Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

пендаровски

IMG_3375

Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните денови ги засилува нападите и заканите кон него, тој одговори дека за тоа постојат две причини.„Прво, тоа се таков тип на луѓе, 11 години владееја со насилство. Во 2011 година со специјални полициски сили ја затворија најгледаната телевизија во тоа време, што нас на памет не ни паѓа. Вие можете денеска да пцуете, да викате против претседателот на Македонија до утре сабајле, влакно од глава нема да ви фали. Значи, прво се такви, а второ во последните неколку денови ако забележувате ја засилуваат реториката и заканите, не само кон мене, туку и кон другите…тоа мене ми е знак дека работите не им врват добро на терен. Веројатно чувствуваат дека од удирање во гради изминатава година дека се сигурни победници и дека ќе победат со 100 илјади, со 200 илјади гласови разлика, дека не ќе е баш така. Вашето масовно присуство на терен е доказ дека тие се во голема заблуда“ порача Пендаровски пред граѓаните на Куманово.Во однос на обвинувањата од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за некакви тајни средби за наводна амнестија на одредени политичари, Пендаровски потсети дека токму Мицкоски од страна на европски институции бил посочен како извор на лажни вести.„Кога сакаш да амнестираш и кога амнестираш некого тоа се гледа. На Христијан Мицкоски најголем страв му е да не случајно Груевски се врати назад. И сега ме обвинува мене и неколку други политичари дека на тајни средби сме договарале Груевски да го враќаме назад амнестиран. Сега ве прашувам дали некој го видел Никола Груевски во Македонија? Значи станува збор за фрапантна лага на тој човек и впрочем тоа не е ништо ново. Пред четири години Европскиот Парламент во свој официјален извештај го посочи со име и со презиме Христијан Мицкоски како извор на лажни вести и дезинформации. И нема што понатаму да разговараме, јасно е сè“ истакна Пендаровски на преполниот плоштад во Куманово.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови, нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат

,,Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија.Токму затоа, прв предложив да се одржат 2 големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање. Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа.Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на тв дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати.”, изјави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тимот на Пендаровски: ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија

,,ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија. И тоа е добро бидејќи докажуваат дека многу бргу забораваат и што им ветуваат на граѓаните.И како што вели една поговорка, пред вистината и Боговите молчат, еве ги фактите:Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, во својство на актуелен претседател на државата појде во Тетово уште следниот ден по трагичниот настан на 8 септември 2021 година. Од таму, тој на 9 септември изрази солидарност со граѓаните на Тетово, но пред сè, со луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Истовремено повика на брза истрага и утврдување на причините за пожарот во кој загинаа 14 граѓани. Изјавата на Пендаровски дадена во Тетово, до ден денеска може да се најде на јутјуб каналот. Малиот генијалец Македон Димитровски од Стево Пендаровски, како актуелен претседател, доби признание „Млад Талент“ и парична награда. Иако во категоријата „Млад талент“, имаат право да конкурираат само ученици од средните училишта, на 25 ноември 2022 година беше награден и Македон Димитровски, тогаш ученик во трето одделение, за неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија.Оттука, ги советуваме Дафина Стојаноска и Христијан Мицкоски, следниот пат кога без аргументи ќе се обидат да ја лажат јавноста, да потрошат барем пет минути и на интернет да пребараат за што се заложил и кому помогнал Стево Пендаровски како актуелен претседател.”, реагираа од тимот на Стево Пендаровски а изјавата на Дафина Стојаноска.

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Пендаровски во Кавадарци: Силјановска-Давкова е личен избор на Мицкоски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Квадарци порача дека 24 април ќе биде клучен датум и дека токму во првиот круг потребна е масовна поддршка на концептот што ја води државата напред, кон интеграција во ЕУ.„Значи 24-ти, е клучниот датум, затоа што по длабоко мое уверување на 24-ти, од тие резултати многу ќе зависи конечниот исход и за двата избора и за претседател и за парламент. Ако на 24-ти покажеме дека сме многу побројни дека сме во големо мнозинство и сакаме оваа Македонија единствената татковина која ја имаме да продолжи по истиот пат. Мислам дека на сите ќе им биде јасно вклучително и на нашите политички опоненти дека ќе си останат опозиција и во наредните четири односно пет години“ порача Пендаровски.Одговарајќи на прашања од граѓаните, Пендаровски посочи дека тој во неговиот петгодишен мандат покажал дека е претседател за сите, дека во неговиот кабинет дошле над 4.500 луѓе, дека има поминато над 80.000 километри низ државата среќавајќи се со луѓе од различна верска, етничка и политичка припадност.Кандидатот за претседател Пендаровски оцени дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски штом до сега не прифатил, нема ниту во иднина да прифати дуел со него, како и тоа дека Гордана Силјановска-Давкова е личен избор на самиот Мицкоски.Пендаровски порача дека Силјановска-Давкова самата не се појавува на закажани и договорени настапи во рамки на нејзината кампања со што се докажува дека Мицкоски сака во исто време да биде и претседател и премиер.„Денеска видов барем едно пет, шест општини во Македонија кадешто е најавено на плакат дека доаѓа или кандидатката, таа не се појавува и наместо неа зборуваат други луѓе од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, мислам дека тука се крие една друга намера на нејзиниот партиски лидер која ја поддржа, бидејќи таа е личен избор на Мицкоски тоа го знаеме сите. Мислам дека тој сака во исто време да биде и претседател и премиер, ако се може“ посочи Пендаровски пред граѓаните на Кавадарци.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Го повикуваам на дуел Мицкоски, очигледно тој е кандидат за претседател

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на јавно телевизиско соочување:„Јас бев првиот од седумте кандидати кој уште пред 20 дена предложи таканаречена мастер дебата. Сите седуммина, пред сите телевизии да имаме најмалку две соочувања пред првиот круг и тие што ќе поминат во вториот круг, уште една потоа. Меѓутоа од страна на најголемата опозициона партија прво бевме одбиени бидејќи побараа двајца од кандидатите да не учествуваат. Меѓутоа, јас сакам вечерва да предложам да имаме вистински дуел, да има реален дуел, не фингиран дуел. Јас предлагам вечерва да излезам на дуел со Христијан Мицкоски, бидејќи очигледно тој е кандидат за претседател. Госпоѓата Силјановска не ја гледаме каде е“ порача Пендаровски.Пендаровски посочи и дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека таму се истите луѓе на Никола Груевски.„Ако се на власт ќе владеат исто, затоа што станува збор за истите луѓе. Генералниот секретар на Груевски е денешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кои јаки меѓународни пријатели ги имаат за да сменат нешто со Бугарија. А ние знаеме кои се нивни пријатели“ посочи Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски ги повика граѓаните на 24 април да гласаат за бројот еден, опција која за разлика од опозицијата не го дели народот по ниту една основа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

,,Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.Почитуван Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан бајрам.Големиот празник го означи крајот на триесетдневниот пост од утро до мрак во кој секој муслиман покрај од храната и пијалакот се откажува и од лоши мисли и дела, посветувајќи се на молитва и на духовност. Како еден од столбовите на исламот, Рамазан е месец на добрина, милост, љубов и простување. Токму во духот на празникот, не само во претстојните три празнични дена, туку и во текот на целата година да живееме во мир и во хармонија, да бидеме солидарни и љубезни, исполнети со среќа и со радост.Сите сплотени да споделуваме со нашите ближни, со нашите поблиски и подалечни соседи, визија за благосостојба, просперитет и развој на нашата заедничка татковина.Честит Рамазан бајрам!”, посака претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тимот на Стево Пендаровски: Мора да се спроведе соодветна истрага за уништувањето на Универзална сала

,,Кандидатот за претседател Стево Пендаровски изразува жалење за денешниот пожар што ја зафати Универзална сала во Скопје и повикува на брза реакција на надлежните институции.Мора да се спроведе соодветна истрага, да се лоцираат и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на овој значен објект.Кандидатот Пендаровски во следниот мандат ќе се заложи во најкус можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје, објект врежан во колективната меморија на десетици генерации скопјани.”, велат од тимот на Стево Пендаровски.

Скопје | пред 1 година

IMG_3357

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Северна Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.Претставниците на организацијата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.

Македонија | пред 1 година

IMG_3346

Пендаровски: Дали Мицкоски се кандидира за шпицен премиер или е кандидат за судија или обвинител?

Од Христијан Мицкоски извира ликот на Никола Груевски, порача Стево Пендаровски од синоќешниот граѓански митинг во скопски Аеродром, одговарајќи на прашање од граѓанин.„33 години сме независна држава, мантра на секој политичар е не само во време на избори дека правосудството мора да биде независно, судиите да бидат независни, да судат само врз основа на Устав, закон, меѓународни договори. И Мицкоски во 2024 година вели „ќе испитаме, неговиот имот ќе го испитаме, ќе провериме или ќе апсиме'. Не можам да сфатам дали е тој кандидат за шпицен премиер или е кандидат за судија, обвинител. Како можеш ти како политичар да најавуваш нечие апсење?“ праша Пендаровски.Пендаровски се осврна и на понудата на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова.„Дека мојата програма е подобра од нејзината покажав и во 2019 година кога ги добивме изборите. Да беше нејзината програма подобра таа ќе ги добиепе изборите. А сега постои една друга разлика меѓу мојата програма и нејзината. Нејзината програма е невидлива, ја нема. Кликнете на интернет и кажете ми каде е нејзината програма? Мојата е видлива, нејзината и е невидлива, така што, не можеме да компарираме нешто што го гледаш и нешто што го нема, што е илузија“ порача Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски пред присутните рече дека тој остварил речиси се од она што го имал ветено пред пет години додавајќи дека врвен приоритет во новиот мандат ќе му биде целосен ветинг на луѓето во правосудството, но и во политиката.„Мораме да се согласиме и уште од сега да дадеме јавно ветување дека ако ја добиеме вашата доверба прва задача треба да ни биде длабок и сеопфатен ветинг на сите судии и обвинители меѓутоа и на нас политичарите“ истакна Пендаровски.Пред граѓаните Пендаровски повика на 24 април да се гласа за бројот 1, а на осми мај победата да биде заверена и државата да продолжи напред.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

,, Дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет. Искажувајќи ја својата почит кон ромската етничка заедница како нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество, би сакал да ви се заблагодарам за вашиот придонес за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина.Токму на овој значаен празник не само за ромската заедница, туку и за сите наши граѓани, би сакал да упатам апел и понатаму ревносно да работиме за решавањето на сите предизвици со кои се соочуваат нашите сограѓани од ромска националност. Со задоволство можеме да се пофалиме дека имаме градоначалник Ром во општина во која ромскиот јазик е официјален и постојано присуство на Ромите во државните институции и во јавниот и општествениот живот. Сепак, мораме да потенцираме дека проблемите со кои се соочуваат Ромите, како што се пристап до здравствена заштита, образование, домување, ги вбројуваат во социо-економски ранливите групи и затоа треба посветено и без импровизации да се бара излезно решение.Заедно и сложно да се справиме со сите отворени прашања, градејќи просперитетна и сигурна иднина за секого.Нека ни е честит 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите!”, посака претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Пендаровски од Прилеп: Децата и внуците ќе ни останат и ќе просперираат тука

Првиот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер го заврши со централен, граѓански митинг во Прилеп.Истакнувајќи дека според бројот на жители и бројот на дадени потписи за неговата кандидатура, Прилеп е најдобар во Македонија, Пендаровски рече се сеќава што рекол пред 5 години и дека може да ги погледне прилепчани во очи и да не се засрами.„Главната работа која ја кажав е дека ќе бидам претседател на сите. Тоа значи не гледам партија, не гледам фамилија, не гледам вера или нација, гледам кој е човек, па и не луѓето сум ги примал. Сите ги примам, секој што има мака, секој што има нешто да ми каже, да му помогнам или да ми даде некаков предлог, некаква сугестија за да ги решиме проблемите на нашите граѓани, кои не се мали“, рече Пендаровски.Говорејќи за бенефитите од членството на државата во НАТО, Пендаровски рече дека на чекор ни е и полноправното членство во ЕУ со што би ја оствариле и втората голема стратешка цел. Но, како што рече тој, само ако сме сложни меѓу себе. Членството во Унијата, додаде Пендаровски ќе го намали и иселувањето на нашите деца и на нашите внуци, нашата најголема болка. Пендаровски изрази уверување дека со пристап до европските фондови може да се дуплира стандардот на секој македонски граѓанин.„Децата тука ќе имаат шанса да останат и да просперираат, само ако има услови за пристоен и достоинствен живот. Не треба ништо да си одземеме од тоа кои сме и што сме, јазикот ни е гарантиран, идентитетот ни е гарантиран. Оваа политичка структура после 17 години преговори и во еден дел т.н. преговори, бидејќи властите тогаш не сакаа да преговараат бидејќи си ги чуваа фотелјите и парите, ги започна преговорите и ја отвори првата конференција со Европската Унија “, рече Пендаровски.Уверувајќи ги граѓаните на Прилеп дека опцијата за која се застапува и за која живее не може да ја однесе Македонија повторно во балканската кал, туку во просперитетна европска средина, Пендаровски ги повика прилепчани масовно да гласаат за него и на 24 април и на 8 мај.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски со граѓаните на Кривогаштани и Крушево: Покажав дека сум претседател на сите, така планирам и да продолжам

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во првиот ден од кампањата се сретна со граѓаните на општините Кривогаштани и Крушево.На средбата во Кривогаштани, Пендаровски посочи дека во последните пет години државата оди напред и дека мора така да продолжи и во следниот период, затоа што само така ќе успееме како држава да ги задржиме младите дома.Пендаровски пред присутните потсети дека во изминатиот период по ниедна основа ги нема делено граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.„Никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши, сите сте мои сограѓани. Во првиот мандат бев претседател за сите и на сите граѓани. Во вториот мандат ќе бидам повторно претседател кој не дели, туку обединува“ порача Пендаровски.Во Крушево, пред бројните граѓани, Пендаровски порача дека во последните пет години се исполнува аманетот од Крушевскиот манифест заеднички да ја градиме државата како модерна европска држава.„Крушево е столбот на државата, коренот на државата. Овде е направена Крушевската Република, оттука тргнува идејата за заедништво. Крушевскиот манифест ден денеска е модел по кој сите ние се носиме и немаме намера да менуваме, освен неколкумина од опозицијата“ порача Пендаровски додавајќи дека во главната опозициска партија нема никаква промена, дека таму се уште се истите ликови, истата матрица.Пендаровски, првиот ден од кампањата го заокружува со централен настан во Прилеп.

Македонија | пред 1 година

pendarovski-zaev-5132

Пендаровски: Очекувам да влезам во вториот круг и да ги добијам изборите

Со отворање на централниот изборен штаб во центарот на Скопје, од денеска започнува изборната кампања на кандидатот за претседател Стево Пендаровски. До првиот круг на гласање, предвидено е Пендаровски да посети над 60 населени места во земјата.Во изјава за медиумите, кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека иако зад себе има пет годишен мандат и македонските граѓани многу добро знаат за што се залагал како претседател, за што бил против и знаат што може да очекуваат и во следните пет години, Пендаровски рече дека сака со граѓаните да ги сподели неговите ставови за прашањата со специфична политичка динамика.„Јас мислам дека контекстот изминативе 5 години малку се има изменето и регионалниот и внатрешниот, се разбира и меѓународниот со војната во Украина и дека би требало да ги кажам и новелирани моите ставови по некои прашања кои имаат посебна специфична политичка динамика. Очекувам дека во првиот круг, бидејќи има многу кандидати како никогаш до сега во македонската историја, гласовите ќе се поделат на повеќе страни и не очекувам дека некој има било каква шанса да добие во првиот круг. Меѓутоа во вториот круг очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот“, додаде Пендаровски.Изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски се наоѓа на улица „Никола Вапцаров“, односно во близина на плоштад „Македонија“. Во него граѓаните секојдневно ќе можат да се информираат за програмата за работа на Пендаровски во следните 5 години, за изборниот караван, како и за сите останати прашања од нивен интерес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тимот на Пендаровски: Победничкиот караван на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски тргнува од Прилеп

,,Изборниот караван на кандидатот за претседател Стево Пендаровски почнува утре, 4 април 2024 година (четврток) со централен митинг во Прилеп со почеток во 20:00 часот. Претходно Пендаровски ќе ги посети општините Кривогаштани во 17:30 часот и Крушево во 18:30 часот.Во петок, 5 април, Пендаровски ќе ги посети општините Карбинци во 17:30 часот и Пробиштип во 18:30 часот, а централен митинг ќе се одржи во Штип со почеток во 20:00 часот.Во сабота, 6 април, Пендаровски ќе биде со граѓаните на Македонски Брод во 18:30 часот, а централниот митинг ќе се одржи во Кичево во 20:00 часот.Во недела, 7 април, караванот на Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца во 16:00 часот, Вевчани 17:30 часот, Струга 18:30 часот и централен настан во Охрид од 20:00 часот.Во понеделник, 8 април, ќе се одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода во 18:30 часот и Аеродром во 20:00 часот.Го покануваме вашиот медиум да ги проследи настаните.”, велат од тимот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3301

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и севкупната соработка меѓу двете земји.Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната британска поддршка и ангажман со цел унапредување на состојбите во повеќе клучни области, како и за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на регионот на Западен Балкан.Двајцата соговорници изразиja задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и соработката во НАТО Алијансата во контекст на руската агресија и ги реафирмираа заложбите за стабилност и просперитет во поширокиот регион.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања