„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пецаков

POTPISUVANJE_JAPONSKA02.11-45-scaled-1

Јапонската амбасада со донација за општина Охрид

Амбасадорот на Јапонија во Република Македонија Н.Е. Хиронори Савада и градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Охрид потпишаа договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ со цел да се набави комунално возило кое ќе обезбеди побезбедна животна средина. Вредноста на комуналното возило е 60,640 евра и ќе го користи ЈП „Нискоградба“.Церемонијата на потпишување на проектот ја отвори градоначалникот Кирил Пецаков кој во своето обраќање истакна:-Дозволете да го изразам моето задоволство што по неколку месечни интензивни комуникации и вложен труд од двете страни денес стануваме потписници на договорот со кој Амбасадата на Јапонија во Р. Македонија и доделува Комунално возило на Општина Охрид кое ќе е наменето за одржување на чистотата на најголемиот туристички центар во државата, а ќе го користи ЈП „Нискоградба“. Вредноста на возилото е 60,640.оо EUR. Станува збор за крупна и исклучиелно значајна субвенција, ако се земе во предвид дека ЈП „Нискоградба“ располага со застарени комунални возила.Новото комунално возило ќе овозможи навремена санација на дефектите во канализационата мрежа. Дополнително, испуштањето на загадена вода во Охридското Езеро ќе биде намалено за 40%, со што ќе се заштити неговата природна флора и фауна. Општина Охрид има 7 пумпни станици, и 175.84 км канализациона мрежа. Бројот на дефекти на истата во последните години бележи зголемување, најчесто поради тврд отпад кој се собира во канализационата мрежа.Секако на денешниот чин на потпишување на договорот за донацијата, претходеше подготовка и имплементација на „Проектот за обезбедување на Општина Охрид со комунално возило“.Во оваа прилика уште еднаш јавно му се заблагодарувам на амбасадорот Савада и на вработените во амбасадата на Јапонија во нашава земја што покажаа интерес и максимално се заложија да ја добиеме оваа донација којашто е прва за Локалната Самоуправа односно ЈП „Нискоградба“ иако претходно Јапонската Влада и јапонскиот народ има донирано значајна опрема за воспитно образовни и здравствени институции во градов- рече градоначалникот Пецаков.Амбасадорот Савада во своето обраќање укажа на предностите од донацијата.-Со новото комунално возило, дефектите во канализационата мрежа ќе се санираат ефикасно и навремено. Со тоа и загадувањето на Охридското Езеро ќе биде намалено за 40 %, подвлече амбасадорот Савада.Директорот на ЈП „Нискоградба“ Александар Трпеноски се заблагодари за вредната донација со која ќе се обезбеди квалитетно санирање на дефектите на канализационата мрежа во Охрид.

Охрид | пред 3 години

POTPISUVANJE_JAPONSKA02.11-92-scaled-1

Пецаков и амбасадорот Савада на увид во општата болница

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада денеска во ЈЗУ „Општата Болница“ извршија увид на ренген апаратот што претходно го донираше јапонската амбасада.Во изјава за медиумите градоначалникот Пецаков се заблагодари за оваа вредна донација.–Денеска со амбасадорот Хиронори Савада направивме увид на новата опрема која ја донираа Јапонската амбасада и јапонскиот народ за потребите на Општата Болница. Станува збор за најсовремен подвижен Ренген апарат во вредност од 60. 000 евра. Упатувам огромна благодарност за оваа вредна и многу значајна донација за нас. Оваа донација е уште еден важен пример за нашето долгогодишно пријателство и меѓусебна соработка. Ја користам оваа можност да се заблагодарам на јапонската влада и јапонскиот народ за сите досегашни проекти кои ги реализиравме со нивна поддршка, а тоа се: Проект за реновирање на санитарните јазли во ОУ „Христо Узунов“, Проект за набавка на медицинска опрема во Медицински Центар- Охрид, Проект за набавување кревети и машини за копирање во детската градинка „Јасна Ристеска“, Проект за подобрување на медицинската средина преку набавка на пренослива ренген машина за Општа Болница и Проектот за обезбедување возило за чистење отпадни води во канализациониот систем за потребите на Општина Охрид односно ЈП „Нискоградба“. Искрено се надевам дека и во иднина ќе воспоставиме низа нови партнерства за институционален развој и градење капацитети во повеќе општествени сегменти – рече градоначалникот Пецаков.Амбасадорот Савада ги посочи донациите на јапонската влада во Македонија.-Преку проектите од програмата за мали грантови ( GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина- истакна амбасадорот Савада – посочувајќи дека помошта е во различни сектори во вкупна вредност од 423 милиони евра.Директорот на ЈЗУ „Општа Болница“ д-р Асен Шајн се заблагодари за донираниот рентген апарат на кој во период од јуни до септември годинава имало 50.000 прегледи. Донациите од Јапонија во оваа здравствена установа датираат од 90-те години на минатиот век, а кулминирале во 2016 година кога институцијата добила амбулантно возило.

Охрид | пред 3 години

314011836_553325020140850_8553259127680104025_n

Пецаков на средба со атлетичарот Јован Стојоски

Остварив средба со Јован Стојоски, атлетичар на атлетичарскиот клуб „Охрид“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Јован Стојоски до сега има освоено десетина медали на престижни натпреварувања и митинзи.На средбата разговаравме за неговите успеси, учеството на Олимписките игри во Токио и за претстојните натпревари.Поддршката што му ја дава Локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, сѐ со цел постигнување уште поголеми резултати“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

LUND_POSETA_02.11-1

Пецаков на средба со претставници од универзитетот „Лунд“ од Шведска

Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во Охрид оствари работна средба со главните раководители на Програмата CIPSS 2022-2023- Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска.Делегацијата ја сочинуваа програмските раководители Илхами Алкан Олсон и Јохана Алкан Олсон и проф. д-р Спирос Софос кој е програмски ментор на работната група и доаѓа од Центарот за Блискиот Исток на LSE (London school for economics and political science). Номинираниот тим на општина Охрид којшто присуствуваше на средбата е активен учесник во Програмата која започна во септември 2022, а ќе трае до април 2023.Градоначалникот Пецаков беше информиран дека фокусот на Програмата е преку менторски сесии, работни задачи и конкретни проекти да се зголемат капацитетите на општинските службеници т. е. истите да ко- дизајнираат одржливи, еластични и инклузивни јавни средини и услуги со фокус на SDG 11 – Одржливи градови и заедници.Шведскиот универзитет Лунд е реномиран европски универзитет кој е основан во 1666 година и постојано е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети во Светот. Универзитетот има околу 44.000 студенти и повеќе од 8. 000 вработени со седиште во Лунд, Хелсингборг и Малме.

Охрид | пред 3 години

313407458_552334413573244_7078062346289254118_n

Жителите на Велгошти ќе добијат современо повеќенаменско игралиште

На повеќенаменското игралиште во Велгошти денес се одвиваат подготвителни активности за поставување на подлогата.„Со овие активности, односно после поставувањето на горниот слој од подлогата градежните зафати ќе финишираат. Со тоа велгоштани ќе добијат современо повеќенаменско игралиште.Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 3 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Pecakov-29.10.2022

Пецаков: Велгошти добива современо повеќенаменско игралиште

Втор пат во овој мандат, додека трае значи оваа година дена скоро веќе, каде што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан е на посета и имаме она кое што тековно се работи, вели Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид„Денеска ќе посетивме шест од проектите кои што во моментов се работат, инаку вкупно на десет локации во градот имаме проекти. И ова е градежна офанзива во наредниот период ќе продолжи по интензивно со асфалтирање на локални улици, улички и сокачиња и поплочување со бекатон плочки онаму каде што не е возможно да се асфалтира.А, секако и многу, многу други проекти за кој што финишот ќе го видиме во наредните месец дена. На неколку локации посетивме, каде што имаме фекална канализација, онаму каде што немало во населени места. Го решаваме водоснабдувањето во селото Лескоец со преку 500 метри водоводна нова линија главна, која што ќе ги снабдува жителите на село Лескоец. Ова е едно од двете ветени повеќенаменски игралишта во Охрид кои што беа во мојата програма и ова е пред самиот финиш.До крајот, односно на почетокот на наредната недела, веќе ќе го добие конечниот лик и во Велгошти ќе имаме современо игралиште, за кое што лично јас се гордеам, а секако и сите оние кои што тука живеат.Денеска продолжуваме на една улица, кракот на улица Мирка Гинова со асфалтирање, а веќе од понеделник продолжуваме, буквално, во секое населено место и секое село да ги решаваме тие проблеми.И за нас уште еден крупен проект кој што ќе го посетиме во текот на денот, односно на крајот на денот, а тоа се улиците Прилепска во Будва, каде што покрај решавањето на овие улици и добивањето на современ лик на самата реконструкција имаме и уредување на речното корито на реката Сушица, со тоа што ќе добие, буквално, модерен лик и таму се заокружува еден цел концепт во населбата Црногорци према Железничка, на уредувањето на улиците“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

313336903_549894803817205_1668642515846241969_n

Пецаков во обиколка на градежните активности во Охрид: Во моментов се работи на 10 локации

Денеска извршивме обиколка на дел од градежните активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид. Во моментов се работи на 10 локации, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Ги посетивме активностите за изградба на фекална канализација кои се одвиваат на краци од улиците ,,Дејан Војвода" и ,,Ариф Мустафа". На ,,Дејан Војвода" канализацијата е во должина од 130 метри, а на ,,Ариф Мустафа " во должина од 120 метри.Направивме обиколка на активностите за изведба на нова водоводна линија во Лескоец во должина од 610 метри. Вредноста на овој зафат е околу 1 800 000 денари.Ја посетивме улицата ,,Мирка Гинова". Тука асфалтирањето беше во должина од 140 метри и ширина од 4 метри.Велгошти добива ново повеќенаменско игралиште. Вредноста на овој проект е околу 3 700 000 денари.На крај ги посетивме активностите кои се одвиваат на крак на улицата ,,Радојца Новичиќ" и улицата ,,Будва".На ,,Радојца Новичиќ" се работи на оформување на тротоарски површини, се постави ново осветлување, каблите се спуштија под земја и се изгради ѕид во речното корито на реката Сушица.На ,,Будва" се врши гребење на стариот асфалт и улицата се подготвува за асфалтирањето. Претходно на двете улици се замени и прошири фекалната канализација“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

312188234_550052637134755_2545282813259857011_n

Пецаков учествуваше на Политичката академија 2022 - Стратегија и визија во време на криза

Имав чест и задоволство да учествувам со свое обраќање на Политичката академија 2022 - Стратегија и визија во време на криза, која денеска се одржа во Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Моето излагање беше на тема ,,Водење на општините - кохабитација со централната власт".Академијата е организирана од страна на фондацијата ,,Конрад Аденауер" (Konrad-Adenauer-Stiftung) и партискиот истражувачко-аналитички центар ,,Љубиша Георгиевски".Учесници на Академијата беа членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ“, вели тој.

Охрид | пред 3 години

IMG-bd80cacb3eeeef482dda7fea9a67982c-V

Општина Охрид се приклучи на кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“

На Градскиот плоштад, денес, се реализираше кампања под мотото „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“. Во кампањата активно се вклучи и градоначалникот Кирил Пецаков.– Со цел да ја подигнеме свеста кај семејствата за што повеќе деца да бидат згрижани ја организираме оваа презентација денес во соработка со СОС Детско село. Како Локална самоуправа се вклучуваме во кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач” и веќе работиме на тоа за згрижувачките семејства да обезбедиме еднократен причен надомест од 15 000 денари. Ова ќе го предвидиме во програмата за социјална заштита за 2023 година. Оваа помош и поддршката од Општината за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, ќе претставува почеток на поддршката која ќе придонесе децата да прдолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина, истакна градоначалникот Пецаков.Денешниот настан се реализираше во рамки на националната кампања која се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

IMG-bf3b5fe064fb1d780e15dfeb855aa5d8-V

Пецаков учесник на деветтата годишна дримска конференција во Тирана

Деновиве во Тирана, Република Албанија се одржа деветтата годишна дримска конференција. На конференцијата активно учество зеде и градоначалникот Кирил Пецаков.– Програмата е од исклучително значење за обезбедување на одржливо управување со сливот на Охридското езеро како и обезбедување на поглема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен. Се радувам што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и носолодирање на институционалните, политичките и правните рамки за решавање на прекуграничните прашања, истакна градоначалникот во своето обраќање.Конференцијата се организирна во рамките на Дримската Координирана акција (CORDA) за имплементација на Меморандумот за разбирање за Дрим (MoU) и поддржувачкиот проект на ГЕФ/УНДП: “Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот басен на Дрим” (Drin Project ).На 9-тата Дримска Конференција учество земаа претставници на надлежните институции во Дримскиот Басен од Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, како и претставници од меѓународните организации и донатори, кои дискутираа за тековните и планираните активности и ги презентираа своите видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен.

Охрид | пред 3 години

311977146_541050234701662_2876263023757822819_n

Пецаков: Се одржа општинското првенство во атлетика

Прекрасен ден исполнет со детски џагор. Денеска на Градскиот стадион, се одржа општинското првенство во атлетика, вели градоначалникот на Охрид ,Кирил Пецаков.„Учество зедоа учениците од општинските основни и средни училишта.Мене ми припадна честа да ги врачам дипломите и медалите за најдобрите од основните училишта.Со овој настан ги поттикнуваме спортските активности кај децата и го развиваме спортскиот дух“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-10-18-192433

Пецаков: Стартуваше првата фаза за асфалтирање на улица „Будва“

Извршив увид на градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Денеска стартуваше првата фаза и се асфалтираше еден крак во должина од 250 метри. Активностите за асфалтирање на улица „Будва“ продолжуваат и во наредните денови. Претходно екипи на ЈП „Нискоградба“ на оваа улица работеа на поставување на нова атмосферска канализација.Вредноста на проектот изнесува 7 000 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.Ги посетив и подготвителните работи за асфалтирање на улицата „Прилепска“. На овој дел крај реката Сушица се уредува и речното корито. Дополнително ќе се постави нова атмосферска канализација, ќе се изградат нови тротоари, а сите кабли ќе бидат поставени под земја по што ќе следува асфалтирање на улицата.Исто така извршив увид и во Лескоец каде се работи на поставување на нова водоводна линија која е во должина од 600 метри. Со завршувањето на оваа активност домакинствата кои живеат на оваа улица ќе бидат приклучени на новата линија“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

Praven_fakultet_14102022004

Охрид домаќин на конгрес на правници од Западен Балкан

Градоначалникот Кирил Пецаков се обрати на првиот „Охридски конгрес на правото 2022“ што синоќа свечено се отвори во Охрид. На настанот учествуваат 150 студенти по право од Западен Балкан.Во своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков истакна:– Почитувани организатори и учесници на Првиот Охридски конгрес на правото 2022, почитувани гости, дами и господа. Дозволете на почетокот да ве поздравам и да ви посакам успешна работа и пријатен престој во Охрид.Ми причинува особена чест и задоволство што овој голем конгрес од областа на правото се одржува во Охрид, градот крај убавото Езеро, Балканскиот Ерусалим кој периодов со вакви случувања станува центар за развој на конгресен туризам.Импозантниот број на учесници, 150 студенти по право од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина доволно зборува за важноста на овој настан на кој предавања и панел дискусии на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“ ќе одржат еминентни судии и професори по право.Денес и наредните два дена тука ќе има размена на мислења и ставови, нови научни сознанија од областа на правото, ќе се дебатира и дискутира на значајни и сериозни теми.Драги студенти, идни правници, адвокати или судии ви посакувам да ви се остварат соништата, да уживате во убавината на младоста. Јас верувам дека трудољубиво и посветено учите и дека ќе станете врвни професионалци. Успесите не доаѓаат одеднаш. Луѓето кои се успешни сфаќаат дека не смееме да им дозволиме на неуспесите да не дефинираат, туку обратно тие да не научат, што и како да направиме за наредниот пат.На крај дозволете ми да ви посакам успешна и плодна работа и пријатен престој во убавиот Охрид, градот со Самулиовата тврдина, со цркви и манастири колку што има денови во годината, со галерии и музеи на копно и вода. Градот во кој има ресторани, кафулиња, забава и мир за сечиј вкус.Работете вредно и издвојте време да уживате во нашиот Охрид – рече градоначалникот Пецаков.Покрај градоначалникот Пецаков на отворањето се обрати и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р. Сашо Георгиевски.Во работниот дел во наредниве денови свои обраќања ќе имаат еминентни судии, обвинители и професори по право тие ќе дебатираат на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“.Организатор на настанот е Факултетското студентско собрание и студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Конгресот завршува на 16-ти Октомври.

Охрид | пред 3 години

Wikipedia_14102022001

Единаесети состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа

Почнувајќи од денес па се до 16ти во Охрид ќе се одржува единаесетиот состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа. Оваа средба се организира во живо после пауза од две години поради Ковид пандемијата.На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид е домаќин на престижен настан посветен на важноста на Википедија еден од петте најпосетувани сајтови во Светот. Живееме во хипер поврзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности. Сведоци сме на невиден технолошки напредок но и преиспитувања и парадокси. Социјалните мрежи постојано се продлабочуваат и мултиплицираат. Покрај физичките се понагласена улога имаат оптичките коридори и информатичките крстосници, истакна градоначалникот Пецаков.Претседавачот Кирил Симеоноввски ја потенцираше важноста од одржувањето на овој настан и развивањето на квалитетна дискусија поврзана со темите и посака успех на учесниците во работата.Предвидено согласно агендата на настанот да се води дискусија на повеќе теми кои се поврзани со потребите на заедниците од државите на Централна и Источна Европа.

Охрид | пред 3 години

11_Oktomvri_10102022003

Пецаков: Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата

Во присуство на голем број граѓани, продолжувачи на слободарските традиции, пратеници и советници, денес со свечена академија се одбележа 81 година, од почетокот на антифашистичката и национално ослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна.Во името на Општина Охрид пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој во оваа прилика истакна:– Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна, ги постави темелите на новата Македонска држава и го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.Континтинуираната борба на македонскиот народ резултираше со формирање на самостојна и независна Република Македонија, како единствена државна територија на Македонскиот народ на овие немирни Балкански простори.Затоа, 11 Октомври, не претставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото Светско семејство на народите.За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и достоинствено да се одговори на предизвициите кои ги носи иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајЌи ги темелите на идниот националниот развој.Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат.Почитувани присутни, нека ни е честит и долговечен 11 Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ.Од името на Организацијата на Сојузот на борците – продолжувачи на слободарските традиции, говореше Љубиша Машановиќ:– 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ, претставува продолжение на нашите револуционерни и слободарски традиции изразени на сите претходни буни и востанија.Од таа Народноослободителна војна израснаа крупни личности, водачи, народни херои, херои на своето време – Кузман Јосифоски – Питу, иделогот на движењето и борбата, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Христијан Тодоровски – Карпош, Невена Георгиева – Дуња, Ибе Паликуќа, големиот поет Коста Рацин, командантот на Народноослободителната војска, генерал Михајло Апостолски и многу други знајни и незнајни јунаци.Сега, кога имаме самостојна македонска држава, кога ја имаме долго очекуваната слобода, нашата најголема одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни. Храброста се покажува тогаш кога треба да се даде животот за својата Татковина, но храброста се покажува и тогаш кога треба да се живее за неа. Не смееме да дозволиме нешто што е создавано со векови да дојде во опасност да биде загубено за миг.Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание на Македонија и Ден на борецот. Нека овој голем ден ни биде патоказ и нам и на генерациите по нас, да ја чуваме слободата, сувереноста и независноста на нашата мила Татковина Македонија.Свечената академија продолжи со уметничка програма, од учениците од средните училишта “Св. Климент Охридски“ и “Тодор Скаловски – Тетоец“ и основното училиште “Ванчо Николески“, под менторство на професорите Светлана Голабоска, Даниел Чурковски и Емилија Блажеска.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања