на отворањето на Саемот за образование и Кариера што во организација на Младинскиот Центар денес се одржува во Охрид.На саемот ќе учествуваат средните училишта од Охрид и две од Струга кои ќе ги промовираат наставните програми и можности пред полуматурантите, а факултетите за Туризам и угостителство и “Св. Апостол и Павле“ како и дел од факултетите на УКИМ ќе ги презентираат своите програми пред средношколците. Со организирање на вакви саеми, убеден сум дека учениците имаат дополнителна мотивација, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат чувството за кариера.Драги ученици и идни студентиДенешново случување е посветено токму за вас, продолжете го својот пат во онаа образовна институција која вас најмногу ви одговара. Онаа во која ќе знаете дека ќе го дадете својот максимум за лично добро но и напредок на општеството.Овде во Охрид и Македонија вие ќе ја исцртате својата судбина и изградите својата иднина. Сите вие ќе се соочите со полесни или потешки предизвици. Но тоа не значи дека треба да се откажете од своите соништа. Напротив, треба вредно да учите и да си обезбедите подобра иднина за себе во оваа земја.Секако Ви посакувам да ви се остварат соништата , да уживате во убавината на младоста и со упорна работа да станете врвни професионалци. Посакувам од овој настан да понесете убави впечатоци кои ќе ви помогнат во изборот на вашето идно образование и образовна институција.На Младинскиот центар од Охрид му благодарам за одличната организација на настанот со желба истиот да добие традиционален карактер, а ние како Локална власт секогаш ќе поддржуваме вакви случувања– рече Божиноски.Организатор на настанот е Младинскиот центар од Охрид.

Охрид | пред 2 години

EMUC_04052023003

Охрид домаќин на јубилејните 40-ти државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта

Вкупно 98 ученици ќе бидат дел од јубилејните 40-ти Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта кои ќе се одржуваат денеска и утре во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Натпреварите на кои учествуваат 17 државни училишта се организираат под покровителство на Општина Охрид.На свеченото отворање на настанот, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Ми претставува голема чест, во мое лично име и во името на Општина Охрид да ве поздравам и да посакам успешна реализација на овогодинешните Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училиштa кои се одржуваат по 40-ти пат.Горди сме што токму Охрид и нашиот Општинскиот електромашински училишен центар „Свети Наум Охридски“ се домаќини на ова јубилејно издание. Ваквите настани се од исклучителна важност за продлабочување на соработката помеѓу училиштата и размена на искуства помеѓу учениците.Ова училиште е еден од позитивните примери, каде што веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Со тоа на компаниите им се обезбедуваат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците имаат можност да бидат обучувани директно во компаниите и во реални работни околности.Токму затоа локалната самоуправа, во текот на изминатиот период реализираше низа инвестиции во објектите на училиштето, со што значително ги подобривме условите за настава. Ваквите инвестиции континуирано ќе продолжат и во иднина, не само во ова училиште, туку и во сите основни и средни училишта во нашата општина.Напредокот на општините во современи услови не може да се замисли без локален економски развој, а успешното реализирање на овој концепт подразбира создавање поволна клима за деловни активности и инвестирање. Еден од најважните предуслови за развој на индустријата и бизнисот секако е квалификуван и стручен кадар, кој ќе може продуктивно да одговори на потребите на пазарот за работна сила. Можностите за вработување, добрите и платени работни места се основниот предуслов за младите луѓе да можат да ја гледаат својата иднина тука, во родните места, со што значително би се сопрел процесот на иселување.Поради тоа сите заедно ќе мораме да продолжиме да се залагаме и да работиме за осовременување на образовниот процес и да ја поддржуваме секоја напредна новина во рамки на наставните програми, истакна Пецаков во своето обраќање.Натпреварите ќе се одвиваат во различни образовни профили од електротехничките, машинските и сообраќајните струки, а паралелно ќе се одржи и натпревар во трудови каде учениците ќе ги презентираат свои проекти.

Охрид | пред 2 години

Udarna_brigada_05052023004

Отворена спомен соба за шестата македонска ударна бригада

Во рамки на обележувањето на Денот на безбедноста, на пригодна свеченост беше отворна и Спомен собата за Шестата македонска ударна бригада. Собата се отвори на иницијатива на Здружението на ветарените од одбраната и безбедноста на Македонија, за општините Охрид и Дебрца.Заменик градоначалникот, Перчо Божиновски, на отворањето ги поздрави присутните и порача дека денешницата повеќе од кога и да било претходно општата безбедност е ставена на испит.– Несмееме да си дозволиме поради неискуството или запоставувањето таа да ни го положи испитот. Голема благодарност до Здружението на ветерани кои своето стекнато големо искуство се желни д аго пренесат и на помладите генерации со една единствена цел сите ние да имаме безбедна средина за живеење. Исто така, сакам да се заблагодарам од името на Општина Охрид завашиот придонес во изработката на Спомен собата. Ваквите манифестации се значајни и пред за да ни бидат патоказ кон подобра иднина, рече заминк градоначалникот.Претседателот на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Македонија, Добре Велјаноски потенцира дека оваа соба повторно се враќа на своето место.

Охрид | пред 2 години

HAB_diskriminacija_050523003

Во Охрид се одржа трибина за промовирање на законот за спречување и заштита од дискриминација

Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска во Охрид организираа трибина со наслов „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид“.На трибината свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– Чест и задоволство ми е што денес имам можност да бидам дел од оваа трибина на која пред граѓаните на Охрид ќе се промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и ќе се презентира работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Се радувам, што водени од нашите определби за социјална правда и инклузија, веќе имаме донесено мерки и законски рамки со кои треба да обезбедиме еднакви можности и подобар живот за сите граѓани.Креирањето на еднакво и праведно општество е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници и државата во целост.Само преку заедничка соработка и единство можеме да дадеме придонес во борбата против сите облици на дискриминација. Јакнењето на свеста за толерантно општество е значајно и за поголемо почитување и вреднување на човековите права.Верувам дека на ваков начин и преку вакви настани и во иднина ќе продолжиме да ја промовираме различноста и ќе се посветиме на создавање инклузивност во сите сфери на општественото живеење.Мораме да се потрудиме да ги учиме и воспитуваме идните генерации на поголема емпатија, љубезност и соживот. Само така ќе бидеме сигурни дека сме на вистинскиот пат и дека градиме подобар свет за сите нас.Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка, да ги слушне потребите, да реализира проекти за поголема социјална правда и сигурност. Ќе продолжиме да работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво со цел да обезбедиме подобра иднина за сите граѓани.Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа посакувам да имаме успешна и ефективна трибина, со надеж дека и во иднина ќе организираат слични вакви настани, истакна ПецаковНа трибината се разговараше за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација.Оваа трибина е прва активност во општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Охрид | пред 2 години

Lake-Queen-School-Cup-2023-08052023008

Прво регионално младинско првенство во шах „Lake Queen School Cup 2023”

Вкупно 115 основци од општините Охрид, Дебарца, Струга и Вевчани беа дел од првото регионално младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023” што се одржа изминатиов викенд во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга. Турнирот се организираше од страна на шаховскиот клуб „Младинска шаховска школа“ од Струга во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“.Учесниците на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, а свои обраќања имаа и Јусуф Сахин, директор на ПУ „Јахја Кемал“ и Сурија Таук, член на управниот одбор на Шаховската федерација на Македонија.Турнирите се играа по Швајцарски систем од 5 кола со темпо на игра 10’05”. Учесниците беа поделени во возразни категории U08 категорија, U10 категорија, U12 категорија и U14 категорија.

Охрид | пред 2 години

kosarka

Со турнир во баскет ќе се одбележи Светскиот ден на физичка активност

По повод Светскиот ден на физичка активност, 10.05.2023 година (среда) во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи завршен турнир во баскет од сезона 2022/2023 за основните училишта во рамките на училишните спортски лиги.Турнирот го организира Сојузот на училиштен спорт во соработка со Одделение за спорт и млади при Општина Охрид.Натпреварите започнуваат во 8:30 часот, а официјалниот дел од настанот ќе се одржи во 11:00 часот.

Охрид | пред 2 години

IMG-9db2960af4939c152ebcbf575375d7db-V

Општина Охрид зеде учество во завршниот настан на акцијата „Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете“

Општина Охрид учествуваше во завршниот настан на акцијата „Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете“, во организација на авторката на книгата за Рисот, Весна Константинова. Завршниот настан се одржа во просториите на НП „Галичица“. Општина Охрид во целокупниот настан кој започна во мај 2021 година учествуваше со обезбедување финасиски и материјални средства.Завршниот настан беше во форма на едукативна и креативна работилница за децата од ОУ „Григор Прличец“ од Рача, а на децата им беа подарени книги.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања