ПРЕДМЕТИ

boki-13-megjunaroden-sojuz

Пресврт во „Меѓународен сојуз“: Бизнисменот Амзовски се откажа од прогон на Боки 13, кажа дека верувал на Ременски и Кирацоски

Пресврт на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Бизнисменот Ардијан Амзоски од фирмата „Дрим билдинг“ се откажа од кривичен прогон на Бојан Јовановски-Боки 13, како и од оштетното побарување кое го имаше. Тој кажа дека во проектот влегол поради Фросина Ременски и Александар Кирацовски, додавајќи дека Јовановски, според него, воопшто не е виновен.  Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски, за „Скопје1“ посочува дека обвинетиот и Амзоски склучиле спогодба.„На последната главна расправа беше сослушан Адријан Амзовски кој во исказот ги опиша конекциите со Бојан Јовановски по однос на проектите и изјави дека лица од политиката Фросина Ременски и Александар Кирацовски биле лица во кои имал доверба, биле присутни на средбите и натеран да учествува во проектите. Потврди дека во овие проекти влегол заради нив и никогаш немало да соработува со Бојан Јовановски да не бил уверуван од нив. Адријан Амзовски се откажа од оштетно побарување и од кривичен прогон бидејќи врз основа на граѓанската пресуда склучил спогодба со Бојан Јовановски да му бидат вратени парите и истата е делумно исполнета и верува дека ќе биде исполнета во целост“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Амзовски и при првото сведочење пред Кривичен суд кажа дека на состаноците помеѓу него, Јовановски и Јасна Мандиќ, доаѓала и Фросина Ременски која беше ослободена од вина при изрекување на пресудата за овој случај, но и Александар Кирацовски кој го убедувал дека овој проект ќе успее. Токму присуството на тогашните функционери, како што рече, му било важно за да стекне доверба. Па така, дал 350.000 евра кеш за проектот со европски центри за возрасни лица кој не се реализираше. Според договорот, тие имале обврска да го изградат комплексот, а претставниците на „Меѓународен сојуз“ да им обезбедат државно земјиште кое би го купиле за 1,5-1,8 евро за квадрат, да обезбедат да не се плаќаат комуналнии, како и градежна дозвола…Претходно, пресудата за „Меѓународен сојуз“ со која осуден беше Бојан Јовановски беше укината. Судењето почна од ново. Се изведуваат докази преку кои Јовановски и остантите обвинети докажуваат дека немаат вина, наспроти Обвинителството кое не се откажа од кривичниот прогон. Дејствијата кои претходно и се ставаа на товар на Ременски која е осолободена од вина, сега му се ставаат на товар на Јовановски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

(Видео) Кај Боре Видевски се најдени куршуми, но не и пиштолот за нив, сведочи полицаец во случајот за убиствата на Вања и Панче

Полицискиот службеник Стојан Кујунџиевски, вработен во СВР Велес, а кој е повикан како сведок на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо во случајот за убиството на Вања и Панче Жежовски, раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец. Палевски го прашуваше полицискиот службеник каде е пиштолот на Боре Видевски и што се случувало при претресот на домот на овој обвинет.„Јас заедно со другите колеги од СВР Велес во иистрагата по исчезнато лице Панче Жежовски. По добивање на сознание, беа извршени контроли, беа прегледани видео записи од влезови и излезите на Велес, со цел лоцирање на возилото на исчезнатиот Панче Жежовски“, рече Кујунџиевски.Палевски му покажа службена белешка на службеникот потпишана од него, во која било наведено дека од снимки одземени од надзорни камери во хотел „Романтик“, стоело дека се гледало возилото „Ренко Кангу“ со две лица и „Цитроен“ со едно лице. Па го праша: „Дали и денеска стоите на ова во службената белешка?“.„Да, доколку тогаш сум го кажал тоа. Сте констатирале дека во цитроенот има две лица, во реното едно. Дали се сеќавате како беа облечени? Немам одговор, не можам да се сетам како беа обллечени“, рече сведокот.Сведокот беше прашан и за оружјето одземено од домот на обвинетиот Боре Видевски. Меѓудругото биле најдени куршуми за пиштол, но не и пиштол, појасни сведокот.„Дали сте сеќавате дека сте одземале предмети од Јасминка Видевска?“, праша Палевски на што доби одговор: „Ловна пушка, патроли за ловна пушка, и куршуми 9мм за пиштол“. Потоа Палевски допраша: „А каде ги предадовте?“, на што доби одговор: „Во магацин на СВР Велес“.„Пиштолот не беше пронајден при претресот и дополнителното одземање на истиот. Претресот е правен од страна на колеги, на 03.12.2023 и јас не бев присутен на истиот. При претресот кај Боре Видевски беше барано оружјето, но не можам да кажам што се случувало или не бидејќи јас не бев присутен. Дополнително, јас немав никаков контакт со Боре Видевски за да го прашам каде е пиштолот“, рече сведокот, кој е полициски службеник од СВР Велес.Потоа, на 13 декември 2023 година, сите предмети потребни за истрагата од СВР Велес биле предадени во СВР Скопје.„Дали преднетите кои ги наведовте СВР Скопје ги виде?“, праша Палевски и доби одговор: „ Предметите не ги виде, но документацијата да“. Потоа допраша: „Зошто предметите не?“, на што сведокот одговори: „Предметите се предмет на управна постапка за одземање на оружје и истите во магацин на СВР Велес за чување. Исто и дозволите за чување“.Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-18.09.46

Сестрата на смртно-прегазената Теодора: Сестра ми сака мирно да спие, до кога ќе умираме од болка?

"И пак умираме, пак и пак пак до кога? Зарем нетреба да се стави крај на сето оваа, или веќе кога не враќаат во првостепена, ќе ги одложуваме повторно и рочишта до кога? Веќе све е очигледно! До кога ќе се врти неправдата оклу нас, до кога ќе ги гледам моите родители како молат за правда, до кога ќе ни гори душата? До кога ќе молиме и лелекаме за правда? Сестра ми Теодора сака правда, Сестра ми сакам мирно да спиее! Сакаме правда за Теодора! Сакаме веќе колечно да имаме правда!ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!"Ова вчера на Фејсбук го напиша Ева Ристовска, сестрата на Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа.- "За која правда да зборувам, за кој суд да зборувам за која Македонија да зборувам, мизерија од људи станавмо се страмим од мојата државам се страмим од људите кои раковода со нашава држава. Да згазнеш девојче на само 22години и да завршиш со условна казна,жално страмотно, згора на тоа убиецот секојдневно се шета пред мене со насмевка, без грам срам, жалост и виновност, без признавање на дело зад кое тој сам го сторил. За кое дело да зборим, пред тебе стои мермер на младо девојче, зад тебе људи со душевна болка што навечер неможат да заспијаат, на кого да кажем на убиец што нема никакви чуства, мене сварно ми е јасно како може ваке да фукционирамо ваке,како може толку лесно да ја купиш правдата, како можеш да не одговараш за твојата грешка, како можеш дома да отидеш да ги видиш твојте деца а да не ти текне дека ти си убил нејчио дете. Дете за кој некој се трудел да го порасне,и да му го покаже вистинскиот пат. Пешачкиот премин е од едната до другата страна на улицата а не од овој до другиот свет, на Теодора не вредеше вака да и заврши животот, и тоа без никаква правда. Како може човек да не раководи со своите емоции и чуства да нема епатија и човечност. Оф оф оф.. Македонијо тешки луѓе те газат", додаде таа, велејќи и дека правда во Македонија не постои ни на лист хартија.Инаку, во Тетово вчера овторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска.По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.- Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години, изјави Ева Ристовска.

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-50-6940PM

Започна и веднаш се одложи повтореното судење за трагичната смрт на Теодора

Во тетовскиот суд започна и веднаш се одложи повтореното судење за сообраќајката во која загина 22-годишната Теодора Ристовска.Судијата информираше дека се отсутни обвинетиот Менсур Пајазити и неговиот адвокат.Пајазити, стои во образложението, се наоѓа на болничко лекување во Тетовската клиничка болница во одделот за интерна медицина судењето.Ова е инаку повторено судење откако Основниот суд Тетово го осуди Пајазити на три и пол години затвор. Апелацискиот суд во Гостивар му ја намали казната на две години, по што Врховниот суд ги укина двете пресуди и го врати судењето во Основен суд Тетово.„По две и пол години повторно се наоѓаме пред Основен суд, повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студентка која се бореше за своите права, имаше соништа и беше човек со огромна душа. Овие луѓе денеска тука дојдоа да ни дадат поддршка, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. Не ми е јасно уште колку треба да поминуваме низ истиот пекол за нешто што е очигледно и колку солзи треба да пролееме“, изјави Ева Ристовска, сестрата на Теодора.Теодора беше прегазена на пешачки премин на 15 август 2022 на булеварот Видео Смилевски-Бато.Судењето е одложено за 27 март.

Македонија | пред 10 месеци

DSC02115

Под истрага двајца полициски службеници

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца полициски службеници. Постои основано сомнение дека осомничените сториле продолжено кривично дело Попречување на правдата, продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и продолжено кривично дело Фалсификување исправа.Според прибраните докази во предистражната постапка осомничените како службени лица – началник и виш инспектор, по претходен договор и заедно, не извршувајќи ја својата службена должност ја злоупотребиле својата службена положба со намера да го спречат докажувањето во постапки што се воделе пред ОЈО Куманово.Така, во август 2023 година во предмет против осомничен за кривично дело Предизвикување општа опасност, иако при претрес била пронајдена пушка, второосомничениот не го известил надлежниот јавен обвинител и со Известувањето што го подготвил до ОЈО Куманово, а кое го одобрил и потпишал првоосомничениот, не го доставил пронајденото оружје, ниту побарал негово вештачење. На тој начин осомничените злоупотребувајќи ја својата положба со неизвршување на својата службена должност, го прикриле предметот што служел за докажување на стореното кривично дело и овозможиле пријавата против осомничениот да биде отфрлена со што потешко ги повредиле правата на оштетените пријавители на кривичното дело.Кон крајот на месец декември минатата година, првоосомничениот изработил Потврда за вратени предмети со која на осомничен во предмет му вратиле возило што претходно било одземено поради постоење основи на сомневање на сторено кривично дело Фалсификување исправа. Иако знаеле дека идентитетот на возилото според извршеното вештачење е променет, првоосомничениот наместо да поднесе кривична пријава, подготвил Известување до ОЈО Куманово кое второосомничениот како началник го одобрил и потпишал, а потоа истото било доставено до обвинителството. Враќајќи го возилото осомничените му овозможиле на друг да прибави имотна корист во вредност од 7.640 евра.Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничените се бранат од слобода, како и дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците кои би дале важни информации за случените кривично правни настани, а имајќи ги предвид работните позиции, јавниот обвинител цени дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе го повторат кривичното дело. Затоа, до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје обвинителството достави предлог за определување на мерка притвор за двајцата осомничени кој предлог е прифатен и со Решение им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 10 месеци

zan-mitrev

Случајот против Жан Митрев почна од почеток

Две судијки поротнички во исто време си дадоа оставки од функцијата, ова е причината поради која предметот во кој докторот и сопственик на Клиниката, Жан Митрев е обвинет за измама на 283 пациенти да се врати од почеток.Основното јавно обвинителство – Скопје на 10 јануари 2023 година поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. А за ова кривично дело „измама“ предвидената казна затвор е од една до 10 години.Од ОЈО тогаш рекоа дека дека се лекувале со методот на хемофилтрација за време на пандемијата со Ковид 19 и дека 283 луѓе се пријавиле со оштетно побарување, кои рекле дека се чувствуваат измамени и се приклучиле, но и дека имало и такви кои не сакале и рекле дека не сите се чувствуваат за оштетени.Никола Додевски, адвокатот на Жан Митрев, денеска кажа дека обвиненијата за измама на пациенти се апсурдни.На рочиштата се се враќа од почеток, па така ќе треба повторно да се сослушуваат и да дадат искази и сведоците.Обвинителството смета дека скапото лекување од ковид-19 во клиниката Жан Митрев било непријавена клиничка студија, односно наспроти домашните законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД.Од Жан Митрев тврдатдека тоа се неточни наводи, насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на болницата,, Жан Митрев”.

Македонија | пред 10 месеци

IMG_3884

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, потпишувана од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Со ова, Јовановски е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување има уште неколку месеци.Судиите разгледувале медицински-конзилијарни мислења, во кои се опишувала здравствената состојба на осудениот. Со нив, освен што се констатирало дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема ниту терапии, ниту доктори, ниту услови, таму се нотирало и дека тој има инвлидитет бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и тенкото црево. Во документацијата имало и извештаи за неговата состојба, по како што се наведува, две живото-загрозувачки операции додека бил во затвор, а дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведат фатални последици.Судиите пред нив имале неколку опции за постапување, при донесување на одлуката. Па така, можеле да ја преиначат претходната пресуда во однос на санкцијата (што и го направиле), да ја ублажат веќе изречената казна, да одредат колку ќе се изврши од претходно определената казна.Јовановски-Боки 13 беше осуден на девет години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“. Интересно е дека за делото „примање награда за противзаконито влијание“ беа осудени и Сашо Мијалков во „Титаник 2“ каде доби две години затвор (делото му застари), Никола Груевски во случајот „Тенк“ каде доби исто така две години затвор, врховниот судија Наќе Георгиев кој се спогоди за три години затвор, членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети кој се спогоди за условна осуда.Сторувањето на кривичното дело „перење пари“, кај Јовановски, го спореа и Коалицијата за правично судење во нивната студија, со тврдење дека не е исполнето битието на делото.„Нејасно е зошто купувањето на материјални добра со илегално стекнати пари е класифицирано како кривично дело од чл. 273 став 1 од КЗ, бидејќи таквото дејство, само по себе не го исполнува битието на казненото дело перење пари. Доколку тоа би било така, во тој случај и обвинетиот кој извршил кривично дело кражба и украл пари за да купи храна или облека би требало да биде обвинет како за кражба, така и за перење пари, бидејќи храната ја купил со илегално стекнати пари, односно истите ги пуштил во оптек“, се вели во студијата.Коалицијата го спореше квалификацијата на делото, нееднаквиот пристап на одбраната и на Обвинителството до доказите, за вештачењето на телефонот на Боки 13 и друго.Јовановски и моментално е на лекување.

Македонија | пред 10 месеци

DSC_0288

Велешанец се обидел да изврши силување во Аеродром, тврди Обвинителството и бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал.Бидејќи постојат околности што укажуваат дека доколку осомничениот се остави да се брани од слобода ќе се даде во бегство или пак ќе се крие, со што ќе биде недостапен на органите на прогонот, но и со оглед на тоа дека постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведокот-оштетена или дека ќе го ќе го повтори или доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 11 месец

kokain

Во автомобилот си направил бункер, па му најдоа 4,5 килограми кокаин - кога им влегоа дома им најдоа уште кило

„Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и додаваат:Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дојдоа до докази дека првоосомничениот кој беше лишен од слобода во Гевгелија, во бункер во ПМВ сокрива поголемо количество на психотропна супстанца. По обезбедена наредба за вештачење на возилото коешто беше одземено, пронајдени се 3,5 кг кокаин.Воедно, како резултат на доказите побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште 1 кг кокаин. За двете лица јавниот обвинител донесе Наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје побара притвор и куќен притвор.

Македонија | пред 11 месец

merko

Мерко може да избега, па побарано одземање на пасошот - сега го гонат и за предизвикување етничка нетрпеливост

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.“Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

siluvanje

Силување и полов напад: 23-годишник оди зад решетки, две девојки биле негови жртви

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Ноќеска акција: двајца уапсени, на паркинг просторот на слепа улица во Ѓорче Петров држеле оружје, кокаин, таблети

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.Со истрагата се опфатени и засега непознати лица кои заедно, на паркинг просторот на слепа улица во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле дрога и оружје во паркиран автомобил.При претрес на возилото биле пронајдени околу 6,3 килограми марихуана, 442 таблети со психотропна супстанца 3,4 метилен диоксиметамфетамин (MDMA), три шприца со вкупен волумен од 14,2 ml хашиш смола и две дигитални ваги и други предмети со траги од тетрахидроканабинол и кокаин.Во совозачката касета во истото возило неовластено држеле огнено оружје – пиштол „Црвена застава” со калибар 7,65 мм, со рамка со 8 куршуми и еден пригушувач.За осомничените, на возраст од 36 и 27 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Еден уапсен за убиството во Арачиново: позната причината за пукањето

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

29-години има девојката која беше убиена во Штип: сѐ се случувало во близина на нејзиниот дом

Девојката која вчера беше убиена во Штип имала 29-години, соопшти Обвинителството. Како што кажаа од МВР, ја убил нејзиниот парнтнер, кој потоа сам се пријавил и предал.„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.Едно лице е задржано во полициска станица. При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Грозоморно: Жител од Богданци се соблекувал и задоволувал пред деца помали од 14 години среде училиште

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца.„Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Прибраните докази упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации.Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителство.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања