ПРЕДМЕТИ

IMG_6295

Полицаец натепан во Гостивар: отишол да го претепа оти син му бил казнет за погрешно паркирање

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

granica-carina

Во „Премин“ паднаа 15 цариници и еден полицаец: шест побарани притвори - барале поткупи, биле и пријавувани

​Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови се спроведе голема полициска акција под кодно име ПРЕМИН. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица. Во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион и при тоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник. Со оглед дека во текот на предистрагата беа спроведени посебни истражни мерки, при претресите беа пронајдени паричните средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра.Предметниот јавен обвинител, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР против 15 лица, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Примање поткуп од чл.357 ст.1 од КЗ, додека за две лица пријавени за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 од КЗ ќе се спроведе скратена постапка. Од прибавените докази во текот на предистражната постапка, произлегува дека осомничените како вработени во Царинската управа на РСМ, а распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера - 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат. Откако ќе го примеле поткупот, што потоа го делеле меѓу себе, осомничените не ја вршеле својата службена должност и не правеле пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа. Така, увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки.Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема шестмина осомничени, додека за останатите десет осомничени лица предложи мерки на претпазливост – обврска за повремено јавување на определено службено лице, привремено да им бидат одземени патните исправи за преминување на државна граница и забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело.Согласно КЗ за кривичното дело Примање поткуп запретената казна е од четири до десет години затвор, додека за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување е предвидена казна затвор од шест месеци до три години.

Македонија | пред 1 година

filipovic

Правна голгота и тромозење: Правдата за загинатиот пешак кај мостот „Гоце Делчев“ не е ни на повидок, откако пресудата беше укината

Нецели три години се развлекува постапката во која се лоцира одговорноста кај кумановката Гордана Филиповиќ, која со „БМВ Х5“ удри во сега загинатиот Слободан Ангеловски на мостот „Гоце Делчев“ кај МНТ.  Судијката Елена Илиевска Јосифова во октомври 2023 изрече затворска казна од 3 години која во мај 2024 година беше укината бидејќи во предметот нема супервештачење, а до денеска судењето не може да започне да се суди одново. Судијката Џенета Бектовиќ која требаше да ја суди повторената постапка во Кривичен суд, замина да биде член на Судски совет, па денешното рочиште беше одложено. Кој и од кога ќе почне да го суди овој судски процес – засега никој не знае.За цело ова време, семејството Ангеловски очекува да се дознае вистината за загинатиот Слободан, кој бил во „Водовод“ да плати сметки, а дома не се вратил и загина на пешачки премин. Апелација смета дека пресудата не може да опстои, бидејќи во предметот има три вештачења, од кои двете на Обвинителството и оштетеното семејство се совпаѓаат, а третото кое го нарачала обвинетата - носи сосема други факти и околности. Па затоа, предметот го укина и побара Кривичен суд да го суди одново, но, прво да обезбеди супервештачење.“Судот пропуштил да ги утврди сите решителни факти во предметот кои се од битно влијание за одлучување во конкретниот кривично-правен настан, прадо што, обжалената пресуда не може во целост и со сигурност да се испита во однос на нејзината правилност и законитост.... Првостепениот суд ќе треба да нареди супервештачење, при што со сигурност ќе  ја утврди брзината на движењето на возилото на обвинетата, како и да го утврди придонесот на учесниците за настанување на сообраќајната незгода, како и правецот, мстото на кој дел од пешачкиот премин и на која сообраќајна лента пешакот изгубил рамнотежа и паднал, евентуалните причини кои довеле до губење на рамнотежата и пад на истиот, како и дали доказот доставен од законскиот записник на покојниот изготвениот вешт наод и мислење може да биде релевантно ценет со оглед дека оваа постапка се води по службена должност на ЈО, каде единствен овластен да предложи и побара изготвување на вешт наод и мислење има јавниот обвинител“, стои во пресудата на Апелација.Ова образложение ќе значи ново тормозење на семејството Ангеловски. Прво ќе треба да чекаат да се најде нов судија кој ќе го земе предметот во работа. Потоа, да се одреди рочиште за прво судење. Предметот нема да биде приоритет на судијата бидејќи не е притворски, а тоа значи дека може да се одржува и по едно рочиште и на два месеци. Судијата по воведните зборови и изјаснувањето за вина на обвинетата Филиповиќ, ќе треба да нареди супервештачење. И тука има нова кочница, бидејќи супервештачењето може да се изработува и неколку месеци – со оглед на праксата која се гледа низ судовите изминативе години.Овој предмет, во претходната постапка во Кривичен суд, стоеше девет месеци во фиока, додека се чекаше судот да го оцени, а АКМИСОТ да го распредели кај судија.Обвинетата Филиповиќ е мајка на кумановката Јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа. Возачот кој ја прегази доби 7,5 години затвор.

Македонија | пред 1 година

blace

Бркотница на полицијата со дилери на дрога, а еден падна и на Блаце: скопјанец и стружанец завршија со лисици

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил “ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања.За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-3010PM

Се движел меѓу возилата, пресекол пат, кочел - Косовар се обидел да спречи полицајци да запрат товарно возило

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Р.Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“. Косовскиот државјанин, со автомобил „волво“ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот косовски државјанин.Categories

Македонија | пред 1 година

obvineti-vanja

Пропаднаа следните две рочишта за убиството на Вања и Панче

Основниот кривичен суд Скопје ќе ги отповика двете следни рочишта од судскиот процес против петтемина обвинети за убиствата и грабнувањата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, а кои требаше да се одржат на 7 и на 9 октомври. Причина за ова е влошената здравствена состојба на обвинетиот Боре Видевски, кој од неделата е хоспитализиран на Клиниката за нефрологија и не може да присуствува на рочиштата.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. од ноември 2023 – та година, ја известуваме јавноста дека: ЈЗУ Универзитетска клиника за Нефрологија – Скопје на 02.10.2024 година го извести Основниот кривичен суд Скопје, дека притвореникот Б.В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ Затвор Скопје е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника заради влошена здравствена состојба. Имајќи го предвид известувањето, а заради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот, веќе насрочен термин, на 14.10.2024 година во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Обид за убиство на малолетник во тетовско: 28-годишник го сечел на вратот и увото, тој избегал

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво. Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Обид за убиство како од филм во Кочани: 24-годишник со нож во глава пробал да убие другар во неговата кола

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Кавадарчанка се обидела да ја убие мајка и: ја удрила со чекан по глава, па тргнала да бега

Поради основано сомнение дека сторила кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе истрага против 32-годишна жена.На 10 септември, во раните утрински часови, при вршење семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка. Додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не и дозволил да избега по настанот.Поради опасноста од бегство, пред се имајќи ја предвид висината на запретената казна за ваков облик на кривично дело, можноста да влијае врз сведокот или да се обиде да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и синоќа донесе решение со кое на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Убиство во Кочани: две лица до смрт претепале сосед

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени, по претходна расправија, лишиле од живот едно лице, нивен сосед, удирајќи го повеќе пати со тврди предмети и нанесувајќи му повреди по целото тело.По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-06-at-10.39.22

(Видео) Детали за обидот за силување на жената: Ја зграпчил за рацете и ја влечел кон споредна улица, ја турнал и се обидел...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 5 септември, осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа. Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го доврши обиденото кривично дело. Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Скопје | пред 1 година

image-214543

По несреќата каде татко и син ги загубија животите: Итно запирање над работите на автопатот Скопје-Куманово

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син.„По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.Categories

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Се прошета и се врати: Гури од ДУИ се предаде на полицијата, откако беше во бегство - ќе треба да биде вратен во притвор

Исмет Гури, истакнат активист на ДУИ, за кого се шпекулираше дека преминал кај „огнените“, а по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денешниот ден самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).Гури беше во затворскиот притвор, а потоа му беше одреден домашен притвор поради здравствени проблеми. Минатата година беше уапсен заедно со 15 лица меѓу кои и бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи, под сомнение за слосторничко здружување и даночна измама.Против Гури беше распишана меѓународна потерница од МВР поради тоа што избега од куќен притвор на почетокот од оваа година. Гури не бил пронајден на адресата на која требало да издржува куќен притвор. Бегството се случило откако Обвинителството по жалба побарало куќниот притвор да му се преиначи во ефективен притвор во Шутка, по што му бил доделен, но кога полицијата отишла да го спроведе, него го немало.Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Скопјанец допирал малолетник на клупа во парк, кој се извлекол и избегал: уште еден ужасен случај во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира.Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција.Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.Судијата на претходна постапка попладнево ги прифати предложените мерки.

Скопје | пред 1 година

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Повисоки казни се бараат за осудените за несреќата кај Ласкарци: Судот погрешно ги ценел одговорноста и околностите

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд Скопје изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци.Според јавниот обвинител, во овој случај, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира и супституира судската улога во процесот на одлучувањето.“Преку критичка оценка на доказите, поединечно и во нивното содејство, првостепениот суд не дозволи судската пресуда да зависи само од осамено и на ништо непоткрепено мислење на вештаци вклучени во супервештачењето, кои не успеаја да изградат јасен став за клучни прашања, а ја пролонгираа главната расправа повеќе од една година”, наведува јавниот обвинител Дарко Јакимовски, истакнувајќи ги доказите врз основа на кои Судот правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба и го применил Кривичниот законик кога нашол дека во дејствијата на сите обвинети се содржани сите битни елементи на кривичните дела за кои се огласени за виновни.Меѓутоа, жалбата е поднесена поради одлуката за висината на кривичните санкции изречени за четворица од обвинетите.Имено, Основниот кривичен суд Скопје, како првостепен кривичен суд, со пресудата од 26.12.2023 година, обвинетиот Д.Б. го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.2 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 4 години, во која казна му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетиот Р.М. судот го огласи виновен за истото кривично дело и го осуди на казна затвор во траење од 6 години, во кои му е засметано и времето поминато во притвор и куќен притвор. Обвинетите И.Ѓ., Г.Д. и Ј.Б. виновни за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.299 ст.1 вв со чл.22 од Кривичниот законик беа осудени на затворски казни во траење по пет години, во кои е засметано времето поминато во притвор и куќен притвор. Возачот М.Т., за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 вв со чл.297 ст.1 од КЗ, беше осуден на казна затвор во траење од 14 години, во кои се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор.Според јавниот обвинител, во однос на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д., Судот погрешно ги ценел олеснувачките и отежнувачките околности, како и индивидуалната одговорност на обвинетите за случувањето на тешката сообраќајна несреќа, во која загинаа 16 лица, а уште 38 беа повредени.“Животите на патниците кои се превезувале не само во предметниот автобус, туку и во другите автобуси и останатите учесници во јавниот сообраќај биле директно загрозени од начинот на кој обвинетите ги извршувале своите законски обврски”, истакнува јавниот обвинител во жалбата.Тој потсетува дека во континуитет предметниот автобус бил прогласуван за технички исправен иако воопшто не бил прегледуван, а 16 дена по последниот наводно извршен технички преглед, превозникот “Дурмо турс” вршел јавен превоз на патници со тој автобус без да биде сообраќајно регистриран. Манипулација со брзината на движење и “штелување” на тахометрите, за да не се плаќаат казни не само на предметниот автобус, туку и на други автобуси, било исто така прифатено како правило.Имајќи го предвид степенот на кривична одговорност и придонесот кој го имал секој од обвинетите во настапување на тешките последици, јавниот обвинител ја обжали пресудата.За возачот М.Т. според надлежниот обвинител соодветна е високата затворска казна со оглед на неговата одговорност, но и непокажаното жалење за тешките последици во текот на судскиот процес. За обвинетиот Ј.Б. чиј придонес за несреќата бил најмал, јавниот обвинител оцени дека е доволна определената затворска казна. За останатите четворица, не е извршено санкционирање сразмерно со тежината на делото, јачината на загрозувањето на заштитните добра, како и степенот на кривична одговорност кај обвинетите чии пропусти доведоа до најтешките човечки загуби во патниот сообраќај на територијата на нашата држава.Од тие причини, за овие обвинети, јавниот обвинител предлага Апелациониот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и подолго времетраење на казните забрана за вршење професија, дејност или должност.Categories

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања