Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

пендаровски

1

Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации, обвини ВМРО-ДПМНЕ

„Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите. Тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ. Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа“, обвини ВМРО-ДПМНЕ и додава:Реалноста за жал е поразителна за Македонија.Иако Пендаровски и СДС прифатија капитулантски договори на штета на Македонија, условувањата, негациите и отворените прашања не исчезнаа. Напротив политиката на свиткана кичма донесоа блокади, понижувања, згазено достоинство и поголеми апетити на оние кои не и мислат добро на Македонија.Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на устав и ќе убедува дека тоа ќе биде последното понижување(по кој знае кој пат). Овој пат граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена. Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет. Време е за промени.

Македонија | пред 1 година

Pendarovski

Пендаровски очекува да го гласате

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Сител ТВ истакна дека тој ја очекува поддршката од сите етнички заедници, затоа што како што посочи, никој не може да стане претседател ако не добие широка граѓанска поддршка.„На изборите ја очекувам поддршката од сите етнички заедници и од сите политички партии кои се репрезенти на тие етнички заедници. Многу пати сум го кажувал тоа и го тврдам: не можеш да станеш претседател ако не те поддржат сите, во една значајна бројка“ посочи Пендаровски.Според Пендаровски, широката поддршка е нужна не само заради одзивот туку пред се и за понатамошниот политички легитимитет и кредибилитет на претседателот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Во вториот круг јас сигурно сум победник

Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот" на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат"Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-nato

Ковачки го прозва Пендаровски: Како е можно инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски собир на СДС

„Ајде врховен команданте Stevo Pendarovski (уште 60 дена) одговорете што ќе преземете во врска со злоупотребите и рушењето на професионалните стандарди во АРМ“, напиша Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, па додаде:Погледнете:Како е можно службени инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски марш на СДС?По чија наредба офицери на воениот оркестар поддржуваат партиски настан?Има ли дневници за ангажираните офицери на партискиот собир?Во која друга НАТО држава е дозволена ваква злоупотреба?

Коментари | пред 1 година

Foto-1-1

(Видео) Претседателот Пендаровски на маса со Зеленски: разговарано за случувањата во Украина

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самиот Украина - Југоисточна Европа, денеска во Тирана оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.Двајцата претседатели разговараа за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признаени граници.Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Северна Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ.?feature=sharedИстовремено, претседателот Пендаровски наведе дека нашата земја се приклучи на Кримската платформа, ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади против територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, се приклучи на Заедничката декларација на Г-7 за поддршка на Украина, на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и го поддржа формирањето на Специјалниот трибунал, кој ќе ги истражува и гони сите злосторства на агресија извршени од страна на Руската Федерација.Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Северна Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата.Украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата изрази благодарност за цврстата позиција и севкупната поддршка којашто Украина ја добива од нашата земја.

Македонија | пред 1 година

Foto-3-1

Кабинетот на Пендаровски го нападна ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните добро знаат кој е претседателот

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска понуда за граѓаните„ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет“, велат од Кабинетот на Пендаровски и додаваат:„Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните.Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Законот кој го врати Пендаровски за селење на коцкарниците, пак пред пратениците: Во чиј интерес е ова катастрофално решение

Законот за игри на среќа кој претседателот Стево Пендаровски одби да го потпише ќе биде првиот со кој ќе започне денешната собраниска седница. Повторно, пратениците ќе се обидат да го изласаат решението на ДУИ, со кое, сакаат да ги оддалечат казината и обложувалниците на 500 метри од училиштата - што би значело нивно целосно затворање и иселување од градските средини. Негов предлагач е Фатмир Бесими.Експресна реакција утринава има од Асоцијација на спортски обложувалници (АСОМ).„Пратениците денес се исправени пред предизвикот да кажат конечно и последно „против“ штетниот Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во трето читање за кој одлучно „Не“ кажа Претседателот на државата, Стево Пендаровски и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.Како Асоцијација на спортски обложувалници (АСОМ), која се грижи за 10 илјади директно вработени и одржување на уште 54 илјади други работни места, ги повикуваме пратениците да не даваат поддршка на овој закон и да одговорат на нашите долгогодишни повици за започнување на транспарентна и инклузивна дебата преку која заеднички ќе дојдеме до вистинско европско законско решение за уредување на оваа област притоа не загрозувајќи ја иднината на нашите десетици илјади вработени, играчите и на малолетниците.За АСОМ останува нејасна упорноста со која се турка носењето на овој закон, за кој и Делегацијата на ЕУ во Скопје забележа дека се носи со злоупотреба на европското знаменце, бидејќи конкретниот закон не е поврзан со усогласување со правото на ЕУ. Напротив, преку неправилното означување на законот со ЕУ знаме, се скратува јавната дебата за важни прашања.Неодговорно е под заштита на ЕУ знамето да се тврди дека ограничувањето на просторот, на кој можат да работат приредувачите на игрите на среќа, е со цел да се заштитат младите од лоши и несоодветни навики за нивната возраст. Преку оддалечувањето на нашите деловни простории на повеќе од 500 метри од основните и од средните училишта власта го олеснува патот за пристап на младината до нерегулираниот простор на игрите на среќа на црно, и ги штити приватните интереси на поединци.Овие ограничувања ќе имаат негативни финансиски последици за државниот буџет и ќе овозможат стотици милиони евра наместо за општествено корисни проекти да се слеваат во приватни џебови или да завршуваат надвор од земјата на сметките на странски компании коишто приредуваат онлајн игри на среќа.Приливот во буџетот на државата од легалните приредувачи на игри на среќа изнесува повеќе од 280 милиони евра годишно, пари кои претставуваат силен поттик за македонската економија. Дополнително, како општествено одговорна економска гранка, годишно вложуваме дополнителни десетици илјади евра за спроведување на јавни кампањи за едукација на играчите и заштита од негативните последици.Во таа насока, одговорно тврдиме дека нашата дејност ниту поттикнува млади да играат игри на среќа ниту пак симулира зависност. Спротивно на тврдењата на Владата, Законот за игрите на среќа скроен ваков каков што е ќе овозможи зголемување на игрите на среќа на црно, развој на сивата економија и пораст на криминалот.Уште еднаш прашуваме во чиј интерес е носењето на овој катастрофален закон во пресрет на изборите? Свесни ли се пратениците дека со поддршката за овој закон се лишуваат од поддршката од нашите десетици илјади вработени кои наместо светла иднина за своите семејства, ќе добијат мрачна реалност од народните избраници“, велат од АСОМ.Претходно, претседателот Стево Пендаровски не даде зелено светло за законот за игрите на среќа. Тој одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година.Законот беше донесен во скратена постапка, со европско знаменце. Собранието со 55 гласа „за“ ги усвои измените со коишто се предвидува обложувалниците и казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.Пендаровски кажа дека неговата одлука да не го потпише указот е донесена врз основа на детална анализа на текстот на законот и на постапката во која што е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на ЕУ во земјата, како најважен партнер во процесот на преговори.

Македонија | пред 1 година

Foto-1

Забрзана и непречена интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, ако сакаме мир во Европа, алармира Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер учествуваше на дебатата насловена „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“, во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева.Во дискусијата претседателот Пендаровски се осврна на актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, последиците во контекст на безбедносните случувања во Европа предизвикани од руската агресија врз Украина, како и на иднината на регион во однос на претстојните предизвици.Претседателот посочи дека во интерес на мирот и стабилноста на Европа, неопходно е да се одржи кохезијата во евроатлантскиот блок и процесот на проширување на Европска Унија.Во таа насока беше реафирмирана потребата од забрзана и непречена интеграција на земјите од Западен Балкан, како клучен фактор не само за политичките процеси и реформската агенда, но и за севкупната безбедност, потенцирајќи дека во време на мултиплицирани кризи и разнишана безбедносна архитектура, важно за стабилноста на Западен Балкан е да има поголемо европско присуство во регионот.Во контекст на безбедносните кризи, беа разменети мислења и за најактуелниот светски конфликт во моментов на Блискиот Исток, како и за глобалните последици од истиот.Во дискусијата учествуваа амбасадорот Рајнер Рудолф, заменик-претседавач со Минхенската безбедносна конференција, австриската сојузна министерка за европски прашања, Каролина Едштадлер, Кирил Петков, поранешен премиер на Бугарија и сегашен пратеник во бугарскиот парламент, специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмидт, Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, францускиот пратеник, Бенџамин Хадад, Даниела Шварцер од фондацијата „Бертелсман“, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Центарот за безбедносна политика од Женева, Томас Гремингер, Олександер Чали соработник на Центарот за безбедносна политика од Женева, Мајда Руге од Европски совет за меѓународни односи и Срѓан Цвијиќ од Центарот за безбедносна политика од Белград.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-696x393

Европска Унија за првпат реагирала за злоупотреба на европското знаменце кога се носел Законот за игри на среќа

„За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Имено, во тој дел, измените на Законикот се усогласени со европската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела“, вели претседателот Стево Пендаровски и додава:Никогаш, за ниту еден закон, Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот, е исто така испратено и до Владата и до Собранието.Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на Владата би требало да се запознаени со овој допис.

Македонија | пред 1 година

Foto-3

Пендаровски со амбасадорите: Сиот овој период на неизвесност, исполнет често со непринципиелни барања и напади врз нашите идентитетски атрибути, доведе до значителен пад на поддршката за европската ин...

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на традиционалниот годишен прием што за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија, го приреди вчеравечер во Скопје.„Дозволете на почетокот да ви посакам добредојде на традиционалниот годишен прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија и да ви посакам добро здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, а на вашите држави успех и напредок на секое поле во претстојниот период.Зад нас е година исполнета со бројни активности и заложби за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и државите коишто ги претставувате и за тоа би сакал да изразам особена благодарност за вашиот ангажман и придонес.Ме радува што во изминатиот период го задржавме интензитетот на контактите и партнерските односи додека разговаравме за различни аспекти од билатералната и мултилатералната соработка, европската интеграција, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, реформите и политичките случувања кај нас.Во последната година од овој мој мандат како претседател имав можност да реализирам значајни посети во повеќе држави меѓу кои, Кралството Белгија, Чешката Република, Обединетите Арапски Емирати и да остварам бројни средби со мои колеги, претседатели, на маргините на различни меѓународни настани, но и да бидам домаќин на претседателите на Унгарија, на Словенија и на Косово.Изминатата година, Скопје, преку завршниот министерски состанок на ОБСЕ, самитот на претседатели на држави на Брдо-Бриони процесот, министерскиот состанок на Јадранската повелба, Струга преку Преспа-форумот за дијалог и Охрид како домаќин на дијалогот Белград ─ Приштина, беа центри каде што се дискутираа и носеа важни одлуки не само за регионот, туку и за европскиот континент. Ова за нас, како мала држава е навистина од особено значење.Оттука, сакам да се заблагодарам на сите коишто учествуваа во реализацијата на овие активности, вработените во мојот кабинет, вработените во Министерството за надворешни работи, дипломатскиот персонал во вашите амбасади и сите оние што понесоа огромен товар за успешната реализација на овие важни форуми.Ваши екселенции, почитувани пријатели,Како претседател на држава којашто се наоѓа во турбулентен регион, во изминативе, безмалку пет години настојував да водам балансирана, транспарентна и предвидлива надворешна политика, во интерес на мирот и безбедноста, добрососедството, стабилноста, просперитетот и заедничките вредности коишто ги споделуваме со демократските земји.Европската интеграција на Северна Македонија и на Западниот Балкан, постојано беа во центарот на моите заложби и на заложбите на мојот тим најблиски соработници. Во тоа верувам уште од почетоците на мојот јавен ангажман и ќе продолжам да се залагам за таа идеја до нејзината целосна реализација.Зборувајќи за европската интеграција во мојот мандат, работата не ја дозавршивме, бидејќи по направените компромиси коишто не беа на штета на македонските национални интереси, ги почнавме преговорите по долги 17 години чекање со статусот на кандидат, но внатре во државата и покрај јасно исцртаниот пат и отворената врата, не успеавме да ги усвоиме уставните амандмани, со што, по успешно завршениот скрининг, ќе можевме да го продолжиме процесот со втората меѓувладина конференција.Сепак, по долги години со замрзнат статус, направивме крупен чекор напред и дојдовме во фаза во којашто прогресот во интеграциите сега зависи само од нас, а не од некој надворешен фактор. Во оваа смисла, целокупниот процес на интеграции покажа дека во тој потфат не сме сами, затоа што изградивме цврсти партнерски односи со безмалку сите земји членки на Унијата, коишто ќе бидат повеќе од потребни во периодот којшто ќе следи и коишто ќе бидат гаранција дека интеграциите ќе се одвиваат во европски манир, без поставување препреки и измислување критериуми коишто немаат ништо заедничко, ниту со преговорите, ниту пак со европските вредности.Истовремено, сиот овој период на неизвесност, исполнет често со непринципиелни барања и напади врз нашите идентитетски атрибути, доведе до значителен пад на поддршката за европската интеграција, пред сè, меѓу Македонците, што треба да нè загрижува не само нас, туку и државите коишто веруваат во проширувањето на Унијата и го сметаат за клучен влог во безбедноста и просперитетот на континентот.Имајќи го ова предвид, јас продолжувам да верувам дека нашата иднина ќе биде многу попредвидлива како членка на Унијата, отколку да сме сами или да правиме обиди за интегрирање во некои други форми коишто немаат допирна точка со демократските вредности.Затоа сакам да го реафирмирам мојот став дека државата мора да остане на патот на европските интеграции и градењето на добрососедски односи, без оглед на тоа кој ќе биде во извршната власт по изборите во мај оваа година.Истото се однесува и на мојата визија за регионот на Западниот Балкан, којашто од првиот ден на мојот мандат беше и остана дијаметрално спротивна на идеите за промена на границите, размена на територии, концептите за големи држави, или вакви или онакви светови. Западниот Балкан, интегриран во ЕУ ќе биде безбеден, економски просперитетен и отпорен на злонамерни влијанија и тоа треба да биде приоритет за секој одговорен политичар, пред сè, кај нас, но, и во Брисел.Оттука доаѓаше и мојата поддршка за новата методологија за преговори, за заедничкиот регионален пазар, планот за инвестиции, планот за раст, зелената агенда и принципот на постепена интеграција, со став дека за иднината на регионот постојат убави идеи, но недостасуваат одлуки, коишто нема да останат во доменот на бирократската симболика, туку реално ќе нè придвижат напред.Иднината на регионот заслужува уште поголемо внимание во пресрет на предизвиците со коишто ќе се соочиме оваа година, којашто е година на избори во повеќе држави, но, и во нашите клучни стратешки партнери, ЕУ и САД.Растот на популизмот во Европа не е новина, но како никогаш до сега, популистите добиваат на политичка тежина и одлучувачка моќ во процесите во коишто е вклучена и нашата држава. Сето ова се случува на фонот на руската инвазија врз Украина, конфликтот на Блискиот Исток и тензиите во односите меѓу клучните фактори во меѓународните односи.Без оглед на исходот од сите овие изборни циклуси, длабоко сум убеден дека кохезијата во евроатлантскиот блок и процесите на натамошна интеграција и проширување на Европската Унија со регионот на Западен Балкан, мора да бидат императив за владите во Европа и во Вашингтон, доколку навистина сакаме мир и стабилност на европскиот континент.Во овие рамки, посебно значење има исходот од војната во Украина и поддршката којашто демократскиот свет ѝ ја дава на оваа европска земја бидејќи поразот на Украина, без сомнение, ќе биде пораз и на демократијата и широко отворање на вратите за режимите, коишто не се однесуваат демократски ниту кон своите граѓани, а уште помалку во меѓународните односи.Ние, како мала држава, уште од почетокот ја демонстриравме нашата поддршка и солидарност со херојскиот украински народ којашто мора да продолжи и да трае сè додека Украина не ги достигне своите цели во оваа неправедна војна.Екселенции, драги пријатели,Во однос на домашните политички прилики, мојата намера денес не е да го повторувам сето она што го говорев во моето петто годишно обраќање во Собранието, каде што јасно подвлеков како гледам на тековните политички процеси.Неколку недели нè делат од почетокот на предизборната кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори, од чијшто исход ќе зависи и динамиката на реформските процеси, борбата против организираниот криминал, високата корупција, реформата на јавната администрација, функционирањето на правната држава, како и соочувањето со секојдневните проблеми коишто обичниот граѓанин го прават честопати да се чувствува запоставен од оние чијшто приоритет мора да биде решавањето, имено, на тие проблеми.Ни претстои период во којшто политичките тензии и емоциите ќе растат, но, во кој не смееме да дозволиме борбата за власт да ги поткопа основите врз коишто е градено нашето општество сите овие години.Одговорноста на нас, политичарите е да не дозволиме политичките опоненти да прераснат во непријатели. Изборниот процес мора да биде фер, мирен и демократски, а следната влада да ја одразува волјата на граѓаните и нашата етничка различност.По изборите, одговорноста на политичарите ќе мора да се мери освен со исполнување на изборните ветувања, и со практичната посветеност кон натамошно хармонизирање на меѓуетничките односи и продолжувањето на европските интеграции.Во однос на уставните промени, идниот собраниски состав ќе мора да ја продолжи дебатата и ова прашање час поскоро да го затвори, затоа што државата мора целосно да се фокусира на решавање на секојдневните проблеми, коишто ќе ги ублажат негативните демографски трендови и нискиот животен стандард на македонските граѓани.На крајот, Ваши екселенции, дозволете ми, кревајќи ја оваа чаша, уште еднаш, да посакам благосостојба и напредок на вашите држави и организации, а вам лично, многу среќа, здравје и успеси.

Македонија | пред 1 година

367742071_863610395129872_8618003183815304663_n

Пендаровски на 11 -годишнината од смртта на Арбен Џафери: Неговата визија денес е исполнета

Шефот на државата Стево Пендаровски синоќа оддаде почит на 11-годишнината од смртта на поранешниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, за кого рече дека се исполнила неговата визија.„Арбен Џафери, првиот, а подоцна и почесен претседател на Демократската партија на Албанците, се залагаше за мултиетничка држава, во која сите заедници ќе живеат во рамноправност. Денес, единаесет години по неговата смрт, неговата визија е исполнета“, истакна македонскиот претседател.Пендаровски објави и дека годишнината ќе се одбележи со печатење на поштенска марка во негова чест.„На годишнината од смртта, со поштенска марка во негова чест, го одбележуваме неговиот влог во политиката“, додаде тој.

Македонија | пред 2 години

asevski-kovacevski-osmani-pendarovski

Тасевски до Пендаровски, Ковачевски и Спасовски: Не се осеќате навредено што Курти ви организира приватна журка на која се негира државата

Горам од желба да знам ти Пендаровски, ти Таче и ти Обиџуко, а бе како се осеќате у дубини душе кога го јадете Курти со картата на Голема Албанија среде Скопје, вели актерот Сашо Тасевски.„Не ви е малку непријатно? Не се осеќате навредено и како луѓе и од позиција на функциите што ги имате? Не ви е срам од вас самите?Тој Курти ви доаѓа како премиер на протекторат, ви организира приватна етнофашистичка журка на која се негира т.н. држава која ја водите и вие излегувате со соопштенија од типот: Ќе го фатиме тој со картата на Голема Албанија, згрозени сме....Ќе го фатите жими Курти!Да сте држава таа журка немавте да дозволите да се случи. Или ќе им влезете со полиција. Замислете среде Загреб Шешељ да прави митинг со картата на Голема Србија. Уште колку секунди живот ќе му остане по таков кикс?Го*на мекотелски. Вие излегувате со соопштенија само ко ќе видите дека Македонците се бесни, инаку ве боли Курти секогаш кога некој сосед ги негира или понижува МакедонцитеСе срамам што живеам во ова франкештајнска творба наречена држава“, вели Тасевски.

Коментари | пред 2 години

20180618145739

Тричковски до Пендаровски: Македонија треба да се справи со факторите кои формално се регистрирани како партија за македонско национално единство

Новинарот Бранко Тричковски преку социјалните мрежи му се обрати на претседателот Стево Пендаровски, кој побара организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата.„Куртизански претставиНе, претседателе, Македонија не треба да брка големоалбански елементи по Чаир и во Тетово, тоа е така глупаво, туку треба да се справи со факторите кои систематски ја декапацитираат и десубјективизираат и ја прават згодна платфирма за куртизански претстави. Тие фактори се со сомнително потекло, но формално се регистрирани како партија за македонско национално единство. Би било убаво, уште повеќе, тоа е ваша, обврска, да кажете нешто на таа тема“, вели Тричковски.

Коментари | пред 2 години

kekenovski

Кекеновски до Пендаровски и Ковачевски: Вака ли се гради соживот? Во која држава Чаир е општина?

Професорот Јове Кекеновски по посетата на косовскиот премиер Албин Курти, ги праша претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски дали вака се гради соживот. Тој вели дека вчера по којзнае кој пат била погазена Репупблика Македонија.„ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПРЕМИЕРЕ КОВАЧЕВСКИ ВАКА ЛИ СЕ ГРАДИ СОЖИВОТ?Денес во Општина Чаир по кој знае кој пат се погази Република Македонија.1. Не се вееше Македонското државно знаме.2. Не се интонираше Македонската химна,3. Не се почитува Законот за употреба на јазиците, а во врска со него и член 7 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на друго инфраструктурни објекти4. Не присуствуваше ниту еден македонски политичар.5. Не беше обезбеден превод на македонски јазик за присутните новинари и пошироката јавност.Претседателе и премиере ќе одговорите ли јавно и гласно дали вака се гради соживот?Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина ?“, вели Кекеновски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-08-02-201455

Како Пендаровски ја изигра шаховската игра со Вучиќ анализираше Ѓорчев: Дрво е

Стево Пендаровски и Александар Вучиќ одиграа партија шах. Фотографијата ја објави српскиот претседател на неговиот Инстаграм профил и додаде „одигравме убава партија шах“.Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи напиша дека Пендаровски не знае да игра шах и ја анализираше играта.„Стево е дрво за шах, ама глуми и позира дека знае да игра. Исто и со политика. Шаховска анализа после 8 потези:Стево:Кралот под шах принуден на Е7.Нема можност за рокада.Пионите без врска помрднати.Ловците дремат на линија.Коњите не се разиграни.Топовите блокирани.Стево игра како дете во ТРЕТО одделение. Буквално.Вучиќ:Шах со офанзивна кралица на Х8.Кралот заштитен, подготвена рокада.Офанзивен клин со пешак на Ц5.Централен коњ на Ц3.Активен ловец на Д3.Топовите подвижни.Заклучок? Стево добил мат после 10 - 12 потези.Или, предал партија да не се брука.Проблемот на Пендаровски и Македонија?НЕМА нови фабрики (Србија 100).Ниту еден нов автопат (Србија 10).Просеше за кутија вакцини (Табановце).Просеше за зејтин и брашно (2022).Сите параметри се крш.Иселување.Македонија колабира.Едно време време Владата на Србија доаѓаше тука да учи за инвестиции, фабрики, ДДВ и дигитализација. Сега Заев, Таче и Пендаровски таму просат за брашно и зејтин. Буквално“, вели Ѓорчев.https://twitter.com/VladimirGjorcev/status/1687051351962836992?s=20

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања