„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пецаков

310343854_534635948676424_7903018967917953872_n

Отворен Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади

Денес со пригодна свеченост во просториите на некогашната касарна го отворивме Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Денешниот ден ме исполнува со искрена радост, затоа што успеавме по подолго време, конечно да го отвориме Младинскиот Културен Центар во Охрид. Ова покажува дека како Локална власт, покрај законските обврски, ние искрено сме посветени да го подобриме животот на младите.Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман.Во името на Општина Охрид упатувам искрена благодарност до USAID за несебичната помош и поддршка за реализација на овој проект и до Младинската организација СЕГА и извршниот директор Зоран Илиески за нивниот ангажман.Ве уверувам дека во Општина Охрид, Младинскиот Центар, секогаш ќе има доверлив партнер и поддржувач на сите активности.Коалицијата на младински организации СЕГА во наредниот тригодишен период ќе раководи со центарот.Свеченоста беше збогатена со музички перфоманс на Арбен Бајрам и Христијан Томевски и изложба на фотографии од Анастасија Стојаноска, Никола Ставрески, Ива Јовановиќ, Ана Марија Момировска и Христијан Јанкуловски“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

Ambasador_Spanija_04082022004

Пецаков на средба со шпанскиот амбасадор

Денес во работна посета на Општина Охрид престојуваше амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Хосе Луиз Лозано Гарсија. На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, шпанскиот амбасадор истакна дека денешната посета на Охрид е дел од економскиот карван на амбасадорот низ Македонија, каде се бараат можности за поблиска соработка со општините во земјава. Високиот дипломат ја истакна добрата соработка на шпанската компанија “ИДОМ“ со ЈП “Колекторски систем“, што резултира со грант од еден милион евра за изработка на физибилити студија. Амбасадорот изрази подготвеност да посредува во остварување на поблиски врски и збратимување на шпански град со Охрид, кој дели исто или слично природно и културно наследство.Градоначалникот Пецаков ја изрази подготвеноста и отвореноста на Охрид за соработка, посебно во делот на заштитата на охридското природно и културно богатство и споделување на заедничи искуства од соработката со УНЕСКО.На средбата беше договорено, шпанскиот амбасадор во блиска иднина повторно да го посети Охрид со својот економски тим, на која би се конкретизирале идните заеднички проекти.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Пецаков со честитка за празникот Илинден

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Македонија по повод 2 Август – Илинден.– Нека ни е честит најголемиот македонски двоен празник. Двата Илиндена, 1903 и 1944, ја симболизираат нашата борба за сопствена држава, благодарение на што денес живееме во самостојна, демократска и независна Република Македонија.И денес гордо одиме по патот зацртан со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ негувајќи ги идеалите за слободна, демократска и независна Република Македонија.Борбата на еден народ не престанува со еден историски чин. Тоа е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зошто врз темелите што тие ги поставија опстојува Република Македонија.Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација безусловно да ја води својата борба, борба за напредна, поуспешна и просперитетна Македонија – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков по повод националниот празник Илинден.

Охрид | пред 3 години

mkd-335175

Пецаков уверен дека ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон

Денес градоначалникот Кирил Пецаков одржа координативен состанок со претставниците на пливачките клубови од градов, со цел надминување на проблемите околу одржувањето на Охридскиот пливачки маратон.На состанокот беше изнесено мислењето дека Општина Охрид заедно со пливачките клубови, може да одговори на предизвикот во однос на техничката организација на спортскиот настан, но останува на пливачката федерација и Агенцијата за млади и спорт да го понесат својот дел од одговорноста.– Општина Охрид ќе направи сè, односно 99 отсто, Охридскиот пливачки маратон да се одржи. Локалната самоуправа ќе стори сè од следната година да ја преземе организацијата на манифестацијата во свои раце, заедно со пливачките клубови. И оваа година ќе направиме сè што е и што не е во наша моќ за да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што веднаш добив одговор од Агенција за млади и спорт“, изјави по состанокот Пецаков.Се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден градоначалникот да оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовкси, по што ќе имаме појасна слика за одржувањето на маратонот.

Охрид | пред 3 години

thumbs_ZIvko_Cingo_20220813002

Охрид го чествува Живко Чинго

Во родното место на великанот Чинго, во атарот на манастирот Св. Петка, вечерва, се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Во рамки на одбележувањето беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката Анита Велкоска – ОДА за расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“.Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Почитувано семејство на Живко Чинго, дами и господа, драги Велгоштани,Од година во година иста или слична сценографија за манифестацијата посветена на нашиот великан Живко Чинго. И верувајте навистина е тешко да се најдат зборови, фрази, метафори со кои секој 13ти август ќе се разликува од претходниот во изразувањето на нашата почит кон Живко Чинго. Но, зошто и би се разликувало. Едноставноста е одлика на совршенството, само патот да стигнете до совршенството е сложен. А, Чинго беше токму тоа – едноставен и совршен, со сите човечки доблести и маани. Тој беше полнокрвен човек, затоа беше и најголемиот раскажувач. Дозволете ми овде да истакнам дека тој беше и есенцијален Македонец. Зошто не можете да бидете Македонец – творец, а во својата уметност да ја немате планетарната универзалност. Таков беше и нашиот Чинго – Велгоштанец, Македонец и граѓанин на светот. Ние како политичка власт, отелотворена во Локалната самоуправа, имаме света должност да ја негуваме оваа традиција и засекогаш да го чуваме и негуваме споменот за Живко Чинго. Конкурсот за најдобар расказ е во самиот врв на македонските литературни манифестации, а со превод на повеќе странски јазици, зазема место и во светската литературна ризница.Почитувани присутни,Дозволете ми во мое име и во името на Општина Охрид да ги упатам најискрените честитки на годинашниот лауреат, Анета Велкоска – ОДА за нејзиниот расказ „Зошто роботите не умеат да љубат“ и да и посакам долга и плодна кариера. А што се однесува до нашиот безвремен Живко Чинго, покрај оваа манифестација, бројните семинари, истражувања за неговиот лик и творештво или последното монументално дело „Книга за Чинго“ на професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, најдобар начин да не се заборави е да се чита неговото творештво. Верувајте ми. Неговите дела сите нас не прават подобри луѓе. Да е вечен споменот на нашиот драг Живко Чинго, истакна во своето обраќање градоначалникот Пецаков.Годинешниот лауреат, Анета Велкоска – ОДА истакна дека за нејзе ова претставува огромна чест.Беседа за Живко Чинго држеше археологот Паско Кузман, кој изнесе бројни факти и случки од животот на Чинго, додека творечки опус за животот на Живко Чинго како инспирација држеше Гоце Џуклески. Манифестацијата беше збогатена со богата културно – уметничка програма.

Охрид | пред 3 години

Memorandum_Apostol_Pavle_19092022001

Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, проф. д-р Иван Бимбиловски денес потпишаа меморандум за соработка.Со овој документ двете страни се обврзуваат на воспоставување заедничка соработка помеѓу двете институции, реализација на едукативна, научна, апликативна и соработка со користење на модерните трендови на информатичко- комуникациските технологии во работењето на Општина Охрид. Реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер. Претставување и имплементација на знаењата кои ги поседуваат студентите од прв и втор циклус на студии. Имплементација на најразлични облици на научно- истражувачка, информатичка и техничка помош. Организација на конференции , научни советувања , семинари и обуки од двете договорни страни и издавање соодветни сертификати за истите. Воспоставување апликативни активности од взаемен карактер, кон подобрување на процесот на работа.Студентите од факултетите на овој Универзитет потписник на овој Меморандум, ќе можат да реализираат практична настава кај институцијата соработник. Практичната настава се состои од корисни и релевантни задачи и ангажмани во институцијата каде што истата се изведува. Соработката може да се прошири и продлабочува на предлог на секоја од договорените страни доколку за тоа постои заемен интерес.

Охрид | пред 3 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Партнерството и соработкаа меѓу јавните и приватните образовни институции клучен аспект во развојот на модерното образование

Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков оствари работна средба со г-дин Ангел Јанев од Образовниот центар „ПИСИ„ од Охрид на која се разговараше за аспектите и можностите за идна тесна соработка помеѓу јавните и приватните образовни институции во општина Охрид.Градоначалникот ја истакна определбата на општина Охрид за силна поддршка на талентираните ученици од основните и средните училишта во општина Охрид и подобрување на условите за нивно учење како и постигнување на врвни резултати на натпреварите во знаење, преку мерки кои ќе го стимулираат тој процес.Ангел Јанев од Образовниот центар „ПИСИ„ Охрид кој долги години е поддршка во образовниот процес на учениците од општина Охрид искажа голема поддршка за мерките кои општина Охрид ги превзема во областа на образованието особено мерките за наградување на талентираните ученици.Го извести Градоначалникот дека образовниот центар ПИСИ во насока на поддршка на мерките на општината ќе овозможи бесплатно користење на тестовници по предметот математика за трето одделение кои родителите бесплатно ќе може да ги симнат од нивната веб страна: www.matematika.mk

Охрид | пред 3 години

Obrazovni_asistenti_02092022003

Ангажирани 10 образовни асистенти за помош на децата со полесна попреченост од школска возраст

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, ги поздрави ангажираните образовни асистенти кои ќе даваат дополнителна помош на децата со полесна попреченост од школска возраст, за поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес.– Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашата благородна работа што ја работите и да Ви посакам успех во новата учебна година. Нашата замисла како Локална самоуправа е квалитетно и модерно образование. Во таа насока е и реализацијата на програмата, Општинско Корисна Работа – од граѓаните за заедницата од заедницата за граѓаните, со налов на проектот ,,Отворени можности за еднакво образование за сите деца” која се реализира во текот на учебната година од 01.09.2022 до 10.06.2023. Целта на проектот е поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес на децата со полесна попреченост од школска возраст. Со програмата се ангажираат соодветни стручни лица, образовни асистенти, со што ќе се овозможи дополнителна помош во совладување на наставата. Нашата цел е да се подобри квалитетот на живот посебно на децата со полесна попреченост кои имаат потешкотии во совладување на редовната настава , со тоа ќе им биде олеснета работата како на наставниците така и на родителите. Образовните асистенти ќе работат пола работно време, секој ден, во согласност со наставната програма и во соработка со стручната служба во училиштата како и со координаторот од Општина Охрид. Сакам да Ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување, истакна градоначалникот Пецаков.Со програмата се ангажираат 10 образовни асистенти во средните училишта ОСУ Климент Охридски – 1 образовен асистент, ОУТУ Ванчо Питошески – 4 образовни асистенти, ОЕМУЦ Наум Охридски – 4 образовни асистенти и СОСУ Кирил и Методиј – 1 образовен асистент.

Охрид | пред 3 години

thumbs_Prv_skolksi_cas_Prlicev_01092022011

Започна учебната година во охридските училишта

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на пригодната свеченост за првооделенците по повод почетокот на новата учебна година, која се одржа во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот рече:„Драги момчиња и девојчиња, драги наши првачиња, добре дојдовте во царството на буквите и бројките, царството на песничите и цртежите, царството на најубавите приказни и незаборавните игри.Особено ми е мило што имам можност да ги видам вашите весели очиња, да ја почувствувам радоста на вашиот прв училишен ден и да ви упатам најубави желби за успешен почеток. Неизмерно сум среќен што денес сум тука заедно со вас, во моето училиште, каде што пред 30 години и јас бев прваче како вас.Верувам дека сте возбудени и сигурно се прашувате што ли ќе се случува на овој ден. Се сеќавам колку трема имав и јас на мојот прв училишен ден, кога за прв пат се сретнав со другите првачиња, со кои во текот на годините што следуваа, делевме клупа, знаење и многу убави моменти, кои засекогаш се паметат. Тука ќе научите да читате и да пишувате, да броите и да сметате, но најважното нешто ќе го научите ќе биде способноста да споделувате, да бидете вешти и посветени.Училиштето ќе биде вашиот втор дом, место каде ќе ви биде убаво и каде што ќе се чувствувате сигурно, бидејќи вашите учителки ќе се грижат за вас исто како што тоа го прават и вашите родители. Тука ќе ги стекнете вашите први пријатели и ќе ги запознаете вашите први симпатии. Од денес па натаму, секој ден ќе ви биде поубав и поинтересен од претходниот и секој нов ден ќе откривате нови тајни и ќе станувате побогати со знаења.Бидете мирни, внимателни на часовите и решавајте ги училишните задачи. Само така ќе бидете примерни ученици кои ќе бидат пофалени и наградени со добри оценки. Вашиот училишен успех ќе ви овозможи да остварите високи цели со кои ќе бидете гордост на сите нас.Почитувани родители и ценети наставници „Најдобар начин да ги направите децата добри е да ги направите среќни“ рекол познатиот светски писател Оскар Вајлд, па токму затоа сакам да ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување.Како локална самоуправа во континуитет вложуваме во училишната инфраструктура и даваме поддршка за остварените успеси, а оваа година на мое големо задоволство за прв пат преку проектот „Нашите првачиња“ обезбедивме скромна помош за овие нови ученици.Радувајте се првачиња! Бидејќи овој ден е ваш ден, бидете ни секогаш здрави и насмеани и имајте многу многу петки!, истакна градоначалникот Пецаков.По повод првиот училишен ден, градоначалникот беше гостин и на пригодната свеченост во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, каде што исто така ги поздави присутните.

Охрид | пред 3 години

IMG_20220715_125411

Пецаков изврши увид на новите инвестициски ативности во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска изврши увид на новите инвестициски активности во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.Во моментот се врши поставување и инсталирање на 14 смарт табли во училниците, кои значително ќе го подобрат квалитетот на наставната програма и ќе придонесат за поголема интеракција на часовите. За набавка на овие електронски уреди, од буџетот на Општина Охрид се издвоени 1.200.000 денари.Исто така, во моментот се изведуваат и градежни зафати за поставување на лифт во училишната зграда и се врши уредување на два тоалети кои ќе бидат наменети за лица со посебни потреби. Овие активности се дел од проектот на Министерството за образование финансиран од Европската Унија во вредност од 120.000 евра. Во рамки на истиот проект, ќе бидат поставени и пристапни рампи и соодветна сигнализација за лица со оштетен вид.Градоначалникот Пецаков во својата изјава за медиумите рече дека ова училиште во текот на изминатиот период значително го променило својот изглед и содржините кои ги нуди за учениците. Поради добрите резултати во работењето донел одлука менаџерскиот тим на училиштето да продолжи со својот мандат.Градоначалникот истакна дека Локалната самоуправа и во иднина ќе настојува да ја следи и да ја воведе напредната технологија во образовниот процес на локално ниво и да ги опремува училиштата согласно современите стандарди за настава. Тој најави дека во наредниот период ќе следуваат уште низа нови инвестиции и во останатите училишни објекти во општината.Во иднина, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид за ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ планирана е набавка на нов инвентар и опрема за училниците. Наскоро во истото училиште се очекува да започне и имплементацијата на проектот за опремување на сите кабинети за практична настава кој е финансиран преку гранд од од RCF-fond и Германската банка за обнова (KfW), во вредност од 580.000 евра.

Охрид | пред 3 години

Press_Gradonacalnik_13072022002

Нови мерки и проекти за поуспешен наставен процес за сите училишта во Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес одржа прес конференција на која ги претстави новите мерки и проекти, кои ќе бидат реализирани во новата учебна година.– На мое особено задоволство, сакам да ја информирам јавноста дека Советот на Општина Охрид на својата вчерашна седница донесе многу важна одлука со која се прецизираат сите мерки кои локалната самоуправа ќе ги преземе во насока на поддршка на учениците и студентите од општината.За првпат оваа година општина Охрид воведува: Проект „Нашите првачиња“ со кој предвидува финансиска поддршка од 3000 денари за секое запишано прваче во општинските основни училишта.Ја зголемуваме вредноста на стипендиите за ученици од основните и средните училишта за учебната 2022/2023 година од 1500 на 2000 денари. Стипендиите ќе се доделуваат за 9 месеци и ќе бидат наменети за талентирани ученици, ученици со посебни постигнувања и за ученици од ранливи семејства. Исто така врз основа на јавен повик ќе се доделуваат и стипендии во месечен износ од 3000 денари за редовни студенти во неколку категории.За прв пат се воведува нова мерка „Образовен додаток“ која е наменета за студенти кои студираат надвор од Охрид, а потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни и еднородителски семејства. Со оваа мерка е предвидено е да бидат еднократно доделени по 6000 денари на најмногу 120 студенти.И во текот на наредната година, Општина Охрид ќе ја подолжу поддршката за ученици во основно и средно образование, студенти, магистранти и докторанти кои се лица со ретки болести и посебни потреби. За учениците е предвиден е зголемен износ од 2000 денари месечно за 9 месеци, а за студенти, магистранти и докторанти износ од 3000 денари месечно за 9 месеци.Обезбедивме зголемување на надоместокот за наставниците ангажирани во продолжен престој. Од оваа учебна година тој ќе изнесува 15.000 денари за пола работно време, наместо досегашните 10.000. Се прават и напори за решавање на проблемот со работниот стаж на овие наставници кој досега беше нерегулиран. Предвидено е сите основни училишта да организираат продолжен престој од 15 ти септември.Овозможуваме дополнително вреднување на постигнатиот успех на учениците на напреварите во знаење кои се организираат по наставните предмети. За таа цел, покрај доделување стипендии и традиционалното доделување признанија на денот на сесловенските просветители „ Св. Кирил и Методиј„ ќе се доделуват и парични награди за учениците и нивните ментори и тоа:– За освоено прво место на државен натпревар во знаење по наставен предмет ќе се доделува еднократно по 10.000 денари за ученикот и неговиот ментор; за освоено второ место ќе се доделува по 7000 денари, а за освоено трето место на државен натпревар ќе се доделува по 4000 денари;– За освоено прво место на меѓународни натпревари ќе се доделува еднократно по 18.000 денари за ученикот и неговиот ментор; за освоено второ место на меѓународни натпревари ќе се доделува по 15.000 денари, а за освоено трето место на меѓународни натпревари ќе се доделува по 12. 000 денари.Целта на овие мерки е да се поттикнат учениците и нивните ментори да учествуваат на натпреварите во знаење и да постигнуваат врвни резултати- истакна во своето излагање Пецаков.Градоначалникот подвлече дека од учебната 2022/2023 година за првапат во две основни училишта во Општина Охрид: ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Христо Узунов“, ќе отпочне да се реализира пилот-проектот „Италијански јазик во основното образование“. Факултативно изучување на италијанскиот јазик ќе биде по два часа неделно за учениците од 5- то и 6 -то одделение. Со овој пилот –проект, на почеток ќе бидат опфатени само последната година од одделенска настава и првата година од предметна настава( во овие две училишта), а понатамошниот опфат ќе оди согласно потребите и интересот на учениците и родителите.За учебната 2022/2023 година општина Охрид за првпат ќе додели награда и за „Првенец на генерацијата“ во основните и средните општински училишта. По изборот согласно процедурите на училиштето, директорот на училиштето доставува известување до општина Охрид по што на ученикот ќе му биде исплатена награда во вредност од 10.000 денари.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Пецаков со честитка за празникот Курбан Бајрам

Градоначалникот Кирил Пецаков упати празнична честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.-Со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам!Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието, носи поголема солидарност, не учи да помагаме и простуваме.Посакувам вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на нашето мултиетничко општество. Само сплотени и со заедничка желба можеме да го направиме Охрид подобро место за живеење.Нека овие празнични денови Ви поминат во радосна семејна атмосфера, со добра мисла и меѓусебна почит. Нека е за многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Breg_Mladosti_31082022003

Акцијаши од неколку балкански земји во посета на општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во големата сала на Општина Охрид ги прими акцијашите од Србија, Босна и Херцеговина и Словенија кои се во неколкудневна работна посета на Охрид. Тие работат на расчистување на просторот во близина на хотел „Далјан“ од отпад и градежен шут.Градоначалникот Пецаков им се заблагодари за нивниот ангажман и благородната општествена дејност со која се занимаваат и укажа на неопходноста до крајот на годината да се утврдат потребите на охридските акцијаши со цел да бидат предвидени средства од општинскиот буџет за наредната календарска година.Акцијашите кои доаѓаат од бившите југословенски простори беа воодушевени од убавините на Охрид и приемот на градоначалникот и најверојатно работна акција кај нас ќе реализираат и наредната година.

Охрид | пред 3 години

309310272_519329190207100_5712391036596519697_n

Се посавува нова фекална канализација на улица "Дејан Војвода" во Охрид

Екипи на Јавното претпријатие "Нискоградба" реализираат активности за изведба на нова фекална канализација на дел од улица "Дејан Војвода".„Со овој зафат се заменува старата и дотраена и се поставува нова.Вредноста на проектот изнесува 700 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

309134337_519355156871170_6547124349861679622_n

Пецаков: Се радувам што годинава како дел од активностите на лидерската школа е проектот за туристичкиот развој на Охрид

Денес мои гости беа учесниците на 13тата Школа за млади лидери која ја организира Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.„Особено се радувам што оваа година како дел од интерактивните активности на лидерската школа се раѓа еден нов и значаен проект во насока на остварување на стратешките интереси на Охрид и унапредување на неговиот туристички развој. Се надевам дека идеите и креираните решенија за дигитална промоција на природните и културните богатства на нашиот најголем туристички центар во Македонија, ќе создадат нови шанси за поголем економски напредок, кој ќе донесе бенефит во повеќе сегменти на општественото живеење.Како дел од активностите на учесниците во школата ќе биде и пронаоѓање на коцепт за подобра промоција на градот особено кај младите луѓе“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања