ПЕНДАРОВСКИ

pendarovski

Пендаровски две години немал конструктивен разговор со Радев: За танго треба двајца

Шефот на државата, Стево Пендаровски изјави дека нема контакти со бугарскиот колега Румен Радев. Пендаровски објасни дека последен пат кога се видел со него било лани на Мини самитот за енергетика во Софија.Во гостување во централниот дневник на „Сител“, претседателот Пендаровски рече дека во изминатите две години немал ниту еден конструктивен разговор со Радев.-„За танго треба двајца. Објективно изминативе две години Бугарија имаше серија на провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон ЕУ каква што немало во историјата на ЕУ. Ниту една држава не блокирала друга држава со тоа што викала „Вие не сте тоа што мислите дека сте“. Да зборувате за идентитетска политика и да викате дека јас не сум Македонец и дека само ако ги сменам сите учебници ќе можам да напредувам кон Европа... Ние може да глумиме средби, но последниве две години практично немам ниту еден конструктивен разговор со Радев“, изјави Пендаровски.За неговите изјави со кои предизвика реакција во Софија, Пендаровски рече дека поважна му е реакцијата на граѓаните во државава, отколку реакцијата од Софија.

Македонија | пред 2 години

Foto-6

Пендаровски на средба со вработените во секторот игри на среќа

Претседателот Стево Пендаровски прими претставници на Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.На средбата се разговараше за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој по предлог од Министерството за финансии со европско знаменце е доставен до Собранието на Република Северна Македонија.Претставниците на Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ информираа за последиците од носењето на овие измени, кои, според нив, ќе предизвикаат губење работни места на вработените во овој сектор и ќе придонесат кон драматични финансиски импликации. Тие изразија негодување и за одлуката предложените измени да бидат со европско знаменце, што подразбира да се одвиваат со побрза динамика и скратена постапка, а посочија дека во предложените измени има серија одредби што не се во согласност со Уставот.Претседателот Пендаровски ги сослуша аргументите на претставниците на Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ и порача дека е неопходна општествена јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни како би се дошло до одржливо законско решение. Претседателот апелира предложените измени да одат во регуларна процедура во законодавниот дом за да има време да се соочат сите ставови и да се изнајде решение според највисоките европски стандарди за организирање игри на среќа, кое ќе го штити националниот интерес и ќе претставува баланс меѓу засегнатите страни.

Македонија | пред 2 години

Foto-3-1

Невкусно е во време на криза да се покачуваат плати на функционери, вели Пендаровски

Претседателот, Стево Пендаровски, изјави дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет.Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, тој ја повика Владата да предложи законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.Со одлуката на Уставниот суд за укинување на двата члена од Законот се овозможува зголемување на платите на избраните и именуваните лица за 78 отсто.Законот се однесува и на примањата на премиерот, претседателот, собранискиот спикер, министрите, но и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, а во групата спаѓаат и уставните судии.Според пресметката на Синдикатот на управа, правосудни органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), со оваа одлука платата на претседателот ќе скокне од 93.000 денари, на 165.000 денари. Платите на премиерот Димитар Ковачевски, и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се зголемат на околу 2.500 евра, додека пак платата на министрите ќе изнесува околу 1.800 евра.

Македонија | пред 2 години

apasiev-pendarovski

Апасиев: Кажете им на Прецедникот и на учкана во МНР дека и во Сирија имаше земјотрес со жртви

Лидерот на Левица Димитар Апасиев со порака до претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни Бујар Османи:„Кажете им на Прецедникот и на учкана во МНР дека и во СИРИЈА имаше земјотрес со жртви“, вели Апасиев.

Коментари | пред 3 години

20230206104531

Пендаровски и го претстави македонскиот шарпланинец на унгарската претседателка

Претседателот Стево Пендаровски ѝ претстави на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која престојува во официјална посета на Македонија, куче од расата шарпланинец.Ова се случуваше за време на свечената церемонија по повод нејзината посета.„Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување во мојот кабинет. Ви го претставувам симболот на нашата традиција, македонскиот шарпланинец, тримесечниот Рок“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

329600763_583209267046651_410966830438205471_n

Пендаровски: Со ЕУ можеме да водиме преговори – да го дадеме Роки не

Во медиумите се појавија информации дека Пендаровски на претседателката на Унгарија и подарил шарпланинец, по што тој ги негираше ваквите натписи.„Гостинката има две преубави кучиња дома кои ги чува. Ова беше само да и покажеме еден домашен вид на куче раса која е специфична за ова поднебје. Со ЕУ можеме да водиме преговори – да го дадеме Роки не“, изјави Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-3-1

Пендаровски со сочуство до семејствата на загинатите во Турција

Претседателот на Република Македонија изрази сочуство до семејствата на загинатите во разорниот земјотрес во Турција.„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција.На повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-2

Пендаровски за Јорданов: Отсуство на елементарна култура и најостра форма на говор на омраза, очекувам реакција од Софија

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на „Македонскиот клуб Никола Јoнков Вапцаров“ во Благоевград, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски.„Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на „Македонскиот клуб – Никола Јoнков Вапцаров“ во Благоевград, Република Бугарија. Вандализам и криминал од овој вид не се европски вредности и потребна е осуда, а се разбира и откривање и соодветни казни за сторителите на овој чин. Истовремено, изразувам жалење за инцидентите на македонската граница предизвикани од страна на група граѓани на Република Бугарија предводени од пратеници во нивниот Парламент. Изразувам жалење што не сведочиме и на осуда за нападите насочени кон македонските полицајци и кон македонските институции. На припадниците на полицијата и надлежните органи им честитам за достоинството и професионализмот при справувањето со агресивните вандали“, вели Пендаровски.Тој за изјавата на поранешниот амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, а сегашен пратеник во Европскиот Парламент, Александар Јорданов, која содржи навреди и погрдни фрази за македонскиот народ, кажа дека се потполно недолични за еден дипломат и пратеник во Европскиот Парламент.„Во овој случај сакам да додадам дека не станува збор само за отсуство на елементарна култура кај именуваниот, туку и за најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи. За жал, територијалните претензии и негирањето на македонската нација станаа секојдневие. За ваквите негаторски испади, очекуваме навремена и соодветна реакција на официјална Софија.“, се вели во реакцијата на претседателот Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-2

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан во Давос

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска учествуваше во дипломатскиот дијалог посветен на Западен Балкан.Учесниците на сесијата дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и беше посочена потребата за одржување на стабилноста, создавање на услови за поттикнување на економскиот раст на државите, и неопходноста за решавање на замрзнатите спорови.Имајќи го предвид новиот геополитички контекст, лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на Европската Унија на Западен Балкан и разменија и мислења околу можностите за изнаоѓање на нови платформи за промовирање на дијалогот и јакнење на меѓународните партнерства.Покрај претседателот Стево Пендаровски на панелот посветен на Западен Балкан учествуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Хрватска, Косово и Црна Гора, сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александер Шаленберг, чешкиот министер за европски прашања, Микулаш Бек, министерката за надворешни работи и вицепремиерка на Словенија, Тања Фајон, претседавачката со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, директорот на француската дирекција за надворешна безбедност, Бернар Емие, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, федералниот советник за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис, како и претставници на УНДП и Европската банка за реконструкција и развој, ЕБРД.

Македонија | пред 3 години

pendarovski..

Пендаровски: Ви посакувам подобра и помирна година што доаѓа

Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.Драги сограѓани,Ви посакувам подобра и помирна година што доаѓа. Во годината што измина бевме сведоци на безбедносни, економски и енергетски предизвици кои ја зголемија нееднаквоста и го зголемија стравот за долгорочната стабилност.Сепак, изминатата година бевме сведоци и на хуманоста на луѓето со добра волја кои покрај за своите, се грижеа и за потребите на другите. Овие херои на солидарноста донираа храна, облека и лекови и го подарија своето време и внимание за да ги поткрепат оние на кои им е најпотребна помош. Многумина од нив активно се застапуваа за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Враќајќи ни ја надежта во општото добро, тие нѐ потсетуваат дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други.Државата е домот што можеме да го градиме само заедно, сплотени околу визијата за хумано, праведно и просперитетно општество во кое ќе има место за сите. За да ја достигнеме заедничката цел кон која се стремиме уште од почетокот на македонската независност, потребна ни е посветеност и надеж дека ќе биде подобро.Во новата 2023 година, ви посакувам радост во срцето, мир во душата и надеж во животот, а со нив и многу здравје и успех на секое поле.Нека ни е среќна новата 2023 година!

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Во моментов 74 пратеници би гласале за уставни измени, вели Пендаровски

Според Претседателот Стево Пендаровски промената на Уставот не е страшно и нема да ја дестабилизира државава.-Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме - рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.Според Пендаровски, од информациите достапни во јавноста, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.- Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам“. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да - вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-3

Пендаровски во посета на учесниците во напредната обука на Охрид Камп за високотехнолошка извонредност

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети учесниците вклучени во напредната обука, што во рамки на Охрид Камп за високотехнолошка извонредност се реализира под негово покровителство, во организација на Македонија 2025 а поддржано од ИтЛабс Скопје.Претседателот беше информиран за фокусот на програмата, како и за високоефективните методи на учење и предавање од страна на сертифициран наставен кадар, обучен од LEGO® Education.Споделувајќи ги импресиите и стекнатите вештини за кодирање и роботика за време на тренингот, учесниците пред претседателот Пендаровски ги презентираа своите модели изработени со 6 Lego сетови на Robotics & Innovation Academy, 6 LEGO® Education SPIKE™ сетови, што претставуваат најсофистицирани модели на роботи од 2022 година.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од покажаната умешност и инвентивност на учесниците и за нивниот успешен одговор на зададените проектни предизвици. Во тој контекст истакна дека искуствата кои ги стекнале за време на напредната обука ќе имаат силно позитивно влијание во нивниот иден професионален развој.Упатувајќи благодарност до организаторите и поддржувачите, претседателот ја нагласи важноста на ваквите тренинзи во поттикнувањето на младите да размислуваат креативно, постојано стремејќи се кон целосно искористување на своите потенцијали.

Македонија | пред 3 години

PRSM-Pendarovski

Претседателот Пендаровски со честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Почитувани сограѓани,Ви го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893-та година ја формираа Македонската револуционерна организација. Инспирирани од оваа идеја, генерации родољуби се вклучија во долгата борба за слободна македонска република, втемелена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера. Таа храбра визија што ги поврза Илинден 1903 и АСНОМ 1944, конечно се реализираше на 8 септември 1991 година во независната македонска држава.Нашата генерација минува низ период на длабоки глобални предизвици и голема неизвесност. Европа и светот се соочуваат со економска и енергетска криза што беа иницијално предизвикани од пандемијата, но, драстично продлабочени поради војната во Украина.За успешно да се справуваме со овие предизвици треба да се помириме и сплотени околу заедничката цел секојдневно и посветено да ја градиме Република Северна Македонија како напредна европска држава со развиена демократска култура, одржлива економија и транспарентни институции. Како земја во која ќе владее правото а неправдата е санкционирана, во која младите генерации ќе можат достоинствено да живеат со еднакви можности за напредок.Нека ни е честит 23 Октомври.Стево Пендаровски

Македонија | пред 3 години

durlovski-himna

Дурловски го „спушти“ Пендаровски

Игор Дурловски македонски оперски пејач и поранешен пратеник го искоментира приемот на старлета во Вила Водно, кај шефот на државата, Стево Пендаровски. Тој приемите во претеседателската вила ги подели на два дела: „Во Македонија и во Северна“, како што пишува.Тој објави дека во времето на Ѓорѓе Иванов, тогашниот претседател доделувал титули национален уметник, која во 2015 година ја добила Ана Дурловски, сопруга на Игор и уметница со интернационална кариера.Во 2022 година, во „Северна“ како што пишува Дурловски, Пендаровски пречекува старлети.

Коментари | пред 3 години

nives

За скандалозното однесување: На Пендаровски не му пречи што старлетата ги бакнуваше гардистите

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за Прес24 појасни дека хрватската старлета Нивес Жељковиќ, позната како Целзиус на прием била на покана на Спортското радио.Оттаму велат дека таа не прекршила никаков закон и нема простор за реакција на Кабинетот.-По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот. Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот. Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција, велат од Кабинетот на Пендаровски за Прес24.Фотографијата и видеото кои таа ги објави на социјалните мрежи покренаа дебата на социјалните мрежи за нејзиното присуство во Вила Водно. На видеото се гледа како таа бакнува еден од гардистите пред влезот на резиденцијата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања