„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пецаков

309263383_519446126862073_8014290234624661790_n

Пецаков на средба со директори на училишта и претставници од СВР Охрид за подигнување на нивото на безбедност во училиштата

Денес остваривме средба на која присуствуваа, службите на Локалната самоуправа, директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Целта на средбата е подигнување на нивото на безбедност во кругот на училиштата и превенирање на девијатни појави помеѓу учениците. Во таа насока се разменуваа мислења за зголемување на патролите особено во вечерните часови кога во кругот на училиштата се собираат млади луѓе.Дополнително се разговарше и за организирање на едукативни предавања од страна на претставници на СВР Охрид“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

307174226_510401307766555_6765284163117366520_n

Пецаков на 9. Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со меѓународно учество

Вечерва присуствував на 9. Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со меѓународно учество, објави Кирил Пецаков.„Особено бев почестен, пред се како стоматолог што имав можност да се обратам на 9-от Конгрес на Македонското стоматолошко друштво со интернационално учество и да им посакам топло добредојде во нашиот убав град.Верувам дека во наредните денови ќе бидат разменети искуства и познавања, ќе се разгледуваат последните клинички истражувања во стоматологијата и ќе се разгледуваат најновите надградби на стоматолошките водичи кои промовираат нови методи. Бидејќи сето тоа води кон подобрување и унапредување на услугите кои како стоматолози ги даваме на пациентите“, пиша Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

309330726_519366293536723_6498304866494497533_n

Се санираат потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку социјалните мрежи информира дека саниран е потпорен ѕид во стариот дел од градот.„Санацијата на потрпониот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“ заврши.Активностите за санација и уредување на потпорните ѕидови низ Стариот дел на градот продолжуваат.Во моментов се врши санација на потпорниот ѕид на улица 'Нада Филева'“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

306274328_506146424858710_3274180767255620598_n

(ВИДЕО) Започна 35. Охридски пливачки маратон

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака мирни води на пливачите на 35. Охридски пливачки маратон.„Започна 35. Охридски пливачки маратон.Им посакувам мирни води на пливачите.Ве поканувам на градското пристаниште да ги пречекаме, а од 14 часот да уживаме во настапот на Ансамблот "Билјана јуниор"“, вели Пецаков.Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на Претседателот на државата, но од неговиот кабинет стигна соопштение дека оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата.Градоначалникот Кирил Пецаков синоќа на социјалните мрежи напиша дека Охрид бил целосно подготвен за одржување на пливачкиот маратон.„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша претходно Пецаков на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

305803202_504057605067592_7398459784703970457_n

Пецаков: И после 31 години, ние како Македонци, повторно сме пред предизвик, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен

Изминаа 31 година, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдивме нашата цврста определба за демократска и просперитна Македонија.За жал и после 31 години, ние како Македонци, повторно сме исправени пред предизвик, кој треба и мора да го совладаме, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен.Овој ден, сигурен сум, ќе не обедини сите во вечниот стремеж за подобра Македонија. Уверен сум дека граѓаните на Охрид како непресушен вруток на македонската историја, култура и духовност ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани.Да ни е среќен и вековит празникот“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

pecak-1

Пецаков „удри“ по СДСМ: Уште еднаш го докажавте вашиот аматеризам

Ме повикале од ОО СДСМ Охрид во соопштение во врска со информацијата дека се потребни околу 50 милиони денари плус од предвидените за реализација на проектот за реконструкција на булеварот „Македонски просветители", вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Господо од СДСМ,Со ова уште еднаш го докажавте аматеризмот и класичното непознавање на работоте, па вие додека ја раководевте Локалната власт немавте никаков есап и ете затоа сега се соочуваме со проблеми.Да, за жал затоа што не се испланирало како што треба сега Општината веќе обезбедува и ќе мора да обезбеди дополнителни средства за реализација.Не знам каде биле вашите советници на денешната 10-та седница на Советот кои требало да ви пренесат, но како и секогаш во интерес на сите мои сограѓани транспарентно посочувам за што се потребни дополнителни трошоци:- Улично осветлување, посебен тендер каде е избран економски оператор- Канални водови во должина од 1,4 км- Дренажна цефка- Поставување странично водовод- Нова водоводна линија со нови приклучоци- Измешана канализација, потребно беше девијација односно одвојување на водоводна и канализациона мрежа- Дислокација на ЕВН високонапонски кабел по цела должина- Уште 800 метри од трасата не се влезени во целиот проект, односно е потребна нова траса- Обврска за нови садници- Армирана бетонски плочи на тротоарите кај Рамстор, кај Судот, кај Стоковна куќа Билјана и кај пресекот за Чинарот- Нови сливници кои се поправени- Сигнализација за паркинзи, систем кој не беше решен- Осветлување и хортикултурно уредување- Дополнителен паркинг простор...Ех, мои драги од СДСМ,Сето ова требало да биде решено, но за жал не се сработило, па затоа само досега се платени 15 милиони денари. Иако проектот е со финансиска поддршка од Светска банка тоа не значи дека обврските на Општината не треба да се спроведат.Заврши времето на крадење на парите од граѓаните и времето кога граѓаните беа манипулирани и излажани од СДСМ.Сега е време на јавно, отчетно и транспарентно работење во интерес на сите охриѓани“, вели Певаков.

Македонија | пред 3 години

278601979_396999079106779_2088470772764271034_n

Пецаков на средба со генералниот менаџер на компанијата „ОДВ Електрик“

Градоначалникот Пецаков оставри средба со генералниот менаџер на компанијата „ОДВ Електрик“ Цубалевски„Денеска бев во посета на компанијата „ОДВ Електрик“. Во рамки на посетата остварив средба со генералниот менаџер, Огнен Цубалевски, кој ме запозна со процесот на производство на фабриката и со идните планови за развој на компанијата во Охрид.Бројот на вработени во моментов во „ОДВ Електрик“ е околу 800 луѓе што ја прави еден од најголемите работодавци во регионот.Изразив благодарност што компанијата го одбра токму ова место за инвестирање и ја истакнав подготвеноста на Локалната самоуправа да се излезе во пресрет на нивните потреби се со цел забрзан развој и зголемување на бројот на вработени во компанијата.Во изминатиот период компанијата „ОДВ Електрик“, дел од својот производствен капацитет кој се наоѓа во Украина, го има префрлено во Охрид и со тоа бројот на вработени во изминатиот период е пораснат за неколку стотини.Претходно, испратив официјално писмо со кое ги повикувам странските компании кои веќе имаат инвестирано во Охрид, доколку своите производствени капацитети од Украина ги преместуваат, нивниот избор да биде Охрид, бидејќи во Општина Охрид може да гледаат како на партнер кој ќе им излезе во пресрет за остварување на нивните планови“, вели Пецаков.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пецаков го уредува Охрид: Дворед, велосипедска патека, ново осветлување на „Македонски просветители“

Утрово започна поставувањето на гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см, на улицата „Македонски просветители“ чија реконструкција е во тек. Гранитни камени коцки ќе бидат поставени и на тротоарите со димензии 5/5/8см.„Веќе е поставена атмосферска канализација, а според планираното, улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека и ново улично осветлување. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања