„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

предмети

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

(Видео) Таткото на Вања донесен од затвор во суд, мајка му и татко му дојдоа да го поддржат

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше спроведен во Врховниот суд, каде што за првпат се одржува јавна седница за притвор. Освен него, во јавност дојде и неговото семејство - мајка и татко, во знак на поддршка. На седницата ќе се бара Ѓорчевски по повеќе од три месеци, да биде пуштен да докажува невиност од слобода.Адвокатот Владимир Туфегџиќ во неколку наврати посочи дека Ѓорчевски се држи во притвор без никакви аргументи, но и без докази за неговата вмешаност во случајот. Тој побара ослободување и од Апелација, но и од Кривичен суд - но не доби. Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c95e789b946e135c59bbfc6844334b1890fc921b6abee116c79a5b6fe5dc0f8c_2176f4fc936.00_00_22_02.Still001

(Видео) Таткото на убиената Вања: Кога ќе се донесе одлуката, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка

Обвинителката Наталија Тасевска бара Александар Ѓорчевски, татко на Вања, да остане во притвор, адвокатот Владимир Туфгеџиќ бара тој да биде да се брани од слобода, а осомничениот низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот. Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања. Од почетокот на јавната седница па се до крајот, тој плачеше.„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка“, рече Ѓорчевски.Беше побарано осомничениот на кратко да се сретне со неговите родители кои дојдоа како јавност во судницата, а Врховен суд им даде да поминат заедно две минути.Обвинителката Тасевска се противи на тоа Ѓорчевски да биде ослободен од притвор. Според неа постои висок ризик тој да избега или да го повтори делото. Немаше образложение врз основа на кои докази го искажува тоа тврдење.Адвокатот Туфегџиќ му повтори и на Врховниот суд, дека Ѓорчевски е неоправдано во притвор и дека со тоа се прави уште една трагедија, покрај убиството на неговата ќерка. Посочи дека за притворот нема основана аргументација.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-13-at-13.50.22

(Видео) „Па дајте докази! Нема ни помисла за бегство, не се знае со никој од осомничените“, вели адвокатот на таткото на убиената Вања

Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, верува дека од прв ден тој нема никаква вина. Според него, одреден му е превентивен притвор, без никакви докази. Посочува дека четири месеци не е предочен ниту доказ, а ниту индиција од кој би произлегла основаност на сомневањето за притвор.„Па дајте докази, како смета тој јавен обвинител, кои се фактите и доказите дека ќе се даде во бегство. Јас за такво нешто немам ниту индиција, ниту помисла. За мене работите се јасни“, рече Туфегџиќ.Според него, во решението нема аргументација за притворот. За тврдењето на Обвинителството дека Ѓорчевски може да влијае на сведоци, Туфегџиќ посочи дека тоа е уште една непоткрепена теза.„Кои се тие сведоци на кои може да влијае, ако се сослушани клучните шесте сведоци, кои биле со него во непосреден контакт, 24 часовен, во критичниот период. Јас ги предложив тие сведоци“, рече Туфегџиќ.Ѓорчевски е во притвор поради наводен контакт со сега избеганиот Љупчо Палевски-Палчо, за кого Туфегџиќ е дециден дека не постоел.„Не знае никого (од осомничените), ќе го прашате јавниот обвинител од каде му се нему дека тој некого познавал и од каде му е него сомневањето дека тој подолг временски период бил во контакт со лице и така натаму. Тоа ќе го прашате јавниот обвинител. Јас такви сознанија немам, ниту јавниот обвинител ме удостоил, што е негова законска обврска, да ме повика и да ги предочи“, додаде адвокатот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Монструм силувал малолетно девојче во Крива Паланка

Грозоморен чин во Крива Паланка. Силувано е малолетно девојче. Нејзината мајка, 32 годишна жена од Крива Паланка пријавила дека Б.Д. од Штип извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.Освен иницијалите, нема информации за годините на штипјанецот, ниту за возраста на детето.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-14-at-20.02.44

Јанакиески на слобода во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во јуни ќе излезе на слобода, а за слободата на ексдиректорот на УБК Сашо Мијаков, допрва ќе се одлучува, соопшти денеска Апелацискиот суд Скопје. Предметот на Мијалков оди на повторно постапување.Апелацискиот суд – Скопје донесе решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот Миле Јанакиевскиод со која се бара условен отпуст, се уважува. Согласно донесеното решение на Апелацискиот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот Јанакиевски наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело – соопшти Судот.Јанакиевски, министер во Владите на Никола Груевски се гонеше за предметите: Шамари во Центар, Топлик, Организатори за 27 април, Титаник, ТНТ, Талир, Траекторија, Шпански скали, Дизајн.Мијалков.Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот Сашо Мијслков, а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот „Империја“.

Македонија | пред 1 година

collage

(Видео) Законот не дозволува возачот на Палчо да остане во притвор, се правда Обвинителството откако тој беше пуштен на слобода

Предлогот за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, транспортерот на Љупчо Палевски-Палчо до Турција, од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска бил оти законот не и дозволувал продолжување на мерката повеќе од три месеци. Со овој став, Обвинителството го оправдува ослободувањето на Димковски и одредување на алтернативни мерки. Димковски се сомничи за помагање – а според Обвинителството, законот не дозволува притвор подолг од три месеци.„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.Претходно, Кривичен суд кажа дека пуштањето на Димковски од притвор бил по предлог од обвинителката Крстевска Јосифоска.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовкски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо бил ослободен од притвор по предлог на обвинител, вели Судот

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска која ја води истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала Стефан Димковски да биде пуштен од притвор. Ова го тврдат од Кривичниот суд, од каде велат дека постапиле по тој предлог.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Оттаму до овој момент нема одговор.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димковски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

stefan-dimkovski

(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Скопје1“ побара став од судот на што ја темелат ваквата одлука и што ги убедило дека Димковски нема да влијае на сведоци или да се даде во бегство, особено ако се има во предвид дека претходно по овие основи го држеа зад решетки. Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Од двете места очекуваме одговори.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Ова е прв укинат притвор за овој предмет. Во притвор, остануваат осомничените за реализација на убиството и таткото Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање со тоа што дал информации за тоа кога Вања ќе ја напушти зградата.„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

Полицаец натепан со боксови во Битола оти запрел 27-годишник со „БМВ Џ6“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.Судијата на пре

Македонија | пред 1 година

siluvanje-1-640x432-163518

Грозоморно: Повеќепати силувана малолетничка во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче.Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.CategoriesСоопштенија

Македонија | пред 1 година

pari-zaplena-evra-denari-mobilen

Внимавајте: Скопјани со фалсификувани пари купувале храна, изнајмувале соби

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

За 50 евра земен поткуп, му се заканува притвор - полицаец од Блаце фатен на дело

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик.Вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Откако претходно возач на авотбус со косовски национални ознаки бил одбиен за влез во државава бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот. Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот на неговото биро оставил банкнота од 50 евра за да им овозможи влез на возачот и автобусот во државава.Веднаш бил лишен од слобода, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложи на судот да определи притворска мерка со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

Македонија | пред 1 година

maksim-dimitrievski0123

Максим Димитриевски доби обвинение пред избори: го гонат за злоупотреба, а обвинува дека целта е дискредитација

Претседателот на Движењето Знам – За наша Македонија, Максим Димитриевски доби обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување. Кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани поднел обвинителен предлог по кривичната пријава на две кумановски фирми дека не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и покрај тоа што, адвокатскиот тим на Димитриевски барал тој да биде изземен поради пристрасност и селективно постапување во предистражната постапка.Димитриевски одржа вонредна прес конференција на којашто потенцираше дека повод за истата е веќе виденото сценарио кое што и претходно во многу наврати беше применето кон него и кон неговите истомисленици, а во моменти на предизборни и изборни активности во кампања.Димитриевски при тоа додаде: „Имено, во овој случај само се потврдува досега многу пати повтореното тврдење дека власта преку своите сателити инсталирани во судско-обвинителската власт, креира неосновани случаи, го злоупотребува правниот систем, во случајов Обвинителството, а во одредени моменти и дел од судиите на Уставниот суд, за да креира неосновни кривични пријави за наводна злоупотреба на службената положба и овластување од моја страна како актуелен градоначалник на Општина Куманово“.Тој потенцира дека не е случајно, што токму во овој момент, кога е номиниран за кандидат за Претседател на Македонија од политичката партија Движење ЗНАМ-За наша Македонија, поддржан од над 11.500 потписи на граѓаните, се изнудува и креира неоснован обвинителски предлог од страна на ОЈО Куманово и обвинителот Иса Сулејмани, за кого претходно од неговиот адвокатски тим е побарано изземање од постапката поради пристрасност и селективно постапување во предистражна постапка.„Градба на локација во Куманово во самата близина на Здравствениот дом Куманово или Школски диспанзер и дополнително на гимназијата „Гоце Делчев“. Ова е прв пат, кога обвинителството го штити приватниот, а не јавниот интерес, а овој обвинителен акт е само уште една потврда за таквото однесување“, рече Димитриевски и додаде:„За жал, оваа владејачка структура се повеќе потстетува на режимот на бегалецот Груевски, бидејќи и методите се исти, дури и многу пософистицирани, иако во одреден период заедно со дел од нив се боревме против истиот тој режим“.„Сакам да им порачам на сценаристите и режисерите на овој монтиран случај дека не постои сила, ниту цена која може да ме оттргне од мојот трасиран пат, да ги бранам државните, националните и интересите на сите граѓани не само на Куманово, туку и на Македонија. Напротив, за мене ова е дополнителен поттик да бидам уште поуверен во сопствените ставови, во ставовите на моите истомисленици и да ја истуркам оваа борба до крај. Се со единствена цел да се оневозможи на никој поединец во државата да му се случува вакво нешто “, рече Димитриевски.Запрашан за што конкретно станува збор Димтиревски рече:„Се работи за предмет којшто се води пред Основното јаввно обвинителство Куманово, во кое што еден од подносителите на кривичната пријава е всушност и потврден спонзор на една од актуелните партии во власта, којшто има личен интерес, да изгради станбен објект со катност од 11 спрата. Во општината согласно законите се води управна постапка, а јас бев претходно известен од страна на две јавни институции, гимназијата „Гоце Делчев„ и Школксата амбуланта Куманово – Здравствен дом Куманово дека им е загрозен јавниот интерес, при што јас како градоначалник сум должен во вакви постапки истото да го проверам и доколку се потврди дека е загрозен јавниот интерес, тоа да го спречам. Во овој случај постои стручно мислење кое го потврдува јавниот интерес. Врз мене во континуитет се вршат различни форми на притисок за да се обезбеди градежна дозвола за изградба. Во овој случај за жал има инволвирано и лица, носители на највисоко ниво на функции во државата. Во овој случај обвинителот којшто има поднесено поднесок против мене до Кривичниот суд во Куманово, всушност постапува целосно пристрасно, иако има поднесено барање за негово изземање од предметот, бидејќи селективно и нереално ја утврдил фактичката состојба, истиот согласно законот мора да сопре со сите дејствија против мене.Сепак тој истиот своеволно поднесува обвинителен поднесок, со цел да ми наштети лично мене, како и на субјектот Движење ЗНАМ За наша Македонија, со кој заедно настапуваме на претстојните избори.Димитриевски рече дека не може да ги објави имињата на функционерите, бидејќи смета дека може да ги загрози идните можни кривични постапки кои од моја страна, а и по службена должност ќе бидат водени против овие лица.За сите овие случувања известени се нашите стратешки партнери и пријатели ЕУ, САД и сите дипломатски претставни и межународни организации.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања