ПРЕДМЕТИ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-29-7940PM

Кривичен суд: За Љупчо Пецов-Ѓаволот определен куќен притвор со 24-часовен надзор

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка бил спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, за кого од претходно била определена мерка притвор од моментот на негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, во предметот за јавноста познат како „Синџир“.Како што информира Судот, имајќи предвид дека обвинетиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и фактот дека неговата одбрана доставила медицинска документација според која истиот има влошена здравствена состојба, надлежниот јавен обвинител, покрај здравствените околности, ценел и дека со негово спроведување во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на обвинетиот.Поради тоа, на записник пред Судот, јавниот обвинител наместо мерка притвор предложил на обвинетиот да му биде определена мерка куќен притвор, заедно со дополнителна мерка – 24-часовен надзор од Министерството за внатрешни работи, со цел да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот тек на постапката.Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на Јавното обвинителство и на обвинетиот му определил мерка куќен притвор со задолжителен 24-часовен надзор. Воедно, на Љ.П. му се одземени и двете патни исправи што ги поседувал.Против решението на судијата, како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, дозволено е право на жалба до Кривичниот совет.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryug1skbfgbr15eHb0NSS

Покрената истрага и побаран притвор: Октирено како мажот и партнерката од гостиварско го сториле грозоморното убиство

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за сторување на кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничениот и осомничената, дејствувајќи како соизвршители, на особено свиреп начин ја лишиле од живот Хавва Азизи од селото Здуње. На 7 декември, тие ја земале жртвата пред нејзиниот дом и ја однеле во нивната куќа во гостиварско Неготино, каде започнала расправија поради претходни недоразбирања.По расправијата, жртвата била затворена во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, по што осомничениот ја усмртил Хавва Азизи со еден истрел од огнено оружје.По убиството, двајцата осомничени заедно го ставиле телото на жртвата во количка, го внеле во автомобил и го однеле во атарот на селото Неготино. Таму телото било спуштено во претходно ископана дупка, запалено и покриено со земја, гранки и други предмети, со цел да се прикрие злосторството.Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Македонија | пред 1 месец

vasil-jovanov-tatko-na-frosina

Остро обраќање на таткото на загинатата Фросина: „Парите им се помили од образот“

Тодор Кулаков, татко на усмртената Фросина, со жестока и емотивна порака реагираше по одлуката на Апелациониот суд, оценувајќи дека ниската доверба во судството е директна последица на, како што вели, системска заштита на криминалот и неказнивоста.Во објавата, Кулаков наведува дека „2% доверба во судството значи анархија“, посочувајќи дека со години човечкиот живот нема вредност, бидејќи, според него, сторителите не одговараат за своите дела. Тој директно обвинува дел од судиите и институциите дека го спасувале Васо Јованов (возачот кој ја усмрти) од одговорност уште пред трагедијата во која беше убиена неговата ќерка.Кулаков тврди дека во Министерството за внатрешни работи биле „чувани во фиока“ околу 15 пријави за дивеење во сообраќајот, кои никогаш не стигнале до суд. Во објавата ја споменува и судијката Даниела Алексовска, за која вели дека претходно го ослободила Јованов во предмет поврзан со трговија со дрога, а дури по убиството на Фросина бил донесен осудителен исход.Тој остро реагира и на висината на изречената казна, оценувајќи дека за, како што наведува, „најсвирепото убиство во сообраќајот“ е изречена казна која е едвај половина од законскиот максимум. Според него, дополнителен срам е што, како што вели, уште пет судии со своите одлуки ја продолжуваат неправдата, ставајќи ги, според Кулаков, парите пред моралот и одговорноста.„Седум судии – седум за судење, народот да им суди“, порачува Кулаков во објавата, завршувајќи со апел дека без вистинска одговорност во судството, државата тоне во анархија, а правдата останува недостижна за жртвите и нивните семејства.

Македонија | пред 1 месец

media-library0dgc1kt8col44DswDr1

Судска корупција на дело: Ексдржавниот правобранител Стафа осомничен за примање поткуп и влијание врз Апелација со 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој се сомничи за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.Според обвинителството, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, осомничениот примил вкупно 50.000 евра со цел да посредува и да го искористи своето реално влијание за интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје, како и преку поткуп да издејствува извршување службено дејствие што не смеело да се изврши.Истрагата утврдила дека Стафа првично побарал 100.000 евра за да влијае на укинување на мерка притвор определена за лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кое ОЈОГОКК води посебна постапка за кривични дела поврзани со јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 6 октомври 2025 година тој примил 30.000 евра, кои му ги предала сестрата на лицето во бегство, како прв дел од договорениот износ.На 13 декември 2025 година, осомничениот директно побарал и примил уште 20.000 евра, наведувајќи дека средствата се наменети за судијата кај кого требало да интервенира. Непосредно по примањето на парите, Стафа бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени и одземени паричните средства.Јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, оценувајќи дека постојат сериозни околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за повторување на кривичното дело и влијание врз сведоци или врз текот на постапката.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

(Видео) Децата тепани со боксови во Сарај имаат повреди по глава, скршеница на носот: ќе одговараат за брутално насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе барање до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје за поведување подготвителна постапка против пет деца во судир со законот, поради сомнение дека сториле кривично дело насилство од член 386 од Кривичниот законик. Станува збор за малолетници на возраст од 14 и 15 години, кои заедно со уште едно дете помладо од 14 години, кое поради возраста не може кривично да одговара, групно извршиле грубо насилство врз двајца нивни врсници.Инцидентот се случил на 12 декември во дворот на основното училиште „Дитурије“ во скопско Сарај. Според наводите на Обвинителството, двете оштетени деца, исто така на возраст од 14 години, тргнале да си заминат дома кога на излезот од училишниот двор биле пресретнати од групата напаѓачи. Малолетниците започнале да ги удираат со тупаници и клоци по главата и телото, при што едното дете се здобило со површинска повреда на главата, а другото претрпело тешки телесни повреди, меѓу кои контузија на главата, скршеница на носот и повеќекратни хематоми по телото.Со насилното однесување, сторителите предизвикале чувство на страв и несигурност и кај други деца кои во тој момент го напуштале училишниот двор, наведуваат од Обвинителството. Имајќи ја предвид возраста на осомничените, но и потребата од непречено водење на постапката и заштита на оштетените, јавниот обвинител предложил судот да определи мерки на претпазливост, меѓу кои редовно јавување во суд, одземање на патни исправи и забрана за приближување и воспоставување каков било контакт со децата-жртви.Постапката ќе продолжи во согласност со законските одредби за постапување со деца во судир со законот, при што приоритет ќе биде заштитата на жртвите и спречување на понатамошно насилство.Претходно:

Скопје | пред 1 месец

media-library2hl79ehjdajiadU7zoW

(Видео) Нови детали: Жената во гостиварско била убиена со пиштол, пред да ја закопаат во дупката

Обдукцијата на починатата жена, чие тело беше пронајдено закопано во атарот на гостиварското село Неготино, е завршена и според првичните наоди, таа била лишена од живот со огнено оружје, соопштија од Обвинителството. По наредба на надлежен јавен обвинител, во тек е вештачење на трагите подигнати од повеќе локации, а паралелно се спроведуваат претреси и други истражни дејствија со цел целосно расветлување на случајот.Краткотрајниот притвор од 48 часа за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, додека јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување истата мерка и за второто лице кое претходно беше задржано во полициска станица.Случајот излезе на виделина откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во текот на ноќта, изврши увид на терен каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Поради сомневања дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции за противправно лишување од слобода, беше наредена обдукција, идентификација на телото и прибирање материјални докази од лице место.Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни активности, по што за едно лице беше определен краткотраен притвор за обезбедување докази, додека уште едно лице беше задржано на дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува интензивно и дека се преземаат сите законски мерки за целосно испитување на околностите под кои е сторено убиството.ВИДЕО ОД ПРОНАОЃАЊЕТО:

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Нелегални покер-клубови и лихварство во Скопје: Осуммина уапсени за нелегални игри на среќа, лихварство и перење пари

Министерството за внатрешни работи информира дека во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е сузбиена организирана криминална група која подолг период делувала на подрачјето на Скопје, инволвирана во повеќе тешки кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, лихварство, перење пари и неовластено приредување игри на среќа.Полициската акција била спроведена во текот на ноќта меѓу 11 и 12 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и Единицата за финансиски истраги, под раководство на јавен обвинител од ОЈО-ГОКК. Врз основа на наредби од Основниот кривичен суд Скопје, биле извршени претреси на 11 локации во Скопје и околината.При акцијата лишени од слобода се осум лица од Скопје, а при претресите биле пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 34.510 евра, 431.000 денари и 400 американски долари, повеќе мобилни телефони, компјутери и лаптопи, три патнички моторни возила, како и големо количество опрема за организирање игри на среќа – професионални маси за покер, чипови, карти и друга придружна опрема. Пронајдена била и растителна и прашкаста материја за која се сомничи дека е наркотична дрога.Од Обвинителството соопштија дека акцијата е резултат на неколкумесечна предистражна постапка. На една од локациите биле затекнати 14 лица кои во моментот активно учествувале во игри на среќа. По поднесените кривични пријави, јавниот обвинител донел наредби за спроведување на две одделни истражни постапки против вкупно осум лица.Во првата истражна постапка се опфатени шест лица за кои постои основано сомнение дека заедно со други, засега непознати лица, формирале организирана група која од февруари 2025 година до декември истата година континуирано и координирано организирала недозволено приредување игри на среќа без лиценца. Игрите се одвивале на најмалку три локации во Скопје, со однапред утврдени термини, правила, влогови и број на играчи. Осомничените обезбедувале играчи, ангажирале лица за делење карти, воделе каса за уплати и исплати и покривале трошоци за функционирање на нелегалните клубови. Се организирале игри како „омаха“, „покер“, „круг“ и „брич“, со што групата се стекнала со значителна противправна имотна корист.Во втората истражна постапка се опфатени три лица, меѓу кои и еден од осомничените од првата постапка. Тие се сомничат дека преку кривичното дело лихварство се стекнале со противправна имотна корист од 7.583.784 денари, која потоа ја пуштиле во легален оптек преку внесување готовина на свои банкарски сметки, трансакции преку трети лица и користење на средствата за купување недвижен имот, сервисирање кредити и финансирање на луксузен начин на живот. За кривичното дело перење пари осомничена е и сопругата на првоосомничениот.Јавниот обвинител, ценејќи дека постојат законски основи, до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерка ефективен притвор за седуммина од осомничените, додека за една осомничена ќе биде предложена мерка куќен притвор.Од МВР и Обвинителството најавуваат продолжување на истрагата и преземање на дополнителни дејствија со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица.

Македонија | пред 1 месец

ubistvo-noz

Обид за убиство во кумановски хотел: Маж нападнал жена со нож

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 84-годишен маж осомничен за обид да изврши кривично дело „убиство“, сторено од ниски побуди, со умисла, според член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 4 декември, во хотел во Куманово. Според обвинителството, осомничениот утрото искористил момент кога друг гостин ја отворил влезната врата и незабележано влегол во објектот. Потоа се упатил кон собата каде престојувала оштетената заедно со својот неподвижен сопруг.Кога жената го забележала пред собата и тргнала да ја затвори вратата за да го спречи да влезе, осомничениот извадил нож и ја удрил во пределот на главата. Во моментот кога ножот му паднал од рака, оштетената успеала да се повлече и почнала гласно да бара помош.На нејзините крици реагирал нејзиниот син, кој престојувал во соседната соба и успеал да го спречи напаѓачот да продолжи со нападот.По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Куманово му одредил мерка притвор на осомничениот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Хорор во Скопје: жена била силувана па уценувана, осомничениот се јавувал и кај жена му да донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 29-годишен маж од Неготино, со живеалиште во Германија, осомничен за кривични дела полов напад и силување по член 186 и уцена по член 259 од Кривичниот законик.Според обвинителството, инцидентот се случил на 2 декември, кога осомничениот со сопругата и нивна пријателка биле во ресторан во Скопје. Тој консумирал алкохол и дрога, а по вербална расправија сопругата го напуштила локалот. Осомничениот се понудил да ја однесе пријателката дома, но наместо тоа, со часови ја возел низ различни локации во Скопје, настојувајќи да ја принуди на сексуални односи.Иако жената категорично одбивала, тој ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку не влезе во апартман во Центар. Таму, според наводите, со физичка сила и со закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот напад го снимил со мобилен телефон.За време на престојот во апартманот, осомничениот преку видео повици контактирал со сопругата и други лица, барајќи да му донесат кокаин, тврдејќи дека „инаку ќе ја убие оштетената“.Три дена подоцна, на жртвата ѝ испратил видео-клип со експлицитна содржина, заканувајќи се дека снимката ќе ја објави доколку не му плати 2.500 евра. Жената случајот веднаш го пријавила во полиција.По координација со органите на прогонот, било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Осомничениот бил приведен веднаш по преземањето на парите.Јавниот обвинител поднесе предлог за определување притвор, посочувајќи дека постои реална опасност осомничениот да избега, со оглед дека има отпуст од македонско државјанство и живее и работи во Германија. Дополнително, оценето е дека постои ризик да го повтори делото, кое претставува тешко нарушување на јавниот ред, половата слобода и половиот морал.Судијата на претходната постапка го прифати предлогот и одреди мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 месец

media-library4qbs4shu366a68zg6ST

Скоро две години без одговори за смртта на 27-годишниот Александар Михаиловски кој отиде да работи, а загина во Чешка

Дваесет и седумгодишниот Александар Михаиловски од Ранковце, вработен како монтер во компанијата „ЕЛНОС БЛ“, загина на 13 март 2024 година додека извршувал работни задачи на далновод во Чешка. Неговото семејство тврди дека трагедијата е последица на тешки пропусти во безбедноста при работа и негрижа од страна на претпоставените, а дека институциите речиси две години не презеле ништо.Семејството достави документација до „Скопје1“, меѓу која и спроводница од македонската амбасада во Прага, записник од Министерството за труд и социјална политика и сведочење на колега кој бил со Александар во моментот на несреќата.Братот на загинатиот, Слаѓан Михаиловски, вели дека институциите ја одолговлекуваат постапката и стравува дека случајот се остава да застари.„Мојот брат работеше во фирмата повеќе од четири години, уредно пријавен и осигуран. Работеше легално во Чешка со виза обезбедена од компанијата. Несреќата се случи поради човечка грешка и негрижата на претпоставениот – не ги обезбедил мерките за безбедност. Има докази и сведоци. Поднесовме кривична пријава, но речиси две години никој ништо не презема“, вели тој.Што се случило на 13 март 2024 година?Според спроводницата на Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага, Александар загинал како последица на „паѓање од висина“.Записникот од Министерството за труд наведува дека несреќата се случила во местото Ревниче, Република Чешка, за време на работни задачи кои ги извршувал како монтер на далновод. При изведување работи на столб од далновод, дошло до пукање на столбот и уривање на корпата во која се наоѓал.Во изјавата дадена под материјална и кривична одговорност, колегата на Александар, Слаѓан Јовчиќ – детално ја опишува трагедијата:„Столбот почна да се руши и паѓаше кон корпата. Сето се случи многу брзо. Кога се свртев, видов дека столбот е паднат, а корпата откината и фрлена на другата страна. Александар беше паднат и веднаш забележавме дека е починат на самото место“, стои во изјавата на Јовчиќ заверена на нотар.Обвиненија за пропусти: неисправна опрема, неправилни мерки, необучени работнициВо барањето испратено до Основното јавно обвинителство Скопје и Крива Паланка, адвокатите на семејството наведуваат серија сериозни пропусти:– корпата била поставена на крај од кран, на неиспитан и неодобрен начин– не биле спроведени задолжителни мерки за безбедност и здравје при работа– немало стручно лице што требало да ја надгледува работата– не биле обезбедени превентивни мерки– работниците не биле соодветно обучени– работните средства не биле проверени за исправност и безбедност„Смртта на Александар настапила како директна последица на пропуштени мерки од страна на работодавачот“, се наведува во поднесокот доставен до обвинителството од страна на семејството.Семејството: „Стравуваме дека намерно се чека да застари случајот“Слаѓан Михаиловски за „Скопје1“ сведочи:„Не е можно дваесет и три месеци да нема никакво движење. Секојпат кога одам во Обвинителството, велат дека е ‘во постапка’. Стравуваме дека се чека да поминат три години за делото да застари. Така никој нема да одговара за смртта на мојот брат.“Семејството бара итно продолжување на постапката, кривична одговорност за фирмата и претпоставениот, како и целосно утврдување на причините што довеле до смртта на младиот работник.„Скопје1“ побара став и од Обвинителството, дали води предмет, во која фаза е, но и дали може да застари. Оттаму очекуваме одговори.

Македонија | пред 2 месеци

artan-grubi

Истрагата ќе ја завршат, ама него го нема: Македонија не успева да стигне до Артан Груби

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е практично завршена и дека се чека единствено на неговата екстрадиција. Како што истакна во гостување во „360 степени“ на МРТ 1, сите докази се собрани, вклучително и финансиската истрага, но Обвинителството не располага со информација каде се наоѓа Груби, бидејќи тоа не е во нивна надлежност.Во однос на наодите од извештајот на Европската комисија, каде се нотира дека „корупцијата останува распространета во многу области и претставува сериозна загриженост“, Коцевски смета дека за ефикасна борба против корупцијата мора да се создадат вистински услови – истражители, истражни центри и форензичари кои ќе ја водат работата.На прашањето дали Обвинителството го дава максимумот, Коцевски тврдеше дека институцијата работи „повеќе од максимумот“, и дека јавноста добро ги знае сложените случаи со кои се соочуваат обвинителите.Посочувајќи ја реакцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски – дека МВР поднесува кривични пријави, а Обвинителството селективно постапува – Коцевски одговори дека таквата констатација е неточна.„Јавното обвинителство постапува неселективно. Доказ за тоа е и предметот за Кочани, каде работевме по пријави на МВР“, рече тој, додавајќи дека Министерството поднело околу 14.000 пријави, а вкупниот број од сите институции и граѓани надминува 20.000.Според Коцевски, Обвинителството работи на крајниот праг на своите капацитети.„Со околу 70 обвинители помалку од потребното, а претходно и со сто помалку, ние работиме во рамките на можностите – и повеќе“, нагласи тој.Коцевски се повика и на законската обврска: Обвинителството мора да постапува по секоја кривична пријава и да прибира докази врз кои ги носи одлуките.

Македонија | пред 2 месеци

bebe

Ја изнервирало плачењето на бебето, па го удирала со тупаници по носот и устата - се бара притвор за 23-годишната мајка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење. Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето на лекарски преглед.На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани повеќе нови повреди – контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Во исто време, констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го удира бебето.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, пред се поради опасноста од бегство. Детето-жртва за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Девојка обвинета за сообраќајка во која едно лице загина, избегала од Македонија – распишана потерница

Девојката Викторија З. која во ноември минатата година предизвика тешка сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Неготино, во која загина едно лице, а тројца беа повредени, побегнала од Македонија додека траел судскиот процес против неа.Станува збор за 19-годишна обвинета, која не била предмет на никакви мерки на претпазливост – немала забрана за напуштање на државата, ниту ѝ бил одземен пасошот, поради што слободно ја напуштила земјата.Од Обвинителството за „Скопје1“ ја потврдија информацијата дека се известени од судот дека обвинетата е недостапна за органите на прогонот, по што е распишана потерница.Судскиот процес, и покрај нејзиното бегство, може да продолжи во нејзино отсуство, а доколку биде осудена, казната ќе може да ѝ се изрече и издржи по нејзиното пронаоѓање.Несреќата се случила во ноември 2024 година кога автомобил управуван од девојката излетал од патот и удрил во друго возило, при што загинало едно лице, а три биле повредени.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj1oobhttss730S9QXJV

Притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка Илија Стоилев и уште три лица – петтата осомничена во куќен притвор

Кривичниот суд – Скопје го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и одреди мерка притвор од 30 дена за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев, и уште три лица осомничени во случајот за поткуп поврзан со програмата ИПАРД. Петтата осомничена е ставена во куќен притвор.„Судија на претходна постапка, по произнесување на петтемина осомничени кои попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои за Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четворица им определи мерка притвор од 30 дена заради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. За петтоосомничената Ј.К. судот го прифати променетиот предлог на јавниот обвинител и ѝ определи мерка куќен притвор,“ соопштија од Судот.Притворот следува по акцијата на ОЈО ГОКК и МВР, во која беа уапсени пет лица, меѓу кои и Стоилев. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека управител на приватно правно лице му понудил поткуп од 50.000 евра на директорот на Агенцијата, за да потпише договор за користење финансиски средства иако фирмата не ги исполнувала условите од јавниот повик бр. 01/24 за ИПАРД мерка 3.Во акцијата биле уапсени и даночен референт од УЈП, како и државен службеник од Министерството за земјоделство, кои се сомничат дека посредувале во поткупот. При претресот биле пронајдени и одземени 400 евра, дел од ветениот поткуп.„Иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите од јавниот повик, директорот, по ветување за подарок во износ од 50.000 евра, го потпишал договорот и примил дел од средствата,“ соопштија од Обвинителството.Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, потврди дека постои основано сомнение за повеќе кривични дела – давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда и примање поткуп.Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави акцијата, нагласувајќи дека Владата нема да толерира вакво однесување.„Јас во неколку наврати сум кажал дека таков тип на девијантно однесување нема да се толерира. Откако имаше дојави, се случи акцијата. Од овој момент случајот е во рацете на Обвинителството и судовите,“ изјави премиерот.Директорот Илија Стоилев, кој неодамна во интервју за ТВ24 уверуваше дека „врски фаќање нема“ и дека постапките во Агенцијата се целосно контролирани, сега се наоѓа зад решетки.Во минатото Стоилев бил претседател на Советот на Општина Свети Николе во два мандата, директор на Народниот музеј во градот, како и раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9t6q807lunus2D7UVvm

Уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев – Обвинителството води истрага за корупција

Актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев, попладнево е уапсен, потврдија извори од истрагата.Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) засега не даваат детали, но кусо информираат дека по налог на јавен обвинител, истражители од Истражниот центар при Обвинителството заедно со припадници на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата, поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.Илија Стоилев ја презеде функцијата директор на 26 јули 2024 година, а во јавноста е познат по својата изјава дека програмата ИПАРД 2 била реализирана со повеќе од 85%, по што, како што тврдеше, Европската Унија ја прогласила Македонија за лидер во регионот во искористување на европските фондови.Во јуни годинава, Стоилев јавно посочи дека наследил сериозни проблеми од претходното раководство, откривајќи дека повеќе од 70 предмети биле нерешени, со рок за завршување до крајот на 2024 година.„Кога стапив на должност, се соочив со сериозен проблем — над 70 предмети беа нерешени, а рокот за кампањата истекуваше за неколку месеци“, изјави тогаш Стоилев.Тој нагласуваше дека Агенцијата има обврска да ја спроведува исплатата на средства по владините програми преку Министерството за земјоделство, и дека исплатите мора да бидат поткрепени со реални докази и документација за извршени инвестиции.Стоилев, кој пред назначувањето беше претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, сè уште не се огласил по повод апсењето, а Обвинителството најави дека деталите ќе бидат соопштени дополнително.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања