„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

предмети

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

„Ќе објасниме сѐ“ – Обвинителството прифаќа средба со родителите на загинатите во „Пулс“

Јавното обвинителство соопшти дека стои на располагање за директна средба со семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Оттаму додаваат дека, доколку има такво барање, во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат блиските на жртвите за сите аспекти од поднесеното обвинение, без да ја нарушат натамошната постапка.„Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во Обвинителството добија и директен контакт, и им беше посочено дека сите семејства можат во секој момент да се информираат директно во обвинителството во Кочани за текот на постапката“, велат од институцијата.Ова следи по јавниот апел на родителите на 62-те загинати, кои побараа од Обвинителството директно да им објасни кои лица се обвинети, а против кои е запрена постапката, бидејќи, како што велат, правната терминологија во соопштението не им е јасна и не може да ја заменува личната комуникација.

Македонија | пред 6 месеци

ubistvo-noz

Внука со нож ги бодела баба ѝ и дедо ѝ - хорор во Битола

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, полициски екипи извршиле увид во семејна куќа на улицата „Солунска“, каде што, според првичните сознанија, внука се обидела да ги лиши од живот своите баба и дедо.Според информациите, осомничената при вршење семејно насилство им нанела повеќе убоди со остар предмет на повозрасните членови од семејството. Двајцата повредени се пренесени во болница, но засега не е соопштена нивната здравствена состојба.Јавниот обвинител издал повеќе наредби и насоки за прибирање на релевантни докази и целосно расчистување на настанот. Осомничената е лишена од слобода и се постапува во насока на утврдување на сите околности поврзани со случајот.Од Обвинителството најавуваат дека по обезбедување на доказниот материјал ќе следуваат и понатамошни правни дејствија.

Македонија | пред 7 месеци

krmzov1

„Копаш копаш и нема дно“: Крмзови ги гонат дека испумпале 94 милиони евра од државата

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички и 15 правни лица, осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење.Според првичните проценки, штетата изнесува околу 94 милиони евра, а незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности.Иницијативата за истрагата е од Управата за јавни приходи, а предметот опфаќа период од 2019 до 2024 година.Обвинителката Верица Бержецка Крстева нагласи дека станува збор за голем број поврзани компании.Осомничени се сметководители, управители на правни лица и инспектори на УЈП, а се разгледува можноста истрагата да се прошири со нови лица и временски периоди, објасни обвинителката.Крстева.„Копаш, копаш и нема дно“. Вака државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на брифингот со новинари го објасни еден од најобемните предмети.На Крмзов вчера му беше определен триесет дневен притвор поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

Македонија | пред 7 месеци

viber_image_2025-06-10_15-40-14-997

Арсенал оружје откриен во Скопје кај Бит пазар: 29-годишник со автоматска пушка, граната и стотици куршуми во домот

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството и додаваат:При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 29-годишник на улицата “Благоја Паровиќ” во Скопје, било пронајдено поголемо количество огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети и тоа: автоматска пушка со калибар 7,62×39 мм, четири рамки со 120 куршуми и уште дополнителни 779 куршуми боева муниција од истиот калибар наменета за испалување од автоматски, полуавтоматски пушки, митралези, пушкомитралези и репетирачки пушки. Биле пронајдени и 3 рамки со вкупно 51 куршум со калибар 9 мм Para и уште 136 куршуми од тој калибар наменети за испалување од автоматски огнени оружја и полуавтоматски пиштоли. Потоа биле откриени и 31 куршум боева муниција со калибар 7,65 мм, која исто така се користи за автоматски и полуавтоматски оружја, како и рачна граната од моделот РГД 5, која е од офанзивен тип со ефективно убиствено дејство од 15-20 метри и ранувачко дејство до 30 метри.Покрај ова оружје, муниција и експлозивни направи кои се целосно забранети за граѓаните, тој во домот без дозвола држел и огнено оружје кое било преправено – пиштол ZORAKI М 906-B со кој било овозможено истрелување на проектили од куршуми од боева муниција со кал.7,65 мм, пневматски пиштол марка SIG SAUER M17 наменет за истрелување на топчести проектили со калибар 4,5 мм, полуавтоматски пиштол RANGER RA9, како и 51 куршум со калибар 9 мм P.A.K. наменета за предизвикување звучен-сигнален ефект при испалување од оружје за светлосно-звучна сигнализација. Целото пронајдено илегално оружје и муниција се одземени од осомничениот.Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 7 месеци

vane-cvetanov-krmzov

Притвор му е одреден на Крмзов, 30 дена треба да помине во Шутка оти судот смета дека може да избега, влијае на доказите или да го повтори делото

Ване Андреев, бранител на бизнисменот Ристо Крмзов, за „Скопје1“ потврди дека на неговиот клиент му е одредена мерка 30-дневен притвор. Тој од Кривичен суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.„Оваа мерка нема логика, тој и досега беше под мерки, со одземена патна исправа и со јавување во суд. Една година како му се изречени тие мерки. Ги нема прекршено, плус има платено данок, а сега се изрекува притвор“, вели адвокатот на Крмзов во изјава за „Скопје1“Андреев најави жалба до Кривичниот совет.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Финансиска полиција, УЈП и други служби, поднесе кривични пријави против 27 физички лица и 15 правни лица од Струмица, осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.Според истрагата, во 2019 година тројца организатори формирале мрежа во која биле вклучени управители, инспектори од УЈП и сметководители. Тие преку фирми под нивна директна или скриена контрола издавале лажни фактури и прикажувале фиктивен промет.Со ваквото работење, пријавените стекнале противправна корист од над 94 милиони евра, на директна штета на државниот буџет.

Македонија | пред 7 месеци

gadf

Пред три месеци негираше вина: Нацев, ексдиректор од ВМРО-ДПМНЕ е новиот осомничен за пожарот во „Пулс“

Александар Нацев е новиот осомничен во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинителството го сомничи дека е „реален сопственик“ на фирмата која го обезбедувала објектот кобната вечер, а која дозволила внесување на приотехника од страна на членовите на музичката група „ДНК“. Нацев е родум од Пробиштип, каде вчера биле извршени претреси со судска наредба. Претресувани биле негови простории и во Скопје, а одземена е обемна документација поврзана со фирмата.„Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.„Без да имаат договор со клубот „Кабаре ПУЛС“ Кочани, во текот на 2025 година незаконски вршеле обезбедување на објектот. Новоосомничениот активно раководел со ова обезбедување, спротивно на Законот за приватно обезбедување – без безбедносна проценка, план, проверка за противпожарна заштита и услови за евакуација. Во ноќта на пожарот, не го контролирале влезот, дозволиле присуство на малолетни лица, преполнетост на објектот и внес на пиротехника од музичката група, што довело до пожар во кој загинаа 62 лица, 157 беа тешко повредени, а 54 со полесни повреди“, велат од Обвинителството.Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.Нацев е ексдиректор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година, кога со Владата раководеше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Важеше и за истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, од чија говорница држеше и прес-конференции. Нацев e и извршен директор на ЦБИ и професор на Факултетот за државна безбедност.

Македонија | пред 7 месеци

nino-vasev

Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа

Кривичен суд го одобри обвинението против ексдиректорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и обвинението против онколозите.„Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот“, велат од Кривичен суд.Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, е обвинет за два тешки кривични случаи – злоупотреба на функцијата и загрозување на здравјето на пациенти. Според обвинението, кај најмалку 29 пациенти е утврден несоодветен третман со погрешно дозирање и отстапки од онколошките протоколи, за што му помагала колешка од одделот за тумори на дојка. Обвинети се и двајца онколози од одделот за бели дробови, за давање терапија без медицинска основа.Во вториот предмет, Васев и поранешниот медициски директор Нехат Нухи се обвинети за проневера и измама, со штета од над 35 милиони евра врз државниот буџет и недоставување лекови на пациенти. Скандалот изби пред две години, а Обвинителството го нарекува најсложениот случај досега.

Македонија | пред 7 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Обид за убиство во фитнес клуб во Чаир: три лица обвинети

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото го извршиле пред фитнес клуб во Чаир, на 1 јуни во вечерните часови.Инцидентот започнал како вербална расправија во која си разменувале навреди и пцовки, а продолжил и со физичка пресметка, па во еден момент првоосомничениот извадил нож со кој го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите. Повреди им биле нанесени и на другите двајца оштетени кои се обиделе да ги раздвојат и да му помогнат на прободениот.Јавниот обвинител за сите тројца осомничени достави предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка.

Скопје | пред 7 месеци

IMG_5583

Кој е одговорен за трагедијата во „Пулс“? Заврши истрагата, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени, следува обвинение

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во истражната постапка постапуваа вкупно 13 обвинители од основните јавни обвинителства во Кочани, Скопје, Штип и Куманово кои презедоа голем број дејствија со кои обезбедија докази со цел утврдување на фактичката состојба.По наредба на јавните обвинители, полициски службеници и истражители од истражните центри на обвинителството, на лице место на трагичниот настан и на повеќе други локации, прибраа материјални докази и документација кои беа предмет на вештачење. Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причините за смрт на секој од починатите, како и за видот и карактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење. Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. Од бројни електронски уреди (компјутери и мобилни телефони) се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција.Доказите кои се прибрани во текот на оваа истражна постапка, а се однесуваат на постапувањето на полициските службеници, обвинителскиот тим ќе ги достави на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде Специјализираното одделение до овој момент спроведува истрага против 14 полициски службеници. Овој дел од истрагата ќе продолжи и во следниот период со цел целосно испитување на сите факти и околности.Јавнообвинителската одлука за секој од осомничените поединечно ќе биде донесена врз основа на целокупниот доказен материјал. Дополнително, доколку од анализата на овие или други докази се утврдат елементи на кривично дело и кај други лица, кои до овој момент не се опфатени со истражната постапка, обвинителството ќе постапува согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Ја задавил вонбрачната партнерка – Обвинителство поднесе обвинение за брутално убиство во Кавадарци!

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.„Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување“, велат од ОбвинителстотоЈавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 7 месеци

stekli-1

Падна Штекли со групата - некои се спогодиле, Раде не постигнал договор за казна

Собрани се сите докази за групата која ја предводел Раде Трајковски-Штекли, која според Обвинителството за гонење организиран криминал, броела 17 членови. Сите се гонат за трговија со кокаин и марихуана, која се криела по станови. Досега, седум членови на групата признале вина и се спогодиле со Обвинителството, па добиле по 3-4 години затвор, од максимални пет кои можеле да им бидат изречени. Воглавно, тие кои се спогодиле биле препродавачи, фатени со мали количини. Но, додека да се стигне до дрогата, закани имало од повеќе страни. Обвинителството откри дека дрогата се продавала преку интернет, но и по ресторани. Една од локациите е Аеродорм.„ Во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со наркотични дроги – кокаин и марихуана. Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи. Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството и притоа добија затворски казни“, вели Обвинителството.Штекли, според Обвинителството, бил уапсен по сознанијата дека се спрема за бегство. Кај него, биле направени претреси, но пред да влезе полицијата, според Обвинителството, тој отстранува сѐ што е криминално од домот. Но, видео надзорот го разоткрил.„Кај него имаше претреси, а беа најдени само остатоци. Од видео надзорот се потврди како ги отстранува тие цели коцки, од кои две беа најдени во стан, три во специјална направа во бункерот“, додаваат од Обвинителството.Некои од групата се бранат со молчење, други одрекуваат дека сториле нешто, а дел се спогодиле. Спогодба му била понудена и на Штекли, но тој не ја прифатил со оглед на понудената затворска казна. По прифаќање на обвинението, нему ќе му се суди во Кривичниот суд.  

Македонија | пред 7 месеци

prostitucija

Скопје станал бордел за елитна проституција – обвинение за меѓународна мрежа и перење пари што се переле преку криптовалути

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против четири лица – двајца странски државјани (од Бразил и Сирија) и двајца македонски државјани – поради сомнение за посредување во вршење проституција и перење пари.Според обвинението, во периодот од декември 2023 до ноември 2024 година, првообвинетата, бразилска државјанка со престој во РСМ, заедно со второобвинетиот – македонски државјанин роден во Сирија – организирале мрежа за сексуална експлоатација на жени од Бразил, кои биле сместени во изнајмени станови во „Џевахир Холдинг“ во Скопје. Преку веб-страницата eurogirlsescort.com нуделе сексуални услуги по однапред утврдени цени, а профилите ги водела првообвинетата, која организирала и логистика за клиентите.„Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили на веб сајтот: www.eurogirlsescort.com, каде биле постирани телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ, како и фотографии со експлицитна содржина“, велат од ОЈО-ГОКК.Обвинетите го делеле профитот, а парите ги трансферирале преку Вестерн Унион до лица во Бразил и Португалија, како и преку криптовалути, со цел да се прикрие нивното потекло.Третообвинетиот и четвртообвинетиот се теретат за помагање во перење пари. Четвртиот обвинет, покрај што користел сексуални услуги, ѝ овозможил на една од жртвите да трансферира средства преку криптовалути и да ги претвори во готовина.Обвинителството побара продолжување на притворот за тројца од обвинетите, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Финансиска полиција открила финансиски скандал во М-НАВ

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје против две лица вработени во М-НАВ АД Скопје – акционерско друштво во државна сопственост за услуги во воздухопловната навигација.Првата пријава се однесува на В.К., поранешен извршен директор на Секторот за воздухопловна техника, кој се сомничи за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ (член 353 став 2 од Кривичниот законик). Според пријавата, В.К. во 2022 година споил две различни јавни набавки – набавка на софтвер за управување со документи и физичко/електронско архивирање – во една постапка. Притоа, изготвил техничка спецификација и тендерска документација со дискриминирачки и несразмерни услови, со што, според надлежните, го прекршил Законот за јавни набавки, особено членовите 5 и 8, кои се однесуваат на начелата на конкуренција и сразмерност.Втората пријава е против Б.А., в.д. раководител на Одделението за јавни набавки, осомничена за „Несовесно работење во службата“ (член 353-в став 2 од Кривичниот законик). Таа, иако била свесна дека тендерската документација е спротивна на законот, сепак ја објавила во електронскиот систем за јавни набавки, со што овозможила спроведување на постапката.„Со поставување на вакви дискриминирачки критериуми кои ја ограничиле конкуренцијата, пријавените, според Финансиската полиција, го оштетиле буџетот на М-НАВ АД Скопје за над 1.493.000 денари, додека корист остварило приватното правно лице Контего ДОО Скопје, со кое потоа бил склучен договор“, велат од Финансиската полиција.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Обвинителството бара Нино Васев да оди во „Шутка“, наместо да седи во куќен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”.„Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка.Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 7 месеци

nino-vasev

Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.„На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Северна Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија.Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино  издавање“, велат од Обвинителство.Ваквите мерки според обвинителството се неопходни за непречено водење на кривичната постапка.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања