„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

предмети

ljupco

Девет месеци не е утврдено дали се исправни инсталациите на објектот каде загина младиот Љупчо Лешко

Девет месеци се испитува дали некој има вина за смртта на младиот диџеј Љупчо Лешко, кој загина од струен удар во приватен објект во Радишани, каде пуштал музика. Обвинителството и натаму без одговор на прашањето на „Скопје1“ - дали до овој момент има осомничени лица. Истовремено, и натаму се вршат вештачењата, по кои треба да се донесе јавнообвинителска одлука. Сомнежите се дека имало проблеми во инсталациите на објектот, каде исто така имало и базен. Токму тоа се испитува од почетокот на истрагата до сега, а се прават и распити.„Во конкретниот предмет, со цел испитување евентуална одговорност, по наредба на јавен обвинител извршени се повеќе вештачења, дополнувања на вештите наоди, мерења на заземјувањето и проверки на инсталациите на објектот. Во моментов се преземаат други дејствија на распити, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Претходно, адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е адвокат на родителите на загинатиот Љупчо, а кои очекуваат правда, рече дека истрагата треба да биде насочена кон сопственикот и менаџерот на објектот, бидејќи според него, го издавале без одобрение. Алармираше дека има крупни пропусти и од полицијата.„Во конкретниот случај како адвокат на оштетеното семејството сметам дека постои основано сомневање за сторено кривично дело Тешки дела против општата сигурност и истражната постапка во оваа смисла треба и мора да биде насочена кон сопственикот на објектот како и кон лицето кое го менаџирало објектот преку позната инстаграм адреса со издавање за настани на кои биле собрани поголем број луѓе и со ставање на неисправна и неиспитана музичка опрема на располагање, без одобрение и согласност од надлежен орган“, рече Туфегџиќ за „Скопје1“, пред неколку месеци.Родителите пак, пред два месеци, посочија дека истрагата е претворена во турска серија.„Во случајот кој го водите во предистражната постапка која веќе премина во турска серија ние тврдиме дека нашиот син не е починат во несреќен случај туку во причинско-последичен случај заради неисправност на објектот“, вели во објавата Кети Лешко, мајка на загинатиот Љупчо дополнувајќи со: „Обвинителке, кабелот не е крив“.Љупчо Лешко работеше како ди-џеј. Критичната вечер кога загина, бил на приватен објект во Радишани. Таму имало две роденденски забави. Тој бил најмен од еден од славениците. Во текот на вечерта, кога се допрел на мискетата, го удрил струен удар, а починал на лице место.Семејството во два наврати зборуваше за ова во „Претрес“:?t=4877

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Загинатиот малолетник во Чаир немал кацига и возел брзо - првични детали за трагедијата од ноќеска

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на трговскиот центар “Чаирчанка” каде рано утрово во тешка сообраќајна несреќа загина 16-годишен возач на мотоцикл.„Според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената. На критичната локација, не успеал да избегне електричен тротинет со кој по коловозот управувал 14-годишник. Во сообраќајната несреќа, возачот на моторот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место, додека малолетникот кој управувал со тротинетот е повреден и задржан на лекување.Со цел точно утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки. Се обезбедуваат и се прегледуваат снимки од видео надзорот на конкретната локација. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а и кај малолетникот кој управувал со тротинетот ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 8 месеци

puls-38

Повредените од „Пулс“ ќе бидат сослушани од обвинители

Обвинителите започнуваат со испитување на повредените и семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Зависно од нивната состојба, ќе тече и динамиката на обезбедување на информации.„Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанскиот клуб "Пулс" интензивно презема итни дејствија кои не трпат одлагање и кои во моментов опфаќаат сослушувања и координација на вештачења неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка. Дополнително, во моментов се прибавуваат сите контактни и адресни податоци за оштетените од настанот и семејствата на настраданите, како и за нивните полномошници во постапката. Во зависност од здравствената состојба на повредените и останатите услови, според однапред утврдена динамика и распоред, обвинителството навремено ќе ги извести сите засегнати лица за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување“, велат од Обвинителството.Тие додаваат: Процесот на испитување на оштетените се предвидува да започне од почетокот на мај, за што ќе следи дополнително известување, имајќи го предвид големиот број оштетени и засегнати лица кои ќе бидат испитани.

Македонија | пред 8 месеци

1-1-1

Девет лица одат во притвор, 5 во куќен притвор - одредени мерки на членовите на бандата која се гони за злоупотреби на инвалидските пензии и туѓата нега

Во притвор одат девет лица кои се под истрага за злоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии и туѓа нега. Кривичниот суд одреди и други мерки и на 14 осомничени, од вкупно 49 кои се под истрага.Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот а едно лице сеуште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење.„Донесоа решенија, согласно предлогот на Јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка со кои :На 9 лица им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП; На 5 лица им определи мерка куќен притвор; Додека на 9 лица им определи мерки на претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т 2 и 3 од ЗКП, односно Обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице, и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова“, велат од судот.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-19.38.30

Претседателката на Антикорупционерите седум месеци давала податоци за предмети и одлуки на обвинети во „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција се сомничи дека додека ја извршувала функцијата, седум месеци му овозможувала на ексдиректор осомничен во случајот „Адитив“, документи за поведени постапки и одлуки по истите. Доказите се најдени во телефоните, а документите биле праќани преку две апликации. Таа е третоосомничена за оддавање на службена тајна.„Третоосомничената со умисла извршила две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи ист траен однос, исти прилики и други слични околности. Како службено лице, претседател на ДКСК од месец мај до месец декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот Адитив на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, велат од Обвинителството.Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица.„До денес обезбедените докази укажуваат дека првоосомничениот бил член на групата што имала за цел вршење на кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело. Како вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинетите правни лица им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело, со што им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договори за јавни набавки. Во периодот од месец декември 2023 до ноември 2024 година од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања од значителен износ, средства кои правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство. Овие средства со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптег и ги подигнувал во готово“, додава Обвинителството.И второсомничената давала инфромации.„Второосомничената во септември 2024 година, како службено лице вработено во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје на неповикано лице обвинето во предметот Адитив, на друг начин му сторила достапни податоци што во согласност со чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Имено, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата која се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето“, велат од Обивнителството.Со опишаните дејствија во диспозитивот од Наредбата и до денес прибраните докази, на првоосомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело Злосторничко здружување, како помагач сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите две осомничени сториле кривично дело Одавање службена тајна.Обвинителството од денес обезбедените докази во корелација со другите прибрани докази ја продолжува постапката во насока на утврдување и на евентуални други кривични дела и сторители.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-24-at-16.07.18

Актуелната претседателка на Антикорупциска е однесена во Кривичен суд: осомничена е во истрагата за „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција е опфатена во рамки на истрагата за предметот „Адитив“, а која се однесува на набавка на адитиви наплаќани по трипати повисока цена од реалната, каде еден од клучните осомничени е ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.Засега е познато дека ќе се бараат мерки за обезбедување на присуство, а Димитровска ќе биде изведена пред судија на претходна постапка. Извесно е само дека не се бара најстрогата мерка, а тоа е ефективен притвор.Од Обвинителството со куса информација: „Во рамките на предметот Адитив од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале во текот на утрешниот ден“.Според нејзината биографија, пред да стане член на ДКСК, Димитровска била државен ревизор.

Македонија | пред 8 месеци

images-5

Претседателката на антикорупционерите останува без пасош и доби забрана за одредени активности

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција остана без пасош, откако доби статус на осомничена во случајот „Адитив“. Според неофицијални и непотврдени информации, таа се сомничи дека издала службена информација. Од Обивнителството, рекоа дека детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како "Адитив", по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, велат од Кривичен суд.Димитровска е една од трите лица кои се новоосомничени во случајот кој се однесува на набавка на адитиви наплаќани по трипати повисока цена од реалната, каде еден од клучните осомничени е ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Македонија | пред 8 месеци

1-1-1

Детали за вчерашните апсења, 49 лица давале и примале поткуп во замена за инвалидски пензии и туѓа нега со лажни дијагнози

По повеќемесечна предистражна постапка што се водеше во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар.„Во акцијата од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогонот. Станува збор за основано сомнение за извршени низа кривични дела со кои е направена штета на државниот буџет. Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 49 лица“, велат од ОЈО-ГОКК и додаваат:Имено, во текот на 2023 година првоосомничената порано вработена на универзитетска клиника заедно со други двајца осомничени создале злосторничко здружение – група, која имала за цел вршење на кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Примање поткуп“, „Давање поткуп“, „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Давање награда за противзаконито влијание“. Во меѓувреме припадници на групата станале уште деветмина осомничени од кои двајца како лекари специјалисти биле претседатели на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес, а останатите лекари специјалисти вработени во ЈЗУ Општа болница Велес, Универзитетска клиника за неврологија Скопје, ПЗУ – ординација за општа медицина и специјалистички ординации од Велес, адвокат од Велес и службено лице во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово.Заради стекнување со противправна имотна корист, криминалната група од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барала и примала парични средства – поткуп или награда за противзаконито влијание. За возврат организаторите и припадниците на криминалната група преземале противправни дејствија на директно или индиректно давање или нудење на парични награди, поткуп на службени лица, како и противправни дејствија на директно или индиректно примање на парични награди или поткуп со што на барателите им обезбедувале исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега. За остварување на право на туѓа нега тие ги пријавувале барателите што давале поткуп кај матични доктори кои вршат дејност во Велес со цел надлежна за постапување да биде Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“ чиј поранешен и актуелен претседател на комисијата се членови на групата. Така, членовите на групата без присуство на лицата кои давале поткуп обезбедувале фиктивни медицински прегледи кај матичните доктори, како и клинички или болнички прегледи кај лекари и медицински лица. Воедно осомничените со преземање на противправни дејства изготвувале, обезбедувале и употребувале медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација со невистинита содржина. Со преземените дејства осомничените ги заобиколиле одредбите од Законот за социјална заштита каде се утврдени условите за добивање на парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење. Припадниците на криминалната група влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките и донесување одлуки во корист на барателите надвор од нивното место на живеење, иако законски надлежна институција за водење на оваа постапка се Центрите за социјална работа според местото на живеење на барателот.Паралелно, во истиот временски период во текот на 2023 година вработена на Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади, заедно со првоосомничената и двајца други осомничени создале злосторничко здружување – група, која имала за цел вршење на истите кривични дела како и претходната група. Припадници на групата станале уште 12 осомничени од кои тројца се припадници и на првата група. Оваа група континуирано ги извршувала кривичните дела при што нејзините членови се стекнале со противправна имотна корист. Организаторите и припадниците со координирани дејствувања барале и примале парични средства – поткупи од лица баратели на право на инвалидска пензија користејќи идентичен modus operandi како и првата група. Со преземените дејствија осомничените членови на групата на барателите им обезбедувале исполнување на услови за успешно водење на постапките за стекнување со право на инвалидска пензија, врз основа на која припадниците на криминалната група-членови во Комисиите со искористување на своето реално влијание и службената положба овозможиле успешно водење на постапката за стекнување со право на инвалидска пензија, како и донесување одлуки во корист на барателите на право на инвалидска пензија кои дале поткуп.Според дејствијата содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка на останатите осомничени им се ставаат на товар кривичните дела и тоа: на три матични лекарки кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, 16 осомничени кои понудиле и дале поткуп заради обезбедување на медицинска документација со невистинита содржина се осомничени дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп, додека на девет осомничени кои се согласиле и дале парична награда на товар им се става кривичното дело – Давање награда за противзаконито влијание. Припадниците на групите освен за кривично дело Злосторничко здружување се осомничени и за други кривични дела и тоа: пет лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, четири лица за кривично дело – Давање поткуп, кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и две лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, три лица за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, кривично дело – Примање поткуп, кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание и и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.Во текот на денешниот ден осомничените се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд. Обвинителството имајќи ги предвид кривичните дела сторени од секој осомничен поединечно како и висината на запретените казни и исполнетоста на околностите за определување на мерки за обезбедување за 12 осомничени предложи определување на мерка притвор, додека за три лива мерка куѓен притвор, за останатите лица се предложени мерки на претпазливост.

Македонија | пред 8 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Скопјанец ја демнел поранешната сопруга, доби обвинение оти и се јавувал, ја следел, и се заканувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел околу зградата каде живеела оштетената и ја следел до работното место. Во телефонските повици и пораките се заканувал и ја навредувал, психички ја вознемирувал и ја застрашувал, предизвикувајќи кај оштетената чувство на несигурност, загрозување и страв за личната безбедност“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

Се апсат доктори и други лица за давање лажни дијагнози со цел исплаќање на инвалидски пензии и туѓа нега

Доктори, членови на Комисијата во ПИОМ, здравствени ординации и клиники се мета на претреси од страна на МВР, откако бил отворен предмет за незаконско исплаќање на туѓа нега и инвалидски пензии, врз база на лажни документи. Според сознанијата, а засега непотврдени од институциите, лицата учествувале во незаконски дејствија, преку лажни дијагнози, пациенти да добиваат пари. Поради ова, се прават претреси на повеќе од десет локации, како во Скопје, така и во два други градови.„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Неофицијално, осомничени се над 30 лица, меѓу кои има и доктори од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од лицата се приведени.

Македонија | пред 8 месеци

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Се испитува дали некој од возачите бил алкохолизиран во несреќата кај Кичево, каде загинаа три лица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.“Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

teodora

Има простор за потрога санкција за возачот кој ја прегази Теодора, толкува Обвинителството и вложи жалба за ниската казна

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П. беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и му беше изречена казна затвор во траење од две години.„Жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според обвинителот е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот. Меѓу околностите поради кои обвинителството бара построга казна се особено тешките подледици од сообраќајната несреќа, во која пешакот Теодора Ристовска се здоби со тешки телесни повреди од кои потоа почина. ОЈО Тетово го имаше предвид мислењето на Судскиот совет изнесено во однос на овој предмет пред тој да биде правосилно завршен. Меѓутоа, со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата. Освен тоа, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока. Дополнително, и семејството на жртвата кое во оваа фаза од постапката нема право на жалба, писмено со обрати до обвинителството за да побара да ја обжали пресудата“, велат од Обвинителството.Ева Ристовска, сестра на смртно прегазената Теодора, преку медиумите јасно порача дека ќе бара најстрога казна за возачот.„Колку вреди животот во Македонија, колку вреди животот на сестра ми? Дали може некој да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков, што уби човек. Две години го осудија. Дали некој ќе ми објасни некој колку вреди животот на сестра ми? Со две години треба да бидеме задоволни, со две години треба да и запалам свеќа и да и речам: со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години. Максималната казна од пет години мене нема да ми ја врати Теодора, ќе ми ја олесни маката, ќе каже на секој еден што ќе го доживее истово, не дај Боже, дека ќе има правда. Сите веруваа во правда и јас верувам. И јас верувам дека ќе се смени оваа од две години и ќе остане барем максималната казна. Верувам силно дека Теодора нѐ гледа и плаче многу повеќе него јас. И верувам дека силата нејзина е во мене. Нема да се откажам, Теодора мора да спие мирно“, рече Ева Ристовска.Сепак, Судскиот совет има друго толкување, а тоа е дека не може да се изрече повисока санкција.

Македонија | пред 8 месеци

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Се гонат 43 лица за измами со брзи кредити: меѓу нив и службено лице од ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.„За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.Во текот на предистражната постапка, обвинителството во координација со МВР-СВР Скопје, обезбеди обемен доказен материјал дека почнувајќи од јули 2022 година, користејќи различни модалитети на извршување, осомничените со умисла вршеле временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исти дела. Притоа користеле исти трајни односи, исти прилики и слични околности, а крајната цел им била да прибават за себе имотна корист.Така, дел од осомничените, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.Еден дел од осомничените лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи. Во тоа им помагал и осомничениот – службеното лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, ставајќи им средства на располагање, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедувал преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот.Ваквите лажни податоци лицата ги користеле за да подигнат и по неколку кредити од различни друштва во еден ден, со што прибавувале значителна имотна корист. Потоа парите ги извлекувале од сметка и во најголем дел ги давале на осомничените организатори на вакви измами.Незаконски прибавената имотна корист од сите вакви дејствија во вкупен обем надминува три милиони денари.Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за тројца од осомничените опфатени со наредбата за истрага, додека четвртиот веќе се наоѓа во притвор во постапка за друго кривично дело“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-08-at-12.59.59

Се бара притвор за директорот на Геријатрија, познати сите детали како земал поткуп и бил фатен од полицијата: го знаел цел имот кој го има семејството на болниот!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично дело.„Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025 година, во неколку прилики директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши.Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице кое боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием.По неколку дена добила повик од второосомничениот, кој и закажал средба со директорот на Установата на 19.03.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје.На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената-сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка.На 03.04.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот, како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 04.04.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра.Согласно овој договор, на 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициските службеници.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_5168

Детали за ужасот во кривопаланечко: Го разбудиле со изговор дека ќе купуваат ракија, па го убиле со мотика, на крај го запалиле

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.„Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења.По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа“, велат од МВР.Categories

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања