„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пецаков

pecakov-3

Честитка на градоначалникот Пецаков за денот на сесловенските просветители

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 мај, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.– На сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на Општина Охрид им го честитам 24 мај, Денот на сесловеснките просветители Светите браќа Кирил и Методиј.Благодарение на нивната извонредна просветителска дејност, денес го имаме најголемото духовно богатсво јазикот и идентитетот. Писменоста на еден народ е најголемата и најважната придобивка на цивилизацијата.Создавајќи ја првата азбука глаголица, Кирил и Методиј ги поставиј темелите за описменување на словенските народи.Нека е вечно нивното име затоа што на основите на глаголицата се создаде кирилицата со што се обезбеди стандардизација на македонскиот јазик и писмо. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование и наука– стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

ОО | пред 1 година

290266770_448170893989597_374681502270615387_n

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 23 мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Општина Охрид.Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа упатувам срдечни честитки по повод 23 мај – Националниот ден на Власите со желби за добро здравје, среќа и успех.На овој празник се потсетуваме на богатата култура и традиции на влашкиот народ. Вашиот придонес во општеството е од непроценливо значење и е нераскинлив дел од Македонската историја.Современиот свет се соочува со бројни предизвици, па затоа на нас како заедница ни е важно да ги негуваме мултиетничките вредности, единството и меѓусебната поддршка. Само преку взаемна соработка можеме да изградиме подобра и посветла иднина за нас и нашите деца, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.

ОО | пред 1 година

Screenshot-2023-11-26-at-14.05.54

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод Велигден

,,Христос Воскресна! Навистина Воскресна!Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни во секој дом. Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, бидејќи е ден во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. На овој празник го славиме животот и победата на смртта.Нека ни биде честит Воскресението Христови и Господ да ни подари сила, верба и истрајност, да го негуваме и сочуваме се она што ни го дарил.За многу години!", стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков.

ОО | пред 1 година

436379323_753537420250242_4137723493996268395_n-1

Како Мијалкови стигнале до атрактивното земјиште во Охрид каде градат хотел

Фирмите на Мијалкови, земјиштето во Охрид на атрактивна локација со поглед на Охридско Езеро го купиле во 2011 година, а веќе во 2012 година добиле и одобрение за градење. Градоначалникот Кирил Пецаков нема преземено било какво дејствие во врска со предметната парцела.„Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со ОпштинаОхрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер“, вели Пецаков.

Свет | пред 1 година

IMG_3469

Пецаков на изложбата посветена на охридскиот уметник Вангел Наумовски

,,Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски. Изложбата беше организирана од ЛК „Лихнидос“, а на неа присуствуваа бројни охриѓани, а за него зборуваа уметници, ликовни критичари, историчари, новинари, пријатели, познаници, општествено истакнати личности и членови на неговото семејство.Изложбата на која беа изложени дела од Вангел Наумовски се организира по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Од страна на организаторите и фамилијата Наумовски произлезе иницијатива за именување на плоштадот кај „Мини Маркет“ во Плоштад „Вангел Наумовски“. Оваа иницијатива со задоволство ја прифаќам и ја иницирам постапката за прифаќање на оваа иницијатива и со тоа големиот Вангел Наумовски да добие заслужено место. Неодамна на овој простор од страна на Младите од Охридскиот архитектонски колектив „Архрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, со поддршка на ЛК Лихнидос, ЛК Охрид, Кармен Бауцентар и уметнилчката галерија „Букефал“ беше исцртан мурал посветен на 100 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски.”, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Македонија | пред 1 година

IMG_3468

Пецаков: Неуморно работиме и вложуваме во спортот

,,Денеска извршив обиколка на активностите кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ на теренот со вештачка трева. Таму започнати се зафати за изградба на трибина со капацитет од околу 150 седишта. Трибината ќе биде изградена од челична конструкција на која ќе се постават столчињата. Исто така тука се работи и на изведба на електрична инсталација за осветлување и ќе се постави нова ограда на овој терен со што можностите за негово користење се зголемуваат.Го посетив и фудбалското игралиште во склоп на поранешната касарна, каде што во тек е негова реконструкција. Тука веќе се подготвува земјата за садење на природна трева и се подготвува теренот за спроведување на автоматски систем за наводнување на теренот. Доплнително предвидено е да се огради фудбалскиот терен и да се адаптираат простории за соблекувални.Неуморно работиме и вложуваме во спортот се со цел подигнување на условитена повисоко ниво како би привлекле што повеќе млади луѓе да се занимаваат рекреативно и професионално со спорт.” напиша Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Македонија | пред 1 година

Kiril-Pecakov

Пецаков: Атмосферата и расположението во цела Македонија е во корист на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја преточиме во огромна разлика и историска победа на 24 април и 8 мај

Во цела петта единица атмосферата е одлична, расположението ја следи таа атмосфера и се надевам дека на 24 април ќе ги видиме резултатите, односно таа атмосфера ќе ја преточиме во огромна разлика помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ и за веќе на 8 мај да имаме кулминација и таа атмосфера да се преточи во историска победа за Македонија, односно, конечно ослободување на Македонија од ова лудило кое што ја има зафатено во изминатите 7-8 години, вели Кирил Пецаков во линковското вклучување во отвореното студио пред почетокот на денешниот митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада со кој ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја започнува кампањата за избор на претседател.Тој посочи дека како колеги во македонското Собрание имаше прилика да соработува и сиот жар и став кој што професорката го имаше, беше исклучиво за Македонија и бранењето на македонските национални интереси.„Дополнително, сето она знае што го има, ние како држава треба да искористиме и спроведеме во наредниот период. Докажа и покажа дека е повеќе од достоинствен кандидат кој што Македонија може да ја води на вистински пат и Македонија заслужува да има претседател токму каков што е професорката“, рече Пецаков, повикувајќи ги македонските граѓани масовно да го дадат нивниот глас за професорката Силјановска Давкова.Тој се осврна и на работата на локалната власт при што истакна дека, динамиката и начинот на работа на сите градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го отсликува начинот на работа, принципот и динамиката на спроведување на сите работи ветени и на кои се обврзале во изборната кампања пред граѓаните дека ќе ги направат.Посочи дека токму тој ќе биде принципот и на работа на ВМРО-ДПМНЕ понатаму и во централната власт, додавајќи дека ние сме докажале дека за нас зборот е збор, дека секој проект што ќе го реализираме за нас постои отчетност.

Македонија | пред 1 година

pecakov-1

Пецаков до Левица: Се занимавате со мене, а најмалце Пецак ви е крив шо не можите да соберите 10.000 потписи за вашиот претседателски кандидат

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, возврати на прозивките од генералната секретарка на Левица, Јована Мојсоска. Таа иронично искоментира дека Пецаков го толерира Нефи Усеини и дивоградбата кај Чинарот, а градоначалникот и врати дека треба да се обрати во Државниот градежен инспекторат бидејќи станува збор за старо градско јадро каде тој нема надлежност. Објавата на Мојсоска ја сподели и Димитар Апасиев кој напиша: „Пецак, ај седи си мирно брат“, алудирајќи на тоа да не им го трга штандот од јавна површина.„Упорно продолжвите да се занимавате со мене, а најмалце Пецак ви е крив шо не можите да соберите 10.000 потписи за вашиот претседателски кандидат веќе 4 ден!За користење на јавна површина и поставување на штанд е потребна дозвола,то е повеќе од јасно, а за стикери и флаери нит забранил некој нит ќе забранит, посебно разорна политичка акција како вашата е добредојдена во овој предизборен период, кажите и на Јована дека во старо градско јадро надлежна е државата ( министерство за транспорт и врски и државен градежен инспекторат) и НЕКА СЕ ОБРАТИТ таму ќе и кажет то шо ја интересират. ПС. ако мислите дека е до штандот пред општина во Охрид как Пецакот, тогаш не е еден и три поставите.. Ај сега седите си мирни двајцата да го испијам кафето на раат‼️“, пиша Пецаков.Инаку, Левица собира потписи за Билјана Ванковска да биде претседателски кандидат на нивната партија. До вчеравечер, тие успеаја да соберат нешто повеќе од 4.500 потписи, а потребни се 10.000.

Охрид | пред 1 година

366285462_758128602993823_2685972792349870313_n

Пецаков им посака успешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака успешни подготовки и успешна сезона на тимот од ГРК Охрид.„Им посакав успешни подготовки и уште поуспешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека Градот цврсто стои зад клубот од кој во новата сезона се очекуваат добри резултати.Тренерот, Стевче Алушовски ме увери дека подготовките се одвиваат во посакуваниот правец најавувајќи дека претстои финално брусење на формата и воигрување на екипата пред стартот на првенството.Секогаш големи емоции пробудува кај мене клубскиот дрес. Неизмерно сум им благодарен за поклонот, вели Пецаков.Во знак на благодарност за поддршката, капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, на градоначалникот Пецаков, инаку поранешен ракометен голман, му подари дрес со број 1

Охрид | пред 2 години

293743835_462145425925477_7727400485832353612_n

Пецаков: Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ нѐ обдари со сила, верба и благослов

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните по повод ВелигденЧеститката Ви ја пренесуваме во целостДозволете ми да ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да ви посакам здравје, благодет, Христова љубов и спокој во секој дом и во сечие срце.Празнувањето на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, затоа што е празник во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. Велигден е денот кога со радост го славиме животот, кој извира од секој храм, од секој дом и од срцето на секој верник.Христовото Воскресение е темелот на православната вера, празник на надежта и смислата на нашето постоење. Да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме со најблиските и семејството. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов и да правиме добри дела, преку кои ќе ја потврдиме смислата на нашето живеење.Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ нѐ обдари со сила, верба и благослов за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно.Нека е за многу години големиот празник!ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Актуелно | пред 2 години

331798343_493165216361047_222999934460122391_n

Пецаков: Не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира

Додека едни критикуваат и ништо не работат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување, а тоа е да не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира.„Во детската градинка „Јасна Ристеска“ обејкт „Лихнида“ ја променавме дограмата во холовите и економскиот дел во вредност од 451.704,оо денари.Во детската градонка „Јасна Ристеска“ објект „Билјана“ извршивме промена на подовите во вредност од 469.179,оо денари.Во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца ги променавме прозорците со цел да ги подобриме условите за одржување настава, а само за потсетување од страна на Министерството за образование беше ветена целосна реконструкција на овај објект, која за жал никако да се реализира.За тоа кој работи, а кој не, нека сведочат фотографиите од претходно и сега“, стои во објавата.

Охрид | пред 2 години

IMG-486669dad17dddb8ab43eec40638facd-V

Градоначалникот на Охрид избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на редовната седница на советот, која се одржа денеска во Струга. Согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Пецаков се заблагодари за изборот и нагласи дека ќе биде отворен за соработка во насока на обезбедување на што повеќе средства за имплементација на проекти во Југозападниот регион, особено во руралните средини. Тој ја оцени работатат на Советот како позитивна бидејќи заеднички се реализираат значајни регионални проекти кои ги подобруваат условите во повеќе сфери од живеењето.Тој потенцираше дека во време на кризни состојби со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа и општинските јавни претпријатија, потребно е да се мобилизираат сите субјекти со цел да се надминат проблемите и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.Советот на денешната редовна седница ја утврди листата на регионални проекти со кои Центарот за развој на југозападниот плански регион ќе аплицира кај домашните и меѓународните донатори во текот на оваа година.

Охрид | пред 2 години

pecakov-4

Пецаков: Овие празнични моменти нека ги исполнат вашите домови со мир и разбирање

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод Божиќ.„Во духот на најубавите христијански пораки за љубов и благосостојба, упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник Рожденство Христово- Божиќ. Посакувам овие празнични моменти да донесат многу здравје и радост во вашите семејства и да ги исполнат вашите домови со мир и разбирање.Нека верата во бога не исполни со надеж и позитивна мисла и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебно помагање. Да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да ја споделуваме божјата милост и поткрепа.Бидете здрави, живи и бериќетни и имајте незаборавни празнувања. Христос се роди, Навистина се роди! Нека е за многу години големиот празник“, вели Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Prvo_bebe_2023_020123003

Машко дете е првото новороденче во Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2023 година. Новороденчето, денес, го посети градоначалникот Кирил Пецаков, кој го дарува со пригодни подароци.Градоначалникот Пецаков упати честитки до семејството за нивната принова и им посака да бидат здрави, среќни и успешни, а новороденчето да израсне во среќен и успешен човек. Градоначалникот упати честитки и до лекарскиот тим задолжен за породувањето, докторите, и до целиот медицински персонал.Новороденото дете е тешко 3 килограми и 450 грама и долго 53 сантиметри. Породувањето било синоќа во 20 и 55 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

Охрид | пред 2 години

Screenshot-2022-12-31-184935

(ВИДЕО) Пецаков испрати новогодишна честитка до граѓаните

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков испрати новогодишна честитка до граѓаните.„Нека ни е среќна и бериќетна новата 2023 година, нека е поубав и посреќен нашиот Охрид“, вели Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања