„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ПРОТЕСТ

protesti-javna-admin

Во вторник протест на вработените од шест министерства и од статистика

Во вторник на незадоволството на вработените од Државното правобранителство ќе им се приклучат и вработени од шест министерства и од Државниот завод за статистика.Тие бараат потпишување на колективен договор со кој ќе имаат 30 проценти додаток на плата.Протестот би траел половина час пред зградите на министерствата за култура, животна средина и просторно планирање, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд и пред статистика.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_22-11-2024_03-07-32-1790PM

(Видео) “Излези Данела”, “Што уште треба за оставка?” - протест пред Град Скопје

Протестот пред Град Скопје на студентите и жителите на Шутка, донесе свои пораки.Ја бараа Данела Арсовска да излезе и да разговара со неа, па викаа: “Данела не се плаши, излези Данела. Излези кажи како ќе ги решиш проблемите. Што би рекла ти: Смањи доживњај, излези и разговарај! Овие жени секој ден мрзнат по три саати”.Со нив носеа и транспаренти со пораки:

Скопје | пред 1 година

protest1

Масовни протести во Палма де Мајорка

Повеќе од 20.000 луѓе се собраа на првиот голем протест во неделата во Палма де Мајорка за да побараат ограничување на масовниот туризам.На протестот учествуваа претставници на стотина организации, пренесе Ел Паис.Тие изјавија дека во екот на туристичката сезона сакаат да испратат повик за будење до администрацијата да донесе мерки за ограничување на приливот на туристи, проблем што веќе неколку години ги зафаќа Балеарските острови.Учесниците на протестот изјавија дека масовниот туризам им го расипува квалитетот на живот, како и дека туристите создаваат гужви, ја загрозуваат животната средина и прават врева. Жителите на островот се жалат и дека поради масовното пристигнување на туристи изнајмувањето станови станало прескапо за локалното население.Слични протести неодамна беа одржани и на Канарските острови, во Малага и Барселона.

Магазин | пред 1 година

protest

(Видео) Тотален хаос во Лидс: Запалија сè, полицијата веднаш реагирала

За време на вчерашните немири во англискиот град Лидс, полициско возило беше превртено на страна и запален автобус.На жителите им е препорачано да останат дома до смирување на ситуацијата. Видеото на кое се гледа како луѓе фрлаат предмети кон полициско возило пред да го превртат стана вирално на социјалните мрежи.Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ги осуди „потресните сцени“. Сопственик на локален ресторан изјави дека хаотичните сцени биле предизвикани од обидите да се земат децата од нивните семејства, на што некои одговориле со палење оган и „фрлање камења“.Полицијата соопшти дека вчера во 17 часот биле повикани на адресата на улицата Луксор и дека констатирале „тече нарушување“ во кое биле вклучени службеници од надлежната агенција и деца. На местото на настанот почнале да пристигнуваат повеќе луѓе, а полицајците и децата биле пренесени на безбедно место.

Свет | пред 1 година

IMG_4879

Жителите на Ново Село протестираат против топилницата

Во тек е протестот против леарницата/топилница на територијата на о. Ново Село, на падините на Беласица.,,На загадувачите од Г1 тешка и загадувачка индустрија не им е местото во оваа рајска долина!Алуминиумот не се пие!”

Скопје | пред 1 година

IMG_4863

Ново Село против Топилницата, повикуваат на протест

,,Ве повикуваме на протест на ден 4ти Јули 2024 со почеток во 10:00 часот пред зградата на општина Ново Село!Решивме да ја стопираме изградба на тешка загадувачка индустрија Г1 односно топилница на алуминиум која се гради на 80м од единствената бушотина за снабдување со вода за Ново Село и неправилно издадена градежна дозвола за таа топилница, на земјиште со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија, а објектот е во категорија Г1 , во подножјето на село Смолари, зелениот бисер на Беласица!Барањето за градежна дозвола е поднесено на 04.10.2023, следниот ден е одобрена, а на 06.10.2023 станала правосилна, што имлицира и наведува дека е издадена во криминалната спрега воспоставена од градоначалникот, инвеститорот за топилницата, министерството за животна средина и фирмата на таткото на градоначалникот што “најверојатно” ја гради топилницата, а “најверојатно” е затоа што до денес нема објавено градежна табла, сокривајќи ги сите информации од јавноста.ЗОШТО?Зошто на четирите барања уште од Ноември претходната година, од советникот од СТИГА Е, градоначалникот не одговара и не ги дава на увид документите за градежната дозвола на спорниот објект?!Дали е точна информацијата дека пред да се издаде градежната дозвола, фирмата на таткото на градоначалникот примил позајмица од 640 000 евра од фирмата на инвеститорот?!Факт е дека согласно правилникот за категоризација на објекти прецизно е наведено дека се што е топилница спаѓа во Г1.3 односно ТЕШКА ИНДУСТРИЈА - Обоена металургија и согласно законот не може да биде изградено на помало растојание од 5 км од населено место или заштитена зона.Ако се точни шпекулациите во врска со “позајмицата” на фирмата на татко му, тоа можеби изгледа како сосема добра мотивација е за да се "прогледа" поинаку и ТОПИЛНИЦАТА да се именува просто како “хала за алуминиумски одливци... “Обработката и топењето на отпаден алуминиум е исклучително опасен технолошки процес што вклучува дробење, топење на исклучително висока температура со користење на многу енергија, леење, испарување, брусење…Процесот не е воопшто наивен, па ајде решија да ни кажуваат приказни за мали деца и да објаснуваат без документи, да кријат се што може да се скрие, да се закануваат, да вршат притисоци и да не обвинуваат дека “измислуваме” кога одиме во надлежните институции во Скопје.Но никако не одговорија на советничките прашања и веќе повеќе од 7 месеци молчат…ЗОШТО?!За шурувањето со Еуромакс Ресурсис и воопшто да не зборуваме, бевте сведоци на она што се случи на вонредната седница каде градоначалникот им предлагаше на Новоселци преку барана донација да коленичат и молат од гробарот Еуромакс пари...БАРАМЕ:1. Да се објават сите документи, а особено технолошките2. Бараме да се поништи градежната дозвола3. Бараме да се одземаат ингеренциите на општината за издавање градежни дозволи4. Бараме да влезе државна ревизија и да ја прочешла целата општина и нејзиното работење5. Бараме градоначалникот да поднесе итна и неотповиклива оставка!Добредојдени се сите, од сите политички партии но без никакви политички симболи, знамиња, ознаки!Овде се работи за чиста злоупотреба на службените овластувања, лични интереси, непочитувањето на законите и криминал!!!Бараме одговорност!!!Одиме до крај!ТОПИЛНИЦА НА АЛУМИНИУМ НЕМА ДА ИМА!!!”, пишуваат на Фејсбук прифилот Еко Долина.

Скопје | пред 1 година

evrei

(Видео) Ултраортодоксните Евреи фрлале камења по автомобилот на министерот: Бесни што мора да одат во војска

Протестите против регрутирањето на ултраортодоксните Евреи во израелската армија вчера станаа насилни. Демонстрантите ги нападнаа полицајците, но и автомобилот на министерот, соопшти локалната полиција. Демонстрантите фрлале со камења врз полицајците и автомобилот на министерот Јицак Голдкнопф, кој се враќаше дома. Запалија и корпи за отпадоци и го блокираа автопатот.Портпаролот на Голдкнопф потврди за Си-Ен-Ен дека полицијата го евакуирала министерот неколку минути по нападот и дека тој не е повреден. Голдкнопф е министер за домување и градежништво и лидер на еврејската партија Обединета Тора.На видеата на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите го опкружуваат автомобилот на министерот и удираат по прозорците. Ултраортодоксните Евреи протестираа на улиците на Ерусалим откако израелскиот Врховен суд во вторникот донесе одлука со која и нареди на владата да привлече ултраортодоксни Евреи во армијата.Од основањето на Израел, ултраортодоксните Евреи се ослободени од задолжителна воена служба. Иако и мажите и жените се предмет на задолжителна воена служба на Израел, одлуката на судот во овој случај се однесува само на ултраортодоксните мажи.Полицијата соопшти дека морала да употреби сила вчера за да ги растера демонстрантите откако тие ги игнорирале наредбите да си заминат. Уапсени се пет лица, од кои две за напад врз полицајци, а три за фрлање камења или други предмети, се вели во полициското соопштение. Дел од полициските службеници останаа во областа за да го насочат сообраќајот и да спречат понатамошни нарушувања.„Полицијата сериозно ги сфаќа обидите на овие насилни прекршители на законот да ги повредат израелските полицајци со камења, јајца и други работи.“, велат од полицијата.

Свет | пред 1 година

n

Солзавец и водени топови на протестите во Буенос Аирес

Безбедносните сили употребија солзавец и водени топови во средата во Буенос Аирес за да ги растераат демонстрантите кои протестираа против економските реформи на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи.Неколку лица се повредени пред Собранието, меѓу кои и пет пратеници кои беа застрелани со солзавец, додека во Сенатот се расправа за пакетот клучни реформи на ултралибералниот претседател.Најмалку пет опозициски пратеници се „хоспитализирани“, изјави за АФП пратеничката Сесилија Моро.Според „Здружението против институционално насилство“, околу 40 демонстранти биле лекувани поради ефектите од солзавецот.Демонстрантите одговорија со фрлање камења кон полицијата и запалување на два автомобили, од кои едниот телевизиска станица.

Свет | пред 1 година

posta

Вработените во АД Пошта на протест

Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.-Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

Македонија | пред 1 година

posta

2.000 вработени оставени на цедило: Врие во Македонски пошти, најавени протести и штрајкови

Синдикатот на Македонски пошти најавува протести. 2.000 вработени се крајно револтирани бидејќи велат дека се оставени на цедило.Како што вели синдикалниот лидер Боро Велигденов, фирмата е на работ на егзистенција. По изборите ќе се бара да се потпише и новиот колективен договор, подобрување на условите за работа.Синдикатот смета дека состојбите се последица на лошата кадровска политика и партизација и затоа ќе изготви нова систематизација, која ќе ја достави на идната Влада.,,Со постоечката систематизација имаме 15 подружници, 15 директори, седум члена на Управен одбор, шефовски места, раководни позиции, советници, стручни соработници, а сѐ помалку работници. Има работници кои не доаѓаат на работа, има работници кои доаѓаат, а не знаат кои им се работните места. Затоа е потребна нова систематизација, да ја поттикнеме продуктивноста во работењето, а со самото тоа ќе ги зголемиме приходите и ќе можеме самостојно да функционираме како друштво“, изјави пред Влада, Велигденов.Од нивната работа пак се незадоволни граѓаните. Пратките бавно ги добиваат, а за некои од странство се чека и по неколку месеци.Во Македонска пошта има два синдиката, а во активностите што ги планираат нема да учествува другиот репрезентативен Синдикат, чие раководство по протестот донело таква одлука.

Македонија | пред 1 година

Vrhoven-sud

Синдикалците на протест пред Врховен

Сојузот на синдикати на Македонија денеска излегува на протест пред Врховниот суд.Тие на овој начин ќе го изразат незадоволство од одлуката што судот ја донесе за одземање на Работничкиот дом.На 9 ноември минатата година Врховниот суд пресуди и Работничкиот дом му го одзема на ССМ за што синдикатот побара оставка од судиите што ја донесоа одлуката и поднесе предлог за нивно разрешување до Судскиот совет.ССМ има испратено барање и до Уставниот суд бидејќи Врховниот суд не ја почитувал одлуката на Уставниот суд донесена во 1992 година во која е наведено дека државата нема право да одзема имот на синдикатите.

Македонија | пред 1 година

komunalna-protest-2-800x450-1

(ВИДЕО) Тројца вработени во Комунална завршија повредени по вчерашниот протест

Вчера вечерта, пред седиштето на Комунална хигиена, се одржуваше протест од страна на вработените во претпријатието.Во рамки на протестот, вработените ја блокираа капијата и не дозволуваа камионите да излезат за да го соберат ѓубрето низ Скопје.Како последица на тоа, изби инцидент во кој беа повредени тројца работници, а полицијата приведе четири лица.Некои од вработените дури легнаа на асфалтот за да ги блокираат возилата да излезат од претпријатието.Сепак и покрај обидите за блокирање, камионите излегоа да го собираат сметот низ Скопје.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.54.30

(ВИДЕО) Демонстрантите се упатија кон Собранието на Република Македонија

Гаѓаните вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог. Тие од пред Владата се движат низ централното подрачје, а крајната дестинација ќе биде Собранието на Република Македонија.Претходно револтираните граѓани ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-203422

Во живо пред Собрание: Демонстрантите ја пробија заштитната ограда

Гаѓаните вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог. Тие од пред Владата се префрлија пред Собранието на Република Македонија.Тие најпрво со предмети маваа кон Собранието, а потоа и ја пробија заштитната ограда.Граѓаните скандираат „Оставка, оставка!“, „Македонија, Македонија!“ и „Никогаш Северна“.Меѓу присутните се лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и пратеникот Борис Крмов

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-211145

(ВИДЕО) „Зошто би одела во ЕУ гола“, вели учесничка на протестот

Учесничка на протестот пред Влада вечерва анкетирана одговори дека излегла за своите деца, и за својата земја.Таа вели дека не гледа зошто би одела во Европа „гола“, затоа што како што рече не оставија без ништо. Додава дека 30 години се занимаваме со пропаганда, за да луѓето се срамат да кажат дека се патриоти.„Ние сме тие кои ја создале и кои оваа држава ја држат во живот. Зошто ние толку слепо се држиме за таа ЕУ и ни се дава како единствена опција“, вели таа.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања