„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пецаков

pecakov-4

Пецаков со честитка за католички Божиќ

Нека овие празнични мигови донесат светлина и радост во Вашите домови. Овој голем празник е потсетник дека големата Божиќна радост треба да биде споделена со најблиските и пријателите, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.„Божиќ е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток. Овој голем празник нè учи да бидеме следбеници на врвните морални и етички норми и да дејствуваме во согласност со начелата на позитивниот дух.Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Празничните денови нека го возвишат Божјиот благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

Press_programa_2323122022001

Кој ќе настапува за нова година во Охрид

Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски, Петар Нечоски се само дел од естрадните уметници кои ќе настапат за дочек на Нова Година на градскиот плоштад во Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков на средба со новинарите информираше за дводневната новогодишна програма:– Најголемиот туристички центар во државава ќе има дочек за Нова Година како што заслужува. Новогодишната програма започнува на 31 декември. На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ точно напладне ќе настапи хорот при КУД „Гердан од Бисери“ , а од 13 до 15 часот на истата сцена ќе се одржи новогодишната театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“.Вечерта со почеток во 20:00 часот на плоштадот ќе настапат естрадните уметници Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy. Со овие наши ѕвезди и живи легенди ќе ја дочекаме и ќе си посакаме среќна 2023 годинаНовогодишната програма во Охрид продолжува на 1-ви јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“ на градскиот плоштад. Очекувам интерес да привлече проектот „И повторно Евергрин“ кој ќе го изведат Лидија Кочоска – Вокал, Влатко Груевски – Вокал и Андреа Наунов – Пијано и Вокал.Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добро намерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град.За Новогодишните празници од буџетот на општината се издвоени 2 милиони денари.Општината исто така ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници. Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19-ти јануари на плоштадот Св. Климент Охридски ќе настапи групата Чалгија SOUND SYSTEM. За останатите детали околу Богојавленските празнувања ќе бидете информирани дополнително по одржување на состанокот на Координативното тело кое се организира за оваа најмасовна црковно – културна манифестација во земјава.И за овој зимски празник очекуваме бројни туристи од земјава и странство и упатуваме отворена покана до сите да бидат дел од овој прекрасен настан – рече Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Gimnazija_23122022008

Пецаков направи увид на инвестициските активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков направи увид на новите инвестициски активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“ кои се финансирани од буџетот на Општина Охрид.Се изведуваат градежни зафати за реконструкција на училишните тоалети, а се работи и на адаптација на неколку простории во поткровниот дел на објектот, кои ќе бидат наменети за кабинетска настава. Во текот на 2022 година за градежно-реконструктивните зафати во објектот на гимназијата се вложени 2,5 милиони денари.Исто така, набавен е училишен инвентар по сите најсовремени стандарди. Се работи за 150 клупи и 300 ергономски столчиња кои веќе се ставени во употреба за учениците, со што значително се подигнати условите за одвивање на наставата.Од страна на Општина Охрид изработени се проекти за уредување на дворот на гимназијата и реконструкција на дворната ограда. За овие проекти добиено е потребното мислење и одобрение од Завод и музеј, а во тек е тендерска постапка за избор на изведувач.Општина Охрид има добиено конзерваторско одобрение и на проектот за реконструкција на внатрешните ѕидови и подови. Изработена е целокупната документација и аплицирано е во Министерството за транспорт и врски за добивање на одобрение за реконструкција. Дополнително, се подготвува и проект за електрика и машинство, со кој треба да се утврди типот на греење, со кој е најдобро да се затоплува училишниот објект.Во Развојната програма за капитални инвестиции на Општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година, за инвестиции во ОСУ „Свети Климент Охридски“ се предвидени 20.500.000 денари во 2023 година и 12 милиони денари во 2024 година.Градоначалникот Пецаков во разговорот со директорката Светлана Велкоска истакна дека обезбедувањето на подобри услови за одвивање на наставата во овој училишен објект се врвен приоритет на Општина Охрид и покрај сложените законски процедури за обезбедување на потребната документација, со оглед на фактот дека се работи за објект кој е категоризиран како Споменик на културата.Посетата на ОСУ „Свети Климент Охридски“, градоначалникот Пецаков ја искористи да искаже лична благодарност до сите ученици и наставниот кадар кои беа вклучени во подготовката и реализацијата на културната програма, која беше изведена на свечената академија по повод патронот на Охрид, Свети Климент Охридски.

Охрид | пред 3 години

Sredba_kabinet_20122022002

Младите шахисти од Охрид на средба со градоначалникот Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецков во својот кабинет ги прими децата кои обезбедија пласман на државното првенство по шах за основни и средни училишта што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија.На натпреварот, во категоријата жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Во категоријата жени од шесто до деветто одделение ( основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ “Братство Единство“, а во истата категорија за маши трето место освои Михаил Николовски од ООУ „Григор Прличев“.На младите шахисти градоначалникот им посака понатамошни успеси и високи пласмани на идните натпревари. Учениците кај градоначалникот беа во придружба на наставниците Борис Лушески и Наум Ристески.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-15-085857

Пецаков присуствуваше на свеченото отворање на Дневниот центар за деца со церебрална парализа

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на свеченото отворање на Дневниот центар за деца со церебрална парализа, кој започна да функционира во простории на поранешната касарна.Во своето обраќање пред присутните градоначалникот потенцираше дека Општина Охрид дава силна поддршка на процесот на обезбедување на подобри услови за лицата со посебни потреби и нивна поголема инклузија во општествените текови.Centar_14122022007– Искрено се радувам што преку вистински дела покажуваме дека имаме слух, волја и желба да ги поместиме границите и да ги надминеме пречките. Горд сум што дел од моите заложби за обезбедување на подобри услови за сите категории на граѓани во нашата општина, преку овој денешен настан стануваат реалност.Чест ми е, што денес го отвораме првиот Дневен центар за згрижување на деца со церебрална парализа во Општина Охрид. Со ова правиме еден значaен чекор во подобрување на перцепцијата, надминување на предрасудите за поголема инклузија на лицата со посебни потреби и обезбедување на услови кои ќе им го разубават животот и ќе им го олеснат секојдневието на нивните најблиски. Навистина ми е драго што конечно овие дечиња ќе добијат катче за социјализација и дружење и дека конечно ќе излезат надвор од изолацијата на своите домови.Отворањето на оваа инклузивна игротека претставува прва фаза од старешката цел на општина Охрид, а тоа е отварање на Центар за лица со попречености каде на едно место ќе се обединат сите дневни центри и нивната работа ќе се постави институционално.Општина Охрид од првиот ден на мојот мандат даде силна поддршка на овој процес и тука особено сакам да го истакнам залагањето и посветеноста на Здружението на граѓани ВООПС од Охрид кои несебично се вложија во реализацијата на овој проект. На нивно барање, Советот на општина Охрид донесе одлука, со која им го додели овој простор и оттогаш практично започнаа активностите за неговото уредување.Реформата која како општина ја воведовме во областа на финансирањето на невладините организации и станавме дел од RELOAD програмата заедно со УНДП, овозможи нашите невладини организации да може да аплицираат со проекти и да добијат средства со кои би можеле да направат позначителни инвестиции во различни области.Токму оваа инклузивна игротека е производ на нашиот заеднички пристап и желба за решавање на проблемите од овој вид. Тука се заблагодарувам на УНДП што во општина Охрид и во Здружението на граѓани ВООПС од Охрид видоа партенер за реализација на овој проект.Со денешниот настан ја завршуваме првата фаза од реализацијата на нашата замисла. Стручните служби на општина Охрид и Здружението на граѓани ВООПС, на повикот на Министерството за труд и социјална политика доставија апликација за воспоставување на дневен центар за лица со попречености на територијата на општина Охрид. Замислено е на едно место да се оформи центар по сите стандарди, со потребните стручни лица во него, со што значително ќе се олесни животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Планираме во скоро време и Дневниот центар Зраци да го префрлиме на оваа локација со што ќе им овозможиме посоодветни услови и на лицата кои се згрижени таму.Многу е значајно да разбереме дека обезбедувањето на простор во кој лицата со посебни потреби ќе имаат подобар живот, не е привилегија за нив, тоа е една неопходност преку која ќе можат полесно да ги совладаат сите предизвици, со кои се соочуваат на патот кон остварување на нивните права.Убеден сум дека преку заедничка работа и посветеност ќе ги оствариме нашите замисли и дека Охрид ќе биде пример за инклузивна општина која помага и овозможува подобри услови за сите нејзини граѓани особено за ранливите категории. Посакувам успешна работа на центарот и многу заеднички проекти, истакна градончалникот Кирил Пецаков во своето обраќање.Од страна на здружението на граѓани ВООПС и претставниците на УНДП беше искажана голема благодарност до градоначалникот и Општина Охрид за отстапениот простор и целокупната поддршка. Исто така беше искажана благодарност и до сите општествено одговорни фирми и поединци кои помогнале за опремување на просториите.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-12-10-085316

Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид

На пригодна свеченост која се одржа денеска на охридскиот плоштад, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид.Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградена е поетската творба „Климент Охридски“ на Славјан Митаноски, ученик во трето одделение при ООУ „Кочо Рацин“.Во II категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградена е потеската творба „Средновековен времеплов“ на Симона Димитриеска ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“.Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена е поетската творба „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“ на Марија Наумоска, ученичка во четврта година во ОСУ „Свети Климент Охридски“.На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член) и проф. Светлана Огненова (член).

Охрид | пред 3 години

Naum_Jakovlev_18112022003

Пецаков оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев, кој освои бронзен медал на 21-то Светско првенство во традиционално карате ИТКФ.Градоначалникот Пецаков упати честитки до младиот Јаковлев и неговиот матичен клуб „Фудошин“ за остварениот успех, со желби за уште поголеми спортски достигнувања. Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за поддршка на спортските клубови и младите спортисти кои учествуваат на врвни натпревари, бележат значајни успеси и го промовираат Охрид во светот.Овогодинешното Светско првенство во традиционално карате ИТКФ се одржуваше во Скопје од 11-ти до 13-ти ноември 2022 година, во организација на МТКФ (Македонска Традиционална Карате Федерација).На натпреварот учествуваа преку 40 држави и 450 натпреварувачи, а младиот Јаковлев освои 3-то место во младинска категорија, во дисциплината кумите. Како дел од македонската репрезентација, на светското првенство учествува уште две натпреварувачки од охридскиот карате клуб „Фудошин“, Ана Томоска во категоријата пионери и Ангелина Симиџиоска во категоријата кадети.

Охрид | пред 3 години

EMUC_18112022007

По европски терк се опремува и усовршува ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес беше во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ којшто периодов со финансиска поддршка на локалната власт доби нова најсовремена oпрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристап до информации.По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси. Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.Во четиринаесет училници се монтирани смарт табли со озвучување во вредност од 1.200.000 денари, а набавени се и 180 училишни клупи и столови за кои општината издвои 2. 900.000 денари.Локалната самоуправа заедно со МОН и поддршка на ЕУ обезбедија лифт и тоалети за лица со посебни потреби кои веќе се ставени во употреба. Вкупната вредност на проектот е 6.000.000 денари.Учениците од ЕМУЦ –Охрид освоија прво место на натпреварот GreenTech Entrepreneurship Challenge во кој беа вклучени пет средни стручни училишта од Република Македонија. Од дизајнирање бизнис идеи базирани на зелени и одржливи технологии за најдобар беше избран проектот на охридските ученици. Тие изработија апликација за мобилен телефон за лоцирање депонии со цел побрзо решавање на овој проблем.Неодамна во Скопје беше промовирана од петтата генерација на ученици кои се запишаа во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца годинава е четириесет и два и радува фактот што овој број од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника.

Охрид | пред 3 години

SAD_AMBASADOR_14.11-5

Пецаков на средба со новата американска амбасадорка Ангела Агелер

Протоколарна средба, денеска, остварија градоначалникот Кирил Пецаков и новата американска амбасадoрка во Македонија, Н.Е. Ангела Агелер. На средбата се зборуваше за предизвиците со кои се соочува Охрид, како и за чекорите кои се преземаат за надминување. Разговараа и за УНЕСКО, и зачувување на статусот на градот.Американската амбасадорка истакна дека Охрид и градоначалникот ја имаат нејзината поддршка во насока на исполнување на чекорите за зачувување на статусот. Соговориниците разговараа и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области. Беше разговарано и за соработка во реализацијата на заеднички проекти со Американската амбасада.Амбасадорката Агелер изрази подготвеност да помогне во привлкувањето на американски инвестиции во градот. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за повеќе актуелни теми. Заеднички беше констатирано дека меѓусебната соработка ќе се унапредува. Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу градоначалникот Кирил Пецаков и амбасадорката Ангела Агелер.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Пецаков го презентираше сработеното во првата година од својот мандат

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска одржа прес-конференција на која презентираше детали од сработеното во првата година од својот мандат. На настанот беше промовирана брошурата „365 дена промени што носат иднина“ во која е поместен детален преглед на проектите и активностите кои се реализирани во периодот од ноември 2021 година до ноември 2022 година.Обраќањето на градоначалникот Кирил Пецаков ви го пренесуваме интегрално:-Ценети медиуми, драги охриѓаниНајпрво би сакал да искажам голема благодарност до сите Вас за досегашната успешна соработка и целокупната поддршка која секојдневно ја добивам на овој наш заеднички пат кон посветла и подобра иднина за Охрид.Минатиот ноември, со голем ентузијазам кажав дека довербата која ми ја доделија моите сограѓани за го предводам нашиот град е огромна одговорност за мене и дека ќе ги вложам сите напори за да ги исполнам очекувањата и да ги реализирам ветените проекти.Денес, 12 месеци подоцна, по многу напорна и посветена работа, со уште поголем ентузијазам можам да кажам дека успеавме да донесеме значајни промени. Покажавме дека може подобро, дека навистина може поинаку!Водени од принципот на достапност и отвореност кон граѓаните, воведовме повисоко ниво на транспарентност на локалната самоуправа и во таа насока подготвивме едно резиме, во кое се сублимирани најважните детали и преку кое може да се направи анализа на сето она што го направивме во изминатите 365 дена.Управувањето со народните пари не е никаква вештина, туку, чест, чесност и одговорност за секој денар. Граѓаните имаат право да знаат каде и за што се трошат нивните пари. Ние не работиме паушално и површно, нашата работа се темели на голема прецизност. Токму затоа, во оваа брошура преку точни бројки и разбирливи текстови се прикажани проектите и активностите на сите полиња од нашето делување.Свесни дека финансиската стабилност на општината е главната основа за успешно функционирање, исклучително бевме посветени на процесот на раздолжување. На мое огромно задоволство, со гордост можам да кажам дека затекнатиот долг од 856.831.830 денари, успеавме да го намалиме за 202.214.512 денари.Особено би сакал да истакнам дека успевме да ја санираме лошата финансиска состојба во образованието. Ги сервисиравме сите заостанати обврски и за прв пат сите општински училишта ја започнаа новата учебна година со нула долгови. Посветено работиме и на подобрување на финансиската состојба во сите јавни претпријатијата кои ги затекнавме во многу лоши услови.Покрај враќањето на старите долгови, нашиот главен фокус беше насочен и кон подготовка и реализација на инфраструктурни проекти кои ќе обезбедат подобри услови за живеење на сите граѓани.За само 365 дена–изведена е водоводна линија со вкупна должина од 1520 метри,-поставена е фекална и атмосферска каналаизација во вкупна должина од 3295 метри,–асфалтирани се улици со вкупна површина од 14.138 м2,-извршено е поплочување на улици во вкупна површина од 1550 м2 и-извршено е партерно уредување со вкупна површина од 5600 м2.–изградени се два резервоари за вода кои беа неопходни за граѓаните,-санирани се и изградени голем број потпорни ѕидови,-инвестирано е во спортската инфраструктура и урбаната опрема-подготвени се основни проекти и технички документации за 20-тина инфраструктурни проекти кои ќе бидат реализирани во текот на наредната година.Особено сме посветени на подобрување на условите за учениците. Покрај сервисирањето на долговите на сите училишта реализиравме значајни инвестиции во сите училишни објекти во вредност од 20.148.000 денари.Оваа година воведовме многу новини во делот на поддршката на талентирани ученици, а за прв пат обезбедивме и поддршка за семејствата на првачиња. Во насока на обезбедување на подобри услови за настава, подготвени се неколку проекти за реконструкција на училиштата и за иаградба на нови училишта, кои ќе бидат реализирани во наредните три години.Во континуитет даваме поддршка на проекти за промоција на туристичките потенцијали, културното и природното наследство, како и унапредување на културните и духовни вредности.Бевме исклучително посветени на поддршка на спортот, а на наша голема гордост оваа година застанавме зад организацијата на јубилејното издание на „Охридскиот пливачки маратон“. Во насока на продолжување на туристичката сезона, оваа година за прв пат организиравме „Фестивал на вино“ кој беше надополнет со богата забавна програма со што се привлече вниманието и на жителите и на туристите.Почитувани,Успехот нема да е загарантиран доколку не е плод на тимска работа. Среќен сум што околу мене имам големи професионалци кои имаат сериозен пристап и силна посветеност. Оваа можност сакам да ја искористам и да им заблагодарам за целокупниот ангажман, со надеж дека во иднина ќе можеме да се радуваме на уште поголеми успеси.Но секој успех не би бил вреден доколу не е верификуван од граѓаните, бидејќи тие се нашите најголеми сојузници во борбата за подобар Охрид. Ние постоиме за нив и работиме за нивните потреби и секогаш сме подготвени да ги слушнеме нивните пофалби и критики.Би сакал оваа можност да ја искористам и да ги повикам локалните опозиционери на поголема конструктивност и објективност и да им порачам конечно да го прекинат застарениот принцип на празни прес-конференции и соопштенија, кои никој не ги вреднува.Охриѓани гледаат кој работи, кој е искрено посветен и кој вистински работи за интересите на градот. Нивната оценка ќе остане мојот најголем мотив и заедно со нив, преку јасна визија и план ќе продолжуваме понатаму кон остварување на нашите цели, а тоа се подобри услови за живеење во нашиот Охрид!, истакна градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

IMG-235ede497ff3e883e6e5b387ae1cda6b-V

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид го одбележаа својот патронен празник

Со свечена приредба која се одржа доцна попладнево во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник.Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.-Голема е радоста на овој прекрасен празничен ден, кога ја славиме слободата на нашиот Охрид, да бидам дел од оваа неповторлива атмосфера, исполнета со весел џагор и најубави детски насмевки, кои ни ја милуваат душата и ни ги топлат срцата.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод патрониот празник на Детската градинка „Јасна Ристеска“ со желби за уште многу успешни години, значајни јубилеи и долга низа на нови генерации.Оваа установа речиси 6 децении е најубавото царство на детството и место кое е најзаслужно за правилниот раст и развој на најмладите. Сакам да упатам посебна благодарност до воспитувачките, негувателките и целокупниот работен тим на градинката.Тие заслужуваат огромна почит и внимание за целиот свој педагошки ангажман, за несебичната грижа и воспитувањето на нашите деца. Вистинската слика за нивниот труд е оваа денешна приредба која резултат на голема креативност и посветеност.Воспитувањето и образованието на децата се најважните работи во едно општество и затоа Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на условите за најмладите.Во тек е реализацијата на неколку проекти за обезбедување на подобри услови во сместувачките објекти на градинката, а во наредниот период ќе работиме и на важни инвстиции во насока на зголемување на капацитетот за згрижување на деца.Дечињата се нашето непроценливо богатство, највредното нешто на овој свет и нашата светла иднина. Затоа посакувам да имаат безгрижно детство исполнето со другарување и игри и секој ден да им биде поубав од претходниот!Денешната свечена програма за миг ќе не однесе во детскот свет, полн со искреност, нежност и невиност. На родителите ќе им донесе незимерна среќа, на воспитувачите голема гордост, а на сите останати вистинско уживање исполнето со надеж за поубаво утре!Нека е честит и вековит денешниот празник, нека е вечен нашиот Охрид!, истакна градоначалникот во своето обраќање.Во рамки на свечената програма беа изведени бројни музички и танцувачки точки подготвени од најмладите, под менторство на воспитувачите од градинката.

Охрид | пред 3 години

Pecakov-29.10.2022

ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков направија многу повеќе за една година отколку СДСМ за четири години, вели опозицијата

Кристина Крлеска-Деспотоска се дрзна да ја критикува Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков откако СДСМ залудно потроши четири години исполнети со неработа, неспособност и лаги. Охриѓани ги гледаат и чувствуваат промените, само одредени партиски послушници на СДСМ никако да се соочат со вистинската реалност, вели ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.„Штом веќе ги тргнале розовите наочари да им ја освежиме меморијата и да ги потсетиме и запрашаме:Кои катни гаражи и ликови на плоштадите ги бараат, тие кои за 4 години не ги направија?Но, нека не се грижат ние сме тука за да градиме и реализираме, за разлика од нив кои единствено беа експерти за бројните дивоградби и загрозувањето на статусот на Охрид под УНЕСКО.Градоначалникот Пецаков работи за подобар Охрид и мнозинството во Советот носи одлуки за доброто на сите охриѓани и транспарентно ги троши средствата од Буџетот.За една година долговите кои ги остави криминалната власт на СДСМ се исплаќаат без воопшто да не се генерираат нови.Вложено е посебно внимание на условите во кои работат училиштата и спроведени се инвестиции во сите училишта кои за првпат немаат никаков долг. За првпат првачињата добија по 3000 денари, за лицата со ретки болести и посебни потреби се обезбедија стипендии, како и образовен додаток по 6000 денари за студенти од семејства со социјален ризик. Отворен е Младински центар, прв во Македонија. Велгошти добива повеќенаменско игралиште. Санирани се и реконструирани детски игралишта на повеќе локации, а огромна финансиска поддршка се дава на спортски настани, клубови, манифестации и спортисти, како и на културни манифестации, здруженија и настани.Булеварот „Македонски просветители“ донесе автентичен лик на централното подрачје, реконструирани се улиците „Момчило Јорданоски“, „Прилепска“, „Будва“, асфалтирани се повеќе улици низ општината, извршена е санација на потпорни ѕидови и поплочување.Реконструкција на водоводна линија на улиците „Ѓорче Петров“, „Ирина Мирка Гинова“, „Бранко Шотра“, нов цевковод во Шипокно и уште многу проекти за осовременување на водоводната мрежа. Нова фекална канализација на „Будва“, „Винковачка“, „Живко Чинго“, во село Лескоец и уште многу инвестиции за подобрување на системот за отпадни води. Постигнатите резултати на јавните претпријатија доволно зборуваат за грижата конохриѓани и Охрид.Од партиски популизам и поигрување со националните чувства и понижување на Македонците друго ништо повеќе не знае СДСМ. Нека гледаат и учат како се работи, како се реализираат проекти и како се сака Охридсо дела“, се вели во соопштението.

Охрид | пред 3 години

314925497_557428949730457_3270656691378433654_n

Со низа свечености и поклон пред спомен обележјата на борците одбележан 7ми Ноември - Денот на ослободувањето на Охрид

Со низа свечености и поклон пред спомен обележјата на борците, денес, го одбележавме 7ми Ноември - Денот на ослободувањето на Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Низ историјата Охрид и охриѓани секогаш знаеле да ги препознаат вистинските вредности и да застанат на страната на човекољубието, правдата и слободата. Илинденската епопеја, Балканските војни и Првата Светска Војна се трагични епизоди, но и скалило повеќе кон целосното оживотворување на идеалот за слобода, еднаквост и човечките правдини, кој се реализира со застанувањето на македонскиот народ на страната на антифашистичката коалиција во Втората светска војна во која беа положени илјадници животи, за конечна победа и слобода на Македонија.Денес 78 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува, да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите илинденци и партизани беше национална слобода, денес слободата во Македонија треба да се освојува во секој сегмент од живеењето и работењето за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик, а со тоа се ставаме на страната на демократските и просперитетни државни заедници. Исто така, уверен сум дека како локална власт ги правиме најдобрите чекори за развој на Охрид и негово уште поцврсто етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации.Тука сакам да го парафразирам големиот Јане Сандански: Ако животот е борба во која нашите татковци се избориле за слобода, нашата генерација треба да се бори за совршенство и така најдобро ќе го исполниме аманетот на нашите предци за слободна, просперитетна и вековита Македонија, во која Охрид ќе биде нејзиниот најсјаен бисер“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

314416551_556783429795009_8128414842447207895_n

Пецаков: Во изминатите 365 дена започнавме и изградивме нови улици и патишта и нова водоводна, фекална и атмосферска мрежа

Проекти, Промени, Победи, Идеи и Решенија - 365 дена за Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Во рамките на настанот „Саемот на промените што носат иднина!“ денеска имав можност да ги претставам и презентирам промените кои ги донесовме во Охрид.Реализацијата на бројните проекти се показател дека умееме, можеме и имаме идеја за содавање на нова иднина.Во изминатите 365 дена започнавме и изградивме нови улици и патишта, ги реконструиравме старите, изгградивме нова и ја реконструиравме водоводната, фекалната и атмосферската мрежа.Како никогаш досега ставен е акцентот на спортот и здравиот развој на децата, посветивме големо внимание на културата, се грижиме за младите и им обезбедивме центар за нивно истакнување, поддржуваме и субвенционираме. Градиме нови повеќенаменски игралишта. Штедиме и отплаќаме стари долгови. Воведовме ред во основното и средното образование.Покрај реализацијата на проектите, ја отворивме Локалната самоуправа да биде достапна за граѓаните. Постојано сме во комуникација со нашите сограѓани преку средбите кои ги организираме. Сето тоа охриѓани го чувствуваат и гледаат.Охрид се менува!Посветено продолжуваме да градиме нова иднина за Охрид“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

314495213_556026739870678_7890209096260808837_n

Пецаков: Фокусирани сме кон изработка на стратегија и план за непречено функционирање на локалните институции

Во рамки на „Саемот на промените што носат иднина“ заедно со соговорниците дискутиравме на тема: „Предизвиците на Локалната самоуправа во услови на енергетска криза“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Истакнав дека во енергетска криза функцинирањето на Локалната самоуправа навистина претставува предизвик, бидејќи зголемувањето на сметките за електрична енергија е речиси тројно. Доколку тука се вклучат и сметките за електрична енергија од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Општина Охрид се доаѓа до фрапантни податоци.Но и покрај овие потешкотии, ние како Локална самоуправа веќе сме фокусирани кон изработка на стратегија и план за непречено функционирање на локалните институции. Во таа насока е поставувањето на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија и уште неколку други мерки“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања