ПРЕДМЕТИ

ubistvo

Ја удирал со боксови и ја давел, таа стигнала до кујнски нож и го убила - детали за крвавиот чин во Кратово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик.При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка и определи 30-дневен притвор на осомничената.

Македонија | пред 1 година

IMG_4237

Обвинение за убиствата на Вања и Панче: познати нови детали, Палчо ќе се гони во посебна постапка

Пет дена пред истекот на шесте месеци од истрагата, Обвинителството денеска го поднесува обвинението за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинети ќе бидат Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, а пак, за Љупчо Палевски-Палчо истрагата ќе потрае бидејќи тој беше во бегство, а по враќањето кај него беа најдени повеќе телефони и мемориски уреди кои се на вештачење.„Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за:– едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,– едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.Како соизвршители, заедно со уште едно осомничено лице за кое истрагата за исти кривични дела е во тек, испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.На 22.11.2023, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.На 27.11.2023, обвинетите и осомничениот, помогнати од четвртиот обвинет, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје.Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете.Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда.Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка.Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот “Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите.Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети соизвршители и мерката куќен притвор за нивниот помагач.Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.Постапката продолжува и против уште едно лице кое е осомничено дека му помогнало на првоосомничениот по извршувањето на кривичното дело така што му овозможило превоз при бегството до Република Турција. За тоа лице на сила се претходно определените мерки на претпазливост“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-28-at-13.43.14

Два месеци од убиството на докторот во Железара со девет убоди: до каде е пронаоѓањето на убијците

Два месеци се трага по лицата кои го убија матичниот доктор Ацо Трпковски во скопската населба „Железара“ пред истоимената поликлиника. Прибрани се траги, се чекаат вештачења, се вршеле распити. Случајот е во рацете на скопското Обвинителство, од каде посочуваат дека ги издале сите потребни наредби за да се обезбедат сторителите на грозоморното убиство. Оттаму, за „Скопје1“ посочуваат дека и натаму се постапува во насока, пред лицето на правдата да бидат изнесени виновниците за крвопролевањето.„Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки. Надлежен орган за откривање на сторителите на кривични дела е Министерството за внатрешни работи“, велат од Обвинителството за „Скопје1“Досега беа уапсени три лица за грозоморното убиство. беа во куќен притвор, но поради немање докази - беа ослободени.Мотивите за убиството се уште не се докрај јасни, но техничкиот министер за внатреши Панче Тошковски во подкастот „Претрес“ потенцираше дека според првичните информации, мотивот не е поврзан со неговата професија.Лекарот Ацо Трповски беше пронајден мртов на крајот од февруари, околу 23:00 часот со девет убодни рани на паркингот пред Поликлиниката Железара. Го нашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома во предвиденото време.

Скопје | пред 1 година

ubistvo

Телото на докторот убиен во Железара најдено во текот на ноќта - обвинител со детали

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син.Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 година

pozar-paar-ohrid-ohrid-njuz

19-годишен скопјанец осомничен дека го запалил кафулето на државниот правобранител Речи

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Објектот е на сопственост на јавниот правобранител Агрон Речи.На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид и фрлиле запаливо средство во објектот.Со тоа предизвикале пожар кој го зафатил и го оштетил кафе барот, внатрешноста и надворешноста од деловната зграда на ЈП Градски Пазар и околните објекти, каде што во тој момент живееле и престојувале луѓе, со што предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и поголема имотна штета.​Против лицето за кое е отворена истражна постапка, обвинителството до Основниот суд Охрид поднесе Предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се најде на слобода и околности кои укажуваат дека тој ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците.

Охрид | пред 1 година

02

Дома си чувал хероин: 21-годишник приведен и на чекор да заврши во притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на осомничениот, на 15 март полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 грама марихуана. При претресот биле одземени и четири дигитални ваги и други предмети со остатоци од хероин.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 21-годишник, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.Основното јавно обвинителство Велес, пак, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник кај кого при претрес во домот на 13 март беа пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и працетамол.И за овој осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции обвинителството предложи да биде определена мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

imigranti-2

Пет претреси, уапсени четири лица: голема акција против криминална група, имале помош и од странство

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше акција во која е сузбиена организирана криминална група која во периодот од август до ноември 2023 година извршувала кривично дело криумчарење мигранти. Извршени се претреси на пет локации во Скопје и Неготино, при што од слобода се лишени четири лица, додека за едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање.Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти казниво по член 418-в од Кривичниот законик, а за петмина од нив постојат основи на сомнение дека сториле и кривично дело Криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик.Во изминатиот период под раководство на јавен обвинител Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со Одделот за специјални и посебни операции спроведоа координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти. Сознанијата до кои е дојдено во текот на операцијата укажуваат дека четворицата првообвинети заедно со лице од странство организирале криминална група која организирала криумчарење на поголем број мигранти, кои веќе одреден период престојувале на територијата на Република Србија и Република Грција. Во договор со лицето од странство, мигрантите кои најмногу биле од Непал и Сирија на територијата на нашата држава биле пренесувани преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија од територијата на Република Грција, а потоа со помош на водичи координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Костејќи ист modus operandi организаторите криумчареле мигранти и во околината на кумановско – липковскиот регион каде од македонска територија мигрантите ги пренесувале на територијата на Република Србија, а од таму членовите на групата ги преземале со патнички и товарни моторни возила и ги превезувале преку илегални премини кон државите на Европската унија.Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за петмина осомничени. Останатите осомничени се наоѓаат на издржување на затворски казни во Казнено – поправните установи Скопје, Идризово, Куманово и Гевгелија за претходно сторени кривични дела.CategoriesСоопштенија

Македонија | пред 1 година

ambulanta

Со дрва и цевки тепани жени во виничко село: при апсење се заканувале со убиства

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство. Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка спрема сите осомничени.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

(Видео) Таткото на Вања донесен од затвор во суд, мајка му и татко му дојдоа да го поддржат

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше спроведен во Врховниот суд, каде што за првпат се одржува јавна седница за притвор. Освен него, во јавност дојде и неговото семејство - мајка и татко, во знак на поддршка. На седницата ќе се бара Ѓорчевски по повеќе од три месеци, да биде пуштен да докажува невиност од слобода.Адвокатот Владимир Туфегџиќ во неколку наврати посочи дека Ѓорчевски се држи во притвор без никакви аргументи, но и без докази за неговата вмешаност во случајот. Тој побара ослободување и од Апелација, но и од Кривичен суд - но не доби. Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c95e789b946e135c59bbfc6844334b1890fc921b6abee116c79a5b6fe5dc0f8c_2176f4fc936.00_00_22_02.Still001

(Видео) Таткото на убиената Вања: Кога ќе се донесе одлуката, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка

Обвинителката Наталија Тасевска бара Александар Ѓорчевски, татко на Вања, да остане во притвор, адвокатот Владимир Туфгеџиќ бара тој да биде да се брани од слобода, а осомничениот низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот. Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања. Од почетокот на јавната седница па се до крајот, тој плачеше.„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка“, рече Ѓорчевски.Беше побарано осомничениот на кратко да се сретне со неговите родители кои дојдоа како јавност во судницата, а Врховен суд им даде да поминат заедно две минути.Обвинителката Тасевска се противи на тоа Ѓорчевски да биде ослободен од притвор. Според неа постои висок ризик тој да избега или да го повтори делото. Немаше образложение врз основа на кои докази го искажува тоа тврдење.Адвокатот Туфегџиќ му повтори и на Врховниот суд, дека Ѓорчевски е неоправдано во притвор и дека со тоа се прави уште една трагедија, покрај убиството на неговата ќерка. Посочи дека за притворот нема основана аргументација.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-13-at-13.50.22

(Видео) „Па дајте докази! Нема ни помисла за бегство, не се знае со никој од осомничените“, вели адвокатот на таткото на убиената Вања

Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, верува дека од прв ден тој нема никаква вина. Според него, одреден му е превентивен притвор, без никакви докази. Посочува дека четири месеци не е предочен ниту доказ, а ниту индиција од кој би произлегла основаност на сомневањето за притвор.„Па дајте докази, како смета тој јавен обвинител, кои се фактите и доказите дека ќе се даде во бегство. Јас за такво нешто немам ниту индиција, ниту помисла. За мене работите се јасни“, рече Туфегџиќ.Според него, во решението нема аргументација за притворот. За тврдењето на Обвинителството дека Ѓорчевски може да влијае на сведоци, Туфегџиќ посочи дека тоа е уште една непоткрепена теза.„Кои се тие сведоци на кои може да влијае, ако се сослушани клучните шесте сведоци, кои биле со него во непосреден контакт, 24 часовен, во критичниот период. Јас ги предложив тие сведоци“, рече Туфегџиќ.Ѓорчевски е во притвор поради наводен контакт со сега избеганиот Љупчо Палевски-Палчо, за кого Туфегџиќ е дециден дека не постоел.„Не знае никого (од осомничените), ќе го прашате јавниот обвинител од каде му се нему дека тој некого познавал и од каде му е него сомневањето дека тој подолг временски период бил во контакт со лице и така натаму. Тоа ќе го прашате јавниот обвинител. Јас такви сознанија немам, ниту јавниот обвинител ме удостоил, што е негова законска обврска, да ме повика и да ги предочи“, додаде адвокатот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Монструм силувал малолетно девојче во Крива Паланка

Грозоморен чин во Крива Паланка. Силувано е малолетно девојче. Нејзината мајка, 32 годишна жена од Крива Паланка пријавила дека Б.Д. од Штип извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.Освен иницијалите, нема информации за годините на штипјанецот, ниту за возраста на детето.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-14-at-20.02.44

Јанакиески на слобода во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во јуни ќе излезе на слобода, а за слободата на ексдиректорот на УБК Сашо Мијаков, допрва ќе се одлучува, соопшти денеска Апелацискиот суд Скопје. Предметот на Мијалков оди на повторно постапување.Апелацискиот суд – Скопје донесе решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот Миле Јанакиевскиод со која се бара условен отпуст, се уважува. Согласно донесеното решение на Апелацискиот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот Јанакиевски наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело – соопшти Судот.Јанакиевски, министер во Владите на Никола Груевски се гонеше за предметите: Шамари во Центар, Топлик, Организатори за 27 април, Титаник, ТНТ, Талир, Траекторија, Шпански скали, Дизајн.Мијалков.Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот Сашо Мијслков, а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Македонија | пред 1 година

collage

(Видео) Законот не дозволува возачот на Палчо да остане во притвор, се правда Обвинителството откако тој беше пуштен на слобода

Предлогот за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, транспортерот на Љупчо Палевски-Палчо до Турција, од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска бил оти законот не и дозволувал продолжување на мерката повеќе од три месеци. Со овој став, Обвинителството го оправдува ослободувањето на Димковски и одредување на алтернативни мерки. Димковски се сомничи за помагање – а според Обвинителството, законот не дозволува притвор подолг од три месеци.„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.Претходно, Кривичен суд кажа дека пуштањето на Димковски од притвор бил по предлог од обвинителката Крстевска Јосифоска.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовкски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо бил ослободен од притвор по предлог на обвинител, вели Судот

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска која ја води истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала Стефан Димковски да биде пуштен од притвор. Ова го тврдат од Кривичниот суд, од каде велат дека постапиле по тој предлог.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Оттаму до овој момент нема одговор.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димковски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања