Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

пендаровски

pendarovski

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница,Ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо.Драги сограѓани Бошњаци,Најголем успех на државата е ако сите нејзини граѓани, независно од нивниот идентитет, ја чувствуваат како своја татковина и ако преку своите засебности придонесуваат кон општото добро. Горди сме што вие, Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество, но и важна врска на Северна Македонија со држави во кои живеат ваши сонародници. Верувам дека само сплотени ќе ги надминеме сите здравствени, политички и економски предизвици и ќе ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија.Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, радост и бериќет.

Македонија | пред 3 години

pendarovski

Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Република Словенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска - 12 септември 2022 година ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, a на покана на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.На состанокот, којшто се одржува во Брдо кај Крањ, ќе учествуваат претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.На лидерскиот состанок ќе се дискутира за актуелните клучни теми во регионот и Европа, за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, за безбедносната состојба и руската агресија врз Украина, како и за мерките и начините за справување со енергетската и економската криза со кои се соочуваме, како последица на војната во Украина.Процесот Брдо-Бриони, како заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска е формиран во 2010 година, со цел забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, преку решавање на отворените билатерални и регионални политички прашања, и претставува една од најважните политички иницијативи во Југоисточна Европа, која воедно го трасираше патот за формирање на Берлинскиот процес.

Македонија | пред 3 години

Foto-3

Претседателот Пендаровски на Охридски пливачки маратон

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство.На стартот, претседателот Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон.Претседателот Пендаровски, проследи дел од маратонот во придружба на талентирани ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои се гости на претседателот и сопругата како дел од програмата за поддршка на млади таленти „Отворен Кабинет за талентирани ученици“.Годинава во машка категорија се натпреваруваат Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Единствената учесничка во женска категорија, годинава, е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Македонија | пред 3 години

pendarovski-2

„За успешна борба против дискриминацијата, неопходно е да имаме независни тела“, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на свечениот прием по повод почетокот на Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа, чиј домаќин е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски им посака успешна работа на учесниците и позитивни резултати од конференцијата, посочувајќи дека сузбивањето и борбата против дискриминацијата претставуваат предизвик не само за нашата држава и регион, туку и за многу поразвиени општества и демократии.„Како што формите и опфатот на дискриминација, за жал, постојано се прошируваат, така се наметнува и потребата од прилагодување на националните законодавства, прифаќање на добрите практики и професионален пристап на сите надлежни институции и организации, со цел, да се обезбеди ефективно спроведување на принципот на еднаквост во буквално сите области од општественото живеење“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.Тој посочи дека овие регионални конференции претставуваат можност за размена на добрите практики и споделување на корисни идеи и искуства помеѓу националните механизми за заштита на човековите права и телата за еднаквост, а со цел да ја подобриме работата на сите фактори во овој сегмент.Претседателот потенцираше дека во оваа прилика е добро да потсетиме дека Северна Македонија изминативе години направи голем исчекор на ова поле, и легислативен, и практичен.„За успешна борба против дискриминацијата, неопходно е да имаме независни тела, кои ќе имаат знаење и капацитет да се справат со обврските, а тоа значи, доследно да се имплементираат законските одредби за заштита на човековите права. Тоа понатаму значи, координирано и навремено реагирање заради превенирање и санкционирање на сите форми на дискриминација.Во оваа прилика, сакам јавно да повторам дека ќе продолжам целосно да ги поддржувам напорите на Комисијата, особено во насока на подигање на јавната свест, информирање и едукација на граѓаните за сите видови на дискриминација со кои тие се соочуваат“, рече претседателот Пендаровски и изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која во континуитет ги поддржува активностите во овој важен сегмент, преку поддршка и јакнење на националните механизми за антидискриминација.Неодамна, Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка, со цел преземање на координирани активности за промоција на заштитата и обезбедување на целосно и еднакво уживање на човековите права и основни слободи.

Македонија | пред 3 години

pendarovski

Пендаровски: Со имплементација на Рамковниот договор станавме членка во НАТО и добивме статус на кандидат во ЕУ

Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис Трајковски и претставниците на ЕУ и на САД го потпишаа Рамковниот договор кој ја спречи натамошната ескалација на конфликтот и донесе мир и стабилност како предуслови за натамошен демократски развој на македонското општество, вели претседателот Стево Пендаровски во својата објава на социјалните мрежи.„Клучните придобивки од договорот беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата. Со него се поставија и темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници.Во изминатите 21 година, меѓу другото и преку имплементација на Рамковниот договор станавме членка во НАТО, а, добивме статус на кандидат и ги отворивме преговорите со Европската Унија. Во тој процес изградивме модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците.Денес, кога сведочиме на војна на европско тло и кога живееме под притисокот на старите и новите безбедносни закани мораме секогаш пред очи да го имаме еден од основните принципи на Рамковниот договор со кој употребата на насилство заради постигнување на политички цели се отфрла целосно и безусловно, затоа што само политички решенија и дијалог можат да гарантираат стабилна и демократска иднина.Сите наши напори во иднина да ги насочиме кон многу посилен економски развој, квалитетно образование и здравство, и здрава животна средина во која ќе постојат сите претпоставки за секој наш граѓанин да ги реализира своите амбиции и потенцијали“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

dzambaski

„Стево Коминтерната ги велича бугарските просветители и го прекршува договорот за добрососедство“ вели Џамбаски

На објавата на претседателот Стево Пендаровски, реагираше и европратеникот Ангел Џамбаски.„Стево Коминтерната ги велича „славните преродбеници“, познати и како бугарските просветители, браќата Милдиновци. А тоа што го напиша директно го прекршува договорот за добрососедство, како и познатиот „француски“ предлог.Дали знае некој дали дичев, дечев, бечев, пичев и останатите клети софиски македонисти веќе отидоа во Скопје да клечат?“, напиша Џамбаски

Македонија | пред 3 години

292296498_601199648037616_2353865649675105476_n

Бугарски пратеник со опомена до Пендаровски: Ова да ти е последно, браќата Миладиновци самите се нарекуваат Бугари!

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии од посетата на спомен-куќата на Димитар и Константин Миладинови, во Струга.„Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга. Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас“, напиша Пендаровски.Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев ја сподели објавата и напиша дека ова треба да биде последна објава која било кој преставник на Македонија ја пишува на ваков начин„Ова треба да биде последниот пост што Стево Пендаровски, како и секој друг официјален претставник на Северна Македонија, го пишува на овој начин. Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главниот, хоризонтален критериум за напредок на Скопје на пат кон преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја.Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана - бугарски, а самите себеси за Бугари.На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пена им излезе од устата со спомнувањето на „Бугарите““, вели тој.

Македонија | пред 3 години

Foto-3-1

„На тацна да ти даваат власт сега во Македонија треба да одбиеш, ако си нормален “, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски од студиото на ТВ21 кажа дека во моментов на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален’.Претседателот смета дека во моментов во државата има мултиплицирана криза и со енергија, и со инфлација и со бугарско вето.„Имаме една мултиплицирана криза. Заради војната во Украина имаме проблеми со енергија, со високи цени на производи, претходно наши делби и парламентарни блокади, и ова е капак на се.Имаме ситуација дека кога на тацна да ти даваат власт сега во Македонија без избори треба да одбиеш, ако си нормален. Треба да одбиеш“, изјави Пендаровски.Тој додаде дека никој не би се нафатил сега да биде власт и да направи резултати на краток или среден рок.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бачев за Пендаровски: Имам да му кажам нешто во четири очи, потоа некој деифинитивно ќе биде на патос

На вчерашната прес конференција претседателот на Македонија, Стево Пендаровски изјави дека ако Апасиев треба нешто да му каже тоа треба да го направи во очи. На ова реагираше лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев кој вели дека и тој има да му каже нешто во четири очи.„Се сложувам со Пендаровски дека не е добро да се пцуе почината мајка, но, младиот Димче го направи тоа, нели, со младоста оди лудоста!Но, поентата ми е, Стевче вели дека Димче требало да го опсуе во четири очи и во таков случај ќе имал последици, или народски кажано, ќе го здрвел од ќотек. Еве јас имам да му кажам на Стевче во четири очи за мојата лична болка со неговото рушење на мојата втора мајка - Македонија. Нека повели Стевче ако има нешто меѓу нозете, кога сака и каде сака во четири очи. Потоа некој #дефинитивно ќе биде на патос“, вели Бачев.

Коментари | пред 3 години

7-2

Димитров: Пендаровски греши во клучен историски момент

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека актуелниот претседател Пендаровски греши.Неговата објава ви ја пренесуваме во целостПендаровски греши!Греши во клучен историски момент!Еве зошто:▪︎Бугарија и досега и со и без предлогот ќе можела да не’ блокира.Едвард Џозев: “Ќе ви ја кажам разликата. Ова е многу важно прашање и ќе бидам многу јасен во одговорот. Кога Бугарија сега блокира, вака, тие се изолирани. Изолирана е. Во ЕУ. Можат да продолжат да блокираат, ама се изолирани.Со францускиот предлог - тие веќе не се изолирани, Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана и Бугарија ќе си продолжи да блокира. Што е подобро за вас? Да ве блокираат изолирани или неизолирани? Одговорот е многу јасен.”Немам што да додадам на одговорот на Едвард.▪︎ Да донесеме дома документ каде ќе се обврземе дека ако Бугарија или било која друга земја членка повторно го оспорува македонскиот јазик и идентитет ќе ги прекинеме преговорите.Бугарија преку Собранието и болдирано: “… ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” (во наводници) од страна на Бугарија.”Во воведната изјава на ЕУ, значи на ЕУ како европска позиција ќе стои ОВА: “Во однос на преводот на европското законодавство на македонски, ЕУ ги забележи унилатералните декларации на Бугарија и на Северна Македонија за македонскиот јазик.”Е сега, дали овие реченици можеби ги разбирате како откажување од негирањето на македонскиот јазик?Па Бугарија и СЕГА го негира постоењето на македонскиот јазик и ни го пишува во наводници. Па токму согласно тезата на Пендаровски, треба и сега да ги прекинеме преговорите, односно воопшто да не ги почнуваме под овие длабоко антиевропски услови.▪︎ Предлогот е нов бидејќи така кажал МакронОва беше клучниот аргумент зошто и тој го смета предлогот за нов. Оти така кажал Макрон (кој не кажа баш така). Подобро би било чесно да се анализираат корекциите во текстот, бидејќи веќе ги имаме.Имено, се работи за две “разлики” во текстот: 1) иако првата политичка меѓувладина конференција ќе почне да ги отвара преговорите (претходно не беше така) фазата на отворање ќе заврши по внесувањето на Бугарите во Уставот (како и претходно); 2) зборовите “билатерални протоколи” по член 12 сега се “годишни извештаи и мерки за ефективна имплементација” по член 12 (една иста работа сега има поинаков назив, бидејќи токму протоколите од член 12 содржат годишни извештаи и мерки).-▪︎Најголемата мана на предлогот е што ќе дојдеме до нова блокада но сега домашна, бидејќи нема 2/3 мнозинство за промена на УставотДали можеби ќе беше помудро да обезбедиме услови за 2/3 мнозинство, ако веќе преземаме таква обврска, преку вклучување на опозицијата и обид да се обезбедат условите за нивна поддршка?Можеби тоа ќе беше барање Софија да го повлече негирањето на македонскиот јазик, односно да го прифати мнозинскиот македонски народ ако веќе бара измени на Преамбулата и влегување во сила на амандманот на крајот на процесот.Вака свесно правиме непоправливи концесии, знаејќи дека ќе запреме веднаш на следниот чекор.▪︎Нема обврска за историските прашања и тие не влијаат на пристапниот процес.Од предлог рамката, точки 55 и 56 ЦРНО НА БЕЛО:“ЕК редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во сите области во текот на преговорите, а посебно при презентирање на нацрт заедничките позиции на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во параграфот 5 (ќе погодите, овој параграф ги содржи двата договара и другиот назив на билатералните протоколи) и ќе ја информира меѓувладината конференција за нивна имплементација.Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучувањето за следните чекори во преговорите за односните поглавја или кластери.“Што значи сето ова? Софија е незадоволна од работата на комисијата на историчарите. Затоа и бара протоколи. Бидејќи сега работата на комисијата (и многу други барања на Бугарија, споменици и слично) е директно поврзана со напредокот во преговорите, дали и како ќе се движиме кон ЕУ апсолутно ќе зависи од прашањето дали Софија е задоволна од работата на историчарите.Може ли да се договориме на минимум пристојност во оваа јавна дебата и демек консултации да не манипулираме барем за пишани работи?▪︎ Подобро да не’ оценува Европската комисија и сите земји членки, одколку само Бугарија.Бугарија не си ги прикрива намерите. Како дополнителна точка кога го усвои предлогот, бугарското Собрание порача: “Да се гарантира дека добрососедските односи остануваат хоризонтален критериум преку целиот пристапен процес на Северна Македонија и за нивната имплементација ќе известува Европската комисија (прво) до Советот (читај до земјите членки и пред се’ Бугарија) пред секоја меѓувладина конференција (каде седиме и ние).Со други зборови, Бугарија нема никаква намера да го разлабави менгемето. Напротив. Сака да го види извештајот прво таа. А која земја членка ќе се интересира повеќе од Бугарија што се случува во комисијата на историчарите, Ирска?Да се тврди дека надградувањето на бугарските барања во европски некако ни одговара е наивно и крајно неодговорно. Инаку, надлежниот еврокомесар за извештаите е Оливер Вархеји.И конечно:▪︎ Добрососедските односи отсекогаш биле дел од Копенхашките критериуми.Ова е елементарно незнаење. Добрососедските односи се дел од друг процес, Процесот за стабилизација и асоцијација. Токму затоа, во португалскиот предлог овие прашања беа ставени во тој процес, а не во пристапниот и меѓувладините конференции.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пендаровски за пцовката на Апасиев: Тоа може да искаже човек кој му фали нешто во главата или е ушмркан

Пендаровски ја прокоментира пцовката на Апасиев.„Тој тип јавно ја пцуеше Шеќеринска. Знам за каква креатура се работи. Не верував дека може да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка која не можев да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека беше крајно нечовечки, да ми пцуеш гроб на почината мајка е нешто не се простува. Таква работа може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Мислам дека тој психопат не е со сите. Тоа е настан без преседан“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

apasiev-1068x580

Апасиев му врати на Пендаровски: Вошко предавничка

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи по изјавата на претседателот Пендаровски.„Претседателската ВОШКА Пендаровски, ме нарекол "гнида" на прес!? Па није могуче#ВошкоПредавничка“, напиша Апасиев.Претходно Апасиев го опцу претседателот, а Пендаровски вели дека само човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата може да каже таква работа.„Тој тип јавно ја пцуеше Шеќеринска. Знам за каква креатура се работи. Не верував дека може да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка која не можев да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека беше крајно нечовечки, да ми пцуеш гроб на почината мајка е нешто не се простува. Таква работа може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Мислам дека тој психопат не е со сите. Тоа е настан без преседан“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Foto-1

ВО ЖИВО: Пендаровски за францускиот предлог

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност.На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Македонија.

Македонија | пред 3 години

Foto-4

„Предлогот за мене е прифатлив“, вели Пендаровски

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржa 16-та седница на Советот за безбедност.На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.„Не верувам дека е точна перцепцијата која се создава во дел од јавноста дека е ова судбинска дилема и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинирала судбината на идните генерации граѓани.Со одлуката да го прифатиме модификувааниот француски предлог би донеле одлука да ги отвориме преговорите, а знаете дека тие траат со години. Одлуката нема да биде историски триумф ниту историски дебакл.Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив. Со предлогот ја креваме бугарската блокада и дозволува формално отварање на преговорите. Овозможува скрининг процес и ама баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет.Засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе. Не тврдам дека преговорите во изминативе две години не можло да де добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку деталиОд позиција на човек кој имал средби со врвни европски политичари ве уверувам дека во моите разговори, немам добиено впечаток дека тие сакаат да ја разнебитат македонската нација. Нивниот интерес е економскиот. Не гледам дека нивниот интерес е да менуваат ничија етничка карта.Со овој предлог остануваме на европскиот колосек. Но до овој момент не губиме ништо. Сега е време да го отвориме стратешкиот дијалог меѓу нас.Поддршката за ЕУ паѓа поради условувањата. Најголем генератор за овој проблем е Брисел.Инсистирам да започнеме национална дебата за тоа кој ќе биде нашиот став во однос на сите овие иницијативи и прашања со кој може да биде преуредена политичката архитектура“, вели Пендаровски

Македонија | пред 3 години

apasiev-pendarovski

Апасиев до Пендаровски: „Пи*ка ти матер“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно упати пцост до претседателот на државата, Стево Пендаровски,откаковчера беше објавен „модифицираниот“ француски прелдогза започнувањена преговорите за членство во ЕУ.„Пендаровски,пи.ка ти матер“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.Претседателот Пендаровски на Самитот на НАТО изјави дека го видел, како што вели, „модифицираниот“ француски предлог и дека тој е „далеку подобар за нас во споредба со претходниот“.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања