ПРЕДМЕТИ

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Брутална тепачка во Виница: човек во кома, за тепачот се бара притвор

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења.Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на главата, поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност. Јавниот обвинител, веднаш по настанот, достави предлог до Судот со кој лицето беше обезбедено со мерка притвор во траење од два пати по 48 часа со цел да се обезбедат сите потребни докази особено во поглед на здравствената состојба на оштетениот.Во текот на денешниот ден, веднаш по формалното отворање на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување редовен притвор во траење од 30 дена“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 3 месеци

IMG_6897

Запрени во „БМВ“, фатени со кокаин: бркотница на полицајци со дилери на дрога на автопатот Тетово-Гостивар

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница, за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.„На 4 октомври, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин. Нивниот автомобил БМВ полицијата го забележала на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движеле нестабилно, со цик цак движења, полициските службеници им дале сигнал да застанат. Кога подзапреле, едниот осомничен се обидел од под совозачкото седиште да исфрли ќеса со дрога, но полицајците го спречиле во намерата. Освен дрогата, кај осомничените била пронајдена и дигитална вага со траги од кокаин и поголема сума парични средства, односно 206 000 денари и 1150 евра во различни апоени, кои поради сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога привремено се одземени.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за едниот осомничен, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5i8t2fenk4a4f00fUY0

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го убил во Штип - планот го знаеле уште три лица ама не реагирале - поднесено обвинение за убиството

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт против пет турски државјани осомничени за убиството на Енес Оздемир, кое се случи во мај годинава.Еден од нив се товари за директно извршување на кривичното дело „убиство“ и за неовластено поседување оружје, додека тројца обвинети ќе одговараат за помагање при извршување на делото. Петтата обвинета, пак, се товари за помагање на сторителот по извршување на тешкото кривично дело.Според обвинението, првообвинетиот, 21-годишен турски државјанин без регулиран престој во Македонија, на почетокот на мај во Скопје нелегално купил полуавтоматски пиштол марка „FEG“, калибар 9 мм, со избришани ознаки. На 8 мај преку мобилна апликација се договорил да се сретне со жртвата во кафе-бар во центарот на Штип. По краток разговор, обвинетиот извадил пиштол и испукал неколку куршуми, нанесувајќи му шест прострелни повреди на Оздемир, од кои починал.Тројцата сообвинети, иако знаеле за намерата на извршителот, му обезбедиле сместување, логистика и превоз до Штип, а му помогнале и во набавката на оружјето. По убиството, сите заедно се обиделе да се вратат во Скопје, при што петтата обвинета со свој автомобил се обидела да му овозможи бегство на убијцата, кој излегол од возилото пред патарината „Миладиновци“. Таму подоцна бил фатен и приведен од полицијата. Останатите четворица биле запрени на патарината и лишени од слобода.Обвинителството побара продолжување на мерката притвор за четворица обвинети, додека за петтата остануваат претходно определените мерки на претпазливост.

Македонија | пред 3 месеци

semejno-nasilstvo

Жена во Ѓорче изгубила свест од удари и давење - нови два случаи на ужасно семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во два одделни случаи на семејно насилство.Во првиот случај, на 25 септември во семеен дом во Ѓорче Петров, осомничениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка. Според обвинителството, тој ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и телото, а во еден момент почнал и да ја дави. Жената изгубила свест, а притоа ѝ биле нанесени повеќе телесни повреди.Вториот случај се случил на 1 октомври во селото Мирковци. Таму, друг осомничен отишол во домот на својата поранешна брачна партнерка и иако таа побарала да си замине, тој одбил и почнал да ја напаѓа. Според пријавата, ја влечел и тегнел за рацете, удирал со тупаници, при што жената добила видливи повреди.Јавниот обвинител побарал од судијата на претходна постапка да им биде изречена мерка притвор за двајцата осомничени, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Скопје | пред 3 месеци

apsenje

Закани преку телефон и апликации за пари: приведен скопјанец пред Онкологија, фатен како сака да земе изнудени пари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен осомничен, за кој постои основано сомнение дека извршил кривично дело „Изнуда“ од член 258 став 1 од Кривичниот законик.Во изминатите два месеца, осомничениот телефонски и преку пораки на различни апликации упатувал сериозни закани кон жена која живее во странство, како и кон нејзината мајка и брат. Од оштетената барал да му исплати 15.000 евра, а ѝ дал рок до 26 септември.Под закана, оштетената на 17 септември му испратила 500 евра преку „Вестерн унион“, а за дополнителни 4.500 евра се договориле исплатата да биде извршена во земјава, пред Клиниката за онкологија.Кога оштетената пристигнала во Македонија на 25 септември, веднаш случајот го пријавила во полиција. При преземање на парите, осомничениот бил приведен на лице место.Имајќи ја предвид опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоците и оштетената, како и ризикот да го повтори делото, јавниот обвинител предложи мерка притвор.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarybpgbqo9dk3vpeKnrVrn

Притвор за осомничен од Страчинци: му влегле дома и му нашле 99 исушени гранки билка и 41 грам марухуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен жител на селото Страчинци, осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле три откорнати растенија канабис, 99 пресечени, превиткани и исушени гранчиња од истата билка, како и 41,4 грама марихуана спакувана за понатамошна употреба.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, со цел да се обезбеди неговото присуство и непречено водење на истрагата.

Скопје | пред 4 месеци

teodora

„Казната е подбив, наместо правда, добивме минимизирање на трагедијата“, потврдена казната од две години на возачот кој ја усмрти Теодора

Семејството на Теодора Ристовска, која беше усмртена на пешачки премин во сообраќајна несреќа во Тетово, остро реагира на одлуката на Апелациониот суд во Гостивар со која е потврдена пресудата на Основниот суд во Тетово. Обвинетиот Менсур Пајазити од селото Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор.„Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши“, изјави нејзината сестра Ева Ристовска.Семејството обвинува дека со „блага и селективна казна“ судството создава уште поголема недоверба кај граѓаните.„Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем“, велат во обраќањето.Тие нагласуваат дека осудениот повторно управува возило, без чувство на вина, што го сметаат за навреда за сеќавањето на Теодора.„Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“, порачува семејството.Иако понатамошниот правен пат зависи од Јавното обвинителство и можноста предметот да заврши пред Врховниот суд, семејството Ристовска најави дека нема да замолчи и ќе продолжи да бара одговорност.„Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие — тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами“, стои во реакцијата на семејството.

Македонија | пред 4 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Обвинителството повторно побара обдукција на телото на починатото девојче во тетовската болница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово повторно издаде наредба за извршување на судско-медицинска обдукција на телото на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое на 20 септември почина за време на лекување во Клиничката болница во Тетово, а за кое родителите не дозволуваат да се изврши обдукција.Според обвинителството, обдукцијата е неопходна за целосно да се расветлат околностите околу смртта на детето.Од Клиничката болница Тетово претходно информираа дека веднаш по приемот на пациентката биле преземени сите неопходни медицински мерки, но и покрај напорите на лекарите девојчето починало.

Македонија | пред 4 месеци

media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Почина седумгодишно девојче од Челопек за време на лекување во тетовската болница

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина за време на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат од установата.Од болницата соопштија дека пациентката била примена на Одделението за педијатрија во саботата, на 20 септември, во 20:40 часот.„Веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки“, наведуваат од болницата.Во текот на третманот била побарана интервенција од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ). „Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“, стои во соопштението.Клиничката болница информира дека побарала да биде извршена судско-медицинска обдукција за целосно расветлување на случајот. „Сепак, до овој момент, семејството на пациентката го изрази своето противење за спроведување на обдукцијата. Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти“, додаваат од установата.Од болницата нагласуваат дека се подготвени целосно да соработуваат со надлежните институции за секое дополнително појаснување во врска со овој случај.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0bfcdqckjskl6LlaoWf

Рекетиран градоначалникот на Неготино: Анонимен профил му се заканувал на градоначалникот на Неготино барајќи 3.000 евра

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот ги извршил кривичните дела спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му испратил порака со сериозни закани кон него и неговото семејство, обидувајќи се да го присили да му исплати 3.000 евра.Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати, осомничениот испраќал пораки со смртни закани и на официјалната електронска пошта на Општината. Со тоа, кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-49-4380PM

Фрлена бомба во Битола – оштетени седум возила, за четворица осомничени се бара притвор

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица за кривично дело Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик, поради сомнение дека заеднички подметнале експлозивна направа пред една куќа во градот.Според прибраните докази во предистрагата, на 12 јули годинава осомничените активирале и фрлиле рачна бомба М-75 кон куќа на улицата „Охридска“. Од експлозијата биле оштетени седум паркирани возила, а била предизвикана и сериозна опасност по животот и телото на граѓаните во централното градско подрачје.Двајца од осомничените со моторцикл директно учествувале во подметнувањето на експлозивот, додека другите двајца имале соизвршителски дејствија со кои овозможиле и придонеле за извршување на делото.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, од кои еден во моментов е недостапен за органите на прогонот.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Закани со убиство и палење куќа за 1.000 евра: три апсења за изнуда правена во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против тројца осомничени за кривично дело изнуда, по член 258 од Кривичниот законик.Според обвинителството, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, претставувајќи се како припадник на криминална група, со сериозни закани присилил оштетено лице да му исплати 60.000 денари. Од него побарал 1.000 евра со образложение дека ќе го „заштити“ од други луѓе кои наводно претходно му барале пари, заканувајќи се дека ќе го убие и ќе му ја запали куќата ако пријави во полиција.Оштетениот првиот ден предал 30.000 денари, откако толку можел да подигне од банкомат, но потоа сепак пријавил во полиција. Два дена подоцна, при договор за предавање на остатокот од парите, банкнотите биле крим-технички обработени. Веднаш по примопредавањето, осомничениот бил уапсен на лице место, а кај него биле пронајдени парите.Истрагата опфаќа уште две лица за кои постои сомнение дека во август и септември, во повеќе наврати изнудувале пари од истото лице. Тие го убедувале дека парите се наменети за други лица за да му го заштитат семејството, со што оштетениот бил присилен да исплати вкупно 27.000 евра.Обвинителството до судијата на претходна постапка поднесе предлог за притвор на првоосомничениот, кој беше фатен на лице место, додека за другите двајца побара мерки на претпазливост – задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство.

Скопје | пред 4 месеци

tepacka

Струга: Расправија прераснала во пукање и физички напад – повредени граѓанин и полицаец

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против 34-годишен жител на селото Велешта, осомничен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.Инцидентот се случил пред три дена )16 септември), кога осомничениот, за време на расправија со тројца жители на Дебар со кои имал претходно нарушени односи, извадил пиштол кој незаконски го поседувал и испукал неколку куршуми кон едно лице, погодувајќи го во долниот дел од нозете. Оштетениот задобил две лесни телесни повреди.По пукањето, осомничениот се обидел да избега со возило. Иако полициски службеник му наредил да застане, тој не ја послушал наредбата и движејќи се наназад го удрил полицаецот, нанесувајќи му телесна повреда.При увидот, во возилото биле пронајдени и нож и метална шипка, поради што ќе се вршат дополнителни проверки за нивната можна употреба во настанот.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

По утринските апсења: Истрага за 15 лица, меѓу нив полицајци, директор, началник

Специјализираното одделение при Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поведе истражна постапка против 15 лица, осомничени за повеќе тешки кривични дела поврзани со нелегална сеча на шума во Малешевијата.Тие се товарат за злосторничко здружување и пустошење шуми, шестмина и за злоупотреба на службена положба, додека првоосомничениот е обвинет и за давање поткуп, а еден од осомничените за примање поткуп.Според обвинителството, во 2025 година двајца вработени во приватна фирма и полициски службеник формирале група со цел противправна заработка преку злоупотреба на овластувањата, корупција и нелегална сеча на дрвна маса. Во групата биле вклучени и лица вработени во МВР, ЈП „Национални шуми“ – подружница Малешево, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и невработени лица.Во периодот на делувањето, била опустошена шума на површина од 6.000 хектари, при што биле исечени 1,5 милиони кубни метри дрвна маса со вредност од над 6,4 милијарди денари. Дрвото било транспортирано и продавано како легално исечено.Обвинителството посочува дека полициски службеници ја поддржувале групата со тоа што не преземале мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли. Директорот на ЈП „Национални шуми“ – ПО Малешево давал одобрение за нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите и средствата користени за извршување на делата.Првосомничениот, во август и септември 2025 година, му дал поткуп од 6.100 евра на директорот на шумското претпријатие за да дозволи нелегална сеча, пред официјалниот јавен повик за експлоатација на опожарена дрвна маса.Обвинителството открива и дека вчера началник од полицијата предупредил член на групата дека претстои акција, кој пак ја пренел информацијата до организаторот. Организаторот им наредил на работниците да ги сокријат трагите, но при обид за „чистење“ на теренот бил фатен на лице место.Ценејќи дека постои опасност од бегство и влијание врз истрагата, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите 15 осомничени.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6ucods7hhl2d1dZMKO7

Четворица обвинети за кражба и сквернавење на гроб на Бутелските гробишта, краделе бронзена биста од гробот на Стале и Бранка Попови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб, кривични дела казниви по член 236 и член 400 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничените на 17 септември влегле на градските гробишта во Бутел и дошле до алејата на заслужни граѓани. Со употреба на сила ја откорнале и урнале бронзената биста со два човечки лика во седечка положба, поставена на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.Иако бистата била зацврстена со анкери, тие ја разурнале и ја оштетиле платформата на гробното место, со што го осквернавиле гробот. Потоа бистата ја влечеле до жичаната ограда каде претходно направиле отвор, преку кој ја изнеле и ја натовариле во автомобил со намера да ја присвојат.Проценетата вредност на бистата, која е во сопственост на наследничка на починатите, изнесува околу 320.000 денари.Поради тежината на делото и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите четворица осомничени.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања