Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

пендаровски

Screenshot-2023-08-02-201455

(ФОТО) Вучиќ и Пендаровски играа шах: „Одигравме убава партија“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија со шефот на македонската држава, Стево Пендаровски, на која тие играат шах.-Одигравме убава партија шах! – напиша претседателот Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил.Претходно двајцата претседатели ја посети винаријата Алексиќ, а Вучиќ денеска во манастирот Прохор Пчињски беше домаќин на Пендаровски по повод големиот празник на македонската држава, 2.август.

Македонија | пред 2 години

Foto-5

Пендаровски на 2 Август ќе се сретне со Вучиќ во манастирот „Св. Прохор Пчински“

На 2 август 2023 година претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ќе предводи државно-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ Пендаровски ќе биде пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба.

Македонија | пред 2 години

Foto-3

Aко не го промениме Уставот, во сила стапува само блокада, вели Пендаровски

Крајниот рок за гласање за уставните измени е 30 ноември, кога завршува скринингот, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски.Пендаровски е на ставот дека гласање ќе има оној момент кога ќе бидат обезбедени 80 пратеници.„Не верувам дека гласањето за уставните измени ќе биде на 17 август, не затоа што се колективните одмори во прашање, туку затоа што нема да биде завршена дебатата. И да почне дебатата, не може да заврши толку брзо за да имате гласање на 17 август. Мојата проценка е дека или ќе се направи сериозен обид да се обезбеди двотретинско мнозинство или нема зошто да се форсира брзо гласање, кога во овој момент е јасно дека нема двотретинско мнозинство во Собранието“, изјави Пендаровски.Тој во гостувањето на Канал 5 телевизија посочи дека крајниот рок за гласање е 30 ноември, кога завршува скринингот. Подоцна од 30 ноември, ако до тој момент не го промениме Уставот, рече Пендаровски, во сила стапува само блокада.Пендаровски вечерва истакна дека во наредниот период се очекува уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД

Македонија | пред 2 години

Foto-2

Kога човештвото се наоѓа пред безброј предизвици кои ги негираат клучните цивилизациски придобивки, повеќе од потребни ни се уметноста и културата, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на свеченото отворање на 63. издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето“, кој традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.На свеченото отворање уметничката порака ја пренесе Бисера Чадловска, прва жена диригент во Националната опера и балет, која неодамна ја одбележа 20-годишнината од својата уметничка дејност. Таа важи за еден од најплодните оперски и балетски диригенти, под чија диригентска палка се реализираат голем број оперски и балетски претстави со ансамблот на Националната опера и балет.Свое обраќање на отворањето на фестивалот имаше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.Годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ беше отворено со настапот на романскиот сопран Анџела Георгиу, заедно со оркестарот на Националната опера и балет.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.Драги пријатели,Конески велеше: духот не може лесно да се потчини, ниту да се вкалапи, следствено, ниту уметникот и неговото дело. Оттаму, посакувам слободната мисла, која уметниците овде, во Охрид, ја претставуваат низ своите креации, да го преобликува и да му даде поинаква суштина, барем за миг, на она што е гнило и проблематично во светот. Бидејќи токму во тоа е значењето на гласот на уметникот - да укаже на она што ги повредува луѓето и да ги истакне нашите доблести кои бездруго ги имаме повеќе од нашите пороци.Повеќе од шест децении „Охридско лето“ е местото каде што пристигнуваат најрелевантните уметнички продукции од сите страни на светот. Со комуникација на човековите искуства, артикулирани низ различните уметнички форми, можеме длабински да ги согледаме сите битни социо-културни движења. Особено, кога станува збор за можноста која ја дава програмата и концептот на Охридско лето, имено, размислувањата за акутните состојби кои ги засегаат луѓето, да се вкрстат преку различните уметнички изрази со потекло од најразличните културни контексти.Почитувани,Не постои ништо поважно од континуитетот во градењето на институционалната меморија на нацијата. Фестивалот „Охридско лето“ е парадигма за токму таквиот континуитет, кој преку својот шеесет и три години грижливо архивиран и развиван институционален капитал остава темелни траги во меѓународната размена на културни и уметнички вредности.Во овој древен град, се чува античкото, но, се создава и вреднува и современото. Тука раскошот на природниот амбиент со векови ги инспирира луѓето да го покажат најдоброто во градителството, во уметноста и духовноста. На таа хармонија и убавина, на историјата и културата, фестивалот „Охридско лето“ природно и спонтано се надоврзува, нудејќи го најдоброто од музичката и сценската уметност, грижливо селектирано од сите светски меридијани. При тоа, фестивалот остава длабока трага помеѓу бројните цивилизациски и културни слоеви напластени во овој навидум мал, а толку многу значаен простор.Круцијален национален императив е да го задржиме нивото и квалитетот што со себе го носи фестивалот „Охридско лето“. Само на тој начин ќе оставиме достоен печат на своето постоење во времето во кое живееме. Да оставаме вредности и патокази за следните генерации, да вложуваме во културата и во уметноста.И не само тука во Охрид, да овозможиме уметниците да продолжат да нудат визија за еден подобар свет. Затоа што, како што вели минатогодишната нобеловка за книжевност, Ани Ерно - „Болката не може да се чува недопрена..., најдобриот начин за нејзина трансформација е преку јазикот на уметноста. Бидејќи, ако ги имаме вистинските зборови, ако го имаме вистинскиот јазик, оружјето нема да ни биде потребно.“Драги пријатели,Во мигови кога човештвото се наоѓа пред безброј предизвици кои ги негираат клучните цивилизациски придобивки, повеќе од потребни ни се уметноста и културата преку кои ќе повратиме барем дел од загубените или злоупотребени вредносни системи.Посакувам успешни фестивалски денови и креативна размена на искуства помеѓу уметниците од целиот свет.Со оваа мисла, дозволете ми да го прогласам фестивалот „Охридско лето“ за отворен.

Македонија | пред 2 години

PRSM-Pendarovski

Ковачки до Пендаровски: Вие и Вашите привремени и променливи ставови сте неважни како снег во јуни

„Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тогаш бројката од 80 пратеници за усвојување на уставните измени не е недостижна“, вели претседателот Стево Пендаровски.Во врска со оваа изјава на социјалните мрежи се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.„Зарем некому му е важно што смета г-динот Пендаровски?Во секоја нормална држава, па дури и во нашава во која Претседателот согласно Уставното уредување нема голема извршна моќ, но сепак поради легитимитетот кој го има добиено на избори од граѓаните, ставовите на човекот кој е Претседател на Држава би требало да се сметаат за сериозни.Друга работа е што сите знаеме како тој го добил легитимитетот, односно кои концесии и ветувања морал да ги реализира за потребите на ДУИ и на остатоците-отпадоците на Сојузот на комунистите.Како може да му се верува на човек кој додека беше носител на листа на она што Заев успеа да му го собере се на купче (од шарени, невладини, разочарани итн..) ветуваше и тврдеше дека-цитирам:1. Нема шанси да дојде до промена на името на Македонија,2. Во новата програма на Владата, името нема да биде воопшто приоритет,3. Нема таков јунак кој ќе го смени името, затоа што народот душата ќе му ја земел на тој што тоа ќе го направи,4. Не може да се смени името без државен консензус,Истиот човек, г-динот Пендаровски, кога беше пратеник тврдеше дека - цитирам:1. Резултатите од референдумот за промена на името ќе бидат обврзувачки, не може да биде: ги прашавме граѓаните, ама не ни се допаѓа резултатот и ќе продолжиме,2. Ако референдумот е неуспешен, процесот запира тука.Истиот човек, кога стана Претседател изјави дека - цитирам:1. Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин,2. Ние во Скопје, тука, немаме видено предлог за решавање на спорот со Бугарија,3. Јас го работев предлогот, јас ги пишував формулациите,4. Нема да ги потпишам законите за Бехтел-Енка,5. Донесов одлука да ги потпишам законите познати во јавноста како Закони за Бехтел-Енка.6. Процесот на Уставни измени не смее да биде како оној со Преспа и менувањето на името,7. Нема да коментирам за Уставните измени додека не се договорат лидерите на партиите,8. Бројката од 80 пратеници за промена на Устав, не е недостижна...И така, има уште многу вакви и слични изјави за "цврстите" ставови на таткото на нацијата, кој ги навреди дури и војниците од 2001 година кога се откажа од нив нарекувајќи ги дека се неспособни (заборавајќи дека неспособноста и килавоста беше кај политичкото раководство од кое и тој беше дел - широка влада).И сега, треба да му се верува на изјавите на Пендаровски кој тврдеше дека знаел дека војната во Украина ќе почне цели 3 месеци пред Русија да нападне, а не ја известил Владата за да истата се подготви за економските последици, или на човекот кој се сликаше со болното момче од цистична фиброза ветувајќи му лек и помош, а истото почина поради негрижа и незаинтересираност?Дали некому му се важни изјавите на човекот кој сопствениот народ го нарече СТОКА и кој на јавна сцена кажа дека доколку не би бил претседател би се иселел од државата?Г-не Пендаровски, доволно беше, доста со едни исти замајувања, те имало - те немало пратеници за промена на Устав.Нема!Вие и Вашите привремени и променливи ставови сте неважни како снег во јуни.Македонија немала послаб Претседател. Вие не сте татко на нацијата (а имавте можност да бидете), Вие сте само слеп послушник на ДУИ и Ковачевски.Толку многу го заглавивте возилото наречено Македонија во калта, што за излез од оваа ситуација ќе ни треба 4х4 влеча, туркање од позади и влечење од напред.А за да може тоа возило воопшто да вклучи 4х4 влеча, треба ремонт на моторот.Потребни се избори на кои ќе заминете и ќе Ве заборавиме Вас и Вашите антимакедонски и политики за поддршка на криминалот на ДУИ и остатоците-отпадоците на Сојузот на комунистите.#Промени

Коментари | пред 2 години

Foto-3-1

Небулозни се тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски не е ниту оптимист ниту песимист за уставни измени. Тој себеси се гледа како реалист, според кого не може да има штета за нашиот идентитет доколку во Уставот внесеме уште шест етнички заедници. Во интервју за Фактор, претседателот Пендаровски изразува уверување дека ако опозицијата ги отфрли „небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, бројката од 80 пратеници не е недостижна“.„Многу добро знам што содржи рамката и кои се позициите на двата спротивставени политички блока во однос на неа. Ако во нашиот Устав веќе 22 години имаме внесено седум народи и делови од народи, каква штета може да има за македонскиот народ и идентитет ако внесеме уште шест етнички заедници кои живеат тука. За жал, опозицијата реши да се грижи повеќе за својот рејтинг отколку за стратешките интереси на државата и само тоа е причината зошто е неизвесно дали ќе дојде до промената на Уставот“, вели Пендаровски.Тој не се согласува со констатацијата дека опозицијата, но и некои довчерашни владини партнери или пратеници од власта нема да прифатат уставни измени под бугарски диктат.„Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени. На лидерската средба тие прифатија да влезат во Владата и да предводат пет ресори и изразија противење само за учество во Владата на најголемата партија на Албанците во Македонија. Ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тогаш бројката од 80 пратеници не е недостижна“, смета Пендаровски.

Македонија | пред 2 години

355143858_833095114848067_4196146501286828593_n

Пендаровски се сретна со активистот кој започне штрајк со жед пред Собрание барајќи целосно решение за лицата без документи

Активистот за човекови права и слободи Суад Мисини го започна најавениот штрајк со жед. Оваа негова постапка доаѓа како резултат на негрижата на институциите да не одобрат законски измени во корист на лицата за кои државата нема никаква евиденција, познати како граѓани фантоми. Според него, за еднаш засекогаш да се реши овој проблем мора да се сменат законите за лична карта и за живеалиште. Оптимист е дека институциите навреме ќе интервенираат.Утрово претседателот Стево Пендаровски го посети Мисини и го информирал дека го потпишал Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните.„Утрово го посетив активистот Суад Мисини кој во текот на вчерашниот ден го започна неговиот штрајк со жед со цел да им помогне на нашите граѓани кои имаат проблем со личните документи.Во разговорот го информирав дека веќе го потпишав Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните. Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со без државјанството и на секое дете кое ќе биде родено во земјата затоа што ќе добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители имаат или немаат лични документи.Посебно сакам да потенцирам дека е потребно што е можно поскоро да се направат измени и во Законот за живеалиште и престојувалиште со што ќе се овозможи на уште една ранлива категорија наши граѓани да извадат лични документи.Апелирам до пратениците во македонското Собрание кои веќе работат на овој процес да го завршат час поскоро затоа што секој човек има право на достоинствен живот.На крајот на разговорот побарав од Суад Мисини да продолжи со неговиот активизам на начин на кој нема да биде загрозено неговото здравје“, објави Пендаровски.

Македонија | пред 2 години

Foto-2

Пендаровски: Не би сакал војната во Украина да биде поттик за нешто позитивно како што е проширувањето на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ на Преспа форум за дијалог 2023, што се одржува во Струга на тема „Проширено европско семејство до 2030: (Не)возможна мисија?“.Пред учесниците на форумот претседателот Пендаровски говореше по прашањето на руската агресија врз Украина и промени што војната ги донесе на европскиот континент.Претседателот Пендаровски истакна дека војната во Украина го врати фокусот на геополитиката и геополитичкиот начин на размислување стана доминантен во Европската Унија по однос на прашањето на проширувањето. Ако војната во Украина е поводот Европската Унија да го врати интересот за проширувањето кон регионот на Западен Балкан, тогаш, според претседателот Пендаровски, многу природно се наметнува прашањето - што ќе се случи кога војната во Украина ќе заврши? Дали ќе се вратиме на вообичаеното, што значи помалку внимание за Западниот Балкан како регион и тоа не само во однос на проширувањето? -Не би сакал војната да биде поттик за нешто позитивно што би требало да се случува, рече претседателот Пендаровски.Според претседателот Пендаровски, бавното темпо на процесот на интеграција во Европската Унија е закана за демократијата и мирот на Балканот. Преговарачкиот процес, според македонскиот претседател, ги унапредува демократските процеси во земјите-кандидати, додека без надзорот од ЕУ назадувањето е очигледно, а во многу случаи и неизбежно. Дополнително, според претседателот Пендаровски, предолгото чекање за ЕУ членство може да доведе до тоа луѓето да бараат алтернативи и да дојде до остар пад на поддршката за членство во ЕУ, а без пристапниот процес се јавува повеќе простор за малигни влијанија поради фактот што земјата-кандидат не е дел од заедничките механизми за размена на информации и управување со кризи.За да видиме системски и неповратен напредок, потребна ни е рамка за тоа - правна, политичка и економска, плус безбедност и разузнавање. ЕУ, според претседателот, е солидна рамка за првите три компоненти, а НАТО за последните две.Претседателот Пендаровски исто така се осврна и на можностите и предизвиците што ги нуди вештачката интелигенција и во таа насока ги поздрави иницијативите што се преземаат од владите и меѓународните организации со цел да се изнајдат решенија за полезно користење на вештачката интелигенција за јавно добро и напредок, додавајќи дека автократите може да ја злоупотребат вештачката интелигенција на сличен начин како што ги злоупотребуваат и социјалните медиуми.Во однос на политичкото учество на жените и младите во земјава и регионот, претседателот Пендаровски истакна дека патот за нивното вклучување во процесите на донесување на одлуки отсекогаш бил тежок во општества каде доминирале мажите, но дека е потребно афирмативно дејство за нивно политичко учество и во процесите на донесување на одлуки.На сесијата се обратија и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, помошник генералниот секретар на ОН, Мирослав Јенча и младинскиот претставник Зорана Антовска, а свое видео-обраќање имаше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Македонија | пред 2 години

pendarovski-tasevski-696x392-1

Тасевски до Пендаровски: На која држава и се заколна дека ќе ја штитиш? Што сте бе вие? Шверцери?

После црниот петок, прогласен од синдикатите за во Собранието, усвоените Бехтел&Енка закони, следуваше брз потпис на Указите за сите 5 закони.Претседателот Стево Пендаровски објави дека ги потпишал по консултација со своите правни експерти. Тврди дека никаде ја нема озлогласената формулација за 60-часовна работна недела и поради тоа го потпишал ова законско решение.Актерот Сашо Тасевски објави статус на социјалните мрежи во врска со ова.„Стево како тоа законот е противуставен ама ти ќе го потпишеш?Значи го кршиш уставот.Кажи чиј претседател си ти?На која држава?На која држава и се заколна дека ќе ја штитиш?Што сте бе вие?Бакали, пиљари, препродавачи… шверцери. Државава тезга ви е?Патлиџан не продавате бе“, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

Foto-3-1

Пендаровски го посети центарот Една точка за услуги (ЕТУ) во Куманово

Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Куманово, каде што присуствуваше на промоција на нови е-услуги во центарот Една точка за услуги (ЕТУ).На настанот беа промовирани услугите за издавање на уверение за регистрираните податоци во матична евиденција за стажот на осигурување, остварени плати и надоместоци - (уверение за стаж) и издавање на извод од компјутерски запис - образец М1/М2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување.Претседателот Пендаровски имаше можност да ги искористи услугите во центарот Една точка за услуги (ЕТУ), од каде што му издадоа уверение за стаж и М1/М2 образец. Претседателот порача дека овој проект, чија цел е да овозможи ефикасни, брзи и достапни услуги, ќе им го олесни животот на граѓаните и претставува исчекор кон создавање јавна администрација како вистински сервис на граѓаните.На промоцијата на новите е-услуги во центарот Една точка за услуги (ЕТУ) во Куманово присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Една точка за услуги (ЕТУ) е проект на Министерството за информатичко општество и администрација чија цел е да ги соедини сите државни институции и да го поедностави пристапот на граѓаните до институциите и услугите коишто ги нудат.

Македонија | пред 2 години

Add-New-Post-‹-1.-—-WordPress-Google-Chrome

Пендаровски објави колкава плата ќе земе со новото покачување

Претседателот Стево Пендаровски денеска за медиумите потврди дека добил за 78 отсто повисока плата за месец април, откако Уставниот суд ги укина законските ограничувања.- По ново 165.000 денари, по старо 93.000 денари. Тоа го објавија сите медиуми, потврди кратко шефот на државата пред новинарите.Највисоки плати ќе добиваат премиерот Димитар Ковачевски, министрите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и пратениците, како и градоначалниците.

Македонија | пред 2 години

Foto

Пендаровски изрази сочуство: Нема утеха за семејствата што ги изгубија своите најмили и прераната загуба на детски животи

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски изрази сочуство до семејствата на загинатите и граѓаните на Србија за страшната трагедија во Белград.„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата, граѓаните на Србија и претседателот Вучиќ за страшната трагедија во Белград. Нема утеха за семејствата што ги изгубија своите најмили и прераната загуба на детски животи. На повредените им посакувам брзо закрепнување и оправување“, напиша Пендаровски.https://twitter.com/SPendarovski/status/1653719897325596672?s=20

Македонија | пред 2 години

Foto-3

Државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите во Уставот, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски има свој претставник од Кабинетот кој учествува во работната група за уставните измени.„Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за овие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите заедно со другите шест-седум народи“, рече Пендаровски.Претседателот не знае колку седници ќе бидат потребни, но оцени дека е добро што почнува постапката и што ќе се одвива пред очите на јавноста, без скриени агенди.Министерството за правда минатата недела го објави и тимот експерти што ќе учествуваат во работната група за уставните измени. Од Министерството велат дека списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови, кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.Опозициските партии одбиваат да учествуваат во работната група.Вчера, Бугарите од Македонија со писмо до премиерот Димитар Ковачевски предложија да бидат вклучат и нивни претставници во работната група за уставните измени.

Македонија | пред 2 години

Foto-3

Пендаровски прифаќа замена на формулацијата 20 отсто за јазикот

Претседателот Стево Пендаровски прифаќа замена на формулацијата 20 отсто за јазикот.Тој прифаќа да се замени формулацијата „20 проценти“ со терминот „албански јазик“ во Уставот. Претседателот денеска од Тетово истакна дека тој прв би ја поддржал таквата идеја.„Прв би поддржал, бидејќи мислам дека тоа е природна, нормална работа. Зошто нечиј етнички идентитет, кој е јасен и неспорен за секого, би го криеле зад бројки?“, рече Пендаровски.Шефот на државата изјави дека е подготвен да биде домаќин на лидерска средба за уставните измени, но, како што кажа, тој не може да натера никого на сила да разговара. Претседателот појасни дека од една страна, опозицијата би сакала на маса да се најде предлогот за промена на Уставот по хрватски модел, а другата страна настојува да се разговара само за внесот на Бугарите и затоа таквата лидерска средба засега е невозможна. Разговорите за уставните измени се очекува единствено да започнат да се водат во работната група што ја иницираше Министерството за правда.

Македонија | пред 2 години

pendarovski

Пендаровски две години немал конструктивен разговор со Радев: За танго треба двајца

Шефот на државата, Стево Пендаровски изјави дека нема контакти со бугарскиот колега Румен Радев. Пендаровски објасни дека последен пат кога се видел со него било лани на Мини самитот за енергетика во Софија.Во гостување во централниот дневник на „Сител“, претседателот Пендаровски рече дека во изминатите две години немал ниту еден конструктивен разговор со Радев.-„За танго треба двајца. Објективно изминативе две години Бугарија имаше серија на провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон ЕУ каква што немало во историјата на ЕУ. Ниту една држава не блокирала друга држава со тоа што викала „Вие не сте тоа што мислите дека сте“. Да зборувате за идентитетска политика и да викате дека јас не сум Македонец и дека само ако ги сменам сите учебници ќе можам да напредувам кон Европа... Ние може да глумиме средби, но последниве две години практично немам ниту еден конструктивен разговор со Радев“, изјави Пендаровски.За неговите изјави со кои предизвика реакција во Софија, Пендаровски рече дека поважна му е реакцијата на граѓаните во државава, отколку реакцијата од Софија.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања