„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

предмети

kokain

Во автомобилот си направил бункер, па му најдоа 4,5 килограми кокаин - кога им влегоа дома им најдоа уште кило

„Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и додаваат:Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дојдоа до докази дека првоосомничениот кој беше лишен од слобода во Гевгелија, во бункер во ПМВ сокрива поголемо количество на психотропна супстанца. По обезбедена наредба за вештачење на возилото коешто беше одземено, пронајдени се 3,5 кг кокаин.Воедно, како резултат на доказите побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште 1 кг кокаин. За двете лица јавниот обвинител донесе Наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје побара притвор и куќен притвор.

Македонија | пред 10 месеци

merko

Мерко може да избега, па побарано одземање на пасошот - сега го гонат и за предизвикување етничка нетрпеливост

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.“Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

siluvanje

Силување и полов напад: 23-годишник оди зад решетки, две девојки биле негови жртви

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Ноќеска акција: двајца уапсени, на паркинг просторот на слепа улица во Ѓорче Петров држеле оружје, кокаин, таблети

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.Со истрагата се опфатени и засега непознати лица кои заедно, на паркинг просторот на слепа улица во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле дрога и оружје во паркиран автомобил.При претрес на возилото биле пронајдени околу 6,3 килограми марихуана, 442 таблети со психотропна супстанца 3,4 метилен диоксиметамфетамин (MDMA), три шприца со вкупен волумен од 14,2 ml хашиш смола и две дигитални ваги и други предмети со траги од тетрахидроканабинол и кокаин.Во совозачката касета во истото возило неовластено држеле огнено оружје – пиштол „Црвена застава” со калибар 7,65 мм, со рамка со 8 куршуми и еден пригушувач.За осомничените, на возраст од 36 и 27 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Еден уапсен за убиството во Арачиново: позната причината за пукањето

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

29-години има девојката која беше убиена во Штип: сѐ се случувало во близина на нејзиниот дом

Девојката која вчера беше убиена во Штип имала 29-години, соопшти Обвинителството. Како што кажаа од МВР, ја убил нејзиниот парнтнер, кој потоа сам се пријавил и предал.„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.Едно лице е задржано во полициска станица. При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Грозоморно: Жител од Богданци се соблекувал и задоволувал пред деца помали од 14 години среде училиште

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца.„Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Прибраните докази упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации.Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителство.

Македонија | пред 1 година

IMG_6295

Полицаец натепан во Гостивар: отишол да го претепа оти син му бил казнет за погрешно паркирање

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

granica-carina

Во „Премин“ паднаа 15 цариници и еден полицаец: шест побарани притвори - барале поткупи, биле и пријавувани

​Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови се спроведе голема полициска акција под кодно име ПРЕМИН. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица. Во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион и при тоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник. Со оглед дека во текот на предистрагата беа спроведени посебни истражни мерки, при претресите беа пронајдени паричните средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра.Предметниот јавен обвинител, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР против 15 лица, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Примање поткуп од чл.357 ст.1 од КЗ, додека за две лица пријавени за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 од КЗ ќе се спроведе скратена постапка. Од прибавените докази во текот на предистражната постапка, произлегува дека осомничените како вработени во Царинската управа на РСМ, а распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера - 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат. Откако ќе го примеле поткупот, што потоа го делеле меѓу себе, осомничените не ја вршеле својата службена должност и не правеле пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа. Така, увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки.Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема шестмина осомничени, додека за останатите десет осомничени лица предложи мерки на претпазливост – обврска за повремено јавување на определено службено лице, привремено да им бидат одземени патните исправи за преминување на државна граница и забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело.Согласно КЗ за кривичното дело Примање поткуп запретената казна е од четири до десет години затвор, додека за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување е предвидена казна затвор од шест месеци до три години.

Македонија | пред 1 година

filipovic

Правна голгота и тромозење: Правдата за загинатиот пешак кај мостот „Гоце Делчев“ не е ни на повидок, откако пресудата беше укината

Нецели три години се развлекува постапката во која се лоцира одговорноста кај кумановката Гордана Филиповиќ, која со „БМВ Х5“ удри во сега загинатиот Слободан Ангеловски на мостот „Гоце Делчев“ кај МНТ.  Судијката Елена Илиевска Јосифова во октомври 2023 изрече затворска казна од 3 години која во мај 2024 година беше укината бидејќи во предметот нема супервештачење, а до денеска судењето не може да започне да се суди одново. Судијката Џенета Бектовиќ која требаше да ја суди повторената постапка во Кривичен суд, замина да биде член на Судски совет, па денешното рочиште беше одложено. Кој и од кога ќе почне да го суди овој судски процес – засега никој не знае.За цело ова време, семејството Ангеловски очекува да се дознае вистината за загинатиот Слободан, кој бил во „Водовод“ да плати сметки, а дома не се вратил и загина на пешачки премин. Апелација смета дека пресудата не може да опстои, бидејќи во предметот има три вештачења, од кои двете на Обвинителството и оштетеното семејство се совпаѓаат, а третото кое го нарачала обвинетата - носи сосема други факти и околности. Па затоа, предметот го укина и побара Кривичен суд да го суди одново, но, прво да обезбеди супервештачење.“Судот пропуштил да ги утврди сите решителни факти во предметот кои се од битно влијание за одлучување во конкретниот кривично-правен настан, прадо што, обжалената пресуда не може во целост и со сигурност да се испита во однос на нејзината правилност и законитост.... Првостепениот суд ќе треба да нареди супервештачење, при што со сигурност ќе  ја утврди брзината на движењето на возилото на обвинетата, како и да го утврди придонесот на учесниците за настанување на сообраќајната незгода, како и правецот, мстото на кој дел од пешачкиот премин и на која сообраќајна лента пешакот изгубил рамнотежа и паднал, евентуалните причини кои довеле до губење на рамнотежата и пад на истиот, како и дали доказот доставен од законскиот записник на покојниот изготвениот вешт наод и мислење може да биде релевантно ценет со оглед дека оваа постапка се води по службена должност на ЈО, каде единствен овластен да предложи и побара изготвување на вешт наод и мислење има јавниот обвинител“, стои во пресудата на Апелација.Ова образложение ќе значи ново тормозење на семејството Ангеловски. Прво ќе треба да чекаат да се најде нов судија кој ќе го земе предметот во работа. Потоа, да се одреди рочиште за прво судење. Предметот нема да биде приоритет на судијата бидејќи не е притворски, а тоа значи дека може да се одржува и по едно рочиште и на два месеци. Судијата по воведните зборови и изјаснувањето за вина на обвинетата Филиповиќ, ќе треба да нареди супервештачење. И тука има нова кочница, бидејќи супервештачењето може да се изработува и неколку месеци – со оглед на праксата која се гледа низ судовите изминативе години.Овој предмет, во претходната постапка во Кривичен суд, стоеше девет месеци во фиока, додека се чекаше судот да го оцени, а АКМИСОТ да го распредели кај судија.Обвинетата Филиповиќ е мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа. Возачот кој ја прегази доби 7,5 години затвор.

Македонија | пред 1 година

blace

Бркотница на полицијата со дилери на дрога, а еден падна и на Блаце: скопјанец и стружанец завршија со лисици

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил “ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања.За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-3010PM

Се движел меѓу возилата, пресекол пат, кочел - Косовар се обидел да спречи полицајци да запрат товарно возило

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Р.Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“. Косовскиот државјанин, со автомобил „волво“ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот косовски државјанин.Categories

Македонија | пред 1 година

obvineti-vanja

Пропаднаа следните две рочишта за убиството на Вања и Панче

Основниот кривичен суд Скопје ќе ги отповика двете следни рочишта од судскиот процес против петтемина обвинети за убиствата и грабнувањата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, а кои требаше да се одржат на 7 и на 9 октомври. Причина за ова е влошената здравствена состојба на обвинетиот Боре Видевски, кој од неделата е хоспитализиран на Клиниката за нефрологија и не може да присуствува на рочиштата.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. од ноември 2023 – та година, ја известуваме јавноста дека: ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје на 02.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ Затвор Скопје е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба. Имајќи го предвид известувањето, а заради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 14.10.2024 година во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Обид за убиство на малолетник во тетовско: 28-годишник го сечел на вратот и увото, тој избегал

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво. Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Обид за убиство како од филм во Кочани: 24-годишник со нож во глава пробал да убие другар во неговата кола

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања