Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ПРЕДМЕТИ

media-libraryl50dgrosuqlg4vjb85B

Докторот што констатирал природна смрт кај жртва на серискиот убиец повикан на распит

Докторот кој првично констатирал природна смрт кај Марија Маринковска (35), една од жртвите на осомничениот сериски убиец од Куманово, е повикан на распит во Обвинителството.Според информациите до кои дојде Телма, лекарот бил ангажиран како замена за друг доктор во моментот кога било пронајдено телото на Маринковска.Случајот отвора сериозни прашања за постапувањето на службите на терен, бидејќи иако лекарскиот тим потпишал дека нема траги на насилство, сведоци тврдат дека една од докторките изразила сомнеж дека станува збор за насилна смрт.Според овие сведоштва, полицијата вршела притисок врз родителите и роднините да потпишат изјава дека нема да бараат обдукција.Дури по интервенција на Јавното обвинителство било извршено ексхумирање на телото, по што обдукцијата покажала дека станува збор за убиство, а не за природна смрт.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Ивана била седум години малтретирана и тепана од Стојанче, дента кога скокнала со Катја во раце добивала закани дека ќе биде убиена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја.Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.„Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, велат од Обвинителството.Според прибраните докази, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Ивана Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот. Таа ја земала во раце својата шестгодишна ќерка и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место.„На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото. Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството“, велат од Обвинителството.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Како причини се наведуваат опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и вештаци, како и ризик од повторување на кривично дело.Од обвинителството посочуваат дека продолжуваат со прибирање докази за овој, како што го оценија, комплексен случај.

Македонија | пред 4 дена

pukanje-ubistvo

За убиство во обид ќе одговара скопјанецот кој пукаше кон сопругата, ја промаши, па на ќерките им кажал дека пак ќе пука

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен маж осомничен за кривично дело убиство во обид, како и за кривично дело загрозување на сигурноста.Според обвинителството, на 1 март во семејниот дом, при вршење семејно насилство и во присуство на друго лице, осомничениот со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сопруга. Тој извадил пиштол кој го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум кој поминал покрај оштетената, се одбил од паркетот и завршил во прозорецот.По настанот, осомничениот се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во нивната мајка, по што тие заедно со оштетената го напуштиле домот.Според наводите на обвинителството, на 5 март осомничениот повторно се заканувал со пиштолот на сопругата пред нивните две ќерки, со намера да ги вознемири и заплаши.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и врз текот на постапката, како и опасност да го доврши делото кое се обидел да го стори.

Скопје | пред 4 дена

media-librarykm19ta71i1cp7PLwsui

Ќе се „чешлаат“ социјалните служби за случајот со Ивана и Катја: како постапиле по секое насилство од Стојанче?

Јавното обвинителство отвори предмет за да го испита постапувањето на Центарот за социјални работи во случајот со Ивана и малата Катја Јовановска, по наводите дека институциите не реагирале соодветно и покрај пријавите за семејно насилство.Од Обвинителството информираат дека предметот е оформен по допрен глас, врз основа на информациите објавени во медиумите за утврдени неправилности при извршен инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопштија од обвинителството.Според информациите на СП, Ивана и Катја биле нападнати во болница од Стојанче. Социјални работници излегле на терен, но случајот не добил епилог со кој би се спречило понатамошно насилство.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради сомнежите дека институциите не реагирале навреме. Невладини организации повеќепати предупредуваа на пропусти во работата на социјалните служби во случаи на семејно насилство.При последниот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјална политика биле утврдени неправилности во водењето на предметот за Ивана и Катја, кои го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Повраќаа црно, пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа во многу лоша состојба“, гостинка сведочи за обезбедувањето на „Пулс“

21-годишната Мартина Ристевска, која кобната вечер била во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рече дека им е благодарна на обезбедувачите, меѓу кои ги спомена Лазар и Столе, дека ѝ го спасиле животот, дека ги жртвувале своите животи за да спасат што повеќе луѓе.Настана голема гужва, не се ни сеќавам како стигнав до вратата. Надвор беа Лазо и Столе и ми подадоа рака. Имаше многу луѓе паднати врз мене, ме извлекоа, па извлекуваа и други. Ме тргнаа настрана. Се најдов со двете другарки, и тие беа сигурни, па почнавме да помагаме на другите, да носиме вода и да се јавуваме на телефони, да кажеме што се случило. Членовите на обезбедувањето околу мене, видов дека помагаат на сите, иако беа во многу лоша состојба, повраќаа црно, им пружаа помош на сите – пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа навистина во многу лоша состојба – рече Ристевска.Го жртвуваа своето здравје за да спасат повеќе животи и јас засекогаш им сум благодарна. А и другите што ги спасија им се благодарни. Ќе имаше многу повеќе жртви ако не беа тие – рече девојката.

Македонија | пред 6 дена

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Судечкиот совет одби спојување на предметите за „Пулс“

Aдвокати на обвинетите во судењето за случајот „Пулс“ побараа спојување на предметот за трагедијата во Кочани, со предметот против 13-те полициски службеници што се обвинети за исто кривично дело.Судечкиот совет донесе одлука да не го прифати барањето и да продолжи со предметот во кој им се суди на 35 физички и три правни лица.Како што образложи судот, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка – односно дека е во фаза на доказна постапка – како и другите три постапки поднесени од ОЈО ГОКК, каде што вкупно има 25 обвинети и каде едниот предмет е веќе во завршна фаза, евентуалното спојување би довело до одолговлекување и на тие и на оваа постапка.Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка во фаза на доказна постапка и другите постапки поднесени од ОЈОГОКК каде што вкупно има 25 обвинети и едниот е во завршна фаза. Во таков случај евентуално спојување би довело до одолговлекување на тие и оваа постапка спротивно на начелото на економичност и целеисходност на постапката и неоправдано одолговлекување – рече судијката Диана Груевска Илиевска.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче, осомничен за самоубиството на мајката и детето: се вештачат телефони и се анализираат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за уште 48 часа за осомничениот Стојанче Јовановски во случајот поврзан со трагедијата во скопската населба Карпош, каде мајката Ивана и детето Катја го загубија животот по пад од балкон.Од обвинителството информираат дека во тек е прибирање и анализа на повеќе докази. Се постапува по наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео-снимки од повеќе критични локации, како и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и на починатата жена.Според обвинителството, се преземаат и дополнителни истражни дејствија кои се од значење за утврдување на фактите и за докажување на кривичните дела чии елементи во моментот се испитуваат.

Македонија | пред 6 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на минатото рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.На денешното рочиште Коцевска изјави дека управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент.Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен“, вели Коцевска.Но, обвинителството прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, како што тврдеше неговата адвокатка на минатите рочишта, се жалел за душекот и дека многу често се вршеле претреси во неговата ќелија.Од управата апелираат да не се земаат предвид паушални изјави што го нарушуваат угледот на затворот. Појаснуваат дека редовни претреси се прават во сите ќелии, а не само кај него.Според адвокатката Коцевска нормално е од затворот да кажат дека обвинетиот рекол дека не се однесуваат нечовечки кон него. Се обиде да ја прочита медицинската документација, затоа што Јованов имал тешка операција, ама судијката ја прекина и рече документацијата да ја достави до затворот во Куманово.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Сопственикот на објектот во кој беше сместен „Пулс“ се буни дека не можел да седи пет саати во судница, судијката му се закани со притвор

Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој беше сместена дискотеката „Пулс“, денеска, пред почетокот на рочиштето за трагичниот пожар, рече дека слушнал како некои групи во Кочани „се спремаат да го лишат од живот“.Тој беше хоспитализиран во болница и едно од рочиштата беше одложено поради тоа, но сега тврди дека иако го пуштиле од болница, сериозно е болен. Тврди дека имал сепса на градите и бактерија во грлото.Јас не можам повеќе да плаќам шофери да ме возат на рочиштата, час и пол натака, час и пол навака. Се враќам и во кревет се борам за живот. Слушам и дека некои групи во Кочани се спремаат да ме лишат од живот – рече обвинетиот Милковски.Судијката Дијана Груевска Илиевска рече дека е информирана од лекарите за неговата здравствена состојба.Знам дека ви е најдена бактеријата. Судот направи сѐ што можеше, судот не може да ви обезбеди превоз до судницата – рече судијката.Милковски кажа дека нема да доаѓа од следното рочиште, а судијката му кажа дека ако не дојде на следното рочиште, ќе предложи притвор за него.Ако треба, ќе одам во притвор – рече Милковски.Одбраната предложи судот да донесе одлука за спојување на оваа постапка со новиот предмет во кој Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против 13 полициски службеници.Одбраната посочи дека станува збор за исто кривично дело и дека оштетените се исти.Обвинителите рекоа дека не се надлежни да постапуваат во предмети кои се водат во друго обвинителство.Ова прашање е надминато на самиот почеток. Не зачудува фактот што одбраната често тука и во јавноста реагираат на обемноста на предметот и обвинетите, а сега бараат спојување“, рекоа кочанските обвинители.Ако судот одлучи да се спојат двата предмети, тоа би значело дека судскиот процес ќе треба да започне отпочеток.

Македонија | пред 6 дена

puls-35-1

Ново рочиште за трагедијата во „Пулс“ – продолжува судскиот процес

Денес продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката.Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска, која на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, остана на ставот дека не знае и дека никогаш не видела кој ги местел прскалките во ниеден клуб каде што настапувале со групата ДНК, посочувајќи дека можно е тоа да го правело и техничко лице од клубот.Музичарот Горан Тонев, кој исто така настапувал како надворешен соработник со бендот, изјави дека пиротехничките средства биле веќе поставени кога се качиле на бината, но дека не знае кој ги поставил и кој ги активирал. Тој опиша брзо ширење на огнот и густ чад во просторот.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Македонија | пред 6 дена

viktorstojanov

Виктор Стојанов е бугарскиот активист осомничен за ширење омраза кон Македонија и Македонците

Бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за кривичното дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, предвидено во член 394-г од Кривичниот законик.Според информациите од Агенцијата за национална безбедност, пријавата е поднесена по претходно обезбедени сознанија за активности насочени кон ширење пропаганда и поттикнување етничка и национална омраза. Постапката била реализирана во координација со Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје.Од Обвинителството информираат дека осомничениот преку специјално креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук објавувал содржини со кои се поттикнувала национална и етничка дискриминација.Во рамки на истражните дејствија бил извршен претрес, при што бил одземен пропаганден материјал за кој постојат сомневања дека бил подготвен за дистрибуција на територијата на државата.Надлежните институции соопштија дека истрагата е во тек и дека се преземаат дополнителни активности за целосно утврдување на фактите и околностите во случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynjo5p5396d1d9NYvbg3

Скопјанец ќе одговара за ширење омраза кон македонската држава и идентитет: го поттикнал бугарски државјанин за да поттикнува насилство

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик.„Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.Јавното обвинителство, во соработка и со координација со другите надлежни органи, продолжува да презема дејствија за обезбедување докази, информираат од ОЈО.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp9ro8oceu4e47Pij6PW

(Видео) На 79-годишен маж ќе му се суди за убивањето на жената која е најдена закопана во двор во Штип

Во Основниот суд Штип денеска почнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б. Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар.Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според исказот што го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила сестра ѝ.Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Б. Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детаљно објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР, објавено на 16 ноември 2025 година.

Настани | пред 1 седмица

media-libraryh0aiiv7hbiq78AOKFpg

(Видео) Поради семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, сопругот на Ивана е во станица, вели Тошковски

Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана, која заедно со својата ќерка Катја го загуби животот по пад од балкон во Тафталиџе, е задржан во полициска станица под сомнение дека сторил повеќе кривични дела.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека Јовановски се сомничи за кривичните дела „наведување на сторување на самоубиство“, „нанесување телесни повреди поврзани со семејно насилство“ и „загрозување на сигурноста“.Според изјавата на министерот, во тек е прибирање докази и документирање на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции спроведуваат истражни дејствија, по што ќе биде одлучено за понатамошната постапка.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhgglr9iubkt7bpz1uBM

Против Стојанче, сопругот на починатата Ивана, се воделе повеќе постапки во Обвинителството

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сопругот на трагично починатата Ивана имал десет кривични пријави во изминатите две години, а само неколку часа пред падот од балкон во Карпош, полицијата интервенирала по пријава за семејна расправија.Од Основното јавно обвинителство информираат дека против Стојанче се водела само една постапка во Обвинителството.Во Основното јавно обвинителство Скопје лицето не е пријавено за кривични дела на семејно насилство. Против него има активна постапка од 29.12.2025 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик за пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил. По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности во предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила“, информираат од ОЈО.Во однос на постари постапки, се е процесуирано, поднесено е обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници, како и обвинение за напад врз службено лице заедно со сега починатата, дополнуваат од ОЈО.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања