Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

272338648_1690697091131522_7467375549902334106_n

Инфо сесија „Со дигитална трансформација до иновација“ во Касарна Хаб во Охрид

Во четврток на 26-ти јануари 2023 година со почеток во 11 часот во Старт-ап центарот Касарна Хаб во Охрид ќе се организира информативен настан за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација“.Настанот се организира со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската агенција за развој SDC, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост.Во рамки на двочасовната агенда предвидена е презентација на основните услови и процедури за доделување на средства во рамки на јавниот повик „Со дигитална трансформација до иновација“, а ќе бидат презентирани и реални примери за дигитализација и дигитална трансформација.

Охрид | пред 3 години

zname-kutlesh-ohrid-vodici-960x531-1

Полицијата отстранила 40-метарско знаме со сонцето на Кутлеш, избегнат инцидент на Водици во Охрид

За малку избегнат ицидент на празнувањето на Богојавление Водици во Охрид откако полицијата побарала да биде тргнато 40-метарско знаме со сонцето од Кутлеш кое беше поставено кај Долна порта на Самоиловата тврдина.Прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир заработил и адвокатот Тони Менкиноски кој е сопственик на големото знаме, а воедно и ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.Во телефонска изјава за Алфа, Менкиноски вели дека од полициските службеници барал да му достават наредба за тргање на знамето.-Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нема да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.Телевизијата побарала став и од полицијата. Оттаму им кажале дека нарушен бил јавниот ред и мир со истакнување „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

Македонија | пред 3 години

9899033.840x500-pim2-455a4975-1

Детали за нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите – “не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил.Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Охрид | пред 3 години

orovnik

(ВИДЕО) Во охридски Оровник „исчезна“ светиот крст

Матната охридска вода беше осветена за празникот Богојавление - Водици но среќен фаќач на крстот кој беше фрлен во водите немаше, кога е во прашање селото Оровник, односно целата општина Дебрца.Петнаесетина верници се обидоа да го пронајдат фрлениот свет крст, но не успеаа поради силниот ветар, односно брановите кои тој ги предизвика.Поради ниските температури потрагата по светиот крст не траеше долго, а верниците се повлекоа. Крстот беше фрлен близу брегот на езерото од страна на свештените лица.

Охрид | пред 3 години

326417226_872453344088209_3798719114472213405_n

Големата посетеност на Богојавление Водици е показател дека никогаш не смее да престане оваа долгогодишна традиција, вели Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков објави фотографии со Васко Довлев од охридската населба Варош кој го фати светиот крст и порача дека големата посетеност е показател дека никогаш не смее да престане оваа долгогодишна традиција.„И покрај неповолните временски услови, денес, Охрид беше величествен.Големата посетеност на одбележувањето на Богојавление Водици е показател дека на Охрид и Охриѓани овој ден им е од големо значење и затоа никогаш не смее да престане оваа долгогодишна традиција“, вели Пецаков.

Охрид | пред 3 години

6caa832f-c66e-4bae-b482-256ca5424227

Васко Довлев е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид

Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала се сретнаа на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и се упатија кон пристаништето.Крстот во осветените води на Охридското Езеро беше положен од Светилникот на пристаништето.Васко Довлев од охридската населба Варош е среќниот фаќач на светиот крст во Охрид.

Охрид | пред 3 години

IMG-1a9bd234f5e1405df5465dbd8863ff80-V

Дејвид Гир и амбасадори од 15 европски земји во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска беше домаќин на евро амбасадорот Дејвид Гир и на амбасадори од 15 европски земји членки на унијата: Шпанија, Чешка, Холандија, Франција, Шведска, Романија, Австрија, Германија, Италија, Полска, Словачка, Словенија, Хрватска, Унгарија и Бугарија и останати евро делегати.„Заштита на охридскиот регион и Охридското Езеро како и изградба на пречистителна станица“ беше темата на која се дебатираше со високите евро претставници.Во своето обраќање градоначалникот Кирил Пецаков зборуваше за сите чекори кои Општина Охрид ги прави за заштита на природното и културното благо во градот и регионот како и поголема заштита на Eзерото.– Охридското Езеро е едно од трите најстари природни езера во Светот и најголемиот басен со чиста вода за пиење во Европа. Не случајно светската стручна јавност, посебно Охридското Езеро како природна реткост и посебно Охрид како културно богатство, предложила да бидат под заштита на УНЕСКО. Тоа е голема привилегија, но и голема одговорност за нивна заштита. Имајќи ја во вид таквата одговорност, во Охрид пред повеќе од 25 години се изгради колекторскиот систем за одведување на отпадните води и може слободно да речеме почна процесот за целосна заштита на Охридското Езеро. Системот до сега повеќе пати со помош на странски донации е доградуван. Имаше и активности за негова реконструкција и продолжување на опфатот. Но, неопходно е да се направи целосен колекторски систем кој ќе го штити Eзерото од македонска и албанска страна.Постојниот систем за заштита на Охридското Eзеро завршува во с. Пештани. Отпадните води од с. Трпејца или македонското Сен Тропе како што го нарекуваат, не е оптимално да се транспортираат до овој колекторски систем. Општината Охрид презема активности за решавање на проблемот со зафаќање на отпадните води од секоe домаќинство, нивен транспорт до идна локална пречистителна станица каде ќе се врши нивно пречистување и така пречистени ќе се испуштаат во Охридското Езеро. Општината Охрид распиша тендер за изработка на Основен проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во с. Трпејца кој проект е завршен. Според него се предвидува изградба на Комплетно автоматизирана пречистителна станица со два режими на работа – летен и зимски со максимален капацитет од 124 m3/d во лето и 45 m3/d во зима со најсовремена SBR технологија за прочитување. Вкупно количини на отпадни води е 124 m3/d. Вкупна должина на канализациона мрежа е 2,325 m.Спроведуваме активности за зачувување на автентичниот изглед на централното градско подрачје кое предвидува унифицирање на урбаната опрема, рекламните излози и рекламните паноа. За оваа намена во буџетот на Општина Охрид веќе се предвидени средства. Пред добивање на конзерваторско одобрение е постапката за реконструкција на плоштадот „Чинар“ кој ќе го врати автентичниот лик на чаршијата и во тек е изработка на проект за реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ . Со тоа се враќа некогашниот препознатлив и специфичен лик на градот.Нашата визија е намалување на сообраќајот во централното градско подрачје и за таа цел изготвивме проекти за проширување на мрежата на велосипедски патеки. Во завршна фаза е добивањето на конзерваторско одобрение за изградба на катна гаража во централното градско подрачје по што следува нејзина изградба. Со тоа во голема мера ќе се реши сообраќајниот метеж во центарот на градот. Идејата за зелен и почист Охрид не завршува тука. Нарачана е физибилити студија за уредување на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ којашто предвидува реализација на централен парк и зона за прошетки и рекреација на граѓаните и реконструкција на постојните објекти. Активно работиме на проект за дислокација на депонијата Буково за што во очекување сме на грант за изградба на регионална депонија во општина Новаци за која соработуваме со седум општини од Југозападен плански регион. Тука би ги додал и проектите за изградба на нова канализациона мрежа вдолж сливното подрачје на Охридското Езеро. Исто така во фаза на изработка се проекти за водоснабдување на приградските и рурални средини во Охрид со што би се решил долгогодишен горлив проблем на мештаните.Во делот на заштитата на Охридското Езеро со гордост можам да кажам дека ги поминавме сите преговори со компанијата која потекнува од земја членка на ЕУ, а ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија и електрични мотори и мотори на сончева енергија наменети за пловните објекти. Со инвестицијата ја започнуваме и наредната фаза, а тоа е промена на моторите од постоечките пловни објекти во Охридското Езеро со овие нови незагадувачки мотори. Тука би ги спомнал и заложбите кои ги реализираме во заштита на статусот на УНЕСКО согласно препораките. Целосно сме посветени и активно соработуваме со сите надлежни институции во изработка на Планот за управување со Охридското подрачје кој е првенствено задача на Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски. Во тек е прекин на старата постапка за донесување на Генерален урбанистички план која беше започната во далечната 2005-та година, а паралелно започнавме нова постапка за донесување нов ГУП во согласност со деталните урбанистички планови како што налагаат законите на Р. Македонија и имплементирање на Планот за управување на УНЕСКО.Би ја потенцирал одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија којашто резултираше со потпишување договор за имплементација на големиот Проект „Ohrid go“ кој е целосно финансиран од ЕУ. Се надевам дека ваквата добра соработка ќе продолжи и понатаму преку реализација на капитални проекти за Охрид.Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар за кој што одамна сме се обврзале да постигнеме највисок стандард за заштита на природното и културно наследство. Охридскиот регион поседува исклучителна универзална вредност како комбинација од природни феномени со квалитетот и разновидноста на културното наследство – материјално и нематеријално.Во Охрид свои траги оставиле многу цивилизации. Седум илјади години на овие простори се градел вонвременскиот духовен и културен мозаик кој дополнително ни дава сила полесно да ги прескокнеме препреките на сегашноста и да ги прифатиме предизвиците на иднината.Сето тоа што го поседува Охрид не прави неизмерно горди, но и не обврзува на негова поголема заштита и напредок на секој план- рече градоначалникот Пецаков.Пред присутните проф. д-р Гоце Тасески од Градежниот факултет од Скопје одржа презентација на Основниот проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во село Трпејца.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2023-01-18-165839

ВИДЕО: Пратеник патуваше 150 километри за да му докаже на министерот за транспорт дека лаже

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата му посочи на министерот Благој Бочварски дека на автопатот Кичево-Охрид дел од трасата од Другово до Извор не е пробиена.„Јас целата траса сум ја поминал, така што вие мене не мора да ме носите на трасата. Можеме слободно кога сакате да направиме увид во градежните активности. Апсолутно не сте во право. Правиме напори да заврши целиот пат. Тоа може во вашите прес-конференции така да изгледа, но на терен не е така“, изјави Бочварски.Денес Стојаноски објави видео од локацијата каде трасата не е пробиена.„Директно од терен - доказ за лагите на власта.На лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор, кој ниту е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во текот на нашиот дуел ме убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%.Доста е за лаги и манипулации, време е за работа и проекти!“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

Vodici_170123003

Охрид подготвен за големиот христијански празник „Богојавление Водици“

Привршуваат подготовките за одбележување на најмасовната црковно -културна манифестација посветена на празникот Богојавление- Водици во Охрид. На денешниот координативен состанок организацискиот одбор ги разгледа сите детали што се однесуваат на чествувањето.Доколку дозволат временските услови Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од колцето на градското пристаниште. Но доколку дува силен ветар како што најавуваат метеролозите положувањето на крстот ќе биде од бродот „АРМАДА“ кој заедно со бродот „Македонија“ ќе бидат закотвени на пристаниште. Останатите пловни објекти се веќе дислоцирани од тој простор. На 19-ти јануари (четврток), богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро. За црковниот дел на настанот е задолжена Дебарско – кичевската епархија при МПЦ , а позади целосната организација на граѓанскиот дел со пропратната програма застанува Општина Охрид.Капачите кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во градов најдоцна до 18-ти јануари (среда) до доцните попладневни часови.На 19-ти јануари паркирањето во Охрид ќе биде бесплатно но ќе биде забрането паркирање на возила на улицата „Македонски Просветители“ од WAIKIKI до плоштадот „Св. Климент Охридски“По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. Во организација на Црвен Крст истиот ден од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во Центарот за култура „Григор Прличев.По повод пазникот викендов охридските нуркачи го исчистија дното од Охридското Езеро на просторот каде ќе се спроведе положувањето на Светиот крст, а се спроведоа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро.Се очекува традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро да го проследат илјадници верници.Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат и на 20-ти јануари на Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини.

Охрид | пред 3 години

TRSKA_MAPIRANJE_02.10-4-scaled-1

Убавините на Охрид дел од репортажа на ЕРТ од Грција

Како дел од серијалот „Балкан Експрес“ што се прикажува на националната телевизија ЕРТ во Грција беше емитувана репортажа во која се презентирани убавините и туристичките потенцијали на Охрид.Преку квалитетна видео содржина, која беше снимена во текот на минатото лето, во репортажата се зборува за Охридското Езеро како најдлабокото и геолошки најстарото езеро во Европа, за манастирот Свети Наум, а преку епитетот „Ерусалим на Балканот“ прикажани се сите препознатливи цркви, културните знаменитости и староградската архитектура на Охрид. Во патеписниот материјал се зборува и за охридските занаетчиски работилници, фестивалот Охридско Лето и други уникатни карактеристики на нашиот најголем туристички бисер.Репортажата може да ја погледнете на следниот линк

Охрид | пред 3 години

DSC0864

Традиционална прослава на Василица во Општина Охрид

Даме Балоски, Даниела Ристова и Васко Маркоски беа најсреќните на овогодинешниот традиционален заеднички појадок кој се одржа утрово во Општина Охрид по повод празникот ВасилицаПојадокот за сите вработени во локалната самоуправа, кој се организираше по двегодишна пауза, го приредија кумовите Илија Козомора и Јане Баткоски, кои ги пронајдоа паричките во 2020 година.Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2023-01-11-133032

Дигитална мапа за појасите на трска долж охридското крајбрежје

Во текот на месец декември 2022 годинава, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина‐ Регионален зелен центар Охрид, ја спроведуваше активноста Изработка на дигитална мапа во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).Се работи за дигитална интерактивна мапа на која се одбележани појасите на трска на крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Со клик на секој од појасите се појавува легенда за истиот која содржи информации добиени од теренските истражувања кои се спроведоа во летниот период (должина и ширина на појасот, вкупна површина и споредба на површината во однос на претходни постари мерења, слики и кратки информативно- едукативни видеа)..До мапата може да се пристапи преку следниот линк: https://rzc-ohrid.com/?page_id=1064Целта на оваа активност е промоција на природното наследство и подигнување на јавната свест за значењето и потребата од правилно управување со трската во Охридското Езеро. Од аспект на едукативен карактер, мапата ќе служи како помагало во образовниот процес во основните училишта, со цел учениците да развијат поголема свест за животната средина и конкретно за трската, а од аспект на информативен карактер, ќе служат да ја доловат на јавноста вклучувајќи ги и туристите, реалната состојбата во која што се наоѓа трската како и потребата од превземање соодветни мерки. Во иднина преку овој проект, предвидени се три состаноци при формирањето на управувачко тело- Форум, од кои еден е планиран во јануари, а другите два во првата половина од февруари. Целта на планираните состаноци е формирање на управувачко тело- Форум кој ќе дејствува константо за подобро управување со трската и преземање методи за заштита на истата, дискусија за веќе оформените ставки во однос на подготовка на извештајот за моменталната состојба на трската и предлог-иницијативата за измена на законот за степенот на заштита на трската.

Охрид | пред 3 години

Logo-Profilna

Се подготвува голема промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival

Денеска беше одржан првиот официјален состанок на кој беа презентирани детали околу подготовката и организацијата на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август, со поддршка на Локалната самоуправа.На состанокот присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков, претставници на Здружението за промоција и развој на водените спортови „Фестивал на водени спортови“, претставници на клубовите за водени спортови од Охрид, претставници на Хидробиолошкиот завод, претставници на туристичкиот сектор, претставници на Одделението за спорт при Општина Охрид и останати субјекти кои се вклучени во организацијата.Беше разговарано за сите спортско-рекреативни настани кои ќе бидат дел од официјалната програма, како и за сите социјално едукативни содржини кои ќе бидат пропратен дел на фестивалот. На состанокот беше презентирано и официјалното лого на Ohrid Water Festival, со автентични детали, кои се дел од главната симболика на Охрид.Според планираното, на фестивалот ќе бидат организирани 40-тина настани кои значително ќе придонесат за промоција на водените спортови, уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот град.Манифестацијата има за цел да го подигне нивото на промоција на Охрид како атрактивна дестинација за алтернативен туризам, да ја збогати туристичката понуда за гостите и да го зголеми бројот на туристички посети.На состанокот, беше заклучено дека преку заедничка и посветена работа ќе се овозможи организирање на мaнифестација за паметење, која ќе биде гордост за охриѓани и манифестација која ќе може да прерасне во традиција, која ќе биде препознатлива за Охрид.Со сите информации поврзани со организацијата на фестивалот, јавноста ќе биде информирана во текот на наредниот период, преку официјална презентација на фестивалската програма.

Охрид | пред 3 години

Vodici_23_11012023001

Охрид започна со подговтовки за Богојавление-Водици

Во духот на православието и востановената традиција Охрид и годинава ќе биде центар за чествување на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Подготвена е богата програма и се очекува традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро да го проследат илјадници верници. Ова беше истакнато денеска на првиот состанок на организациониот одбор кој е задолжен за манифестацијата.Како и секоја година, организацијата на Богојавленскиот водосвет ќе биде составен од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот дел е граѓански дел што го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната пропратната програма.На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. Во организација на Црвен Крст истиот ден од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во Центарот за култура „Григор Прличев“.Во рамки на активностите за техничка подготовка и логистика, во недела на 15-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро на просторот каде ќе се спроведе положувањето на Светиот крст. Исто така предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот и активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат и на 20-ти јануари со Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини.На денешниот координативен состанок, присуствуваше градоначалникот, Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, Координаторот на манифестацијата, Митко Топенчаров, претставници од Дебарско кичевската епархија, претставници од СВР Охрид, охридските јавни претпријатија, Територијалната противпожарна единица, од нуркачките клубови „Амфора“ и „Охрид“, од Капетанијата на пристаништата, од Црвен Крст, од охридските здравствени установи, претставници на туристичкиот сектор и други лица кои се вклучени во организацијата.

Охрид | пред 3 години

Badnikova_Litija-060123001

Охрид домаќин на Бадникова литија

Со ѕвезди во рацете и пеење на коледарската песна „Вечниот Бог“ околу 800 деца од Охрид и Дебрца кои се дел од годинешната Бадникова литија утрово го најавија христовото раѓање . Манифестацијата која има десет годишна традиција по пауза од две години поради пандемијата со Ковид 19 е повторно возобновена.На градскиот плоштад децата ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков:– Прекрасно е чувството на Бадник да се биде тука меѓу овие дечиња кои се дел од годинешната Бадникова литија која од година во година станува се помасовна и буди се поголем интерес кај младите . На овој начин тие стануваат посвесни за својата вера и традициите кои се негуваат за најголемиот христијански празник Божиќ.По пауза од две години поради пандемијата со КОВИД 19, организаторот Здружението за грижа и воспитување на Деца од Охрид со поддршка на Општина Охрид годинава ја возобнови оваа манифестација. Годинава учествуваат 800 деца од Охрид и Дебрца. Тие со ѕвезди во рацете и пеење на коледарските песни од рано утрово го најавија раѓањето Христово. Оваа манифестација привлекува внимание од охриѓани и гостите од земјава и странство кои во празничниве денови ги имаме во голем број. Тие со позитивни впечатоци и импресии заминуваат од кај нас и затоа како локална власт и во иднина ќе го подржуваме овој настан – рече градоначалникот Пецаков.ОхПоворката на дечиња утрово тргна од црквата „Св. Ѓоргија“ во Горна Влашка мала, преку улиците „Јане Сандански“ и „Туристичка“ ,коледарчињата преку охридската чаршија стигнаа до градскиот плоштад каде ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања