„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

предмети

DSC_0288

Скопјанец си го натепал сопственото дете, бркајќи го од дома, го мавал по глава, го фрлал низ ходник - претходно е осудуван

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.„На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-03-at-11.33.28

Обвинение за таткото на Васил, повеќе од две години му давал да го вози возилото без возачка, со кое смртоносно ја прегази Фросина

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат.Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, велат од Обвинителството

Македонија | пред 9 месеци

gjoko-popovski-300

Ѓоко Поповски осуден за „мерцедесот“ излезе на слобода, делумно е помилуван од Сиљановска

Ѓоко Поповски, експомошникот на министерот за јавни набавки во МВР, излегува на слобода. Со одлуката за делумно помилување, потпишана од македонската претседателка, Гордана Силановска Давкова, осудениот за „Триста“ и „Тенк“ во предметите на СЈО е после 9 години на слобода.[caption id="attachment_326015" align="alignnone" width="621"] Screenshot[/caption]„Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржан дел од казната затвор осудените .... Ѓоко Поповски“, стои во одлуката за помилување.„Мерцедесот“ за кој беше осуден Поповски и натаму го поседува Службата за општи и заеднички работи при Владата. Претходната Влада на СДСМ ветуваше дека ќе се продаде оти е луксузен и скап за одржување, но тоа не го стори.

Македонија | пред 9 месеци

DSC_0052

Син ги натепал татко му и мајка му во скопски Петровец: жената ја влечел по подот, па истурал вода врз неа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„На 27 март, при вршење семејно насилство, тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се нафрлил и кон својата мајка, ја турнал на подот и почнал да ја влече за нозете по подот, па ја однел кон кујната и врз неа истурил шише вода.Имајќи предвид дека против истиот осомничен веќе е поднесено обвинение за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра, предмет кој е во фаза на судење и во кој му се определени мерки на претпазливост кои обвинетиот очигледно не ги почитува, јавниот обвинител сега побара на осомничениот да му биде определена мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 9 месеци

pukanje-ubistvo

Прилепчанецот кој пукаше во вработена во Центарот за социјални работи го гонат за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен прилепчанец, бидејќи постои основано сoмнение дека тој сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.Вчера, во просториите на ЈУ МЦСР Прилеп, тој со умисла се обидел да ја лиши од живот една оштетена – социјален работник, а во опасност го довел и животот на уште тројца вработени во Центарот за социјални работи.Со оружје – пиштол марка „Берета“ модел 950 Б со калибар 6,35 мм, кој го поседувал без дозвола, тој започнал да пука кон жртвата, која се обидела да се скрие во една канцеларија. Со два куршуми ја погодил, при што со едниот проектил и нанесол површна рана во пределот на главата – аркадата, а со другиот и нанел прострелна влезно-излезна рана во пределот на десната страна од слабината.Директорот на установата успеал да го совлада и да го задржи до пристигнување на полициските службеници, кои покрај пиштолот кај него пронашле и одзеле и еден нож.Осомничениот, согласно евиденцијата, е претходно осудуван за кривични дела – телесна повреда, загрозување на сигурноста, демнење и други кривични дела, против него во постапка се и други пријави, а во моментот издржувал мерка на безбедност – Задолжително лекување во психијатриска болница од каде избегал.Поради сите овие и други околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и опасност да го повторува кривичното поведение, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 9 месеци

policija-brza-pomos

За убиството во Волково: Се вештачи оружјето, се земаат траги, на терен е обвинител и полицијата

Јавен обвинител, полициски и други увидни екипи вршат увид на лице место и ги преземаат сите дејствија за расчистување на убиството и самоубиството во скопско Волково.„Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 9 месеци

IMG_6897

Скопјанец украл 10.000 евра од менувачница, користејќи кратко отсуство на вработениот - оди во притвор, а не му е првпат да е осуден

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзел парите и веднаш го напуштил местото. Набрзо бил пронајден и уапсен.Осомничениот е претходно осудуван, а за него се водат и други постапки за кривични дела. Со оглед на тоа, а имајќи ја предвид и опасноста тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 9 месеци

dolna-reka-mavrovo-rostushe

Детали за аспењето на раководителот во Маврово, фатен со мито од 13.000 евра

Полицијата вчера го привела раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, фатен како зема мито. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство загонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.„Лицето како раководно службено лице од почетокот на годинава во повеќе наврати директно побарал и примил поголема имотна корист за себе и за трети лица за да извршат службено дејствие што морале да го извршат. Осомничениот во два наврати директно побарал од подносителот на барањето паричен износ од 16.000 евра, а потоа износот во понатамошните средби со оштетениот го намалил на 13.000 евра, за да тој и комисијата што одлучувала во управна постапка по барањето за издавање на урбанистички проект постапат по барањето на оштетениот. Дел од парите наводно биле за другите службеници вклучени во управната постапка за да одлучат во побрз рок. Со оглед дека било договорено парите етапно да бидат исплаќани како што ќе се одвива управната постапка, осомничениот за првото дејствие побарал износ од 4.400 евра.Вчеравечер на договорената средба оштетениот му дал 2000 евра, кои осомничениот ги примил и in flagranti бил фатен од страна на полициските службеници.Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје предложи истата да му биде определена на осомничениот во траење од 30 дена.

Македонија | пред 9 месеци

soobrakajka-gjorce

Мотоциклистот имал алкохол во крв, за 24 годишниот возач престогнувал кога се судрил со него

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Вчера попладне осомничениот управувал автомобил „Фиат Панда“ со скопски регистарски ознаки и на улицата “Ацо Шопов” со возилото се движел зад автомобил „Пежо 2008“. Меѓутоа, не ги почитувал надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана бела полна линија и со возилото преку полната линија започнал да го престигнува автомобилот „Пежо”, управувано од друга учесничка.Спротивно на прописите за безбедност на сообраќајот, осомничениот преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па директно се судрил со мотоцикл „Сузуки“ кој доаѓал од другата страна.Возачот на мотоциклот управувал без возачка дозвола и со неприлагодена брзина, а по сударот со телото удрил во плетена жичана ограда и паднал на коловозот. Од ударот се здобил со тешки телесни повреди и починал на КАРИЛ.По наредба на јавен обвинител, веднаш по настанот земени се примероци од крв на сите тројца учесници во сообраќајната несреќа, при што кај осомничениот и другата учесничка не е утврдено присуство на алкохол или други опојни средства, додека присуство на алхохол во крв од 0,56 промили е евидентирано само кај сега починатиот мотоциклист.Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

Скопје | пред 9 месеци

asmir-jahoski

Јахоски од “Пуцко петрол” однесен во затворот во Шутка

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј. , а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое:Мерката куќен притвор , определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.Донесеното решени е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-13-at-11.36.28

Овчар запалил нива кај Катланово, обвинителството го гони за дело со кое е предивден затвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари.Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара да бидат определени мерки на претпазливост – обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Македонија | пред 9 месеци

asmir-jahoski

Обвинителство и судот се обвинуваат кој го спаси Јахоски од притвор во Шутка

Бил татко на четири деца, имал неколку фирми но и татко пратеник од ДУИ и долгогодишен градоначалник на Пласница. Што беше одлучувачко сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски наместо во активен притвор да оди во куќен притвор.Судот и Обвинителството со различна содржина во соопштенијата меѓусебно се обвинуваат кај кого е вината и различниот аршин при одредување на мерка за обезбедување на Асмир Јахоски и другите осомничени за тендерите за мазут за ТЕЦ Неготино.Обвинителството вчера соопшти дека побарало притвор за Асмир Јахоски, но судот му определи домашен притвор. Судот пак синоќа информира дека Јавниот обвинител се согласил за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што било прифатено од судијата на претходна постапка. Обвинителството денеска повторно се огласи со став дека тие си барале притвор, но судот не прифатил.„Судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот со одлука на Основен граѓански суд Скопје е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација.Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа“, соопшти денеска Обвинителството.Судот во соопштение вчера објавија дека јавниот обвинител се согласил осомничен за милионски суми да оди во куќен притвор.„Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од судијката на претходна постапка”, објави вчера кривичниот суд.Премиерот Христијан Мицкоски, без да го спомене по име се огласи денес со алузија дека улога одиграл токму шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, човек кој одамна важи за близок до ДУИ и имаше фотографии со челници на ДУИ.„За мене се алармантни информациите коишто ги добивам, коишто се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата којашто ја спроведуваше МВР и БЈБ пред два дена. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. На нив не им е местото таму. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во Обвинителството, туку во оние големи хациенди коишто се изградени во Западна Македонија, но доколку сакаат навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Но, тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денеска ќе се кае, но тогаш се плашам ќе му биде доцна“, изјави Мицкоски.Обвинителството вчера по извршените акции отвори истрага против 13 лица и една фирма за сторени кривични дела:злоупотреби и перење пари при набавка на мазут со сомнителен квалитет за државните електрани. Провоосомничен е Ратко Капушевски кој од вчера е во истражниот затвор Шутка заедно со партнерот Ерџан Сулкоски и екс директорот на ЕСМ Адријан Муча. Останатите 8 лица се во куќен притвор. Екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се уште е во бегство.

Македонија | пред 9 месеци

Kapusevski-Jahoski-Kovacevski

Јахоски се спаси од ќелија и доби куќен притвор, Капушвски оди во затворот во Шутка

“Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои:По прoизнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка.За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет”, вели Кривичен суд

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.19

Скопјанец обвинет за обид за убиство -дошол со такси и пукал, куршумот завршил во ѕид

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело -Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во врска со истиот настан, поднесен е и Обвинителен предлог против уште едно лице за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело според член 365 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 37-годишник, поради нерасчистени претходни должничко-доверителски односи, на 10.12.2024 година во селото Мирковци сo умисла се обидел да лиши од живот едно лице.Пред куќата на таткото на жртвата двајцата обвинети дошле заедно со такси и го повикале oштетениот да излезе. Кога тој се појавил на влезната врата, првообвинетиот извадил пиштол и истрелал еден проектил директно кон оштетениот. Тој го забележал оружјето навреме и веднаш се повлекол зад вратата која автоматски се заклучува, а куршумот завршил во ѕидот, веднаш до рамката од влезната врата.Обвинетиот почнал да тропа и удира со нога по вратата, обидувајќи се насилно да влезе во куќата, но не успеал, по што двајцата обвинети заедно избегале.Вториот обвинет, за да му помогне на првообвинетиот по извршеното кривично дело, го зел кај себе пиштолот. На 23.12.2024 година со истиот пиштол сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност за што врз основа на признание на вина е осуден на 22.01.2025 година.Надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот. Вториот обвинет, пак, се наоѓа во притвор до правосилност на пресудата за предизвикување општа опасност која му е изречена.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2022-08-25-at-12.46.16

Отишол на стоматолог, и пробал да му изнуди 5.000 евра со видео-клип - еден од изнудувачите е фатен

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство).Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое до сега не е идентификувано, со сила и сериозна закана се обиделе да принудат еден оштетен стоматолог да им исплати 5.000 евра.Откако претходниот ден осомничениот се јавил и закажал термин како пациент во ординацијата, на 29 јануари двајцата соизвршители дошле на закажаниот термин. Осомничениот од неговиот мобилен телефон му покажал на стоматологот видео клип со наводно компромитирачка содржина и побарал од него 5.000 евра за да не го објави.Во тој момент оштетениот започнал да го снима разговорот со неговиот мобилен телефон. Осомничениот го забележал, му го одзел телефонот и го избришал снимениот разговор. Потоа го натерал оштетениот заедно да излезат од ординацијата и се обиделе насилно да го внесат во автомобил. Оштетениот одбил, по што осомничениот му се заканил уште еднаш дека ќе треба и дополнително да плати затоа што ги снимал, па двајцата сторители заминале во непознат правец.Се преземаат дејствија за откривање на идентитетот на вториот осомничен, додека за првиот јавниот обвинител предложи да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетениот.

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања