Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

image-07-01-23-11-06

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Да си ги негуваме и почитуваме историјата, културата, јазикот, градот и татковината

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите православни верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.„Божик е денот на Христовото раѓање, празник на радоста, утехата и благодарноста.Со раѓањето Исус Христос на човештвото му ја даде силата и власта да ги победи гревот и смртта.Во духот на празникот да ги потврдиме патот на љубовта и спасението на човековиот род и патот за напредок на Охрид и промени во Република Македонија.Да си ги негуваме и почитуваме историјата, културата, јазикот, градот и татковината.Да бидеме здрави и добри, среќни и радосни, незлобни и чесни, чисти и полни сољубов.Христос се роди!Навистина се роди!Честит Божик“, стои во честитката.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Пецаков: Овие празнични моменти нека ги исполнат вашите домови со мир и разбирање

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод Божиќ.„Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рожденство Христово- Божиќ. Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање.Нека верата во бога не исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање. Да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да ја споделуваме божјата милост и поткрепа.Бидете здрави, живи и бериќетни и имајте незаборавни празнувања. Христос се роди, Навистина се роди! Нека е за многу години големиот празник“, вели Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Prvo_bebe_2023_020123003

Машко дете е првото новороденче во Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2023 година. Новороденчето, денес, го посети градоначалникот Кирил Пецаков, кој го дарува со пригодни подароци.Градоначалникот Пецаков упати честитки до семејството за нивната принова и им посака да бидат здрави, среќни и успешни, а новороденчето да израсне во среќен и успешен човек. Градоначалникот упати честитки и до лекарскиот тим задолжен за породувањето, докторите, и до целиот медицински персонал.Новороденото дете е тешко 3 килограми и 450 грама и долго 53 сантиметри. Породувањето било синоќа во 20 и 55 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

Охрид | пред 3 години

322705574_873063934144629_2503568726351807734_n

(ВИДЕО) Како изгледаше дочекот на Новата година во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на социјалните мрежи објави фотографии од вчерашниот дочек на Новата година.„Синоќа заедно со моите сограѓани и гостите на Градскиот плоштад ја испративме старата и ја дочекавме Новата 2023 година, со желби да бидеме здрави, живи, побројни и повесели во новата година.Нека биде Среќна новата 2023 година. Нека е поубав и посреќен нашиот Охрид“, вели тој.Вчера со почеток во 20:00 часот на плоштадот настапија естрадните уметници Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy.

Актуелно | пред 3 години

Screenshot-2022-12-31-184935

(ВИДЕО) Пецаков испрати новогодишна честитка до граѓаните

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков испрати новогодишна честитка до граѓаните.„Нека ни е среќна и бериќетна новата 2023 година, нека е поубав и посреќен нашиот Охрид“, вели Пецаков.

Охрид | пред 3 години

VEB-MLADINSKI_27.12-2

Отворен веб портал за поголема достапност до младинскиот центар Охрид

Младинскиот центар Охрид отвори веб портал на кој младите охриѓани и сите заинтересирани можат да добијат повеќе детали за начинот на функционирање на центарот и сите информации поврзани со младинското делување во Охрид.На веб страницата www.mco.mk објавени се различни видови на содржини поврзани со програмите кои ги спроведува центарот за подобрување на благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот. Исто така, постојано се објавуваат информации од важен интерес и се обезбедува навремено и точно информирање на локалните млади за сите можности кои им се нудат.На веб страницата се поместени и информации за унапредување и поттикнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки во локлната заедница како и програми за едукацијата на младите од Охрид, преку различни методи на неформално образование. Исто така, на порталот се споделуваат и инфомации за настани, културни и спортски случувања во Охрид, а се споделеуваат и огласи за вработување кои се активни на подрачјето на Охридскиот регион.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-31-164712

Новогодишни пакетчиња за радост на најмладите

Со цел да ги разубават новогодишните и божиќните празници на најмладите, градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска поделија вкупно 300 новогодишни пакетчиња.Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Зраци“, новоотворената игротека за деца со цребрална парализа „Радост“, посебната паралелка во ООУ „Свети Климент Охридски“ и Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“. Новогодишни пакетчиња добија и дечињата при здружението „Ретко е да си редок“, дечињата во здружението „Тајните на моето срце“, дечињата од центрите на здружението „Во мојот свет“, како и на дечињата кои се лекуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и во Општата Болница во Охрид.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Пецаков со честитка за католички Божиќ

Нека овие празнични мигови донесат светлина и радост во Вашите домови. Овој голем празник е потсетник дека големата Божиќна радост треба да биде споделена со најблиските и пријателите, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.„Божиќ е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток. Овој голем празник нè учи да бидеме следбеници на врвните морални и етички норми и да дејствуваме во согласност со начелата на позитивниот дух.Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Празничните денови нека го возвишат Божјиот благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

Kupuvaj-lokalnologo

Фестивал на локални производи „Купувај локално“ во Охрид

Утре на 22-ри декември (четврток) со почеток од 12:00 часот во холот на Факултетот за Туризам и Угостителство ̶ Охрид ќе се одржи Фестивал на локални производи „Купувај Локално“.Фестивалот има за цел да ги презентира локалните производители на храна, рачни ракотворби и други уникатни производи кои се автентични за ова поднебје.Настанот е отворен и слободен за сите граѓани и гости кои сакаат да ја вкусат локалната храна и да уживаат во мирисот на греаното вино, заедно со луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење.Организатори на настанот се: Општина Охрид (Сектор за локален економски развој) и Факултетското Студентско Собрание на Факултетот за Туризам и Угостителство- Охрид.Линк до промотивното видео:https://cloud.ideaplus.mk/s/MJrJMNNb8HW5Xsp?dir=undefined&openfile=39798971;Facebook:https://www.facebook.com/kupuvajlokalno

Охрид | пред 3 години

Spanska_nedela_21122022001

Започна “Недела на шпански филмови 2022“ во Охрид

Синоќа во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, започна циклусот “Недела на шпански филмови 2022“, во организација на Шпанската амбасада и Општина Охрид. Манифестацијата е резултат на културната соработка помеѓу амбасадата и локалната самоуправа. Претходно беше отворена изложбата “Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски, посветена на 140 годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо. Пред присутните се обрати амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лосано Гарсија.– Најпрво би сакал да му се заблагодарам на тимот на општината за нивната вредна соработка, без која овие два културни настани немаше да бидат возможни. Ви благодариме што ја донесовте шпанската уметност и кинематографија пред публиката во Охрид.Вечерва имам задоволство да инаугурирам два настани со вас.Првиот настан е изложбата на македонскиот уметник Филип Фидановски посветена на големиот шпански уметник Пабло Пикасо по повод 140-годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо. Со оваа изложба му се оддава почит на постојано опишуван како најдобар и најрепрезентативен уметник на 20 век.Вториот настан е инаугурацијата на шпанскиот филмски циклус, за кој ќе бидат прикажани три филма. Ќе завршам со тоа што ќе ви се заблагодарувам за вашето денешно присуство и изразувам надеж дека ќе уживате во овој циклус на шпански филмови и изложбата на уметникот Филип Фидановски.Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека културниот настан е резултат на повеќе месечната соработка за презентација на Шпанската култура во Охрид.– Повеќемесечните разговори и заложби за културна соработка и презентација на шпанската култура во Охрид вродија со плод и вечерва и во наредните денови, ќе имаме можност поблиску да се запознаеме со шпанската кинематографија, а преку изложбата на Филип Фиданоски ќе одбележиме 140 години од раѓањето на шпанскиот и светски великан Пабло Пикасо.Верувам дека публиката ќе ужива во понудените филмови и уметноста на Фиданоски, што е добар вовед за празничната атмосфера пред Новогодишните и верски празници што ни престојат.Убеден сум дека ова е почеток на една искрена, пријателска и плодна соработка со шпанската амбасада и пријателска Шпанија, која ќе можеме да ја прошириме и во други области.Првата филмска вечер беше резервирана за филмот “Шампиони“ на режисерот Хавиер Фезер, а вечерва и утре на програмата се филмовите “Тајната во нивните очи“ од Хуан Хозе Кампанела и “Лесно е да се живее со очи затворени“ од Давид Труеба.

Охрид | пред 3 години

319533411_5563504723758206_56961835220073255_n

Поставени столбови за ограничување и урбана опрема на улицата „Македонски Просветители“ во Охрид

Во рамки на активностите за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.

Охрид | пред 3 години

Press_programa_2323122022001

Кој ќе настапува за нова година во Охрид

Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски, Петар Нечоски се само дел од естрадните уметници кои ќе настапат за дочек на Нова Година на градскиот плоштад во Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков на средба со новинарите информираше за дводневната новогодишна програма:– Најголемиот туристички центар во државава ќе има дочек за Нова Година како што заслужува. Новогодишната програма започнува на 31 декември. На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ точно напладне ќе настапи хорот при КУД „Гердан од Бисери“ , а од 13 до 15 часот на истата сцена ќе се одржи новогодишната театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“.Вечерта со почеток во 20:00 часот на плоштадот ќе настапат естрадните уметници Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy. Со овие наши ѕвезди и живи легенди ќе ја дочекаме и ќе си посакаме среќна 2023 годинаНовогодишната програма во Охрид продолжува на 1-ви јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“ на градскиот плоштад. Очекувам интерес да привлече проектот „И повторно Евергрин“ кој ќе го изведат Лидија Кочоска – Вокал, Влатко Груевски – Вокал и Андреа Наунов – Пијано и Вокал.Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добро намерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град.За Новогодишните празници од буџетот на општината се издвоени 2 милиони денари.Општината исто така ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници. Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19-ти јануари на плоштадот Св. Климент Охридски ќе настапи групата Чалгија SOUND SYSTEM. За останатите детали околу Богојавленските празнувања ќе бидете информирани дополнително по одржување на состанокот на Координативното тело кое се организира за оваа најмасовна црковно – културна манифестација во земјава.И за овој зимски празник очекуваме бројни туристи од земјава и странство и упатуваме отворена покана до сите да бидат дел од овој прекрасен настан – рече Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Gimnazija_23122022008

Пецаков направи увид на инвестициските активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков направи увид на новите инвестициски активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“ кои се финансирани од буџетот на Општина Охрид.Се изведуваат градежни зафати за реконструкција на училишните тоалети, а се работи и на адаптација на неколку простории во поткровниот дел на објектот, кои ќе бидат наменети за кабинетска настава. Во текот на 2022 година за градежно-реконструктивните зафати во објектот на гимназијата се вложени 2,5 милиони денари.Исто така, набавен е училишен инвентар по сите најсовремени стандарди. Се работи за 150 клупи и 300 ергономски столчиња кои веќе се ставени во употреба за учениците, со што значително се подигнати условите за одвивање на наставата.Од страна на Општина Охрид изработени се проекти за уредување на дворот на гимназијата и реконструкција на дворната ограда. За овие проекти добиено е потребното мислење и одобрение од Завод и музеј, а во тек е тендерска постапка за избор на изведувач.Општина Охрид има добиено конзерваторско одобрение и на проектот за реконструкција на внатрешните ѕидови и подови. Изработена е целокупната документација и аплицирано е во Министерството за транспорт и врски за добивање на одобрение за реконструкција. Дополнително, се подготвува и проект за електрика и машинство, со кој треба да се утврди типот на греење, со кој е најдобро да се затоплува училишниот објект.Во Развојната програма за капитални инвестиции на Општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година, за инвестиции во ОСУ „Свети Климент Охридски“ се предвидени 20.500.000 денари во 2023 година и 12 милиони денари во 2024 година.Градоначалникот Пецаков во разговорот со директорката Светлана Велкоска истакна дека обезбедувањето на подобри услови за одвивање на наставата во овој училишен објект се врвен приоритет на Општина Охрид и покрај сложените законски процедури за обезбедување на потребната документација, со оглед на фактот дека се работи за објект кој е категоризиран како Споменик на културата.Посетата на ОСУ „Свети Климент Охридски“, градоначалникот Пецаков ја искористи да искаже лична благодарност до сите ученици и наставниот кадар кои беа вклучени во подготовката и реализацијата на културната програма, која беше изведена на свечената академија по повод патронот на Охрид, Свети Климент Охридски.

Охрид | пред 3 години

Kardiologija_20122022002

Промовиран проект за „Подобрување на условите со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков присуствуваше на пригодниот настан за промоција на инвестицикиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот се осврна на важноста на овој проект и упати благодарност до сите кои се заслужни за неговoто реализирање.– Ми претставува особено задоволство и чест што денеска сум дел од промоцијата на важен инвестициски проект, со кој значително ќе се подобрат условите за лекување и третман на пациентите во оваа престижна здравствена установа.Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава. Се радувам што важноста на оваа болница беше препознаена и вреднувана од страна на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја поддржаа реализацијата на овој проект, вреден нешто повеќе од 23 милиони денари.Реконструктивните зафати кои се предвидени во рамки на проектот ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика. Сето ова ќе придонесе и во насока на подобрување на условите за развој на здравствен туризам, привлекување на што поголем број странски пациенти и промоција на специјалната болница во соседните земји и пошироко.Климатските погодности на Охридското крајбрежје се вистински благодет за здравјето на луѓето и затоа нашиот регион е идеален за развој на здравствен туризам, но сепак нeoпходен е поголем ангажман и истовремено заедничко делување од сите страни.Посакувам овој проект да биде појдовна точка за зацврстрување на соработката помеѓу државните институции, министерствата и фондовите со цел поголемо инвестирање заради подобрување на капацитетите, како и поголемо вложување во здравствениот кадар за стручно усовршување.Но секако потребна е и поголема соработка со туристичкиот сектор за поголема промоција на расположливите потенцијали и привлекување на странски пациенти.Локалната самоуправа и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени за соработка на ова поле, а во доменот на нашите ингеренции ќе ги поддржиме проектите кои се од големо значење за развој на здравствениот сектор.Оваа можност сакам да ја искористам и да упатам благодарност до Швајцарската агенција за развој и соработка за поддршкатата на овој проект, како и за целокупната досегашна соработка на проекти кои се имплементирани во Охрид. Се надевам дека и во иднина ќе се родат нови можности за соработка и дека наскоро ќе можеме да промовираме нови проекти кои се во интерес на граѓаните.Исто така, упатувам благодарност и до Центарот за развој на југозападниот плански регион и Министерството за локална самоуправа за тоа што Охрид секогаш зазема значајно место во проектите за регионален развој.На искусниот и етаблиран тим на болницата „Свети Стефан“ им посакувам успешна имплементација на проектот и уште поголеми успеси во насока на развој на оваа установа и нејзино издигнување на уште повисока позиција во здравствениот систем, истакна Пецаков во своето обраќање.

Охрид | пред 3 години

Sredba_kabinet_20122022002

Младите шахисти од Охрид на средба со градоначалникот Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецков во својот кабинет ги прими децата кои обезбедија пласман на државното првенство по шах за основни и средни училишта што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија.На натпреварот, во категоријата жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Во категоријата жени од шесто до деветто одделение ( основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ “Братство Единство“, а во истата категорија за маши трето место освои Михаил Николовски од ООУ „Григор Прличев“.На младите шахисти градоначалникот им посака понатамошни успеси и високи пласмани на идните натпревари. Учениците кај градоначалникот беа во придружба на наставниците Борис Лушески и Наум Ристески.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања