ПРЕДМЕТИ

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Поради претекнување се случил судирот кај Плетвар каде загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Прилеп соопшти дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман.Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во сударот животот го загубиле две лица, меѓу кои и возачот на едното возило, а петмина се здобиле со повреди.Обвинителот издал наредби за прибирање на траги од местото на несреќата, како и сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобила.„Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испита евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, по член 189 став 2 од Кривичниот законик.Според обвинителството, очувот на жртвата, девојче родено во 2009 година, подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и ја принудувал на обљуба и други полови дејствија, иако му била доверена на чување и воспитување.Во злосторството учествувала и мајката на девојчето, која знаела за злоупотребите, но не ги пријавила ниту ги спречила. Со тоа, како што наведува обвинителството, таа не го заштитила сопственото дете, иако девојчето повеќепати барало помош од неа.Јавниот обвинител предложил притвор за осомничениот очув, додека за мајката се предложени мерки на претпазливост.Воедно, обвинителството најави координација со Центарот за социјални работи за преземање мерки за згрижување на трите малолетни деца во семејството, меѓу кои и жртвата на злоупотребата.

Скопје | пред 2 месеци

media-library9qgknk71fh657X5hU9a

Со неприлагодена брзина е усмртен велосипедистот на мостот „Гоце Делчев“ - се бара одземање на возачката на возачот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Како што соопшти Обвинителството, на 3 ноември, осомничениот 37-годишен возач, управувајќи автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со неприлагодена брзина го загрозил јавниот сообраќај.Пристигнувајќи на пешачкиот премин на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, со предниот дел на возилото удрил во велосипед управуван од Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и починал.Надлежниот јавен обвинител предложил до судот да се определат мерки на претпазливост за осомничениот – одземање на македонска и српска патна исправа, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска за редовно јавување пред надлежен државен орган.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Пожар, штета и апсења: разобличена група што крадела кабли од јавни инсталации

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица осомничени дека како соизвршители сториле тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот, дело казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, заедно со други лица кои сè уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај годинава краделе високоенергетски и среднонапонски кабли од подземните тунели на фабриката „Железара“ во Скопје, конкретно од објектот на „Полуконти – ИГМ“. Каблите биле во сопственост на АД ЕСМ – Подружница енергетика Скопје и Макстил АД Скопје, а вкупната штета се проценува на околу 440.000 евра.Според обвинението, сторителите преку отвори со скалила влегувале во подземните тунели, со апарат проверувале дали каблите се под напон, а потоа со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале за транспорт.На 9 април, како резултат на нивните дејствија, избил пожар во трафостаницата ТС Југ, со што била предизвикана дополнителна материјална штета од над 100.000 евра, а била нарушена и дистрибуцијата на електрична енергија, што предизвикало штета од уште 60.000 евра.На 6 мај, тројцата обвинети повторно дошле до објектот со возило „Фолксваген голф“ за да ги однесат каблите, но еден од нив се повредил при удар со кабел. По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, тие се вратиле на местото на кражбата по оставените алати, каде биле затекнати и уапсени веднаш по излезот од кругот на „Железара“.Обвинителството поднесе и предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мерката притвор за сите тројца обвинети, со образложение дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Македонија | пред 2 месеци

zena

Ужас во Петровец: ја гушел и се обидел да ѝ ги врзе нозете со каиш, жената со скршени ребра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишен жител на селото Петровец, осомничен за тешка телесна повреда при семејно насилство, кривично дело казниво по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинението, на 28 октомври, во семејниот дом по кратка вербална расправија, мажот со умисла физички ја нападнал својата сопруга, удирајќи ја со раце и нозе по телото и главата, по што ја гушел и се обидел со каиш да ѝ ги врзе нозете. Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот да побегне кај соседите за да побара помош.Од нападот се здобила со тешки телесни повреди, меѓу кои скршеници на три ребра и бројни хематоми.Обвинителството оценува дека постои опасност од бегство на осомничениот, но и висока веројатност да го повтори насилството, особено затоа што дел од нападот го извршил во присуство на своите ќерки и малолетната внука.Поради тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор, со цел обезбедување на присуството на осомничениот и спречување нови насилни дејства.

Скопје | пред 2 месеци

DSC_0289

Без дозвола, без договор, без заштита – трагедијата на Вардар со фатален исход доби обвинети и обвинение

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице од Неготино, поради тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност, по членови 292 и 288 од Кривичниот законик.Според обвинението, настанот се случил на 21 јули 2021 година, кога обвинетиот, во својство на сопственик и управител на фирма што изведувала работи на сепарација на реката Вардар, не ги почитувал законските прописи и мерки за заштита при работа. Поради сериозни пропусти во безбедноста, еден работник го загубил животот, а друг се здобил со телесни повреди.Истрагата утврдила дека управителот ангажирал лице без договор за вработување, без да провери дали поседува соодветна возачка дозвола и без да му обезбеди безбедни услови за работа. Починатиот Петар Мицев управувал со тешко моторно возило – камион на сепарацијата кај местото викано „Пумпите“.Додека вршел превоз на песок од реката Вардар, камионот се движел по импровизиран чакален насип, тесен и без заштитна ограда, со реката од двете страни. Во еден момент возилото се превртело и паднало во Вардар. Совозачот успеал да излезе од прозорецот и да исплива, при што се здобил со повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал на лице место.Во рамките на постапката, обвинителството обезбедило докази и против вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ – Подружница Тиквеш – Кавадарци, кој во својство на службено лице потпишувал испратници со невистинита содржина. Со тоа, според обвинението, тој сторил продолжено кривично дело – фалсификување службена исправа, по член 361 став 1 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 месеци

IMG_4703

Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против 16 физички и 7 правни лица, а уште девет лица се осомничени за дела кои ќе се гонат во скратена постапка.Осомничените се товарат за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и проневера во службата. Обвинителството испитува и дополнителни дела поврзани со несовесно работење, злоупотреба на службена положба, фалсификување и уништување на деловна документација.Според наводите, осомничените – меѓу кои се поранешната директорка, раководители и други вработени во болницата, како и управители на неколку фирми – свесно ги прекршувале прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Тие, преку договори за сервисирање возила, чистење, водовод, молерофарбарски услуги, обезбедување и реконструкција на инфективното одделение, како и преку незаконски исплати и измени на налози, предизвикале штета на буџетот на болницата од 42.726.978 денари.Обвинителството нагласува дека сомнежите се потврдени и со наоди од Државниот завод за ревизија, кој утврдил неправилности во начинот на склучување и извршување на јавните набавки.До судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување притвор за шестмина осомничени, а за останатите се предложени мерки на претпазливост.Оваа акција следува по координираните активности на Финансиската полиција и Обвинителството, кои во последните денови интензивно работат на расчистување на сомнежи за злоупотреби во јавните здравствени институции.

Македонија | пред 3 месеци

apsenje-ubistvo-mavrvoka

Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари

Под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на Министерството за внатрешни работи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје.Според Обвинителството, станува збор за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари, при што акцијата се одвива истовремено на неколку адреси.„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата“, информираат од Обвинителството.Акцијата е во тек, а по нејзино завршување се очекуваат официјални информации за бројот на приведени лица и запленетите материјални докази.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзано со нехигиената во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје ја проширува својата активност околу случајот со несобирањето на отпадот во главниот град. Оттаму за „Скопје1“ потврдија дека наредбите за проверки не се ограничени само на ЈП „Комунална хигиена“, туку можат да ги опфатат и други институции со надлежност во оваа област. До сето ова дојде откако Скопје повторно се „поплави“ во смет.„Наредбите за проверки се однесуваат на сите институции што имаат надлежност. Во прв момент тоа е ЈП Комунална хигиена, меѓутоа не е исклучено да бидат опфатени и други органи“, изјавија од Обвинителството, на прашањето дали во рамките на истрагата може да бидат опфатени и други институции како Град Скопје, со кој раководи градоначалничката Данела Арсовска, а кој е основач на претпријатието.Претходно, од ОЈО Скопје соопштија дека веќе постапуваат и преземаат дејствија за обезбедување докази за можни кривични дела поврзани со работењето на ЈП „Комунална хигиена“.Јавниот обвинител издал наредби до МВР и други надлежни органи за итно постапување и проверки, како и барања до комуналните инспекциски служби за спроведување вонреден инспекциски надзор и утврдување на моменталната состојба со собирањето и транспортирањето на отпадот.Со ова, истрагата влегува во поширока фаза, во која се очекува да се утврди дали пропустите во работењето на „Комунална хигиена“ и можната одговорност кај Град Скопје, како и дали има елементи на кривична одговорност.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryr5dbb352foa4fUU9OdK

Многу кеш, сефови, имот, станови, камиони, милиони: кој е Борче Марковски – човекот зад „Марковски компани“

Името на Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“ од Битола, повторно е во центарот на јавноста откако Основното јавно обвинителство Битола побара и доби замрзнување на негов имот во Србија, вклучувајќи 10 товарни и приклучни возила и сеф во белградска банка, како дел од истрагата за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола.Борче Марковски повеќе од две децении важеше за еден од најуспешните градежни претприемачи во земјава. Основаната во 2002 година фирма „Марковски компани“ бележеше континуиран раст, со приходи над 2,7 милијарди денари годишно, повеќе од 300 вработени и висока бонитетна оценка AA+. Компанијата изведуваше градежни и земјени работи, соработувајќи со РЕК Битола, АД ЕСМ и други јавни претпријатија, а имаше и активности надвор од државата.Во 2016 година, Марковски беше именуван за почесен конзул на Белорусија во Северна Македонија, што дополнително го зацврсти неговиот углед во деловните кругови.Случајот што го стави под лупа на обвинителството започна по апсењето на Марковски од страна на Финансиската полиција, поради сомневање за местење тендер вреден околу 100 милиони денари во РЕК Битола.Обвинителството тврди дека се работи за злоупотреби при јавни набавки и договарање на услови за фаворизирање на одредени компании.Првично, Битолскиот суд му одреди куќен притвор, но по жалба на ОЈО, Апелациониот суд го замени со затворски притвор, бидејќи постоеше ризик од бегство — Марковски поседува имот и фирми во странство.Истражување на Радио Слободна Европа откри дека Марковски бил сопственик на две компании во Србија, меѓу кои и „Markovski Company“, регистрирана во Белград во 2009 година, и „Хаза изградба“, активна фирма која добивала тендери од државното претпријатие Србија шуми.Дополнително, Марковски поседувал и фирма во Македонија – „Фајкон СБ“ од Битола, каде што содружник му бил српскиот државјанин Саша Савковиќ.Случајот доби и политичка димензија. Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа, обвинувајќи дека „Марковски компани“ била дел од систем за испумпување пари од државните претпријатија РЕК и ЕСМ за потребите на „владејачката мафија“.„Од денес почнуваме со разобличување на криминалот на Марковски компани – очигледното испумпување на пари од државата и грабежот што го правеле СДС,“ наведоа од партијата.Тие посочија дека на еден тендер, наместо поевтина понуда од 100 денари по гигаџул, била прифатена понуда од 129,7 денари, што претставува 30% повисока цена и „профит од 14 милиони евра“.„Овие 14 милиони евра треба да каже каде завршиле – дали во сметки на Заеви во Бугарија и Дубаи,“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека судството покажува селективност, бидејќи „газдата на Марковски компани наместо во затвор, прво доби куќен притвор“.По барање на македонското обвинителство, српските органи издадоа наредби за замрзнување на возилата и банкарскиот сеф во Белград, а во Македонија беа блокирани сметки со околу 30 милиони денари, како и три стана во Скопје, градежна парцела и неколку возила, за кои постои сомнение дека претставуваат незаконски стекнат имот.Истрагата продолжува, а Марковски останува во притвор до завршување на сите доказни постапки.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Тетовец се обидел да ги убие родителите и го пробол вујкото со нож

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишен жител на селото Челопек, осомничен за кривични дела загрозување на сигурноста и насилство, поради инцидент што се случил на 16 октомври.Според истрагата, младиот маж прво се заканувал на своите родители и ги избркал од домот, откако тие одбиле да му дадат пари. Тие побегнале кај нивниот роднина, но осомничениот за кратко време пристигнал и со нож во раката се обидел насилно да влезе во куќата, каде имало и две деца.Во дворот се однесувал агресивно, удирал по вратата и се заканувал на сите присутни. Една од жените со децата избегала преку прозорец, но осомничениот ја скршил вратата и влегол внатре, каде што го прободел сопственикот на куќата – својот вујко, кој се обидел да го смири. По нападот, тој побегнал од местото на настанот.Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори насилството.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh83q5vtmc9j99SeSIkV

Обид за убиство во Скопје: маж си го претепал братот и легнал да спие

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе истрага против лице осомничено дека се обидело да изврши убиство на својот брат во семејниот дом во село Марино.Како што соопшти Обвинителството, настанот се случил на 18 октомври, кога осомничениот физички го нападнал братот, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и телото. Од ударите, оштетениот почнал да крвари и изгубил свест, по што осомничениот – наместо да повика помош – си легнал да спие.Следното утро, кога го забележал брат му како лежи во крв, не реагирал веднаш, туку повикал итна медицинска помош дури по речиси три часа.Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му биде определен притвор, имајќи ги предвид околностите и тежината на делото.Според Обвинителството, случајот се води како обид за убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 месеци

granica-srbija

Разбиена мрежа за криумчарење луксузни автомобили: три лица под истрага, двајца вработени во МВР осомничени за фалсификати

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица осомничени за криумчарење и фалсификување исправи, кои, според обвинителството, биле дел од поширока криминална мрежа за внес на луксузни автомобили од странство со лажни документи и преправени податоци.Од Обвинителството велат дека дел од учесниците во оваа шема веќе биле обвинети и осудени, а дел од предметите се преземени од Обвинителството во Бугарија, бидејќи се работи за нивни државјани.Според истрагата, првиот осомничен во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, организирал криумчарење на автомобил „Тојота ЦХР“, вреден 22.500 евра, кој бил предмет на меѓународна потрага. За возилото користел лажни таблички и документи, изготвени од лице кое веќе е осудено во поврзан случај.Втората осомничена во август 2021 година поттикнала двајца бугарски државјани да пренесат „Лексус НХ300Х“ вреден 15.000 евра, исто така под меѓународна потрага. Таа го презела возилото со фиктивен договор за купопродажба, а потоа го регистрирала со фалсификувани бугарски таблички и документи.Третиот осомничен, управител на фирма, избегнувајќи ја царинската контрола, од Бугарија во Македонија внел „Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок“ вреден 17.340 евра. Возилото било со преправен број на шасија, а за него биле издадени целосно лажни документи со кои била добиена сообраќајна дозвола.Покрај тоа, обвинителството поведе постапка и против две службени лица од МВР, осомничени дека помагале во фалсификувањето и издавањето на сообраќајните дозволи за возилата што биле нелегално внесени во земјава.Јавниот обвинител предложил мерка притвор за тројцата главни осомничени, а за едниот кој во моментов е надвор од државата, притворот ќе се активира веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Македонија | пред 3 месеци

media-library69s3afm7fvd3dYriCrg

Судот во Битола не одреди притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола – обвинителството најави жалба

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола, туку наместо тоа им одреди куќен притвор.Од Обвинителството реагираа на ваквата одлука, истакнувајќи дека не се согласуваат со мерката и дека ќе поднесат жалба, со барање да им се одреди ефективен притвор.„Особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот поседува и значителен имот во друга држава, Обвинителството смета дека мерката куќен притвор не е соодветна“, соопштија од ОЈО Битола.Според истрагата, ОЈО Битола отвори предмет против осум физички и едно правно лице за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола.Во фокусот се поранешниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори од Подружницата „Рудници“ во РЕК Битола, кои се сомничат дека во текот на 2023 година, како соизвршители, сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 од Кривичниот законик.Според доказите прибавени од Управата за финансиска полиција, осомничените свесно ги прекршиле правилата за економичност и ефикасност при јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во „Рудници“ – РЕК Битола.Иако знаеле дека транспортот на јаглен во рудникот „Живојно“ не треба да се изведува преку континуирана технологија (со ротирачки багери и транспортни ленти), тие организирале јавна набавка што ја фаворизирала една приватна компанија — сега исто така под истрага — која станала единствен понудувач и склучила договор од кој остварила противправна имотна корист од големи размери.Понатаму, дел од раководителите во РЕК Битола и едно службено лице се осомничени и за измама во службата, бидејќи потпишувале лажни извештаи и записници дека работите биле целосно завршени, иако немало никакви извршени активности.Фирмата пак, преку фактури, од комбинатот незаконски наплатила над 106 милиони денари со вклучен ДДВ.Обвинителството отвори постапка и против сопственикот и управителот на фирмата, како и против едно лице вработено во компанијата, за злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство.Од обвинителството велат дека предметот е во истражна фаза и дека во наредниот период ќе бидат сослушани повеќе сведоци и вештаци со цел да се потврдат сомнежите за злоупотреби, фалсификувани извештаи и незаконско плаќање на непостоечки работи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryss1ti5uvnqtndRvfcPR

(Видео) Објавена снимка од пукањето во Куманово – маскирано лице вперува пиштол во автомобилот управуван од докторот кој сега се бори за живот

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносни камери на која се гледа моментот од денешното пукање во Куманово, кога непознато маскирано лице со пиштол пукало кон автомобил „Фолксваген голф“ во движење.На видеото, снимено од надзорна камера поставена на околна зграда, се гледа како вооруженото лице стои покрај улицата, го забележува возилото кое се приближува и вперува пиштол директно кон него, испукувајќи неколку куршуми. По ова бега.Според првичните информации, три куршуми завршиле во шофершајбната на возилото. Возачот, 43-годишен доктор од село Слупчане, општина Липково, е тешко повреден и со итна медицинска помош бил пренесен во кумановската болница.Инцидентот се случи денеска околу 13:54 часот, на крстосницата меѓу улиците „Димитрие Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во Куманово.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски екипи веднаш излегле на терен, обезбедено е местото на настанот и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на напаѓачот и целосно расчистување на случајот.Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека двајца јавни обвинители излегле на лице место и се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.– „Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но сите околности се проверуваат“, соопштија од Обвинителството.Случајот предизвика вознемиреност кај жителите на Куманово, особено бидејќи пукањето се случило среде бел ден и на фреквентна локација, во близина на продавници и кафулиња.Полициската истрага е во тек.

Настани | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања