„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

предмети

vasil-tatko

Таткото на Васил Јованов не се појави на судење – Судијката: Ги исцрпевме сите механизми; Обвинителството го преквалификува делото

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Снежана Марковска, која претходно судеше и во предметот против неговиот син, информираше дека две покани испратени до адресата на Јованов се вратиле како неуредни. Судот се обратил и до Министерството за внатрешни работи за потврда на адресата, но одговор не добиле. Зоран Јованов доби обвинение дека му дал автомобил на неговиот син, аико Васил немал положено возачки испит.„Ги искористивме сите законски механизми предвидени во вакви случаи,“ рече судијката. Дури и поканата до неговиот адвокат Сашко Дуковски се вратила без потврда дека е примена од обвинетиот.Обвинителот Александар Марковски објави дека го преквалификувал делото – од „предизвикување општа опасност“ во поблагото „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, кое носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.„Се работи за техничка промена според начелото на специјалитет – новото дело ја опфаќа истата суштина, но е попрецизно формулирано,“ објасни Марковски.Тодор Кулаков, таткото на трагично починатата Фросина, остро реагираше по рочиштето:„Ова е правен инженеринг. Судијката е судија на мафијата“, изјави тој пред медиумите.Следното рочиште е закажано за 10 септември. Судот најави дека ќе продолжи со обиди да го обезбеди присуството на обвинетиот.

Македонија | пред 6 месеци

woman-using-smartphone-technology

Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против еден новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено прислушкување и тонско снимање, поради објавена телефонска снимка со службеничка на Град Скопје во централниот дневник.Според обвинителството, нема елементи на кривично дело, бидејќи новинарот ја контактирал и снимил пријавителката во својство на раководител на Одделението за односи со јавност во Градот Скопје, со цел да добие став за сообраќајниот метеж во главниот град, предизвикан од нефункционална сигнализација.„Постои висок јавен интерес – граѓаните имаат право да знаат зошто улиците им се закочени“, стои во образложението. Новинарот, се нагласува, имал обврска да постави прашања и да ги повика на одговорност јавните функционери, а телефонското снимање, иако без согласност, било оправдано од јавниот интерес и не содржело невистинити или штетни информации.Обвинителството се повикува и на праксата на Европскиот суд за човекови права, особено на случајот Radio Twist против Словачка, каде што било потврдено дека тајното снимање во новинарството е дозволено доколку е пропорционално и насочено кон заштита на јавниот интерес.Одлуката на ОЈО Скопје е правосилна и веќе потврдена од Вишото јавно обвинителство. Како добар правен пример, решението ќе биде доставено до новинарски здруженија и организации за слобода на изразување, со цел поддршка на домашната пракса и поголема правна сигурност за медиумските работници.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4865

Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против две лица – татко и син – осомничени за тешко насилство, како и против еден малолетник, поради брутален физички напад во скопското село Батинци.Според обвинителството, 41-годишен маж заедно со синовите, од кои едниот има 18, а другиот само 15 години, настанале пред семејната куќа на оштетениот поради претходна расправија со малолетникот. Тројцата започнале со закани, кои потоа прераснале во физичко насилство – жртвата била удирана со тупаници и клоци по главата и телото, по што паднала на земја.Најтешките удари ги нанел 15-годишникот, кој додека оштетениот лежел на земја, го удирал и со камен по главата, предизвикувајќи му тешки телесни повреди, вклучително и фрактури.Во обид да го заштити, сопругата на оштетениот легнала врз него, а на местото на настанот реагирале и децата и соседите. Според Обвинителството, со ова насилство било предизвикано чувство на страв и несигурност не само кај семејството, туку и кај жителите на околината.Поради сериозноста на делото и ризикот од повторување, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двете полнолетни лица, додека постапката против малолетникот се води според Законот за правда за децата.Истрагата е во тек.

Македонија | пред 6 месеци

loru5bcabbkptivbtymx

Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 28-годишен маж од Скопје, осомничен за семејно насилство врз неговата малолетна ќерка, родена во 2021 година. Настанот се случил во нивниот семеен дом во населбата Драчево.Според обвинителството, додека мајката приготвувала јадење, девојчето си играло со своите две сестри. Во моментот кога се качило на креветот за да земе играчки, таткото започнал да ја навредува, па ѝ удрил неколку шлаканици по лицето. Од ударите, девојчето добило набиеница на главата и огреботини на лицето. Осомничениот продолжил со вербални закани, вклучително и со зборовите дека ќе ја убие.Јавниот обвинител укажува дека мажот и претходно манифестирал агресивно однесување во семејството, поради што постои сериозен ризик од повторување на насилството. Тоа, според Обвинителството, претставува закана за нормалниот психофизички развој и воспитување на децата.Имајќи го предвид и ризикот од бегство и обид за избегнување на одговорност, до судијата на претходна постапка поднесен е предлог за определување мерка притвор.Осомничениот се гони за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 6 месеци

ljupco-lesko

(Видео) „Обвинителството повторно го уби Љупчо“ – семејството разочарано по одлуката да нема обвинение

Јавното обвинителство по втор пат го уби нашито син, велат од семејството на Љупчо Лешко, разочарани од одлуката на обвинителот, да не поведе постапка против сопственикот на објектот каде младиот диџеј загина. Тие се убедени до струјниот удар по кој Љупчо загинал, дошло поради неисправна инсталација. Обвинителството, според решението да не се поведе постапка, вина гледа кај нивниот мртов син - бидејќи влегол во базенот и потоа излегол и ја допирал миксетата. Семејството на загинатиот пак, укажува, дека таму имало и други деца кои исто така се жалеле на пецкање од струја од почетокот на забавата, притоа, нивниот син не бил единствен мокар таа вечер, а со оглед дека имало и дожд.„Морам да ви кажам дека е најголемиот срам за едно јавно обвинителство и една јавна обвинителка. Зошто го велам тоа.. Вие да признавате недоследности во самиот извештај, а сепак да донесете негативна одлука за тоа дали да се поведе постапка или не (се мисли на обвинение), мислам дека нема во ниту една држава, ниту во Јужана Кореа, Сомалиа, Белорусија. Зошто го велам тоа, бидејќи во решението, во повеќе наврати, јавната обвинителка зема само површни мислења, зема во предвид делови од изјави од сведоци кои на неа и одговараат а не целосно, наведува дури и лаги што исто така ќе го докажам, а сепак признава и на недоследности кои ги содржел објектот и повторно, како што кажав, донесува негативно мислење односно одлука. На што го темелам ова кажување - јавната обвинителка како причина за струјниот удар на мојот син се држи само површно на извештајот на Судска медицина кој докажува дека причината е струен удар, но докажува дека и мојот син имал хронични срцеви проблеми, како и дека најголема причина е тоа што мојот син бил мокар. Но во извештајот од Судска медицина, пишува дека, 'создадени се услови да дојде до струен удар', но тоа не значи што бил мокар, е главната причина. Но јавната обвинителка така го толкува тоа, сакајќи да ја прикрие сопствената неспособност, а откако по 11 месеци не дојде до резултати“, вели Раде Лешко, татко на загинатиот Љупчо.Тој кажа и што стои во вештачењата кои ги правело Обвинителството.„Демек ќе се вадиме сега дека вештачењето било изведено во темни услови, односно дека немало светло вечерта (кога загинал Љупчо), за да се извршат анализи на евентуални неправилности при напојувањето. Значи јавната обвинителка признава дека нејзиниот вештак не си ја извршил работата како што треба, да изврши анализи на евентуални неправилности во напојувањето или заземјувањето.. ама не признава дека заборавила односно не наложила запечатување на објектот, за 11 месеци, таму да не се вршат наводни уништувања на докази“, додаде Лешко.Таткото, меѓудругото на вештаците им рече: „Да ви се плукнам во дипломите што ги имате, неписмени ни едни!“.Во видеото, таткото елаборира во делот на доказите и решението:

Македонија | пред 6 месеци

van

Сите детали за уапсениот осомничен дека го криел пиштолот со кој се убиени Вања и Панче: се правеле претреси

Основното јавно обвинителство Скопје постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.“По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик.Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени.Со цел проверка на наводите, јавниот обвинител обезбеди и судски наредби со кои беа извршени претреси на две локации, а се преземаат и други истражни дејствија.Со цел обезбедување на осомничениот до завршување на постапката, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање, како и да се определи повремено да се јавува кај службено лице во судот.Истрагата против ова лице претставува посебен предмет кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза и во рамките на која Јавното обвинителство го поткрепи обвинението со огромен број вербални и материјални докази за сторените дела”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-turisticka-42

Без дозвола, со туѓо возило: Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид – загина жена

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот “Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено.„Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил Фолксваген голф без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда“, велат од Обвинителството и додава:Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство, односно во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.

Македонија | пред 6 месеци

gjorceski-2

Таткото на Вања до Палевски: „Зошто ми е убиена Вањичка?“

На денешното рочиште за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, пред судот се обрати и таткото на Вања, обвинетиот за помагање при нејзиното грабнување, Александар Ѓорчевски. Тој истакна дека и по месеците судење, чувствува дека вистината сè уште не е откриена до крај.„Од почетокот на самото судење имаше воведни зборови и убаво се сеќавам дека станав и изразив очекуѕвање дека се ќе дознаам. Во текот на судскиот процес цело време мижам во просторијава, меѓутоа внимателно го слушам секој збор. Сега како се сведе, се приближи кон крај процесот, имам чувство на непотполност во поглед на вистината која што очекував да ја дознаам. Еден од обвинетите го посочи Палевкси како човек кој ги имал одговорите на сите прашања. Токму поради тоа и само од тие причини му се обраќам на Палевски после мене уште тој останува со завршен збор, нека стане, нека се поклони и во две реченици нека ја каже вистината. Зошто ми е убиена Вањичка? Благодарам“, рече Ѓорчевски.Со завршните зборови продолжува Љупчо Палевски, кој треба да се изјасни по сите наводи.

Македонија | пред 6 месеци

velibor-manev

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски – чувствувам срам и душевна болка“

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор. Тој изјави дека негира дека сторил убиство, но призна дека учествувал во дел од настаните и тврди дека бил манипулиран и уценет од Љупчо Палевски.„Од почеток одлучив да ја кажувам вистината, без разлика на казната. Не негирав ниту една снимка, потврдував присуство и објаснував детали за да добие судот јасна слика,“ рече Манев.Тој посочи дека Обвинителството упорно се обидува да го прикаже како дел од организиран план за убиство, што според него не е точно. Претходно, во неговите искази, Манев тврдел дека не знаел оти Палевски планирал убиства и дека, доколку знаел, не би копал три метра длабока дупка „со табаници и капак“.„Не би направил земуница како за таен бункер ако знаев дека лицето ќе биде убиено. За мене, тоа беше операција за грабнување и изнуда пари од ќерка на фармацевт, како што тврдеше Палевски,“ рече Манев.Обвинетиот истакна дека Обвинителството нема конкретни докази за соработка со лицето Сашо, ниту дека тој лично го познава, туку дека целата врска се темели на присила и манипулација. За убиствата рече дека тој и останатите обвинети биле во целосен шок, откако Палевски „ги извршил ладнокрвно, без претходна најава“.„После убиствата, ја чував снимката од мојот ресивер. Можев да ја избришам, можев да ги исклучам камерите – но тогаш ќе му давав алиби на Палевски,“ рече Манев.Спомена и дека бил уценуван и заплашуван со животот на своето семејство. Го посочи и случајот со „плавиот ранец“ за кои се тврдеше дека во него било оружјето, за кој рече дека Палевски му дал наредба да биде пренесен или уништен по неговото бегство од државата. Притоа, го спомена и лицето З.Д., вработен во Народна банка и член на политичката партија Десна.„Бев само алатка – шест години го поддржував, му ја давав душата, го вадев од затвор, трчав по адвокати. За крај, ме напика во затвор за нешто што не сум ни замислувал“, изјави Манев.Своето излагање го заврши со каење и лично признание дека чувствува голем срам и душевна болка.„Испаднав наивна будала која си го уништи животот. Загубив пријатели, доверба и себе си. Простете ми,“ заврши Манев, очекувајќи ја пресудата.

Македонија | пред 6 месеци

bore-videvski

За убиствата на Вања и Панче: Обвинетиот Видевски без збор; Кешишев: „Многу се каам, ми рекоа да ќутам“

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, во предметот за киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, завршен збор дадоа дел од обвинетите.Обвинетиот Боре Видевски кој негира вина, кусо се обрати пред судот:„Нема да давам завршен збор, нема да кажам ништо. Се согласувам со тоа што го кажа мојот бранител“.Покрај него, збор зеде и обвинетиот Влатко Кешишев, кој во своето обраќање истакна:„Морам да кажам дека многу се каам и имам грижа на совест за што воопшто бев со нив, бидејќи се разговараа, испланираа и завршија сами сè. На мене ми кажано да ќутам, да не се мешам и да седам настрана“.Кешишев пред судот повтори дел од неговиот претходен исказ, опишувајќи го денот на грабнувањето на Панче Жежовски.Судењето продолжува со завршните зборови на останатите обвинети, по што се очекува донесување на пресудата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-11-at-09.44.05

Нино Васев да оди во притвор, а не да седи во куќен притвор, бара Фетаи

Обвинителката од Вишото обвинителство-Скопје, Фатиме Фетаи, бара наместо куќен притвор, на д-р Нино Васев да му биде одреден ефективен притвор. Таа смета дека истрагата може да тече само ако Васев биде зад решетки.„Ставот на Вишото јавно обвинителство е дека во оваа фаза на постапката, имајќи ги во предвид сите околности, мерката притвор и единствено мерката притвор, претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на осомничениот и успешно обезбедување во кривичната постапка“, рече Фетаи.На аргументот дека Васев и досега ги почитувал мерките за обезбедување на присуство, Фетаи рече дека тоа било друга фаза на постапката.

Македонија | пред 6 месеци

brza-pomos-nokje-3

Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата.Од доказите обезбедени во предметот постои основано сомнение дека повод за оружениот инцидент со нож била меѓусебна вербална расправија во сообраќај, меѓу осомничениот и неговиот татко од една страна и малолетникот од друга страна. Расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош.Во физичката пресметка трите лица се повредени, при што малолетникот и таткото се хоспитализирани со тешки телесни повреди. Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Пијан возач предизвика сообраќајка во Кисела Вода – повредена жена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец, поради основано сомнение за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, по член 297 став 1 од Кривичниот законик.Како што соопшти Обвинителството, на 16 јуни, во вечерните часови, осомничениот под дејство на 1,34 промили алкохол, управувал туѓо возило марка „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода. Преминал на спротивната коловозна лента и со автомобилот удрил во „Фиат стило“ што доаѓало од друг правец.Во сообраќајната несреќа со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат“.Јавниот обвинител побара од судот да му се одземе возачката дозвола и да му се забрани издавање нова, најмалку до завршување на постапката. Како причина за предлогот се наведува реална опасност од повторување на дејствието и потребата осомничениот да не учествува во сообраќајот сè додека не се расчисти случајот.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

Побарал пари за дрога, па го запрел возилото и се обидел да ја прегази сопругата – обвинителството бара забрана за приближување

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 41-годишен маж, осомничен за семејно насилство и телесна повреда.Според Обвинителстовто, инцидентот се случил кога, во алкохолизирана состојба, осомничениот ја принудил сопругата да подигне пари од нејзината плата за да купи дрога. По пат назад започнал расправија, го запрел возилото и се обидел да ја прегази. Кога не успеал, и го одзел телефонот, ја удрил со шлаканица и со удари во лицето и вратот.Жената се здобила со видливи повреди – нагмечувања на лицето, вратот и раката.Јавниот обвинител предложи мерка забрана за приближување и контакт со жртвата, имајќи ја предвид сериозноста на нападот и ризикот од повторување.

Македонија | пред 6 месеци

apsenje

Хорор во Велес: Удрил дете по глава, го влечел по улица – со секира тргнал и на полицајци

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 23-годишен велешанец кој е осомничен за брутално насилство врз дете и напад врз полиција со секира и тесла.Инцидентот се случил на 13 јуни, кога осомничениот прво ја навредувал, а потоа со метален предмет ја удрил по главата 8-годишнo девојче. Откако паднала, тој продолжил да ја влече по улица.По пријавата, шест полициски службеници излегле на терен, но осомничениот им се заканувал со секира и тесла, одбивал наредби и продолжил да се приближува. Полицијата испукала два предупредувачки куршуми, по што напаѓачот избегал и бил во бегство два дена.По неговото приведување, продолжил со закани и во полициската станица, што според обвинителството претставува реална закана по безбедноста. Јавниот обвинител предложи мерка притвор поради опасност од повторување на делата и бегство.Против него се води постапка за едно кривично дело – насилство врз дете, и шест дела за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања