Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

пендаровски

pendarovski-zaev-5132

Лефков: Пендаровски е политичар без став, прво тврдеше дека менувањето на Уставот е мешање во внатрешните работи, за потоа да се согласи и да е сосема во ред со тоа

@Стево Пендаровски тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:Пендаровски не застана тука, туку тврдеше дека ставот на Бугарија – „сменете го Уставот, па дојдете да разговараме“ е преседан од невидени размери.За на крај Пендаровски да каже дека го кажува гласно неговиот став и дека не мисли дека уставните измени се нешто страшно.Да го погледнеме видеото.Кој е ставот на Пендаровски тој од 2022 и почетокот на 2023 година или тој по потпишувањето на бугарскиот диктат?Како може граѓаните да му веруваат на Пендаровски кога тој не само што ги менува своите ставови, туку тоа го прави и дијаметрално спротивно, од „промена на устав е вон памет“, до „промената на уставот е сосема во ред“.Стево Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ, затоа менува ставови, и дури кога некој ќе помисли дека нешто паметно кажал, тој веднаш добива воспитна од партискиот штаб и се потстројува зад Ковачевски и Ахмети.Со право народот вели дека немаме држава, со Пендаровски како претседател секој ден ја губиме, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски се обрати на комеморативната вечер по повод 81 годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Непишано правило е улиците на главните градови да добиваат имиња на херои и на хуманисти, на значајни востанија и победи. Пример за тоа се скопските улици: „Илинденска“ , „Партизанска“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „9 Мај“. Но, има една улица што е исклучок од ова правило, бидејќи не е именувана според победа, туку, според пораз, пораз на човечноста и на хуманоста. Тоа е малата уличка на која денес се наоѓа Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи и е именувана според денешниов датум – „11 Март“.На овој ден, пред 81 година, Евреите од Скопје, Битола и Штип беа насилно собрани од своите домови и транспортирани во зградата на скопскиот Монопол. Живото Еврејско маало што се наоѓало на просторов на кој денеска сме собрани, за час било испразнето и запустено. Тоа не била случајна или стихијна, туку, детално испланирана и спроведена акција на бугарскиот фашистички окупатор. Акцијата не била изолиран чин, туку интегрален дел од нацистичкиот план утврден на Конференцијата во Ванзе за „конечното решение на еврејското прашање“. Планот предвидувал систематско уништување на сета еврејска популација од Европа, вклучувајќи ги и Евреите од територијата на тогашна окупирана Македонија.И ден-денес, речиси осум децении по крајот на Втората светска војна, никој не може да даде рационален одговор на прашањето како беше можно злото на холокаустот да се случи во економски најразвиениот континент, меѓу, до тогаш, најобразованата и најсофистицирана генерација.Причините се повеќе. Вирусот на антисемитизмот што со векови тлееше во Европа ги перципираше различните како непријатели. На тоа се надоврза идеолошкиот нихилизам што ги подели луѓето и народите на супериорни и инфериорни. Конечно, брзиот научен и технолошки напредок ги обезбеди и средствата и методите за остварување на таа цел.Ова се дел од факторите што создадоа морален вакуум во кој категориите на доброто и на злото беа суспендирани, што резултираше со дискриминација, дехуманизација и масовно уништување на Евреите во нацистичките логори.Единствената цел на овие индустриски комплекси била за најкраток можен рок да уништат најголем број луѓе. Гасните комори во Треблинка имале капацитет да убиваат меѓу 12 000 и 15 000 луѓе на ден. За само 13 месеци, од август 1942 до септември 1943 година, околу 900 000 луѓе биле систематски убиени. Меѓу нив биле и македонските Евреи кои во тоа време претставувале 98% од севкупната македонска еврејска популација, и третина од вкупните македонски жртви во Втората светска војна. Никаде во Европа таканареченото „конечно решение на еврејското прашање“ не било поефикасно спроведено отколку во тогашна окупирана Македонија.Сведоштвата на преживеаните од нацистичките логори ја замрзнуваат крвта. „Сите се сомневаа дека нешто се случува“, вели еден сведок. „Јасно чувствуваа дека нешто не е во ред... но никој од нив ниту во своите најстрашни кошмари не можеше да замисли дека во рок од три или четири часа ќе бидат претворени во пепел“. Преживеаните се согласни дека во нивните јазици недостасувале зборови за да го изразат тоа поништување на човекот.Во своите мемоари, Симон Визентал се сеќава на разговорот што го имал со еден есесовец при крајот на војната. „Замисли,“ рекол есесовецот „пристигнуваш во Њујорк, и луѓето те прашуваат: „Како беше во тие германски концентрациони логори? Што ви правеа таму?“Визентал одговорил дека најверојатно би им ја кажал вистината. А, есесовецот цинично му рекол: ,,дали знаеш што ќе се случи? Нема да ти веруваат.Како некој би можел воопшто да поверува за овој ужас освен ако самиот не го искуси?“Еден од преживеаните од Аушвиц, Примо Леви, се надоврзува на Визентал, тврдејќи дека оваа иста мисла ги прогонувала самите затвореници. Имено, дека речиси сите преживеани паметат еден сон, различен во деталите, но, единствен во суштината: „дека се вратени дома, дека на некој близок му раскажуваат за своите минати страдања, но дека не им верува, дури и не сака да ги слушне,“ бидејќи сведоштвата се премногу монструозни за да им се верува.Македонските Евреи кои биле депортирани во Треблинка биле лишени дури и од можноста да сонуваат, а камоли да зборуваат бидејќи само часови по нивното пристигнување, сите до еден биле процесирани, соголени, спроведени во гасните комори, а нивните безживотни тела биле запалени. Од нив нема кој да зборува, бидејќи ниту еден не преживеал.Нивните имиња, 7 144 на број, педантно евидентирани од страна на фашистите, денес се испишани под трите урни со пепел од Треблинка. Ние немаме право да заборавиме, бидејќи заборавот е втора смрт. Но, нашето сеќавање не смее да биде селективно. Чувајќи ги спомените за жртвите, не смееме да дозволиме злосторниците да бидат славени, а соучесниците рехабилитирани. Бидејќи на тој начин би учествувале во она што Примо Леви го нарече војна против меморијата и фалсификување на историјата. Ние не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи бидејќи компромисот со вистината отвора можност за повторување на злосторствата.Антисемитизмот не е, и никогаш не бил македонски феномен. На нашиот простор постоел вековен меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, и почитување на различностите. Нема посилен доказ за ова од фактот дека голем дел од преживеаните македонски Евреи, оние кои беа спасени и ја избегнаа депортацијата, активно се вклучија во народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ. Меѓу нив има партизани, народни херои и учесници на државотворното заседание на АСНОМ. Преживеаната еврејска заедница придонесе за изградбата на слободната македонска држава. Затоа, иако е малубројна денес, еврејската заедница во Северна Македонија е високо почитувана.Но, оваа вистина мора да ја чуваме и да ја пренесуваме на идните поколенија. Треба да ги едуцираме нашите ученици и студенти, нашите млади за злото на антисемитизмот и за опасноста од ксенофобијата. Тоа се и обврски што како држава ги преземавме на Меѓународниот форум за холокаустот во Малме. Иако не е лесно, ниту пријатно да се истражува овој амбис на злото, сепак е неопходно, за да не дозволиме злосторниците да го имаат последниот збор", изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-03-11-at-22.21.48

(Фото) Случајно се сретнаа Силјановска и Пендаровски

Додека партиите кои ги предлагаат „војуваат“ и обвинуваат, двајцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски со почит се однесуваат еден кон друг.Тие денеска се сретнаа на Комеморативната вечер во спомен на македонските Евреи кои на 11 март 1943 година биле депортирани во Треблинка. Се ракуваа и заедно присуствуваа на настанот на кој Пендаровски имаше обраќање. Силјановска беше во придружба на пратеничката Рашела Мизрахи. Фотографијата ја сподели Пендаровски.И ова не е првпат Силјановска-Давкова и Пендаровски да се однесуваат со почит еден кон друг, без разлика на секојдневните соопштенија од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои упатуваат обвинувања за двајцата кандидати. На годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски, кога му се оддаваше почит, двајцата кандидати исто така се сретнаа и ракуваа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 81 годишнина од холокаустот на македонските Евреи

Претседателот Стево Пендаровски по повод 81 годишнината од холокаустот на македонските Евреи, денеска положи цвеќе пред споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи, во дворот на поранешниот скопски Монопол, од каде на 11 март 1943 македонските Евреи биле однесени во логорот Треблинка.Претставник од Кабинетот на претседателот положи цвеќе и на градските гробишта во Бутел, пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци на НОБ.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-03-09-at-11.51.28

Лефков: Стево контра Пендаровски - еднаш велеше дека е за реизбор на судии, друг пат вели дека бил против

„Пендаровски да се договори со Стево дали поддржува или не лустрација и генерален реизбор на судии и обвинители“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:Пендаровски првин тврдеше дека ја поддржал идејата на ЕУ во 2017-тата да нема генерален реизбор на судии и обвинители, а од митинзи повикуваше на генерален реизбор. Да се потсетиме што зборуваше Пендаровски.Стево Пендаровски е директно виновен за состојбата во судството. Пендаровски се однесува политички опортуно, без да ја има в предвид реалната состојба. Еднаш кажува дека ја поддржал одлуката на ЕУ, да нема генерален реизбор, а кога СДС требаше да прави политички прогон, ги заплашуваше со генерален реизбор судиите и обвинителите за да ги впрегнат во јаремот на СДС за политички прогон.Епилогот 7 години потоа се гледа. 2% доверба во судството, политички монтирани случаи и граѓани кои ја напуштаат државата и поради немањето систем.И додека вршеа политички прогон, ова судство и обвинителство ги аболираше сите нивни функционери. Од Ден Дончев кој избега, преку Драги Рашковски и Катица Јанева кои повеќе се надвор отколку во затвор до сите криминалци блиски до нив.Со право народот вели дека немаме држава. Време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Foto-3

Пендаровски ветуваше дека ќе го слуша народот и ќе се води од него, за после да изгуби контакт со реалноста на граѓаните и да стане аминџија на ДУИ и СДС, рече ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски ги лажеше граѓаните дека ќе го слуша гласот на народот и дека од него ќе чуел што треба понатаму да прави. Пендаровски ги доби изборите, отиде на Водно и ни народ слушаше ни бутур. Стана аминџија на штетните закони на власта и ништо повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Како обичен писар потпишуваше се што ќе му пратат, целосно игнорирајќи ги ставовите на луѓето, експертите или медиумите. Најконтроверзните закони ги потпишуваше во рок од неколку часа по нивното гласање, онака како што ќе му наредеа оние кои го поставија на позицијата, ДУИ и СДС.Пендаровски не само што го изгуби кредибилитетот и интегритетот, туку изгуби и контакт со реалноста која ја живеат граѓаните. Тој со своите постапки и политики го погази достоинството на граѓаните и на државата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Жената, нејзиниот глас и нејзините права мора да се почитуваат

„Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество. Доколку сакаме да живееме во вистински демократско општество мора да ги земеме предвид потребите на сите граѓани во креирањето, носењето и спроведувањето на политиките. Тоа подразбира здрав амбиент во кој жените ќе бидат вклучени, а не исклучени од политичките процеси и гарантирање на буџет со цел родовите политики да не бидат празно слово, туку реално да се спроведуваат во пракса.На тој пат, мора уште посилно да продолжиме да се бориме за справување со бариерите со кои се соочуваат жените кога влегуваат во јавниот живот. Да ги охрабриме жените претприемачи, жените во политиката и жените на раководни позиции. Да обезбедиме рамноправна валоризација на нивниот труд и еднакви плати меѓу мажите и жените.Да ја прекинеме родовата супресија и насилство, коишто освен физички, уште повеќе се изразени преку систематското игнорирање и маргинализирање на општествената позиција на жената. За секоја жена да се чувствува безбедна и сигурна во семејството, на работното место и во општеството, не смее да има преседани во задоволување на правдата за жените жртви на родово-базирано насилство.Само така ќе овозможиме политичко и економско јакнење на статусот на жените, социјална правда и остварување на нивните уставно-загарантирани права и слободи.Колку повеќе вложуваме во родовата еднаквост, толку повеќе ќе им овозможиме на идните генерации да наследат општество во кое стереотипите, дискриминацијата и системските бариери ќе се намалуваат.Борбата за родова рамноправност и еднаквост не смее да биде празна флоскула, туку вистински применлива во сите општествени и меѓучовечки односи. Жената, нејзиниот глас и нејзините права мора да се почитуваат.Честит 8 Март!“ , вели Пендаровски, претседател на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Официјална Софија реагира на изјавата на Пендаровски дека тамошното македонско малцинство 70-80 години трпело тортури и голготи

Бугарското МНР ја повика на разговор македонската амбасадорка во Софија. Агнеса Руси, како реакција на изјавите на претседателот Стево Пендаровски упатени кон Бугарија. Во реакцијата објавена на сајтот на бугарското МНР тие категорично се спротивставуваат на обидот за повторно вовлекување на Бугарија и билатерални односи во внатрешно-политичка дебата во Македонија.,,Бугарија постојано поддржува конструктивен тон и се воздржува од коментари на постојаните провокации во Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина за да може да се реализираат неопходните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не наидуваат на разбирање и не се ценат од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како оправдување за недостигот од напредок пред своите граѓани“, стои во соопштението.Бугарското МНР ја повикува политичката елита во Северна Македонија да ја покаже политичката зрелост.Ова доаѓа  неколку денови откако македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју кажа дека македонското малцинство во Бугарија во последните 70-80 години е малтретирано, трпело тортури и голгота.,, Зошто утре, ајде денес да ги впишеме Македонците во бугарскиот Устав, нашето малцинство кое е малтретирано со децении, најмалку 70-80 години, поминало низ страшни маки и голгота, но кажете ми каков е тој магичен начин? Како ќе ги внесете во Уставот? Преку Владата? Во бугарската Влада денес клучен фактор е Бојко Борисов кој го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година. И сега овој човек треба да каже дека овој договор не постои, ајде да направиме нов подобар за Македонците? Не верувам во тоа. И морав на ВМРО-ДПМНЕ на таков пародичен начин да им кажам дека не лажат, гледајќи не во очи. За да ги вклучиме Македонците во бугарскиот устав мора да се смени целосно затоа што во него нема малцинства. Не мислам дека светските сили можат да го сменат бугарскиот Устав како што мисли опозициската партија, која смета дека е фактор број еден во светот”, рече Пендаровски во интервјуто.

Македонија | пред 1 година

Foto-1

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Модaсар Чаудри, новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма рече дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија придава значење на односите со сите држави, за доброто на народите, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и за одржлив развој и економски просперитет. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги нагласи интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и развој на односите и соработката со Исламска Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.Амбасадорот Модaсар Чаудри во своето обраќање рече дека му претставува чест што е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Исламска Република Пакистан за Република Северна Македонија и изрази очекување дека пријателството што постои меѓу двете земји ќе продолжи и натаму да се развива и ќе достигне нови височини.Претседателот Пендаровски на амбасадорот Модaсар Чаудри му посака успех во извршувањето на одговорната мисија.

Македонија | пред 1 година

Foto-3-1

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Федеративна Република Бразил

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Пауло Роберто Кампос Тарисе да Фонтура, новоименуваниот амбасадор на Федеративна Република Бразил во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази убедување дека постои заедничка желба, како и голем потенцијал за развивање на меѓусебните односи и посочи дека отворањето на нашата амбасада во Бразилија јасно ја покажа искрената желба за унапредување на севкупната соработка со Федеративна Република Бразил. Претседателот рече дека Северна Македонија и Бразил ги споделуваат основните вредности, како почитување на владеењето на правото и човековите права, загриженост за климатските промени, посветеност кон демократијата, слободната трговија и пазарната економија и во тој контекст искажа задоволство од соработката во меѓународните организации. Претседателот Пендаровски упати честитки за бразилското претседавање со Г-20 и посака успех во реализирањето на приоритетите што ќе се разгледуваат во тие рамки, како што се борбата против гладот, сиромаштијата и нееднаквоста, трите димензии на одржливиот развој, реформата на системот на ОН и на меѓународните финансиски институции, како и ревитализацијата на Светската трговска организација.Амбасадорот Пауло Роберто Кампос Тарисе да Фонтура во своето обраќање рече дека Северна Македонија е земја со која Бразил споделува заеднички вредности, особено вербата во дипломатијата и мирното решавање на недоразбирањата и почитувањето на владеењето на правото и посочи дека нашата земја му докажа на светот дека дипломатијата е најдобрата алатка за решавање на споровите и дека дијалогот и меѓусебното разбирање можат да доведат до посакуваниот просперитет, мир и човечки развој. Бразилскиот амбасадор во говорот најави дека ќе биде посветен на стимулирање на туризмот и културните односи меѓу Бразил и Северна Македонија, а дополнително ќе се истражуваат областите за соработка, како што се земјоделството, инвестициите, нормите и регулативите. Тој искажа намера дека ќе ги продолжи напорите за промовирање на поголем дел од меѓусебното знаење и разбирање надвор од програмите за размена на додипломски и постдипломски студии кои ги нудат бразилските универзитети во сите научни области.Претседателот Пендаровски на бразилскиот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната мисија и изрази очекување дека неговото досегашно дипломатско искуство значајно ќе придонесе за збогатување на пријателските односи.

Македонија | пред 1 година

Foto-3

Претседателот Пендаровски се обрати на Регионалната конференција за род и безбедност

„Чест ми е да ве поздравам на оваа регионална конференција посветена на родот и безбедноста организирана од ОБСЕ и од ОДИХР. Не случајно оваа конференција се одржува во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, бидејќи има за цел да ни помогне да се вратиме на автентичното разбирање на овој важен ден. А тоа е постигнување на вистинска родова еднаквост во секој сегмент од општеството, вклучително и во безбедносниот. Затоа и смеш денес тука.Во фокусот на нашето минатогодишно претседавање со ОБСЕ беше унапредувањето на човековата безбедност, затоа и слоганот беше “За луѓето се работи”. Сосема разбирливо, најповикани за ова прашање се безбедносните служби, во прв ред, полицијата, која има незаменлива улога во спроведувањето на законите, одржувањето на редот, почитувањето на човековите права и слободи, и чувањето на државната граница. Преку извршувањето на овие важни должности, полицијата го чува највредното што го има една држава, а тоа е довербата на македонските граѓани во сопствената држава и во нејзините институции.Меѓутоа, дали ние воопшто можеме да зборуваме за вистинска човекова безбедност без поголемо учество на жените во безбедносниот сектор? Дали една институција може реално да ги третира сите граѓани како еднакви пред законот доколку во нејзините редови постојат двојни стандарди на штета на жените? Конечно, дали полицијата може да придонесе кон борбата против дискриминацијата во државата ако истовремено ја толерира културата на дискриминација кон жените во своите редови?Повеќе истражувања и извештаи покажуваат дека жените имаат важна улога во градењето на стабилно и демократско општество. Со поголемо вклучување на жените во полицијата, и тоа на сите нивоа и во сите сектори, центри, оддели и единици, само ќе се подобри функционирањето на институцијата во целина. Затоа што на таков начин се засилуваат внатрешната кохезија и потенцијалот на безбедносните институции поуспешно да ги реализираат уставните и законските обврски.Искуствата од најразвиените држави покажуваат дека полициските службенички и припаднички на полициските единици можат многу успешно да разрешуваат ситуации што вклучуваат родово-базирано и семејно насилство каде што жртвите се жени и деца.Иако денешнава конференција е посветена на жените во полицијата која што, пак, е во надлежност на Владата, би сакал на кратко да го споделам и моето искуство во рамките на моите надлежности. Како врховен командант, за прв пат во нашата историја поставив жена за аѓутант. Како претседател настојувам да постои родов баланс како на пониските, така и на повисоките позиции во мојот кабинет. А сето тоа го правам бидејќи на тој начин сакам да придонесам за унапредувањето на родовата еднаквост во Северна Македонија.Добро е што не почнуваме од нула. Мисијата на ОБСЕ дава поддршка преку Програмата за родово менторирање за полицијата, што веќе почнува да дава резултати и да носи промени во институционалната култура на МВР. Но, оваа програма не треба да биде само еднократна активност, туку дел од стандардната институционална обука во Министерството.Неодамна бевме информирани дека во Единицата за службени кучиња при МВР беше промовирана првата жена-водач на службено куче кое е дресирано да открива огнено оружје и муниција. Ова е пример што треба да се следи во секој сегмент на безбедноста. Тоа подразбира не само да се зголеми бројката на жените во полицијата, туку и да се поддржи нивното кариерно напредување во секој сектор, во секоја единица. Клучен дел од европските реформи за кои толку многу зборуваме е борбата против стереотипите и предрасудите од минатото што ги ставаа жените во нерамноправна позиција во безбедносниот сектор. Ние мора да ги промениме тие навики кои се длабоко вкоренети во нашиот менталитет.Уверен сум дека оваа конференција ќе ни даде можност да ги размениме регионалните искуства, да ги споделиме научените лекции, да ја забрзаме имплементацијата на родовите политики во безбедноста, а, со тоа да придонесеме за изградба на поправедни и побезбедни општества“, изјави Пендаровски, претседател на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Со Пендаровски е остварлива надежта за европска иднина

„Патот до ЕУ е тежок и долг, но дава единствена реална надеж за светла иднина на нашата земја и сите наши граѓани.Со Пендаровски е остварлива надежта за европска иднина.Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа како единствена надеж и оптимизам за подобро утре на сите граѓани, Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот.Граѓаните сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој.Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски“, велат од СДСМ. 

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Го укинаа, па го вратија: Пендаровски го потпиша Законот за кој државата ќе се рекламира по телевзии

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Во Законот јасно е дефинирано што претставува државна кампања од јавен интерес, на државно или на локално ниво. Истовремено, измените на Законот го лимитираат буџетот, односно висината на средства кои од државниот буџет ќе можат да се потрошат за кампањи на државно или на локално ниво.Законот предвидува постапка, во која централна улога има комисија која е составена од претставници на политичките партии и од власта и од опозицијата, на паритетна основа. Исто така, во Законот се прецизирани критериумите според кои можат да конкурираат радиодифузерите, а јасно е дефинирана и постапката за избор на радиодифузери на кои ќе се прикажуваат кампањи на државно или на локално ниво. Тоа значи дека, за разлика од порано кога Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ своеволно одлучуваше кому колку пари ќе даде, сега е прецизно регулирано како медиумите и колку средства ќе добиваат за кампањи на државно или на локално ниво.Потенцираме дека Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Собранието беше донесен без поднесени амандмани од опозицијата, што значи дека опозицијата нема забелешки за неговата содржина.Инаку, и во поголемиот број на земји-членки на Европската Унија постои регулатива со која се овозможува кампањи од јавен интерес во медиумите.Во изминатите денови претседателот Пендаровски оствари комуникација со сите засегнати страни, односно со тие што беа и за и против Законот. Во оваа насока, претседателот Пендаровски очекува дека во најскоро време ќе продолжи дијалогот меѓу релевантните институции и Здружението за заштита и унапредување на интернет медиумите со цел унапредување на положбата на онлајн медиумите во медиумската сфера, имајќи предвид дека во порталите работат голем дел од новинарите.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Поддршка за претседателот Пендаровски од речиси 15 партии

Претседателот Стево Пендаровски за кандидатурата за втор мандат, вчера доби поддршка од речиси 15 партии.Посочувајќи дека претседателот Пендаровски е претставник на сите граѓани, без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност, зад претседателот Пендаровски застанаа коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), односно Нова социјалдемократска партија (НСДП), Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално – демократска партија (ЛДП), Партија на пензионери (ПП), ВМРО Народна партија (ВМРО НП), Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ), Сојуз на Ромите во Македонија, Демократски сојуз на Власите, Партија за општествен и економски напредок (ПОЕН), Странка на демократска акција на Македонија (СДА), Социјалдемократска Унија (СДУ), Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) и Партија за европска иднина (ПЕИ).Претседателот Пендаровски искажува благодарност за укажаната доверба и за поддршката и во следните пет години да ја води државата на вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности, економски напредок и стабилност.

Македонија | пред 1 година

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Со Пендаровски граѓаните имаат јасен избор, членство во ЕУ и сигурна иднина, вели СДСМ

„Со, кандидатот за претседател на државата на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски граѓаните имаат јасен избор, членство во ЕУ и сигурна иднина“, вели СДСМ.Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани, без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.Со негова одговорност и независност го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата.На претстојните избори, изборот пред граѓаните е продолжување на напредокот кон ЕУ или изолација.На граѓаните и на државата не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател, како Пендаровски кој ќе турка напред по вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности.Македонските граѓани сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој.Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања