Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

пендаровски

Нема фотографија

Тимот на Пендаровски: Нема да се одржат мастер дебати на претседателските кандидати

Ве информираме дека нема да се одржат мастер дебати со сите претседателски кандидати.Изминатиот период, преку интензивна комуникација на изборните штабови на сите седум претседателски кандидати беше постигнат консензус за одржување на две големи т.н. „мастер дебати“. На тој начин, во духот на демократијата и транспарентноста, јавноста ќе следеше отворена дебата за прашањата за кои се залагаат претседателските кандидати и за нивните програми.Исто така, штабот на кандидатот Стево Пендаровски одржа состаноци со одговорните лица од националните телевизии, како и последователни состаноци со претставници од изборните штабови на претседателските кандидати со цел да се надминат отворените прашања, да се премостат разликите, како и да се излезе во пресрет на одредени поспецифични барања.Дебатите беше предвидено да се одржат на неутрален терен, а да бидат пренесувани од националните телевизии, како и на социјалните платформи.Но, за жал, и покрај најдобрите намери во овој процес и соработката меѓу изборните штабови, политичките и медиумските околности во моментот не се одржливи за да се создадат услови за одржување на овие „мастер дебати“, велат од тимот на Стево Пендаровски, кандидат за претседател.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Египет

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Надер Саад, новоименуваниот амбасадор на Арапска Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма истакна дека Република Северна Македонија, како одговорна членка на меѓународната заедница придава значење на односите со сите држави, придонесувајќи за благосостојбата на народите и за обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и за промовирање на одржливиот развој и економскиот просперитет. Тој изрази уверување дека пред двете земји со богато културно и историско наследство постои огромен неискористен потенцијал за сеопфатна и плодна соработка, особено на економски план, а исто така и во сферите на туризмот, културата, образованието.Амбасадорот Надер Саад во своето обраќање истакна дека Египет и Северна Македонија уживаат одлични билатерални односи од нашето осамостојување во 1991 година и посочи на историските односи што постоеле меѓу Египет и поранешна Југославија како силна основа за градење и унапредување на соработката на заедничка основа на пријателство и меѓусебна доверба. Египетскиот амбасадор изрази уверување дека ќе вложи максимални напори за натамошно унапредување на областите на соработка, со цел да се издигне и прошири опсегот на односите на повисоко ниво.Претседателот Пендаровски на египетскиот амбасадор му посака успешно извршување на оваа значајна, благородна и одговорна функција и изрази очекување дека неговиот активен ангажман ќе остави белег во надградбата на пријателските односи и соработката меѓу двете земји.

Македонија | пред 1 година

Foto-3-2

Агендата на Пендаровски: Отвора штаб на 4-ти април, ќе оди на мастер дебата, му реагирале оти Јакимовски треба да е повикан

Стево Пендаровски почнува со кампањата во Скопје со отворање на штаб на 4-ти април. На 2-април, пак, ќе биде конвенцијата на Пендаровски. Штабот на Пендаровски ќе биде на улица Македонија, а од неговиот тим, најавуваат дека ќе биде постојано отворен. Дебати со противкандидатите се планирани на неутрален терен, а ќе има минимум една која ќе може да се емитува на сите медиуми во живо. Од Тимот на Пендаровски кажаа дека„За некој од штабовите спорен е Стевчо Јакимовски поради тоа што е на црна листа и наративот кој го има“, кажаа од тимот на Пендаровски на брифингот со новинарите. Тие додадоа дека Пендаровски нема проблем да се појави со сите, бидејќи сите се негови противкандидати.Вкампањата е предвидено Пендаровски да посети 60 населени места.Од Тимот за комуникации, посочуваат дека Пендаровски ќе треба дополнително да одлучи дали ќе се појавува по подкасти, а тоа ќе биде по принцип: или ќе гостува на сите подкасти или никаде.Пендаровски вечер организира ифтар, а за Велигден ќе има ручек. Поканети се сите противкандидати, а кој ќе дојде не се знае.

Македонија | пред 1 година

IMG_3170

Претседателот Стево Пендаровски ги прими учесниците во програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници во Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ).За време на средбата младите од Албанија, Србија и од Северна Македонија, говореа за активностите и областите во коишто ги насочуваат нивните капацитети, во рамки на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, што Младински образовен форум ја организира во партнерство со Центарот за наука и иновации за развој од Албанија и Младинската иницијатива за човекови права од Србија. Соговорниците го информираа претседателот и за начинот на реализирање на програмата којашто се одвива во трите држави и опфаќа 5 различни теми: регионална соработка, младинско учество, одлив на мозоци и образование, младинска невработеност и младинска акција кон двојната транзиција: дигитална и зелена.Во контекст на потребата од креирање одржливи младински политики, претседателот го нагласи придонесот на младите, со своето критичко размислување, како еден од клучните предуслови за демократизација и позитивни процеси во секое општество.За време на престојот во Кабинетот, посетителите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на институцијата, претседателските активности и уставни надлежности.Претходно, посетителите ги разгледаа просториите во коишто се одвиваат работните и официјалните средби на претседателот, прес-конференции, настани и свечености, како и импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ дело на еден од најзначајните современи македонски уметници Глигор Чемерски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.На средбата беше разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.Делегацијата од ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа информираше за целите на нивната предизборна мисија, како и за нивните активности, очекувања и улога во изборниот процес.На средбата беше изразено очекување дека претстојните претседателски и парламентарни избори ќе бидат фер, демократски и во мирна атмосфера, во целосна согласност со националното законодавство и меѓународните обврски и стандарди.Претседателот Пендаровски посочи дека како земја - членка на НАТО и земја којашто претендира да стане членка на Европската Унија, неопходно е на претстојните избори да демонстрираме максимална професионалност од државните институции и политичка коректност и зрелост од страна на сите политички субјекти инволвирани во изборниот процес.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-nato-bujar-osmani

Продолжи препукувањето Пендаровски-Николоски

„Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години наназад донираат од своите лични примања на граѓани кои имаат потреба од материјална помош“, велат од Кабинетот на претседателот Пендаровски и додаваат:Од денот кога платите на избраните и именуваните лица се покачија за 78%, претседателот Пендаровски како што вети, секој месец донира средства од својата плата.До овој момент имаме прецизна евиденција за донирана сума во висина од над 500.000 денари за лекување на наши сограѓани, поддршка во обезбедување на здравствени услуги и медицинска терапија, помош на лекување на наши сограѓани во странство, образовни алатки и учебни помагала за ученици, компјутери за ученици, поддршка за матуранти, плаќање на режиски трошоци и други средства за социјално ранливи граѓани.Бонус прашања за Александар Николоски:- Дали тој како пратеник на ВМРО - ДПМНЕ има донирано барем еден денар од неговата за 78% зголемена плата и кому?- Дали знае дали кој било пратеник на ДПМНЕ, градоначалник на ДПМНЕ или директор на јавно претпријатие од редовите на ДПМНЕ имаат донирано дел од својата плата од моментот кога им е зголемена за 78%, колку и кому?

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кандидатурата на Силјановска Давкова беше поткрепена само со триесеттина потписи на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, тврди Пендаровски

„Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ е единствениот кандидат за претседател на државата, кој наместо потребните граѓански потписи до Државната изборна комисија со својата кандидатура достави потписи од пратеници“, велат од тимот на кандидатот Стево Пендаровски и додаваат:Пред само две недели ВМРО-ДПМНЕ се фалеше дека за Гордана Силјановска Давкова се потпишале најмногу граѓани, се споменуваа бројки од 20.000, 25.000 потписи па и повеќе.Но на крајот, кандидатурата на Силјановска Давкова беше поткрепена само со триесеттина потписи на пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Зошто Давкова и Силјановска се одлучија за ваков потег? Дали на денот на собирање на потписите излажаа за вкупниот број на собрани потписи? Дали на списоците можеби имало преклопување на одреден број потписи, едните депонирани во нотарски канцеларии а другите во подрачни одделенија на ДИК? На крајот, дали конечниот број на потписи не само што не е драстично поголем, туку и е помал од бројот на собрани потписи од страна на Стево Пендаровски?Одговор за ова треба да дадат Гордана Силјановска Давкова и ВМРО- ДПМНЕ.Доставувањето на пратеничките потписи покажа две работи: Првата е дека Силјановска Давкова не е натпартиски кандидат, туку единствено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и второ, дека Давкова и ВМРО-ДПМНЕ излажаа десетици илјадници граѓани кои со часови чекаа да се потпишат, а нивните потписи наместо за поддршка на кандидатурата, отидоа во ѓубре.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Фатих Улусој

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма нагласи дека Република Северна Македонија и Република Турција уживаат долгогодишно традиционално пријателство и изрази задоволство од одличните билатерални односи коишто се карактеризираат со меѓусебна поддршка и почитување. Тој упати благодарност за целокупната поддршка којашто Република Турција ја даваше уште од независноста на Република Северна Македонија во раните 90-ти години на минатиот век и продолжува да ја дава до ден-денешен. Претседателот Пендаровски рече дека денес, како сојузници во НАТО, двете земји се соочуваат со особено турбулентни времиња, коишто секако влијаат и на нашиот регион и притоа посочи дека соработката, довербата и координацијата во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалните миграции, сајбер-заканите и слични феномени, претставуваат приоритет за сите нас и се додадена вредност во односите. Посочувајќи дека двете земји развиваат динамични економски односи, претседателот Пендаровски изрази уверување дека постои заемна подготвеност за отворање нови перспективи, со цел натамошно интензивирање на економската соработка и за зголемување на трговската размена, како и соработката во областите на безбедноста, одбраната, земјоделството, образованието, културата, науката.Амбасадорот Фатих Улусој во своето обраќање истакна дека Турција го цени партнерството што го споделува со Северна Македонија кое е засновано на меѓусебна почит, доверба и соработка и додаде дека нашата држава ја смета за важен партнер на Балканот. Тој нагласи дека заедничката култура овозможува на едно привилегирано ниво да се одржуваат односите и соработката како на билатерален, така и на мултилатерален план. Турскиот амбасадор ги посочи турската заедница, која со векови опстојува на ова поднебје и која работи за развојот и благосостојбата на Северна Македонија, како и турските државјани кои потекнуваат од овде, а се иселени во Турција, како најважните елементи во меѓусебните односи. Амбасадорот Улусој рече дека со нашето членство во НАТО, кое силно го поддржуваат, е додадена и сојузничка димензија во односите, а двете земји со блиската соработка на разни регионални теми го поттикнуваат мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот и пошироко. Турскиот амбасадор подвлече дека Северна Македонија со својата мултикултурна и мултиетничка структура, на целиот Балкан претставува пример во смисла на заеднички соживот во мир на заедниците.Претседателот Пендаровски на турскиот амбасадор му посака многу успех и добро здравје во извршувањето на неговата амбасадорска мисија.

Македонија | пред 1 година

nikoloski

Александар Николоски е последниот функционер што треба да зборува за криминал, врати Пендаровски

„Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет не користеле никогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти“, велат од Кабинетот на Пендаровски и додаваат:Така ќе биде и за време на претседателската кампања 2024, нема да се користат ниту странски, ниту домашни комуникациски експерти, ниту пак ќе се нарачуваат анкети.Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се насочат кон нивните сопствени стратези и анкетари и нека си ги прочитаат анкетите во кои очигледно стои дека во вториот круг победник на претседателските избори ќе биде претседателот Пендаровски.Александар Николоски најверојатно е последниот функционер од ДПМНЕ кој треба да разговара за платата на претседателот Пендаровски.Нема поголема перверзија за криминал да обвинува вториот човек на партијата која со години е синоним за организиран криминал и чија сметка со години е блокирана.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-696x393

(Видео) „Љубави“ дипломатијата на Пендаровски заврши со вето, но срамот остана - неговата понизност и несериозност ја руши сликата за Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Стево Пендаровски ја срамеше Македонија во меѓународните односи. Со „љубави“ дипломатијата ја донесе државата до ова дереџе во кое што се наоѓа“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Имено на меѓународен настан Пендаровски им пријде на српската премиерка и бугарскиот премиер со „љубави как си? Имаш поздрав од Зоки“. Да не е трагично за државата, би било комично. Ваков речник не приличи ни за муабет во маало, а не на мултилатерален настан. Не е ни чудо што во продолжението на видеото исто како и на неговиот мандат Пендаровски беше игнориран. Додека претседателите и премиерите се борат за своите земји, говорат за стратешки инвестиции, патишта и инфраструктура, Пендаровски стои настрана, ѕирка позади нечие рамо и мисли дека на тој начин некој ќе го забележи.Ете затоа Македонија во меѓународните односи бележи неуспеси. Со „љубави“ дипломатијата никој не те есапи сериозно. „Љубави“ на крајот заврши со вето, но остана срамот.Понизноста и несериозноста на Стево Пендаровски ја руши сликата за Македонија, а со тоа тој го погазува достоинството на функцијата, државата и народот. Затоа е време за промени.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 60-годишнината од Уставниот суд

,,Ми претставува особена чест и задоволство да се обратам на отворањето на меѓународната конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавното изразување на мислата“, со која се одбележува значајниот јубилеј, 60 години од формирањето на Уставниот суд на Република Северна Македонија.Уставниот суд има долга традиција која датира уште од времето на нашиот државен-правен развој во поранешна Југославија. Уставниот суд за прв пат беше воведен во правниот поредок со Уставот на тогашната Социјалистичка Република Македонија од 1963 година, за следната 1964 година да започне со својата работа. Овој факт го споменувам бидејќи воведувањето на уставното судство беше редок и невообичаен чекор во една еднопартиска социјалистичка држава каква што беше поранешна Југославија и несомнено претставуваше позитивен чекор во ограничување на политичкиот волунтаризам и ставање во правни рамки на доминацијата на тогашната владеачка политичка номенклатура.Со Уставот од 1991 година Уставниот суд продолжи да функционира, но, во значително променети околности на независна држава со демократско политичко уредување. Во таа смисла, работата и одлуките на тогашните состави на Уставниот суд беа исклучително важна гаранција дека транзицијата кон демократско и плурално општество кое почива врз начелата на владеење на правото, заштита на човековите права и слободи, поделба на власта и пазарната економија ќе се одвива во рамката предвидена со новиот устав.Доволно е да се потсетиме дека Македонија никогаш во својата историја до 1991 година немала демократско искуство за да ни стане јасно колкава беше одговорноста на тогашните уставни судии. Според мое убедување, Уставниот суд и неговите судии во тие клучни периоди од изградбата на државата и на новиот демократски систем сосема успешно се носеа со товарот на времето за што заслужуваат признание и благодарност за нивната работа.Уставниот суд имаше исклучително важна улога и за време на неодамнешната пандемија на КОВИД-19, кога и како општество и како држава се најдовме во исклучително комплексна ситуација, пред се, од здравствен и социо-економски аспект, но и поради серијата уставно-правни предизвици.Во состојба без преседан во нашата уставно-правна историја бевме принудени да прогласиме вонредна состојба и тоа во ситуација на распуштено Собрание кое беше нефункционално и во состојба на техничка влада чија примарна задача беше да ги спроведе веќе закажаните избори, а не да се справува со последиците од пандемијата која никој не можеше однапред да ја предвиди. Во ситуација кога врз основа на одлуките за вонредна состојба, Владата доби можност да донесува уредби со законска сила со која нужно се ограничуваа човековите права и слободи, но и се менуваа постојните закони и се носеа сосема нови норми со сила на закони, Уставниот суд беше клучната институција која во услови на нарушена поделба на власта редовно ја контролираше уставноста на уредбите и одлуките.Одлуките и образложенијата на Уставниот суд, за мене како претседател на државата, беа исклучително важна насока при донесувањето на одлуките што беа во моја надлежност за време на вонредната состојба. Мислам дека сум реален, немам причина да не бидам, кога велам дека во своите одлуки Уставниот суд покажа исклучителен сензибилитет за националните, но и за меѓународните стандарди за почитување и заштита на човековите права и слободи што беше клучно за позитивната оцена од Советот на Европа во однос на ограничувањата на човековите права и слободи во периодот кога беше прогласена вонредната состојба, а, сето тоа низ призмата на стандардите на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.Поаѓајќи од ова искуство, дозволете ми да отидам чекор подалеку и да се вклучам во дискусијата за иднината на уставното судство во нашата држава. Сметам дека во иднина Уставниот суд треба уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи. Еден начин се измени на Уставот и воведување на уставната тужба како правно средство за заштита на правата и слободите и тука сакам, без резерва, уште еднаш, да ја поддржам оваа ваша иницијатива, иако тоа сум го правел и порано.Уставната тужба е потврдено ефикасно средство за уставно судска заштита на човековите права и слободи. Иако, досега, постоеја повеќе иницијативи за измена на нашиот устав во оваа насока, за жал, повеќе парламентарни состави не собраа сила тоа да го направат, а дискусијата за измени на Уставот, со цел, воведување на уставна тужба завршуваше со надмудрувања за сосема други прашања кои се неповрзани со оваа тема. Се надевам дека во скора иднина и политичката, покрај стручната јавност, ќе го разбере значењето на воведувањето на уставната тужба како важен сегмент во реформите и чекор кон зајакнување на системот за заштита на човековите права и слободи.Во оваа смисла, а во насока на темата на конференцијата, сакам да ја истакнам важноста на неколкуте одлуки на Уставниот суд поврзани со утврдување на повредата на правото на слободно изразување на мислата, заштитено со нашиот Устав, кое е едно од малкуте права и слободи што и со постојните уставни одредби ги штити овој Суд. При тоа се реферирам на одлуките што ги донесовте во последниот период во однос на трагичните настани од 27 април 2017 година што се случија токму во оваа зграда.Освен нападот кон нашиот демократски уставен поредок и насилството кон пратеници, нападнати беа и новинарските екипи кои известуваа од конститутивната седница на Собранието. Во обид да се спречи мирна транзиција на власта, насилна толпа организирана од структури на тогашната власт нападна новинари во обид да ги спречат да ја известат јавноста за случувањата. Вашите одлуки со кои утврдивте повреда на правото на слободно изразување на мислата се праведна сатисфакција, не само за нападнатите новинари, туку и за целокупната демократска јавност во нашата држава.На крајот од ова мое обраќање дозволете ми, уште еднаш, да ви го честитам шеесетгодишниот јубилеј и да ви посакам уште многу години успешна и посветена работа во заштита на Уставот и демократскиот поредок. Оваа конференција на која ќе имате можност да размените искуства со ценетите гости од повеќе уставни судови од странство, но, и со претставници на научната и стручната јавност, е достоен начин за одбележување на јубилејот и продлабочување на меѓународната соработка.Во таа насока ви посакувам успешна конференција.", изјави претседателот Стево Пендаровски.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-10.47.15

(Видео) Пендаровски го пофали Уставен предводен од Кацарска за одлука за „27 април“

Претседателот Стево Пендаровски ја пофали одлуката на Уставниот суд предводен од Добрила Кацарска која пак ја изрече и пресудата за „27 април“ во Кривичен суд,со која е утврдена повреда на правото на слободно изразување на мислата.„Освен нападот кон нашиот демократски уставен поредок и нашите пратеници, беа нападнати и новинарски екипи кои известуваа. Вашите одлуки со кои утврдивте повреда на правото на слободно изразување на мислата се праведна сатисфакција не само за нападнатите новинари туку и за целовкупната демократска јавност“, кажа Пендаровски.Според него, судиите од Уставен суд успешно се носеле во текот на мандатот. Потсети и во кои случаи овој суд имал клучна улога.Кажа дека воведувањето на уставна тужба е добро средства за уставно-судска заштита на човековите права и слободи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-14-at-19.35.29

(Видео) Објавен прв изборен спот за Стево, се претставува како гласен критичар на неправдите и политичар кој бара одговорност

Чесен и совесен, политичар кој бара одговорнсот - вака во предизборниот спот кој трае шест минути се претставува Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател, кој сака втор мандат.„Чесен и совесен во работењето. Гласен критичар на неправдите, застапник за транспарентност и професионалност. Пендаровски беше и остана отворен за јавноста. Претседател кој успешно ја претставува државата надвор. Како еден од предводниците на нашата европска интеграција, ќе продолжи да работи за членство на државата во ЕУ. Стево е претседател кој обединува, кој почитува. Претседател за сите нас – Стево Пендаровски!“, стои во описот на видеото.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Елизабета Ѓоргиевска на изложбата посветена на жените во општеството, културата и науката

,,На сите ни е повеќе од јасно дека посветената заложба и борбата на жената за нејзиното ситуирање и здобивање со еднаква релевантност во сите општествени сфери започна одамна, но сè уште трае, со еднаков интензитет. Не е едноставно во светот кој е втемелен на патријархалните културни матрици, па колку и да се укажува на потребата од еманципаторски промени, жената целосно да излезе од ретроградните динамики, кои, на овој или на оној начин, некогаш експлицитно, а некогаш имплицитно и задскриено зад добро срочените декларации, доминираат во општествата.Токму затоа имам особена чест и задоволство да бидеме вечерва заедно на отворањето на една особена и специфична изложба насловена „Жените во општеството, културата и науката“, како заеднички проект на Австриската амбасада и Националната галерија. Покрај можноста да се запознаеме со најзнаменитите Австријки во изминатите 200 години, на изложбата можеме да видиме и дела од најзначајните македонски сликарки, вклучително и првите женски имиња во современото македонско сликарство. Низ историјата, но за жал и во сегашноста, се судираме со бројни стереотипи за местото на жените во науката, уметноста и културата. Што од остатоците од патријархалната средина и воспитување, или некогаш и од институционалната незаинтересираност и несоодветна поддршка, многу наши сограѓанки немаат можност да се реализираат себе си и своите таленти. Бројните примери на успешни и реализирани жени на денешнава изложба се доказ дека со храброст, решителност, самодоверба, одважност и упорност се надминуваат сите бариери и пречки. Верувам дека изложбава охрабрува и праќа силна порака - не престанувајте да бидете свои, независни, креативни и слободни и не дозволувајте никој никогаш да ве перципираат и третираат како послаби и помалку важни. Жената не е само сенка која тивко исчезнува на маргините од општествените случувања.Во изминативе неколку години имав можност да присуствувам и да зборувам на настани кои ја третираат родовата проблематика, вклучително телесната автономија, родово базираното насилство, фемицидот. Она што е клучно сознание е дека севкупното човештвото, а особено ние како држава, како заедница имаме уште многу да работиме и да пружаме индивидуална, но и институционална поддршка и заштита за да ја организираме и зацврснеме рамноправноста на жената.Културната и уметничката продукција отсекогаш биле преносник на пораките за најделикатните теми, коректор и глас за артикулација на она што е товар, неправда, рана и болка во општествено задскриените спирали и јазли, а особено кога станува збор за родовата еднаквост.Културата и уметноста не се невини – заради широкиот опсег на аудиториум, тие можат да ја подигнат свеста за родовата еднаквост. Затоа, од исклучително значење е одговорноста на културните работници и работнички и на уметниците и уметничките во афирмирањето на борбата за справување со родовата нееднаквост.Историјата на културата и уметничката перформативност ни покажуваат дека жената морала да помине макотрпен, повеќевековен пат, со безброј невидливи но и видливи, па и насилни препреки. Жената во историјата на културното наследство, но и на современите културни практики за да се вкотви во општествената релевантност и за да биде препознаена минува низ пат кој бара многу откажувања но и достоинство, издржливост и храброст.Затоа, нужно е преку културната и уметничката продукција да се поттикнува критичко мислење, полемика и да се градат културни политики кои ќе стојат наспрема авторитарните и патријархалните догми кои, за жал, често може да се забележат во сите аспекти и жанрови на творештвото. Културата секогаш играла прогресивна улога во еманципаторските процеси.Преку динамични дискусии, уметнички изрази и интерактивни сесии, важно е да се создаваат креативни уметнички и културни платформи кои со своите ефективни стратегии промовирани од страна на влијателни уметници ќе ја подигнат свеста за важноста на борбата за родовата еднаквост.За среќа, многубројните иницијативи одиграа активна улога во реконцептуализирањето на самата уметност како форма на активизам. Се создадоа нови уметнички форми, како што се јавната уметност и општествено ангажираната уметност и на тој начин се ревитализираше врската помеѓу уметноста и општествените промени.Сите имиња на особени и значајни жени кои оставиле печат во науката, уметноста и општеството, а кои се застапени на денешнава изложба се секако пример за посветеност, упорност, талент и работа. Со своите постигнувања, но и со разбивањето на стереотипите за местото и улогата на жената тие се постојана инспирација. Борбата за рамноправност меѓу половите сè уште трае. Дури и во развиените земји сè уште може да се наиде на нерамноправности по различни основи, а за жал бројни места во светот и базичната рамноправност на половите сè уште недостижна. Затоа да продолжиме да создаваме, твориме, да градиме, да се бориме до крај за рамноправност, еднаквост и инклузивност. Не само околу и на празникот на жената 8 Март, туку 365 дена во годината, секогаш и секаде.Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите инволвирани во подготовката и реализацијата на оваа изложба. Верувам дека и понатаму ќе бидеме сведоци на интензивна соработка меѓу нашите две држави во областа на економијата, науката, културата, уметноста што е во взаемен интерес и желба на граѓаните од двете земји.На крајот пред овој огромен аудиториум имам особена чест и задоволство да ја прогласам изложбата за отворена и се надевам дека ќе уживате", вели сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснува дали стои зад ботовите на мрежата Х кои шират говор на омраза, обвинуваат од кај Пендаровски

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од 200 ботови на мрежата Х кои секојдневно шират говор на омраза, прашуваат на официјалната меил адреса на Стево Пендаровски како кандидат за претседател.Реториката којашто ја користат овие профили потсетува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ со која, во недостиг на аргументи, партијата неосновано го напаѓа претседателот Стево Пендаровски. На истите профили се забележува и силна поддршка за партијата ВМРО-ДПМНЕ.Истите овие профили години наназад шират антиалбански и антизападни ставови. Иако од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема да водат црна кампања против претседателот Пендаровски, сепак секојдневно објавуваат манипулативни видеа во коишто се извадени од контекст изјавите на претседателот Пендаровски. Речиси идентични како и во објавите на мрежата Х.ВМРО-ДПМНЕ на јавноста треба да ѝ одговори дали стои позади овие профили и дали на социјалните мрежи токму тие се автори на црната кампања против претседателот Пендаровски.Инаку, тврдењето на ВМРО – ДПМНЕ дека нема да води црна кампања го сфаќаме како лоша пародија, имајќи предвид дека тоа е истата партија која безсрамно вршеше цензура, партија во чие владеење се затворија најголемите медиуми и беше забележан најголем пад во слободата на медиумите.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања