Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

пендаровски

pendarovski-1

Пендаровски утре ќе го додели признанието „Инженерски прстен“

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 23.06.2022 година, четврток, на церемонија која ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, ќе се обрати и ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Северна Македонија.Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

Foto-3-1

Пендаровски до бугарската црква: Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА?

Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА?, ѝ порача претседателот на Македонија Стево Пендаровски на Бугарската православна црква (БПЦ).Според претседателот Пендаровски има координирана државна политика меѓу бугарските власти и БПЦ.Денеска ја видов одлуката на БПЦ дека ја признаваат црквата на Македонија. Замислете дека безобразието оди до таму, да последната реченица од тоа кусо соопштение вели дека ќе размислиме околу дефинитивното име. Тие велат дека ја признаваат црквата во Македонија, а за нејзиното име ќе размислиме во следниот период. Кои сте вие да размислувате?, изјави Пендаровски во емисијата „24 анализа“.БПЦ во текот на денот излезе со соопштение дека влегува во канонско единство со МПЦ-ОА, но дека се разгледува и размислува за името.

Македонија | пред 3 години

278567958_541392394018342_1885535608441107700_n

Зеленски му пиша на Пендаровски, претседателот го објави писмото

Писмо од претседателот Зеленски, упатено по повод искажаната поддршка за Украина до претседателот на Македонија, Стево Пендаровски:„Ве молам примете ја мојата благодарност за Вашето срдечно писмо од 17 мај 2022 година и покажаната солидарност со нашата држава, која одлучно се спротивставува на руската агресија. Ја цениме цврстата и бескомпромисна позиција изразена од Скопје за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Благодарни сме што Република Северна Македонија целосно се приклучи кон санкциите воведени од страна на Европската Унија кон Русија како земја-агресор.Мојата срдечна благодарност кон Вам лично господине претседател и кон народот на Северна Македонија за поддршката на стратегијата за европска интеграција на Украина и доделувањето кандидатски статус на нашата земја за пристапување кон Европската Унија. Таква искрена позиција на претседателот на Северна Македонија, која веќе е земја-кандидат за членство во ЕУ, е од особено значење. Се надевам дека Северна Македонија ќе започне со пристапните преговори кон Европската Унија во најбрз можен рок.Време е Европската Унија да донесе важни политички одлуки. Верувам дека Република Северна Македонија исто така ќе може успешно да напредува кон членството во ЕУ и еден ден нашите пријателски држави ќе се приклучат кон заедничкото европско семејство како полноправни членки на ЕУ.“

Македонија | пред 3 години

pendarovski

Пендаровски го осуди палењето на клубот Ванчо Михајлов: Ваквите чинови се провокација

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски го осуди палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој вели дека овие чинови се провокација и нема да доведат до унапредување на односите со Бугарија.„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија.Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-2

Претседателот Пендаровски до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј: Не е сеедно дали единството ќе биде врз живата реалност или анахрони решенија

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија.Во писмото претседателот Пендаровски оценува дека со примањето на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење е исправена историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници. Претседателот Пендаровски изрази надеж и очекување за скорешно конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, истакнувајќи дека целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество.Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од писмото на претседателот Пендаровски до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.Ваша Сесветост,Со големо задоволство ја примив веста за историската одлука од 9 мај 2022 година на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија. Примајќи ја нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење, Вие ја исправате историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници и ги исцелувате длабоките рани предизвикани од децениската изолација. Особено важно е што на нашата Црква и го признавате и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници.Вашата Сесветост ужива голем углед и почит кај огромното мнозинство македонски граѓани, независно од нивната етничка, верска, политичка и генерациска припадност. Со овој праведен и мудар чекор вие ја оправдувате надежта на моите сограѓани од православна христијанска вероисповед дека токму Вселенската Патријаршија може да и помогне на нашата Црква конечно да го завземе своето вистинско место во православниот свет. И со тоа, да ги избришете вештачки создадените поделби и да го отворите просторот за градење на духовно единство на православните верници.Во овој клучен период, навремените одлуки на Вселенската Патријаршија можат решавачки да влијаат на духовниот идентитет на сегашните и идни генерации, а со тоа и на духовниот и општествен амбиент во Република Северна Македонија. Оттука, не е сеедно дали нашето единство со православниот свет ќе се темели врз живата реалност на нашата Црква, или врз анахрони решенија, наметнати од надвор кои се спротивни на волјата на бројните верници.Имајќи го предвид историското и канонско право на Вселенската Патријаршија, заедно со моите сограѓани од православна вероисповед искрено се надевам и го очекувам скорото конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна. Целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес за нас бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество.На крај, Ваша Сесветост, ја користам оваа прилика Вам и на Светиот и Севишен Синод на Вселенската Патријаршија да ви ги пренесам изразите на моето највисоко почитување

Македонија | пред 3 години

Omo-Ilinden-Pirin

„Односите со Бугарија се влошија откако имав средба со ОМО Илинден“, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека нарушувањето во односите со Бугарија почнало откако ги примил на средба претставниците од ОМО Илинден Пирин.Според Пендаровски, оттогаш бугарската страна се врати на стариот вокабулар.„Мислам дека Петков бидејќи беше фронтално напаѓан во владата и него му требаше да ја засили политичката референца“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-6

Пендаровски: Економските турбуленции на глобално ниво, во голема мерка влијаат на довербата на граѓаните во банкарскиот систем

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Свечената академија, што по повод 30 години од монетарното осамостојување се одржа вчеравечер во Скопје, во организација на Народната банка на Република Северна Македонија.Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.Ми претставува особена чест и задоволство да се обратам на оваа Свечена академија организирана по повод 30 години од монетарното осамостојување.Минатата година ја одбележавме 30 годишнината од независноста, меѓутоа, круцијален државотворен аспект без кој ќе беше невозможно заокружувањето на меѓународно-правниот субјективитет на новата држава беше монетарното осамостојување. Со прогласувањето на независноста во 1991-та, нашата централна банка започна да стекнува едно сосема поинакво ново искуство, кое ни помогна успешно да ги надминеме комплексните предизвици од првите години од независноста.Веќе идната година, во 1992-та година, во парламентот беше усвоен пакетот закони со кои беше поставена институционалната рамка на монетарниот систем, а, пред македонските граѓани беа претставени банкнотите на новата македонска валута ‒ денарот, првиот симбол на нашето монетарно осамостојување.Со политиките на воспоставување на стабилен курс на денарот, централната банка во тоа време одигра силна улога во зацврстувањето на темелите на нашата независност и државност. Инфлацијата беше стабилизирана, банкарскиот систем започна да закрепнува, а, беше оформена и позначајна сума на девизни резерви како клучен аспект на девизната ликвидност на земјата.Со тоа беше поставен примарниот одбранбен механизам од евентуалните надворешни регионални и светски финансиски шокови, но и поддршка во процесот на транзиција на националната економија кон современите пазарни економски системи.Почитувани,Јасно е дека освен некои внатрешно генерирани состојби низ годините, сепак, актуелните економски турбуленции на глобално ниво, во голема мерка влијаат на довербата на граѓаните во банкарскиот систем и кај нас и во светот.За жал, таа доверба, денес, во континуитет се поткопува и од фактори кои стануваат се потешки за контрола. Зборувам за хибридните закани, меѓу кои најопасни се дезинформациите кои се широко застапени и сѐ поинтензивно се појавуваат на социјалните мрежи. Сведоци сме, особено во последнава година, дека Народната банка беше таргетирана со многубројни лажни вести со единствена цел, да креираат паника меѓу граѓаните, несигурност и недоверба во системот. Меѓутоа, мораме да констатираме дека нашата централна банка досега успешно ги води тие битки и навремено реагира на сите вести кои пласираат невистини.Изминативе две години, поради пандемијата, а сега уште позасилено поради руската инвазија во Украина, ние, но, воопшто и Европа и светот се соочуваат со економска и енергетска криза, ценовни шокови и инфлација. Но, и во вакви сложени услови, институциите на државата функционираат на стабилизирачки начин, со што ја оправдуваат довербата на граѓаните. Водечка институција во таа смисла е Народната Банка на Република Северна Македонија која водеше, и води ефикасна монетарна политика за време на сите овие кризи, со што испраќа јасни сигнали до економските фактори, што, пак, повратно влијае стабилизирачки во однос на состојбите на пазарот и инфлаторните движења.Работата на Народната банка и наназад низ годините воопшто не беше едноставна, особено за време на големата финансиска криза од 2008 година, кога ризиците за финансиската стабилност беа значително зголемени. Наспроти непредвидливите глобални економски движења и зголемените макроекономски ризици, финансискиот систем на Република Северна Македонија остана стабилен за што клучно влијание имаше сетот на мерки кои во тие услови ги презеде Народната банка.Почитувани,Веќе подолг временски период, заради стекнатиот кандидатски статус за членство во Европската Унија, поставеноста на нашата централна банка од аспект на нејзината независност беше, и е непрекинато предмет на оценување од страна на Европската централна банка, а, будно се следи и од Европската комисија преку нејзините годишни извештаи.Притоа, треба да се одбележи дека во сите свои извештаи и Европската централна банка и Европската комисија потврдуваат дека законските одредби кои се однесуваат на независноста на Народната банка ги опфаќаат сите аспекти на независноста на централните банки утврдени со одредбите од Договорот за функционирање на Европската Унија и Статутот на Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки.Почитувани,Како еден од столбовите не само на нашата економија, туку и на нашата држава, уверен сум дека Народната банка ќе го продолжи континуитетот на позитивно работење и успешно водење на монетарната политика согласно нејзините со закон утврдени цели и задачи.Единствено со транспарентна политика и домаќинско работење може да се гарантира улогата на финансискиот сектор, да се поддржи реалната економија и да се работи во интерес на граѓаните.Исто така, очекувам Народната банка да продолжи да ја одржува својата уставно загарантирана независност во однос и на политичките и на економските центри на моќ и во иднина да придонесува кон одржувањето на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.На сите нека ни е честит јубилејот „30 години монетарно осамостојување“.

Македонија | пред 3 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски: На овој Велигден да помислиме на сите оние коишто страдаат во воените судири, и да им ги посветиме нашите молитви и благослови

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – ВелигденПретседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.„Најискрено ви посакувам празничните денови да ги поминете, пред сѐ, во добро здравје, неизмерна радост и во среќа, исполнети со духовен мир.Вдахновени од Христовото страдање за човештвото и од неговото воскреснување да им дадеме смисла на нашите животи и да ги победиме искушенијата, отворајќи ги нашите срца и споделувајќи безусловна љубов.На овој Велигден да помислиме на сите оние коишто страдаат во воените судири, коишто се погодени од елементарни непогоди, коишто се соочуваат со здравствени тешкотии, на сите оние коишто се без топлината на својот дом, на разделените од семејствата, на сите во беда и немаштија. Ним да им ги посветиме нашите молитви и благослови.Се надевам дека светлината на Велигден ќе ни даде сила и поттик за добра мисла и за добри дела.Христос воскресна!“

Македонија | пред 3 години

278857721_542736057217309_1253671833905946975_n

„Танец“ уште еднаш го оправда ептитетот на вистински подвижен музеј на изворното македонско фолклорно творештво, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаросвки, заедно со првата дама присуствуваа на велигденскиот концерт на „Танец“„Импресивен гала-концерт на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец" во пресрет на Велигденските празници.Со богатата играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, како и со раскошноста на оргиналните носии „Танец“ уште еднаш го оправда ептитетот на вистински подвижен музеј на изворното македонско фолклорно творештво.Честитки до целиот ансамбл за одличната изведба на „Драчевка“,„Солунка“„Малешевка", „Сретсело", „Копачија" и другите кореографски постановки од нашата вокално-инструментална ризница“, вели Пендаровски.

Магазин | пред 3 години

278567958_541392394018342_1885535608441107700_n

„Македонскиот ракомет повторно меѓу најдобрите во светот“, вели Пендаровски

Одиме на Светско вели претсдателот на Република Македонија Стево Пендаровски.„Македонскиот ракомет повторно меѓу најдобрите во светот благодарејќи на нашите ракометари, на нивната посветеност, пожртвуваност, борбеност, но и на навивачите со кои создадовте нераскинлива врска.Заедно, во нови победи!“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-2

И Пендаровски “удри” по Бугарите: Во Битола беше направен обид хитлеров соработник да биде претставен како мост за зближување

Иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет претставува чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза, вели претседателот Стево Пендаровски.„Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер.Во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ.За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока“, додава тој во својата објава на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

277159390_525956582228590_1020165909166248884_n

Пендаровски им додели Орден за заслуги на Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска

Претседателот Стево Пендаровски им додели Орден за заслуги на Република Македонија на Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска.Легендарата актерка Милица Стојанова е одликувана за нејзиниот фундаментален придонес во основањето на македонскиот театар, како и за развојот и афирмацијата на македонските театар и филм. Таа е втемелувач на современиот македонски театар со одиграни 139 улоги на театарските сцени, околу 200 улоги во радио-драмското студио, дваесетина ТВ драми, 15 ТВ серии, 17 филмски остварувања.Милка Ефтимова е наградена за исклучителниот и траен придонес во развојот на оперското пеење и за својата педагошка активност, а олимписката вицешампионка од 1988, Стојна Вангеловска, за нејзините врвни резултати во кошарката како играч и тренер.„За нивната апсолутна посветеност и љубов кон професијата и постојан стремеж кон поубаво и подобро. Нивните постигнувања во актерството, оперското пеење и кошарката се парадигма за сегашноста и репер за иднината“, рече Пендаровски.Факултеот за драмски уметности, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ и Турскиот театарот го примија признанието Повелба на Република Македонија.

Македонија | пред 3 години

Foto-2

Да ги напуштиме стереотипите и да се фокусираме на развојот на вештините на лицата со Даунов синдром, вели Пендаровски

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателот Пендаровски ја упати следнава порака:Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром, е само еден од низата поводи кој нè потсетува што сме направиле за лицата кои живеат со оваа состојба и кои се идните чекори кои треба да ги преземеме за обезбедување на нивен рамноправен и квалитетен живот.Уверен сум дека со континуирано подигање на јавната свест и јакнење на инклузивните услуги, можеме да им овозможиме на нашите сограѓани со Даунов синдром да имаат исполнет живот, базиран врз еднаквост и недискриминација.Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините на лицата со Даунов синдром, со цел да им дадеме простор во нашето заедничко општество.Со цел непречено интегрирање на лицата со Даунов синдром во целокупното општество, потребна ни е планирана и координирана реализација на активностите на сите засегнати страни: државните институции, здравствените установи, образовните институции, социјалните центри и граѓанските организации.Изразувам безрезервна поддршка на сите родители и семејства на лицата со Даунов синдром, и благодарност до сите институции и поединци кои се вклучени во нивниот едукативен процес, медицинска нега и социјална заштита.Нашиот однос кон лицата со попреченост е уште еден тест на декларативните заложби за изградба на инклузивно општество во кое подеднакво се уживаат човековите слободи и права.

Македонија | пред 3 години

bogdan-ilievski-betmen-velit-640x360

Зошто Пендаровски нема ист аршин кон другите осудени за 27 април, прашува Илиевски

Богдан Илиевски, еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што беше притворен, па амнестиран за настаните од 27 април 2017 година во Собрание, реагира за помилувањето (само) на Абдулфета Алими од претседателот Стево Пендаровски.„Ај уште еднаш…Не треба да соопшти Пендаровски детали за помилувањето на Абдулфета Алими. Фета е невин и е неправично осуден за терористичко загрозување на уставен поредок и треба да биде на слобода. ТРЕБА ДА СООПШТИ ЗОШТО нема ист аршин кон другите осудени во политички конструираниот монтиран процес со лажни сведочења на докажани лажни сведоци, осудени со драконски казни од партискиот судија на СДССМ, во процес кој заврши со три гласа за промена на името на државата. Тоа треба да го соопшти Пендаровски“, коментира Илиевски на Фејсбук.

Коментари | пред 3 години

pendaroski

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата, претседателот Стево Пендаровски ја упати следнава порака:C’est aujourd’hui la Journée internationale de la Francophonie! Денес е Меѓународниот ден на Франкофонијата! Денес, кога пламените јазици на војната се закануваат да го изменат светот кој го познаваме, уште повеќе треба да ги афирмираме вредностите во кои веруваме и кои ни даваат поттик да продолжиме понатаму, наспроти сите предизвици. Вредностите на демократијата, човековите права, толеранцијата и меѓусебното разбирање.Меѓународниот Ден на Франкофонијата, 20 март ни дава можност уште еднаш да проговориме за овие вредности, кои се дел и од франкофонската идеја и мисија. Да проговориме на француски, јазикот на кој низ историјата се истакнува идејата за слобода, братство и еднаквост. Да оддадеме посебна почит на јазикот на Молиер и на франкофонската традиција на нашата земја, знаејќи, истовремено, дека се работи за жива традиција која е мост и за иднината, во нашата, обединета Европа.Франкофонијата е почитување на разликите и културно преплетување кое ни служи како инспирација и поттик за негување на јазикот, традицијата, историјата. Вредносна платформа за афирмирање и на македонскиот идентитет, јазик и историја, и негување на она што треба да е срцевина на секое општество: толеранција, солидарност, мултикултурност.Македонското општество ги живее тие вредности. Денот на Франкофонијата, нека биде инспирација да се практикуваат овие вредности, помеѓу останатото, и преку учењето на францускиот јазик.Пламените јазици на војната да ги замениме со јазикот на дипломатијата, на уметноста, на љубовта.Ensemble, nous construisons la Francophonie de l’avenir!Заедно да ја создаваме Франкофонијата на иднината!

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања