ПРЕДМЕТИ

rosica

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – последното сведоштво на Росица за убиецот Илија, шест дена пред да биде убиена

За закани, киднапирање и тепање кои се случиле последните денови од 2024 година, сега убиената Росица Коцева, била повикана во Обвинителство пет дена пред да биде убиена, за да даде исказ. И таму кажала, дека убиецот Илија Стефановски, и се заканувал со зборовите „ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“. Сепак, Обвинителството не побарало притвор или построги мерки за обезбедување присуство, освен веќе изречената забрана за приближување, која не била испочитувана, а обвинител од Велес бил запознаен за ова уште во мај годинава.Ова е целиот исказ на Росица Коцева, даден пред Обвинителството:„Јас и сегапријавениот Илија бевме во вонбрачна заедница скоро три години, но од октомври месец 2024 година таквата заедница прекина и јас се вратив повторно да живеам во Велес, сепак декември месец 2024 година и покрај тоа што бевме разделени со пријавениот имавме повремена комуникација, па така истиот на 27.12.2024 година ме повика заедно со него да одиме до Софија, Република Бугарија, со оглед дека на истиот му беше потребна помош, а со оглед дека јас добро го владеам бугарскиот јазик, прифатив заедно да појдам со него и да му помогнам во неговите обврски. По завршување на обврските во Софија на враќање кон Скопје во еден момент настана кавга помеѓу нас, бидејќи пријавениот сакаше повторно да ја обновиме нашата врска, но од моја страна имаше негодување од таквото негово барање, при што во еден момент ми доба и ми се закани со зборовите „ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“.По ова продолживме на пат кон Скопје и притоа додека си идевме истиот побара од мене да ја поминам ноќта кај негео во Скопје, на што од моја страна му беше одговорено дека би останала само доколку истиот ја повика неговата мајка или пак доколку таа не може да одиме во мојот дом во Велес, и да преспиеме кај мојот татко, сепак, веднаш штом пристигнавме во Скопје, поточно во Ѓорче Петров каде што илија живее, истиот ја повика неговата мајка, но и во истиот момент почна со малтретирање кон мене, при што истиот ме удираше по целото тело, ме закличи во неговиот дом, но не можам да се сетам колку време бев затворена, со оглед да немав ни телефон со мене, ни саат за да можам да се ориентирам колку време сум затворена. Исто така тој почна насилно да се однесува и кон својата мајка, така што физички ја отргнуваше, а од моја страна истата беше молена да повика полциија, но и нејзиниот телефон беше одземен од негова страна, така што истата беше спречена да повика помош.Следниот ден некаде после  пладне, по краток разговор со Илија дека доколку ме пушти дека ќе одиме, ќе побараме помош за да ни успее врската, по што исиот се сложи да ме пушти. Со оглед дека бев истрауматизирана од ваквиот настан, истиот од моја страна по два три дена беше пријавен најпрво во ПС Ѓорче Петров, а оттаму бев препратена и до ПС Кисела Вода, каде го пријавив конкретниот настан, а исто така со оглед на траумите и повредите кои ги имав, по неколку дена од настанот се јавив и на Ургентен центар во Велес“.Обвинителството не гледа вина во своето постапување. Росица беше убиена во Велес, заедно со нејзиниот татко.

Македонија | пред 4 месеци

DSC_0052

Обвинителството водело постапки против Илија Стефановски, убиецот на Росица и нејзиниот татко: имал условна казна, мерка за забрана и повеќе пријави за насилство

Основното јавно обвинителство Велес потврди дека против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (68) во Велес, уште од почетокот на годината биле поведени неколку постапки за закани и насилство.„Основното јавно обвинителство Велес на 10.04.2025 година против осомничениот поднесе Обвинителен предлог за 2 настани:- Загрозување на сигурноста од член 144 ст.3 вв ст.1 за настан на 20.02.2025 година- Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 за настан ноќта меѓу 03.03.2025 и 04.03.2025 година со нанесена полесна телесна повреда на партнер на оштетената.Во рамките на оваа постапка, ОЈО Велес нареди и психијатриско вештачење на обвинетиот, а вештото лице се произнесе дека тој не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на сторување на делото, бил способен да го сфати значењето на своите постапки и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност или патолошка фиксација кон оштетената.На 10.09.2025 година, Основниот суд во Велес, постапувајќи по ова обвинение изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и му изрече алтернативна мерка – условна осуда. Притоа со решение му беа укинати другите мерки на претпазливост кои беа на сила во текот на постапката, но на сила до правосилноста на пресудата остана мерката – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената и нејзиниот партнер, определена по барање на обвинителството.Оваа одлука на судот во Велес само што е примена во ОЈО Велес и обвинителството се уште немаше можност да се произнесе по неа со евентуална жалба.Во меѓувреме, на 21.05.2025 година оштетената го пријавува обвинетиот во ОЈО Велес и за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство изречени и во граѓанска постапка, тој не ги почитува и продолжува да и испраќа пораки и фотографии со обид да оствари комуникација со неа, а на 18.05 се приближил до нејзиниот дом и го одзел и го запалил автомобилот во сопственост на нејзиниот татко. По оваа пријава, ОЈО Велес ја испита оштетената и на 26.06.2025 година издаде наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и 4 наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во градот. По овие наредби МВР постапува.На 25.03.2025 година оштетената го пријавува осомничениот во ОЈО Скопје за настан случен на 27.12.2024 година, кога за време и по враќање од патување во Р. Бугарија, осомничениот се обидел да ја задржи во стан во Скопје и и нанел лесна телесна повреда од чл.130 ст.2 од Кривичниот законик. Според наводите од пријавата, оштетената извесен период претходно пријавила и во МВР. Речиси истовремено, и пријавениот поднесува пријава до ОЈО Скопје со која ја товари оштетената дека му поднесува лажни пријави во МВР со цел да му изнуди пари.Иако настанот во обвинителството беше пријавен три месеци по случување, ОЈО Скопје ја прибави медицинската документација, како и другите докази за целосно испитување на настанот. Врз основа на тоа, обвинителството ја отфрли кривичната пријава за лажно пријавување поднесена од Стефановски, а по пријавата поднесена од Коцева продолжи да постапува. На 09.09.2025 година, оштетената даде исказ во ОЈО Скопје и се изјасни дека останува на предлогот за кривично гонење на осомничениот“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Основното јавно обвинителство потврди дека се истражува потенцијалната одговорност и на други лица во врска со големиот пожар во складиштето за отпад во Трубарево. Дозволата ја издава Министерството за животна средина, па оттука, документацијата за работата на компанијата се наоѓа во нивните простории.„Се испитува потенцијална одговорност и на други лица. Во врска со документацијата и дозволите, издадени се повеќе наредби по кои МВР сè уште постапува“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето дали лицето кое ја издало и потпишало дозволата за работа на складиштето ќе биде предмет на истрага.Веќе е познато дека тие имале 10 годишна дозвола, издадена во 2021 година, кога министеруваше Насер Нуредини од ДУИ. Складиштето работело и во време на министерувањето на Каја Шукова и Изет Меџити. Засега не е познато дали се правени контроли, во делот на исполнувањето на условите за работа.На прашањето дали се проверува колкава количина отпад била складирана во магацинот на фирмата „Ф-групација“, од Обвинителството додаваат: „Се преземаат дејствија за проверки“.Со тоа останува отворено прашањето дали фирмата поседувала отпад во рамките на дозволените параметри и дали институциите вршеле навремени контроли на работењето.

Скопје | пред 4 месеци

jancev

Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за сторување на кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 3, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, околу еден часот по полноќ во селото Марино, Јанчев управувал автомобил „Хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки спротивно на правилата за безбедност. Тој најпрво преминал на левата страна од коловозот, а потоа нагло свртел десно без да се увери дека тоа може да го направи безбедно. Во тој момент во десниот страничен дел од возилото удрил мопед „Јијинг“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник.Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои не носеле заштитни кациги, се здобиле со тешки телесни повреди. Полесни повреди добил и сопатникот во автомобилот на Јанчев.Извршените анализи покажале дека ниту кај Јанчев, ниту кај малолетниот возач на мопедот не е утврдено присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Автомобилот и мопедот се одземени и ќе бидат подложени на вонреден технички преглед, а ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.Јавниот обвинител, земајќи ги предвид сите околности, предложил на осомничениот да му се изречат мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа и возачката дозвола – со цел да се обезбеди негово присуство и непречено водење на постапката.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

„Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Нови детали: Кавадарчанецот пред казино е убиен со клоци и боксови по глава, се обидел да се скрие внатре, но починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за убиството пред казино во истиот град. Тие се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Тешка телесна повреда со смртни последици“.Според обвинителството, двајца 27-годишници и еден 35-годишник на 27 август, околу 5 часот наутро, најпрво влегле во вербална расправија со жртвата во казино во Кавадарци. Набргу потоа излегле надвор, каде физички го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата. Жртвата се обидел повторно да влезе во казиното, но изгубил свест. Од нанесените тешки повреди подоцна починал.Нема информации за мотивот, иако се шпекулира дека стнаува збор за финансиски обврски кои ги имале убиениот со другите лица.Во рамките на истражната постапка ќе бидат прибрани сите докази и ќе се изврши психијатриско вештачење на осомничените. Доколку се утврди дека постоела свест и намера да му го одземат животот на оштетениот, делото може да биде преквалификувано во убиство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Како причина беше наведена опасноста од бегство, а на тоа укажува и нивното однесување веднаш по нападот – наместо да се пријават во полиција, тие се повлекле во стан на еден од осомничените. Обвинителството оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и за обезбедување на сите релевантни докази.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Се претставувал како министер и обвинител и земал 1,5 милион денари - нова истрага за измама во Скопје

Јавното обвинителство Скопје поведе истрага против едно лице поради сомнение за продолжено кривично дело „Изнуда“. Осомничениот, во периодот од 15 до 28 јули 2025 година, успеал да извлече околу 1,5 милион денари од едно лице, претставувајќи се како министер за внатрешни работи и тројца јавни обвинители.Според истрагата, осомничениот со сериозна закана уверувал дека против оштетениот ќе биде поведена судска постапка доколку не ја исплати бараната сума. Тој во повеќе наврати се јавувал од различни телефонски броеви и барал парични средства со ветување дека оштетениот ќе биде изземен од обвинение.Оштетеното лице, исплашено од заканите, во четири наврати на различни локации во Скопје му предало на осомничениот вкупно околу 1,5 милион денари.По преземени мерки, Обвинителството заклучи дека се работи за изнуда, а не за измама, бидејќи биле користени закани и притисоци за да се нанесе имотна штета. За делото е предвидена затворска казна од најмалку една година, со можност и за изрекување законски максимум.До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 5 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Обвинение за шест полицајци и две лица поради злоупотреби со странци: го кршеле законот за да земат 950 евра мито

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против шест полициски службеници и уште две лица.Од доказите произлегло дека првообвинетиот заедно со две лица, за кои постапката е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Со искористување на своето претпоставено влијание врз двајца полицајци, тие влијаеле службените лица да не постапат согласно законот и да му овозможат на турски државјанин, кој незаконски престојувал во земјава, да добие дозвола за привремен престој. За посредувањето била примена награда од 900 евра, а полицајците го прифатиле влијанието и ја злоупотребиле својата службена положба.Еден од обвинетите полицајци, вработен на граничниот премин Долно Блаце, е обвинет и за „Примање поткуп“. Тој од турски државјанин индиректно побарал и примил 3000 денари за да изврши службено дејствие што не смеело да се изврши. Други тројца полицајци и едно лице посредувале во давањето на поткупот, при што со патната исправа на турскиот државјанин извршиле фиктивен влез во земјата, како предуслов за отпочнување постапка за одобрување престој. На сличен начин било овозможено и друг турски државјанин со незаконски престој да ја напушти Македонија без да биде евидентиран во системот и без да му биде наплатена глоба, со што бил оштетен и Буџетот на државата.Дополнително, според обвинението, обвинет виш инспектор за странци и реадмисија од јули минатата година до април оваа година незаконски одобрил престој за седум државјани на Бангладеш и Непал, иако имало негативни известувања од АНБ за безбедносен ризик. Тој, спротивно на Законот за странци, носел решенија со кои на сите им бил одобрен привремен престој за работа.Истражната постапка започна во мај, кога 11 лица беа лишени од слобода, а две беа недостапни на органите на прогонот. Против едно лице подоцна е донесена наредба за запирање на постапката, а за две лица кривичната пријава е отфрлена. Едно од првично недостапните лица е обезбедено и се наоѓа во екстрадиционен притвор во Србија, додека по другото е распишана меѓународна потерница.

Македонија | пред 5 месеци

skopski-aerodrom

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

Основното јавно обвинителство ГОКК отвори истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, откако на 16 август преку бројот за итни повици 192 упатило лажна закана за поставена бомба во авион на релација Скопје–Анталија.По добиената дојава, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи и извршена повеќечасовна проверка, со која било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Инцидентот предизвикал чувство на страв кај патниците и сериозно го нарушил воздушниот сообраќај.За обвинетиот е одобрен 30 дневен притвор.

Македонија | пред 5 месеци

DSC_0052

Обид за убиство во Скопје: 28-годишна жена се обидела да ја задуши бабата на својот сопруг

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство – кривично дело по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Според обвинителството, на 15 август во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во Скопје, за време на семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг, родена во 1938 година, со која живееле во семејна заедница.Додека жртвата одмарала во една од собите, осомничената влегла и ја заклучила вратата. Таа седнала врз бабата и ставила перница врз нејзината глава со намера да ја задуши, при што дополнително ја удирала со тупаници по главата. Нападот го прекинала мислејќи дека жртвата е мртва, по што му кажала на сопругот за стореното.Сопругот веднаш ја известил полицијата, а повиканата екипа ја пренела повредената во болница, каде биле констатирани нагмечувања на главата и вилицата, како и повеќе хематоми.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Од Обвинителството велат дека постојат очигледни околности кои укажуваат на опасност таа да го повтори делото или да го доврши започнатиот обид за убиство.

Скопје | пред 5 месеци

sudija

Со 16.000 евра се купува правда? Обвинителство со нов случај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.Според истрагата, во периодот од април до август годинава, осомничениот примил 10.000 евра за да искористи свое претпоставено влијание и да интервенира за извршување службено дејствие кое не смеело да се изврши – односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје.Пријавителот се посомневал во поткуп на судииСлучајот започнал кога управител на едно правно лице, кој бил во судски спор, добил информации дека спротивната страна вршела сериозно влијание врз судиите со поткупи. За да ја провери информацијата, преку пензиониран судија добил контакт од осомничениот, кој му бил претставен како „лице близок со судии од Апелациониот суд Скопје“.При првата средба, осомничениот директно побарал 16.000 евра за да заврши спорот во корист на фирмата на пријавителот. Дополнително ги уверувал дека другата страна давала уште повисоки суми, но судиите не прифаќале да донесат одлука без правна основа.Исплати во рати и апсење на лице местоПоради неможност да обезбеди целата сума, пријавителот со осомничениот се договорил исплатата да се врши во три рати. На 30 април му предал 5.000 евра, по што осомничениот го уверувал дека исходот на постапката е сигурен. Во наредниот период тие останале во постојана комуникација.Меѓутоа, пријавителот потоа ја пријавил трговијата со влијание, а при следната исплата од 5.000 евра, осомничениот бил фатен на лице место и лишен од слобода веднаш по примопредавањето на парите.Предлог за притворЈавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските услови за тоа.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.48.55

Повик за распит 11 часа по кандидатурата – Обвинителството ја „пушта на пауза“ Ивановска до по изборите

По пријава против поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска, која ја добиле во февруари, Обвинителството тргна во поход да го расчисти случајот, па покана за распит и испратиле во јули. Ивановска пак, поканата ја доби денеска, 11 часа по нејзината кандидатура за градоначалник на Центар. Откако јавно изреагира и кажа дека ова според неа е притисок, Обвинителството се предомисли па реши да и даде шанса, да се јави на распит после изборите. Ивановска на социјалните мрежи сведочеше како вчеравечер, полиција и дошло пред врата.„Синоќа во 20:30ч двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на коруцпија и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација. Ние со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство затоа што институциите треба да ни служам нам, а не на центрите чиј интерес е профитот. Јас навреме ќе ве информирам за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но секако, адреса на информирање е и Обвнителството како е надлежна институција“, напиша Билјана Ивановска, експретседателка на ДКСК и актуелна кандидатка за градоначалничка на Центар.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и презема дејствија за проверка на наводите. „Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25 јули 2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата,“ соопштија од ОЈО.По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.

Македонија | пред 5 месеци

ustaven

Уставниот суд во јули отворил 26 нови предмети!

Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата на граѓани.10 предмети се однесуваат на оценување на уставноста на закони и подзаконски акти,12 предмети се оформени по иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи,4 предмети се поврзани со заштита на слободите и правата на граѓаните.Предмети за оценување на уставност на закони и актиМеѓу оформените случаи има иницијативи за укинување или измена на клучни одредби од:Законот за извршување (прашање за неможност наплата на побарувања од државни органи и јавни претпријатија),Законот за судовите (ограничување на надлежност на судии со помал стаж),Законот за ПИОСМ (усогласување на пензии за пензионери во странство),Законот за облигациони односи (казнена камата и третман на должници),Законот за процена (еднаквост на проценувачи),Законот за стоковите резерви (правна сигурност),Законот за средното образование (право на бесплатен превоз и еднаков третман на ученици),Законот за градење и Законот за Град Скопје (постапка за поништување на одобренија за урбана опрема).Посебно внимание предизвикуваат иницијативите поврзани со пензионерските права, каде неколку подносители тврдат дека измените на законите создаваат дискриминација меѓу пензионерите кои живеат во земјата и оние кои живеат во странство.Предмети за оценување на уставност и законитост на подзаконски актиОспорени се правилници, упатства и одлуки на институции и општини, меѓу кои:Упатство на „Национални шуми“ за одобрение за сеча во хипотекарни шуми,Правилници за професионално усовршување на сметководители,Статут на синдикат кој ограничува истапување на членови,Решение за ограничување на градби во рамки на ГУП на Скопје,Општински одлуки за цени на комунален отпад (Велес),Протокол од меѓувладина комисија со Бугарија (идентитетски прашања),Одлуки поврзани со бројот на членови во советите на општините,Правила за снабдување со топлинска енергија од Регулаторната комисија за енергетика.Барања за заштита на слободите и праватаЧетири предмети се оформени по барања на граѓани за:Право на жалба и правна заштита (случај на асистент на факултет),Дискриминација по социјална припадност (професионални војници на определено време над 20 години),Дискриминација во судска постапка (нееднакви можности за одбрана),Дискриминација по политичка припадност (разрешување од функција и ускратено право на плата по престанок на мандат).Сите иницијативи ќе бидат разгледани во рамките на постапките на Уставниот суд, кој има надлежност да утврди дали оспорените акти се во согласност со Уставот и законите. Дел од предметите носат потенцијални системски последици, особено оние што се однесуваат на пензискиот систем, правата на учениците и надлежностите на судовите.

Македонија | пред 5 месеци

viber_image_2025-08-10_13-39-47-293

И детето пукало од автоматска пушка во Тетово - се бараат притвори, Обвинителството соопшти детали

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – за бруталното пукање на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, при кое загина едно лице, а тројца беа тешко повредени, меѓу кои и дете.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кои е осомничено дека сторило кривично дело - Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.За истите дела со него како соизвршител е осомничено и едно дете за кое е поведена постапка согласно Законот за правда за децата.Наредба за спроведување истражна постапка е донесена и против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело - Убиство (во обид) по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето во судир со законот, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил ’Голф’ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето во судир со законот се оддалечиле од лице-место.Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, јавниот обвинител предложи определување мерка притвор”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 5 месеци

brza-pomos-nokje-3

Пијан возач од Трубарево предизвика сообраќајка – повредени и две бебиња

Скопското Обвинителство отвори постапка против 57-годишен жител на селото Трубарево за кривично дело „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“ според член 297 став 1 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 8 август на локалниот пат меѓу селата Петровец и Долно Коњари. Осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со истечена сообраќајна дозвола и под дејство на алкохол. Брзината не ја приспособил на условите на патот, поради што изгубил контрола, преминал во спротивната лента и со предниот лев дел од возилото удрил во „Шкода“.Од ударот полесни повреди добиле возачот и четворица патници во „Шкода“, меѓу кои и две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.Јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост за возачот – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања