Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Slovacki_ambasador_10032023003

Пецаков на работна средба со амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес одржа работна средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.Договерено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат презизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9 август. На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на универзитетот од Жилина, која поради ковид кризата беше одложена на неодредено време.

Охрид | пред 2 години

Sportski_igri_Velgosti_03032023003

Спортски ден во Велгошти

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров, денес во Велгошти во организација на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, се организира „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца. Во името на локалната самоуправа, пред пристутните се обрати советникот Наум Јамандиев.– Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот.Натпреварите ќе се одиграат во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, баскет за ученици од осмо и девето одделение, шах за ученици од прво до девето одделение и пинг понг за ученици од шесто до девето одделение.Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.

Охрид | пред 3 години

20230224_122754

Финализиран проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“

Со завршниот настан кој се одржа минатата седмица, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид успешно го финализираше проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.На настанот беа сумирани и презентирани постигнатите резултати како и сите реализирани активности. Во рамки на настанот се одржа и промоција на документарниот филм за трската во Охридското Езеро, изработен во рамки на овој проект.Тимот на РЗЦ Охрид упати огромна благодарност кон сите кои што на било каков начин дале придонес и биле вклучени во проектот, со надеж дека ваквите иницијативи ќе бидат побројни и во иднина.Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Охрид | пред 3 години

Vodovodna_linija_02032023002

Нова водоводна линија на улица „Пирин Планина“ во Охрид

Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на улица „Пирин Планина“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм, во должина од 178 метри.

Охрид | пред 3 години

Marko_Bosnakov_27022023001

Одбележани 115 години од смрта на Марко Бошнаков

Делегации на Општина Охрид и останати институции во градов положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Марко Бошнаков со што се одбележаа 115 години од неговата смрт. Чествувањата продолжија со културно уметничка програма во спомен куќата на Христо Узунов.Пред присутните меѓу кои беа и членовите од семејството на Бошнаков се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.-Најверојатно никогаш нема да се најде начин со кој на исто ниво би му заблагодариле на Охридскиот гемиџија Марко Бошнаков за неговиот највисок патриотски чин на саможртва за самобитноста на македонскиот народ и градењето на Македонската држава. Секое чествување во однос на она што тој го направил за нас е премало и прескромно.Денеска одбележувајќи 115 години од смртта на Марко Бошнаков се потсетуваме на неговиот огромен патриотизам, на храброста да се биде дел од малкумината кои вршејќи ги солунските атентати сакаа да го одвлечат вниманието на „Светските елити“ за случувањата во нашата поробена земја.За своите херојски дела Бошнаков бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија во злогласниот затвор Музрул во Африка, каде и починал на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошнаков „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“, така што ја отсекле главата од безживотното тело и ја донеле во Охрид.Жртвата на Марко Бошнаков за Македонија претставува највисок патриотски чин. Тој е еден од великаните чие име го изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит.Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови се издигна нашата татковина Македонија. Ние додека сме живи мора да продолжиме да се бориме за совршенство бидејќи слободата ја наследивме од нашите предци. Ние Македонците се сметаме себе си за сосема одделен национален елемент и ни најмалку не сме наклонети да ги исполнуваме барањата или условувањата на дел од нашите соседи. Македонија мора да припаѓа и припаѓала на Македонците и останатите народи кои живеат во неа.Секоја генерација има своја битка и свои елементи на патриотизам. Денеска патриотизам значи да се учи, да се донесе нешто за својот град, позитивни процеси, да се напише книга за својот град, да се помогне на секој еден што е наш сограѓанин и кој си ја сака својата татковина. И врз база на тој момент на патриотизам кој го живееме сега треба да го градиме градот понатаму,Да создаваме подобри услови за живот за себе и подобра иднина за своите деца – рече Божиноски.Во рамки на свеченостите настапија членовите на КУД „Гердан од бисери“, а историски час одржа кустосот при охридскиот Завод и музеј, Горан Митрески.

Охрид | пред 3 години

Retki_bolesti_27022023003

Градоначалникот Пецаков ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Во насока на подддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со претседателка на здружението „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид, втора година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти.Градоначалникот Пецаков потенцираше дека само преку заедничка соработка, конкретни мерки и гласно зборување за ретките болести ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства.На средбата, градоначалникот Пецаков и госпоѓата Лолеска ги обоија двете дланки како симбол на надеж дека ќе се обезбеди поголем медицински напредок во третманот и лекувањето на ретките дијагнози и дека ќе се обезбеди пристап до лекови за 10% од лицата кои се соочуваат со ретко заболување.Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести.

Охрид | пред 3 години

opstina-ohrid

Забрана за паркирање на улица „Ѓорче Петров“ во Охрид

Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“ на 28.02.2023 година (вторник) и на 01.03.2023 година (среда) ќе има забрана за паркирање на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“.Се упатува молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.

Охрид | пред 3 години

ohrid

Одржана дваесет и четвртата седница на советот на Општина Охрид

Денешната дваесет и четврта седница на Советот на Општина Охрид со дваесет и пет точки на дневниот ред, помина во знакот на предлот – одлуката за давање согласност на измените на годишниот План за вработување на Општина Охрид за 2023 година. По, на моменти остри дискусии и полемики меѓу опозиционите и советниците на позицијата, одлуката со изненадувачки 17 гласа за, беше усвоена.Во останиот дел од работата на седницата, советниците ги усвоија следниве одлуки:-Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.-Одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.-Програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.-Одлука за измени и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2023 година.-Одлука за субвенционирање трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ – Охрид.-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на времено користење недвижен имот на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.-Одлука за формирање на Совет за женско претприемништво на општина Охрид.-Одлука за давање согласност на одлуката за отпис и расходување на основни средства во сопственост на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.-Одлука за подигање спомен – обележје за Стојан Шутев, Тасе Василев и Коле Јанев, од с.Завој, загинати за време на Илинденското востание.-Одлука за прифаќање донација на движни ствари – опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид.-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 541/4 КО Велгошти.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1335 КО Љубаништа.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1814/1 КО Лескоец.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2374 КО Лескоец.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2493/1 и кп.бр. 2493/2 КО Коњско.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2632/1 КО Долно Лакочереј.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1437/1 КО Лескоец.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1571 и кп.бр. 1637 КО Опеница.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2119 КО Велестово.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 5928 КО Охрид 4.-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 6097/1 КО Охрид 4.-Одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 1540 КО Рамне.

Охрид | пред 3 години

Sredba_ugostiteli_21022023004

Презентирани правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема во стариот дел на Охрид

Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите кои беа опфатени со Анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид.На презентацијата присуствуваа сопственици на угостителски објекти, занаетчии, сместувачки капацитети, трговци, туристички работници и останати субјекти кои ја обавуваат својата дејност во стариот дел на градот и охридската чаршија.Со Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите се пропишуваат видот, типот, категориите и карактеристиките на стандардизирана и визуелно унифицирана урбана текстура, урбан мобилијар и утилитарни објекти. Во документот се определени типолошките серии на опрема, материјали за изработка, начин на поставување и дизајн со карактеристики на обликувана унификација на урбана опрема за јавни површини на територијата на градот Охрид.Просторниот опфат на примена на овој правилник се однесува на територијата која беше опфатена со Анализата и елаборатот за визуелно оптеретување на градот Охрид од 2019/2020 година:Плоштадот пред црквата „Св.Софија“,ул.„Коста Абраш“ и „Цар Самоил“,Плоштадот „Св.Климент Охридски“,Чаршијата долж ул. „Св Климент Охридски“,Плоштадот „Крушевска Република“, продолжението до булевар „Туристичка“ и дел од чаршијата до пресекот со ул. „Гоце Делчев“.Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите е усвоен од страна на Советот на Општина Охрид и е објавен во Службен гласник на Општина Охрид број 13 од 2022 година (стр. 389).Правилникот и каталогот се подготвени и се усвоени врз основа на одредбите од Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за заштита на културно наследство, Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Охрид | пред 3 години

Sredno_obrazovanie_22022023001

Советот на млади на Општина Охрид оствари работна средба со претставници од училишните заедници од средните училишта

На иниицијатива на Секторот за спорт, млади и невладини организации, денес со просториите на Општина Охрид, се одржа работна средба помеѓу Советот на млади на Охрид и претставници на улилишните заедници од средните училишта.Целта на средбата е да се мотивираат средношколците за поактивно вклучување во креирањето на младинските политики. Претставниците на Советот на млади, Јован Цветкоски и Димитар Поп Стефанија, пред учениците ги претставија досегашните активности на советот и изразија отвореност за сите идеи и проекти кои се од интерес на младите.Средбата се одржува со пресрет на априлските избори, кога се очекува да биде изрбрано ново Собрание и Совет на млади за Охрид.

Охрид | пред 3 години

ohrid

Општина Охрид објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавуваКОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИСо цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2023 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:– водоинсталатер;– монтер на опрема за греење и ладење;– болничари;– фризери;– кројач на женска/машка облека– монтер на насконапонски инсталации– дактилографија на компјутерI. Услови за доделување бесплатен курсПредност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.Курсевите ќе започнат доколку се оформи група од најмалку 15 пријавени учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”.II. Начин на пријавувањеКандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.Со Пријавата потребно е да достават и :Изјава за лични податоци;Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование.III. Рок на пријавувањеПотребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Охрид | пред 3 години

333276162_224031416699387_3495128515912075748_n

Охрид промовиран на саемот за туризам во Белград

Природните потенцијали и уникатното културно богатство на Охрид како атрактивна туристичка дестинација се промовираат на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од денес до 26-ти февруари.„Заедно со претставниците Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ќе ја презентираме туристичката понуда за 2023-та година и ќе оставариме средби со туроператори од регионот.На саемот за туризам во Белград кој оваа година се одржува под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“ се презентираат околу 350 изложувачи од 33 земји“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

331798343_493165216361047_222999934460122391_n

Пецаков: Не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира

Додека едни критикуваат и ништо не работат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување, а тоа е да не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира.„Во детската градинка „Јасна Ристеска“ обејкт „Лихнида“ ја променавме дограмата во холовите и економскиот дел во вредност од 451.704,оо денари.Во детската градонка „Јасна Ристеска“ објект „Билјана“ извршивме промена на подовите во вредност од 469.179,оо денари.Во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца ги променавме прозорците со цел да ги подобриме условите за одржување настава, а само за потсетување од страна на Министерството за образование беше ветена целосна реконструкција на овај објект, која за жал никако да се реализира.За тоа кој работи, а кој не, нека сведочат фотографиите од претходно и сега“, стои во објавата.

Охрид | пред 3 години

Obrazovanie_gradezni_aktivnosti_inspekcija_14022023003

Пецаков во обиколка на градежните активности во основните училишта во Охрид

Градоночалникот Кирил Пецаков, со својот тим изврши обиколка на градежните зафати кои се реализираат во основните училишта на територија на Општина Охрид.Во ООУ „Григор Прличев“ во Рача се изврши адаптација и реконструкција на санитарните јазли. Вредноста на овој зафат изнесува 179.773,oo денари.Во ООУ „Братство Единство“ Лескајца се изведе нова електрична инсталција во вредност од 824.188,00 денари и се реконструираја тоалетите во вредност од 1.313.600,oo денари. Тука се изврши и санација на водоводна и одводна мрежа во износ од 624.173,ооо денари.Во ООУ „Кочо Рацин“ Лакочереј се изврши оградување на дврот со жица во вредност од 40.000,oo денари, потоа се изврши нивелирање на подовите во тоалетите во вредност од 100.000,oо денари и се променија одводните и доводните цевки во вредност од 30.000,oo денари.Во ООУ „Ванчо Николески“ Косел се реконструираа тоалетите во вредност од 461.052,oo денари и се изгради настрешница во вредност од 65.000,oo денари.Во ООУ „Ванчо Николески“ Куратица се реконструираа олуците во вредност од 90.000,оо денари.Во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец се реконструира влезот на училиштето во вредност од 60.000,оо денари.Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани се изврши молерисување и санација на ѕидовите во вредност од 70.000,оо денари.Во ООУ „Св. Наум Охридски“ Коњско се промени внатрешната дограма во вредност од 50.000,оо денари.Во ООУ „Живко Чинго“ Велгошти се огради училишниот парк и се постави влезна врата во вредност од 215.000,оо денари.Вкупно во овие основни училишта до сега се инвестирани околу 3.298.598,oo денари средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Во изминатиов период или во моментов речиси во сите образовни институции се вршат градежни зафати.

Охрид | пред 3 години

IMG-486669dad17dddb8ab43eec40638facd-V

Градоначалникот на Охрид избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на редовната седница на советот, која се одржа денеска во Струга. Согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Пецаков се заблагодари за изборот и нагласи дека ќе биде отворен за соработка во насока на обезбедување на што повеќе средства за имплементација на проекти во Југозападниот регион, особено во руралните средини. Тој ја оцени работатат на Советот како позитивна бидејќи заеднички се реализираат значајни регионални проекти кои ги подобруваат условите во повеќе сфери од живеењето.Тој потенцираше дека во време на кризни состојби со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа и општинските јавни претпријатија, потребно е да се мобилизираат сите субјекти со цел да се надминат проблемите и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.Советот на денешната редовна седница ја утврди листата на регионални проекти со кои Центарот за развој на југозападниот плански регион ќе аплицира кај домашните и меѓународните донатори во текот на оваа година.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања