„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

охрид

Gimnazija_23122022008

Пецаков направи увид на инвестициските активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков направи увид на новите инвестициски активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“ кои се финансирани од буџетот на Општина Охрид.Се изведуваат градежни зафати за реконструкција на училишните тоалети, а се работи и на адаптација на неколку простории во поткровниот дел на објектот, кои ќе бидат наменети за кабинетска настава. Во текот на 2022 година за градежно-реконструктивните зафати во објектот на гимназијата се вложени 2,5 милиони денари.Исто така, набавен е училишен инвентар по сите најсовремени стандарди. Се работи за 150 клупи и 300 ергономски столчиња кои веќе се ставени во употреба за учениците, со што значително се подигнати условите за одвивање на наставата.Од страна на Општина Охрид изработени се проекти за уредување на дворот на гимназијата и реконструкција на дворната ограда. За овие проекти добиено е потребното мислење и одобрение од Завод и музеј, а во тек е тендерска постапка за избор на изведувач.Општина Охрид има добиено конзерваторско одобрение и на проектот за реконструкција на внатрешните ѕидови и подови. Изработена е целокупната документација и аплицирано е во Министерството за транспорт и врски за добивање на одобрение за реконструкција. Дополнително, се подготвува и проект за електрика и машинство, со кој треба да се утврди типот на греење, со кој е најдобро да се затоплува училишниот објект.Во Развојната програма за капитални инвестиции на Општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година, за инвестиции во ОСУ „Свети Климент Охридски“ се предвидени 20.500.000 денари во 2023 година и 12 милиони денари во 2024 година.Градоначалникот Пецаков во разговорот со директорката Светлана Велкоска истакна дека обезбедувањето на подобри услови за одвивање на наставата во овој училишен објект се врвен приоритет на Општина Охрид и покрај сложените законски процедури за обезбедување на потребната документација, со оглед на фактот дека се работи за објект кој е категоризиран како Споменик на културата.Посетата на ОСУ „Свети Климент Охридски“, градоначалникот Пецаков ја искористи да искаже лична благодарност до сите ученици и наставниот кадар кои беа вклучени во подготовката и реализацијата на културната програма, која беше изведена на свечената академија по повод патронот на Охрид, Свети Климент Охридски.

Охрид | пред 3 години

Kardiologija_20122022002

Промовиран проект за „Подобрување на условите со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков присуствуваше на пригодниот настан за промоција на инвестицикиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот се осврна на важноста на овој проект и упати благодарност до сите кои се заслужни за неговoто реализирање.– Ми претставува особено задоволство и чест што денеска сум дел од промоцијата на важен инвестициски проект, со кој значително ќе се подобрат условите за лекување и третман на пациентите во оваа престижна здравствена установа.Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава. Се радувам што важноста на оваа болница беше препознаена и вреднувана од страна на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја поддржаа реализацијата на овој проект, вреден нешто повеќе од 23 милиони денари.Реконструктивните зафати кои се предвидени во рамки на проектот ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика. Сето ова ќе придонесе и во насока на подобрување на условите за развој на здравствен туризам, привлекување на што поголем број странски пациенти и промоција на специјалната болница во соседните земји и пошироко.Климатските погодности на Охридското крајбрежје се вистински благодет за здравјето на луѓето и затоа нашиот регион е идеален за развој на здравствен туризам, но сепак нeoпходен е поголем ангажман и истовремено заедничко делување од сите страни.Посакувам овој проект да биде појдовна точка за зацврстрување на соработката помеѓу државните институции, министерствата и фондовите со цел поголемо инвестирање заради подобрување на капацитетите, како и поголемо вложување во здравствениот кадар за стручно усовршување.Но секако потребна е и поголема соработка со туристичкиот сектор за поголема промоција на расположливите потенцијали и привлекување на странски пациенти.Локалната самоуправа и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени за соработка на ова поле, а во доменот на нашите ингеренции ќе ги поддржиме проектите кои се од големо значење за развој на здравствениот сектор.Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка за поддршкатата на овој проект, како и за целокупната досегашна соработка на проекти кои се имплементирани во Охрид. Се надевам дека и во иднина ќе се родат нови можности за соработка и дека наскоро ќе можеме да промовираме нови проекти кои се во интерес на граѓаните.Исто така, упатувам благодарност и до Центарот за развој на југозападниот плански регион и Министерството за локална самоуправа за тоа што Охрид секогаш зазема значајно место во проектите за регионален развој.На искусниот и етаблиран тим на болницата „Свети Стефан“ им посакувам успешна имплементација на проектот и уште поголеми успеси во насока на развој на оваа установа и нејзино издигнување на уште повисока позиција во здравствениот систем, истакна Пецаков во своето обраќање.

Охрид | пред 3 години

Sredba_kabinet_20122022002

Младите шахисти од Охрид на средба со градоначалникот Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецков во својот кабинет ги прими децата кои обезбедија пласман на државното првенство по шах за основни и средни училишта што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија.На натпреварот, во категоријата жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Во категоријата жени од шесто до деветто одделение ( основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ “Братство Единство“, а во истата категорија за маши трето место освои Михаил Николовски од ООУ „Григор Прличев“.На младите шахисти градоначалникот им посака понатамошни успеси и високи пласмани на идните натпревари. Учениците кај градоначалникот беа во придружба на наставниците Борис Лушески и Наум Ристески.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-16-113213

„Урбана уметност” во Охрид

Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Младинскиот локален совет и Културолошката иницијатива „5 до 12“ се реализира проектот „Урбана уметност”. Во рамки на активностите изработен е мурал, на ѕидовите на спортската сала од ОСУ „Св. Климент Охридски“.Автори на муралот се професорите Жанета Стаиќ, Филип Гугоски и Михаил Јанески. Проектот „Урбана уметност“ е дел од Програмата за млади и невладини организации на Општина Охрид за 2022 година.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-15-085734

Изложба „Пикасо можеби јас“ и „Недела на шпански филм“ во Охрид

Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22.12.2022 година. Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција. Филмовите ќе се прикажуваат по следниот редослед:-20.12.2022 (вторник) ќе биде прикажан филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер.-21.12.2022 (среда) ќе биде прикажан филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела.-22.12.2022 (четврток) ќе биде прикажан филмот „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Охрид | пред 3 години

Potrosuvaci_pres_15.12-2-scaled-1

Отворена новата канцеларија на Советот на потрошувачи на Општина Охрид

Денес на прес конференција беше претставена работата на новата канцеларија на Советот на потрошувачи на Општина Охрид. Претседателот на оваа организација, Вангел Спироски, зборувајќи за работата на новата канцеларија во рамките на Општина Охрид истакна:– Во рамките на локалната самоуправа, Советот за заштита на потрошувачите на ниво на единиците на локалната самоуправа согласно ЗЗП се конституира како постојано работно тело на советот на општината. Советот за заштита на потрошувачите предлага локални двегодишни програми за заштита на потрошувачите во согласност со Програмата за заштита на потрошувачите на Владата, која ја усвојува советот на општината,Комплексноста на правната рамка е една од причините за донесување на Програма за заштита на потрошувачите на општина Охрид, заради едукација, информирање и советување на потрошувачите жени и мажи за нивните права како потрошувачи, вклуќувајќи ја и енергетската ефикасност и одржливата потрошувачка. Согласно програмата се очекува активно учество на Општина Охрид во подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики на нејзината територија – подеднакво за сите граѓани, земајќи ги в предвид нивните различности по основа на пол, род, попреченост и други различности кои ги поседуваат.Основна цел на Програмата за заштита на потрошувачите со вграден аспект на одржлива потрошувачка и родов аспект, е фокусирана на едукација на јавноста за заштитата на потрошувачите и подобрување на состојбите со потрошувачките права и практики во Општина Охрид во наредниот двегодишен период, согласно со двегодишните програми за заштита на потрошувачите на Република Северна Македонија, која на предлог на Министерството за економија ја усвојува Владата на РСМ.Во името на Оштина Охрид зборуваше советникот Перчо Божиноски, кој во оваа прилика подвлече:– Во рамките на активностите предвидени со програмата за 2022-2023 година, Општина Охрид за прв пат ќе овозможи заштита на потрошувачите преку директен контакт со нив овозможувајќи бесплатни советувања на потрошувачите два пати неделно во периодот од 10 до 14 часот. Со ова се подигнува степенот на едукација на граѓаните како потрошувачи во Охрид и им се овозможува подобра информираност како да ги заштитат правата како потрошувачи. Исто така оваа програма предвидува и информативни и едукативни трибини за правата на потрошувачите во општина Охрид, како за возрасните така и за децата. Предвидени се активности за едукација на децата како потрошувачи со цел да им се овозможи пристап до информации и советување, да ги препознаат основните стандарди за безбедност на производите и нечесните практики на пазарот.Зајакнувањето на позицијата на потрошувачите и ефикасната заштита на нивната сигурност и нивните економски интереси, дигитализацијата, енергетската ефикасност, климатските промени, активностите за рамноправна застапеност и подобрување на положбата на потрошувачите жени и мажи и одржливата потрошувачка претставуваат клучна цел во програмата за заштита на потрошувачите на Општина Охрид.Канцеларијата ќе биде отворена за граѓаните во деновите Вторник и Четврток во периодот од 10-14 часот.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-15-085857

Пецаков присуствуваше на свеченото отворање на Дневниот центар за деца со церебрална парализа

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на свеченото отворање на Дневниот центар за деца со церебрална парализа, кој започна да функционира во простории на поранешната касарна.Во своето обраќање пред присутните градоначалникот потенцираше дека Општина Охрид дава силна поддршка на процесот на обезбедување на подобри услови за лицата со посебни потреби и нивна поголема инклузија во општествените текови.Centar_14122022007– Искрено се радувам што преку вистински дела покажуваме дека имаме слух, волја и желба да ги поместиме границите и да ги надминеме пречките. Горд сум што дел од моите заложби за обезбедување на подобри услови за сите категории на граѓани во нашата општина, преку овој денешен настан стануваат реалност.Чест ми е, што денес го отвораме првиот Дневен центар за згрижување на деца со церебрална парализа во Општина Охрид. Со ова правиме еден значaен чекор во подобрување на перцепцијата, надминување на предрасудите за поголема инклузија на лицата со посебни потреби и обезбедување на услови кои ќе им го разубават животот и ќе им го олеснат секојдневието на нивните најблиски. Навистина ми е драго што конечно овие дечиња ќе добијат катче за социјализација и дружење и дека конечно ќе излезат надвор од изолацијата на своите домови.Отворањето на оваа инклузивна игротека претставува прва фаза од старешката цел на општина Охрид, а тоа е отварање на Центар за лица со попречености каде на едно место ќе се обединат сите дневни центри и нивната работа ќе се постави институционално.Општина Охрид од првиот ден на мојот мандат даде силна поддршка на овој процес и тука особено сакам да го истакнам залагањето и посветеноста на Здружението на граѓани ВООПС од Охрид кои несебично се вложија во реализацијата на овој проект. На нивно барање, Советот на општина Охрид донесе одлука, со која им го додели овој простор и оттогаш практично започнаа активностите за неговото уредување.Реформата која како општина ја воведовме во областа на финансирањето на невладините организации и станавме дел од RELOAD програмата заедно со УНДП, овозможи нашите невладини организации да може да аплицираат со проекти и да добијат средства со кои би можеле да направат позначителни инвестиции во различни области.Токму оваа инклузивна игротека е производ на нашиот заеднички пристап и желба за решавање на проблемите од овој вид. Тука се заблагодарувам на УНДП што во општина Охрид и во Здружението на граѓани ВООПС од Охрид видоа партенер за реализација на овој проект.Со денешниот настан ја завршуваме првата фаза од реализацијата на нашата замисла. Стручните служби на општина Охрид и Здружението на граѓани ВООПС, на повикот на Министерството за труд и социјална политика доставија апликација за воспоставување на дневен центар за лица со попречености на територијата на општина Охрид. Замислено е на едно место да се оформи центар по сите стандарди, со потребните стручни лица во него, со што значително ќе се олесни животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Планираме во скоро време и Дневниот центар Зраци да го префрлиме на оваа локација со што ќе им овозможиме посоодветни услови и на лицата кои се згрижени таму.Многу е значајно да разбереме дека обезбедувањето на простор во кој лицата со посебни потреби ќе имаат подобар живот, не е привилегија за нив, тоа е една неопходност преку која ќе можат полесно да ги совладаат сите предизвици, со кои се соочуваат на патот кон остварување на нивните права.Убеден сум дека преку заедничка работа и посветеност ќе ги оствариме нашите замисли и дека Охрид ќе биде пример за инклузивна општина која помага и овозможува подобри услови за сите нејзини граѓани особено за ранливите категории. Посакувам успешна работа на центарот и многу заеднички проекти, истакна градончалникот Кирил Пецаков во своето обраќање.Од страна на здружението на граѓани ВООПС и претставниците на УНДП беше искажана голема благодарност до градоначалникот и Општина Охрид за отстапениот простор и целокупната поддршка. Исто така беше искажана благодарност и до сите општествено одговорни фирми и поединци кои помогнале за опремување на просториите.

Охрид | пред 3 години

Incluzija_14122022002

„Родова инклузивност и вклучување на жените во руралниот туризам“, обука на вработени во општина Охрид

„Родова инклузивност и вклучување на жените во руралниот туризам- принципи на агротуризмот“ е темата на дводневната обука на вработените во Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, што започна денес.Обуките ги спроведуваат стручни консултанти од ЕУРО-ВИСТА КОНСАЛТИНГ.Работните сесии се на теми: Инклузија на жените во руралните средини; Основи на одржлив рурален развој и рурален туризам; АГРОТУРИЗАМ – Критериуми и стандарди; Услуга на клиенти; Основи на Маркетинг во рурални средини; Презентација на Мерка 7 од ИПАРД 3 Програмата; Презентација на “CANVAS “ моделот; Презентација на модел :„ Дифузни Хотели“.Обуките се согласно програмата за развој на туризмот и програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2022 година.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-10-090304

Изложби во чест на „Св. Климент Охридски - патрон на градот Охрид“

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, вечерва во изложбениот салон при НУ Центар за Култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната изложба на Фото Клуб – Охрид .Веднаш потоа во Галеријата при установата беше отворена изложба на дела од учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-10-085608

Свечена академија во чест на „Св. Климент Охридски - патрон на градот Охрид“

Синоќа во НУ “Центар за култура Григор Прличев“, се одржа централната свеченост во чест на Св.Климент Охридски, патрон на градот Охрид и заштитник на Македонската Православна Црква –ОА. Годинашен добитник на највисокото општинско признание, наградата “Св.Климент Охридски Патрон на градот“ е Архимандрит Нектариј, игумен на манастирот Св.Наум Охриски, а повелбата е доделена на Димче Каневче, Летка Филипова и Здруженијата “Сос Балкан медија“ и “Инклузија“.Пред присутните гости од земјава и странство, пригодно обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.Драги пријатели, ви благодарам што не удостоивте со вашето присуство во одбележувањето на нашиот најголем празник, а им благодарам и на сите кои ни испратија срдечни честитки, а кои вечерва не можат да бидат со нас.Точно илјада сто и шест години не делат од земската неприсутност на Свети Климент меѓу нас Македонците, но и исто толку години не поврзува нераскинлива духовна, културна и морална сплотеност со неговото дело. Ретко кој народ, како македонскиот, може да каже дека има таква нераскинлива историска и духовна вертикала во својата опстојба и битисување. Тоа е затоа што Свети Климент Охридски е нашиот првоучител, чија дејност и мисла е длабоко во темелите на нашето постоење и културно препознавање. Неговото монументално и божествено дело недвојбено ја покажува нашата посебност во светската асамблеа на народите.Создавањето на првиот Словенски универзитет и описменувањето на три илјади и петстотини ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците,туку и за целиот словенски род, а нашиот град е најзначајнииот духовен центар кој преку Охридската книжевна школа ги промовира универзалните човечки вредности. А тие се промовирале, растеле и развивале врз постулатите кои ни ги остави Свети Климент …“да бидеме трезвени и со чиста совест да пристапиме кон телото Божјо и крвта, без да имаме непријателство со никого; …Не да се сакаме со лицемерна љубов, туку еден со друг да се почитуваме од срце, за да бидеме синови на Севишниот и учесници во Царството небесно…“…“ Да се надминуваме еден со друг со добрина..“ и најголемата и најважната етичка порака, нашиот македонски категорички императив – “ТРГАЈ СЕ ОД ЗЛОТО И ПРАВИ ДОБРО“. Та затоа, Свети Климент е нашата есенцијална поврзаност со Бога и токму преку Свети Климент, световното и светото се возможни како човечка и божја хармонија во едно.Драги сограѓани, уважени гости,Македонија и македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов, кој е поплочен со љубовта кон Бога, човекољубие и милосрдие. Тоа не прави кротки и одлучни, нежни и цврсти, трпеливи и непоколебливи. Тоа е нашето најголемо наследство од Свети Климент Охридски, за кое верувам дека успешно ќе го пренесеме на следните генерации низ вековите.Заблагодарувајќи се за наградата архимандритот Нектариј во своето обраќање пред присутните истакна:Пред да се заблагодарам за добиената награда, чувствувам должност да им се извинам на оние кои што очекуваа дека ќе бидат предложени и ќе ја добијат оваа награда место мене, бидејќи јас неочекувано влетав како Пилат во Вјерују т.е. во Символот на верата.Сега им благодарам на сите кои ме предложиле за оваа највисока награда на градот Охрид, а и на оние кои едногласно одлучиле; иако јас ќе се послужам со една мисла од Светото Писмо, која вели: а вие кога ќе го извршите делото Божјо кажете: ние сме слуги непотребни и го извршивме она што бевме должни да го извршиме. Но, јас и да замолчам, камењата ќе прозборат во св.Наум. Сепак, не чувствувам толкава заслуга за таква голема доверба, бидејќи, да го очистиш и уредиш дворот манастирски и не е кој знае каква голема заслуга; тоа е обврска. Што и да направиме во овие две свети места со историја подолга од 1100 години, нашето нема трајност повеќе од триесеттина до педесет години, под услов ако се одржува грижливо. Колкав е мојот влог во сето тоа? Ќе го цитирам Достоевски преку устата на Димитриј Карамазов и Грушанка кога вели: што можеме ние да направиме во животот, освен да подадеме една главица лук.Ете толкав е и мојот влог во сето тоа; другото им припаѓа на: оној кој ме поставил во Св. Наум, на неговите претходни и сегашни соработници и на сите оние кои несебично и макотрпно се вложија себеси во овие 31 година во Св. Наум. Да не ги спомнувам поединечно од срце им благодарам.Ние сме сега свои на своето, она што не бевме не само години и децении, туку столетија наназад. Поминаа многумина императори и администратори, пастири и душегрижници кои малку донесоа, а многу однесоа и си заминаа оставајќи го стадото од устата на волкот во устата на лавот. Ние останавме, бидејќи ова е наше и после секое нивно бегање, моравме да го чистиме и уредуваме растуреното и пустошот.Должни сме да го чуваме и Охрид и езерото и неговите светилишта. Што би бил Охрид без Охридското Езеро и Галичица? Тумба насадена со бадеми и борова шума.Што би бил Охрид и Македонија без Св. Климент и без Св. Наум? Духовна пустина од неграмотни личности. Ако зад псевдонимот „Црноризец храбар“ се крие ликот на Св. Наум, тогаш за целиот Словенски род, кој се служел со рецки и цртки, писмото и азбуката што овие два огнени столба им ги пренесоа од браќата Св. Кирил и Св. Методиј им ги отворија очите да оживее пред нив Словото Божјо, читајќи за радосната вест за Царството небесно на Нашиот Спасител Господ Исус Христос.Да се радуваш на туѓата радост и да им приредиш радост на луѓето и да ги видиш нивните задоволни и насмеани лица, тоа е рамно на Литургија, а Литургијата значи служба.Сепак, во таа река од народ што секојдневно се слева по калдрмата, не се само туристите кои доаѓаат да го видат културно историското и уметничкото наследство во манастирот, туку оние кои ќе ви речат: – Немирен сум во себе, дојдов да го најдам мирот во ова прекрасно место; празна ми е душата, дојдов да ги наполнам батериите….Втор ќе рече: – дојдов да го растоварам товарот од моите гревови пред Свети Наум;Трет ќе каже: – дојдов да ја запросам избраничката и сопатник низ мојот живот.А друг ќе каже: – Осамен сум; дома ме научија само за себе да мислам; ме убива половичната вера, дојдов во Свети Наум да ме поведе кон Христа и да испроси мир за душата за да можам и јас да зрачам со мир во својата средина.Некој ќе каже: – Дојдов да го сретнам Бога, како што вели Блажени Августин: Боже, насекаде те барав, а Ти си бил во мене, а јас надвор од себе….и т.н…, да не зборуваме за она што одамна ви е познато за Св. Наум како исцелител и чудотворец.И на крајот, оваа награда само ја дополни радоста што ни се случи со признавањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како убава завршница на оваа, иако за светот немирна, 2022 година.Ви го честитам патронот на градот Охрид и на МПЦ-ОА, Великиот Свети Климент Охридски Чудотворец, а воедно и предбожикните, Божикните и побожикните празници.Пред присутните се обрати и директорката на ОСУ “Св.Климент Охридски“ Светлана Велкоска,а свеченоста продолжи со богата културно уметничка програма подготвена од учениците и професорите.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-10-085532

Поклон кон заштитникот на Охрид - Св. Климент Охридски

Денеска, во рамки на чествувањата посветени на „Св. Климент Охридски“ – Патрон на Охрид, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Заштитникот Охридски Светителот „Климент Охридски“.Цвеќе положија и делегации од збратимените и пријателски градови, претставници од политичкиот и јавниот живот од градов меѓу кои и од охридската гимназија и битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-10-085316

Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид

На пригодна свеченост која се одржа денеска на охридскиот плоштад, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид.Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградена е поетската творба „Климент Охридски“ на Славјан Митаноски, ученик во трето одделение при ООУ „Кочо Рацин“.Во II категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградена е потеската творба „Средновековен времеплов“ на Симона Димитриеска ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“.Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена е поетската творба „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“ на Марија Наумоска, ученичка во четврта година во ОСУ „Свети Климент Охридски“.На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член) и проф. Светлана Огненова (член).

Охрид | пред 3 години

318519662_584103247063027_5879015216045912184_n

Пецаков: 1106 години е делат од земската неприсутност на Свети Климент меѓу нас Македонците, но и исто толку години не поврзува нераскинлива сплотеност со неговото дело

Синоќа во НУ “Центар за култура Григор Прличев“, се одржа централната свеченост во чест на Св.Климент Охридски, патрон на градот Охрид и заштитник на Македонската Православна Црква –ОА. Годинашен добитник на највисокото општинско признание, наградата “Св.Климент Охридски Патрон на градот“ е Архимандрит Нектариј, игумен на манастирот Св.Наум Охриски, а повелбата е доделена на Димче Каневче, Летка Филипова и Здруженијата “Сос Балкан медија“ и “Инклузија“.Градоначалникот Кирил Пецаков, прв човек на Охрид напиша:Точно илјада сто и шест години не делат од земската неприсутност на Свети Климент меѓу нас Македонците, но и исто толку години не поврзува нераскинлива духовна, културна и морална сплотеност со неговото дело. Ретко кој народ, како македонскиот, може да каже дека има таква нераскинлива историска и духовна вертикала во својата опстојба и битисување. Тоа е затоа што Свети Климент Охридски е нашиот првоучител, чија дејност и мисла е длабоко во темелите на нашето постоење и културно препознавање. Неговото монументално и божествено дело недвојбено ја покажува нашата посебност во светската асамблеа на народите.Создавањето на првиот Словенски универзитет и описменувањето на три илјади и петстотини ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците,туку и за целиот словенски род, а нашиот град е најзначајнииот духовен центар кој преку Охридската книжевна школа ги промовира универзалните човечки вредности. А тие се промовирале, растеле и развивале врз постулатите кои ни ги остави Свети Климент …“да бидеме трезвени и со чиста совест да пристапиме кон телото Божјо и крвта, без да имаме непријателство со никого; …Не да се сакаме со лицемерна љубов, туку еден со друг да се почитуваме од срце, за да бидеме синови на Севишниот и учесници во Царството небесно…“…“ Да се надминуваме еден со друг со добрина..“ и најголемата и најважната етичка порака, нашиот македонски категорички императив – “ТРГАЈ СЕ ОД ЗЛОТО И ПРАВИ ДОБРО“. Та затоа, Свети Климент е нашата есенцијална поврзаност со Бога и токму преку Свети Климент, световното и светото се возможни како човечка и божја хармонија во едно.Македонија и македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов, кој е поплочен со љубовта кон Бога, човекољубие и милосрдие. Тоа не прави кротки и одлучни, нежни и цврсти, трпеливи и непоколебливи. Тоа е нашето најголемо наследство од Свети Климент Охридски, за кое верувам дека успешно ќе го пренесеме на следните генерации низ вековите.Свеченоста продолжи со богата културно уметничка програма подготвена од учениците и професорите.

Актуелно | пред 3 години

Screenshot-2022-12-08-080258

Промовирано делото „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“

Во рамки на традиционалната свеченост посветена на Свети Климент Охридски беше промовирано капиталното дело „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“ која е издадена под покровителство на Општина Охрид, како дел од овогодинешните чествувања посветени на патронот на градот. Автори на книгата се Проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски.Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.Sv_Kliment_Naum_promocija_07122022005– Неoписливо е чувството на гордост што денеска сум тука, заедно со Вас, на оваа свечена промоција и што ја имам честа да говорам за едно вредно книжевно дело посветено на нашите светители, учители и духовни исцелители Свети Климент и Свети Наум Охридски.Навистина е тешко да изберам вистински зборови за да ја доловам мојата возбуда, што како филолог, македонист, охриѓанец и пред се како Македонец можам да потврдам дека оваа книга е уште еден значаен доказ за нашиот идентитет, светол паметник на нашето потекло и неизбришлив дел од милениумската историја на Охрид и Македонскиот народ.„Радувај се Клименте, зошто живее твојата писменост, твојата црква, твојата школа. Радувај се, Науме зошто жива е твојата одбрана на седмочисленичкото ваше заемно дело. И сега и секогаш и во вечни времиња. Знајно и вистинито“ – со оваа порака завршува воведното слово на оваа книга, која низ нејзините страници не води низ животот на овие свети браќа, ни раскажува за нивното книжевно дело преку најзначајните житија и написи од најпознатите слависти, преродбеници и литературни дејци.Во ова издание се поместени и низа творби од народната и уметничката литература, кои носат силна порака и навистина вреди да се прочитаат.Почитувани,Воодушевен сум од трудот на авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски и нивната умешност во креирањето на уште едно издание кое ќе остави длабока трага и силен печат на охридското и македонското културно богатство. Во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков сакам уште еднаш да им упатам срдечна благодарност и да им оддадам посебно признание за сите досегашни изданија кои ги приредија за Општина Охрид.Ова е шеста книга од серијалот на книги со кои локалната самоуправа покажа дека е цврсто определна да ги негува културните традиции и да дава придонес во зачувување на историските вредности на Охрид.Убеден сум дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина и верувам дека наскоро ќе може да се радуваме на уште некое ново значајно издание.Во пресрет на утрешниот голем празник посветен на патронот, заштитникот на Охрид, кога го славиме и чествуваме името на нашиот Свети Климент Охридски, би сакал да упатам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија со порака дека треба да ја чуваме нашата историја бидејќи таа е нашето битие и темел на нашата иднина и иднината на новите генeрации!Нека ни биде честит и вековит празникот, нека е вечно и вековито името на Свети Климент Охридски, нека е вечен нашиот Охрид, истакна Божиновски во своето обраќање.Промотор на изданието „Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски“ беше новинарот и публицист Диме Ратајкоски кој истакна дека станува збор за едно дело кое навистина и е потребно на македонската историографија и лингвистика, особено сега во овој период кога и македонистиката преживува навистина едни траорни случувања по однос на признавањето, непризнавањето на нашиот јазик.Sv_Kliment_Naum_promocija_07122022007– Овој зборник доаѓа во вистински моменти, затоа што претставува едно дело, кое и е потребно на македонската публика и потребно е да се обновува затоа што внатре се собрани дела не само на еминентни истакнати историчари и проучувачи, туку и оригинални историски автентични извори во превод на современ македонски јазик, кои ќе бидат доближени на македонската јавност, македонската публика и на обичниот читател. Дела, статии и прилози кои што расветлуваат и го објаснуваат животописот на двајцата големи просветители не само во македонската историја, туку во сесловенската историја, тоа се Светите Климент и Наум Охридски. Верувам дека општина Охрид заедно со македонската интелектуална историска елита ќе продолжи да ја негува оваа традиција на запазување на се што е автентично, историско, што доаѓа и потекнува од овој крај и ќе го афирмира не само Охрид и македонската историја, туку и пошироко за најразлични цели и интереси, истакна Ратајкоски.Според него делото е еден вид потсетник на најзначајните моменти од македонската историја, најголемите и најзначајни проучувачи на делото на Свети Климент и Свети Наум Охридски и дава една нова свежа мисла по однос на тоа како треба и како ќе се третира нивното дело.Книгата „Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски“ има 315 страници и е издадена во тираж од 300 примероци. Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а технички уредник Јованчо Димоски.Sv_Kliment_Naum_promocija_07122022001

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Објавени добитниците на конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски

По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.Жири –комисијата одлучи ПРВИ НАГРАДИ да им бидат доделени на следниве творби:Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)поетска творба: „Климент Охридски“шифра: СлавјанВо II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)поетска творба: „Средновековен времеплов“шифра: Средновековна книжевна школаВо III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)поетска творба: „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“шифра: 050321Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид во текот на утрешниот ден 06.12.2022 година и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања