„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ПРОТЕСТ

272643859_231847399072949_1916634926903834340_n

ССНМ се приклучува на утрешниот протест за зголемување на минималната плата

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги поддржува актуелните барања на дел од поголемите синдикатите и ќе се вклучи на протестот закажан за утре, 28 јануари.„Оваа одлука беше донесена на состанок на Извршниот одбор со која истовремено ССНМ ги повикува своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјава. ССНМ смета дека приклучување на протестот на кој повикува Сојузот на синдикати и е закажан за среда од 17 часот е достоинствено демонстрирање на потребите на работниците“, смета синдикатот.Од таму велат дека аргументите за оваа одлука се повеќе од видливи особено во медиумската индустрија која во последните години доживува континуиран пад на висината на приходите на ангажираните медиумски работници, како и на условите за работа што, во продолжение се рефлектира, и врз целокупните општествени процеси во Македонија.Според анкетата на ССНМ и Институтот РЕСИС објавена во 2024 година, повеќе од половина од членовите на медиумската заедница заработуваат помалку од просечната месечна плата во земјава, а последните податоци говорат и дека голема е бројката (безмалку една третина) на новинари, камермани, креативни дизајнери, монтажери и останати кои од работодавачите се „држат“ на минималната плата. Со оглед на тоа дека голем дел од вработените во медиумскиот сектор се директно поврзани со оваа категорија, ССНМ бара итно зголемување на минималната плата.„Како најголема еснафска медиумска организација во Македонија, ССНМ смета дека оваа позиција на ниско ниво на минималната плата е недозволиво, дека законски предвиденото зголемување на истата е недоволно и дека со подигнување на сумата, голем дел од нејзините членови ќе дојдат до повисоки примања и делумно ќе го анулираат инфлацискиот шок што се случува во земјава“, велат од ССНМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Бугарските превозници реагираат на блокадите: економските загуби се огромни

Бугарските превозници се жалат дека претрпуваат големи финансиски загуби поради блокадите што ги вршат превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои протестираа поради проблемите со новиот систем за влез и излез од ЕУ.„Транспортерите од Бугарија поради блокадите мораат да користат алтернативни патишта до европските дестинации, кои минуваат низ Романија, што го продолжува нивното растојание за 500-600 км. Вчера, премините со Србија беа блокирани за тешки товарни возила во двата правци. Денес, по полноќ, сообраќајот беше ограничен за возила над 3,5 тони на нашите гранични премини со Македонија „Врашка Чука“, „Брегово“, „Стрезимировци“, „Ѓуешево“, „Делчево“ и „Златарево“, пишуваат бугарските медиуми.“Протестот е планиран за седум дена, но може да заврши порано доколку се одржи состанок со претставници на здруженијата и Европската комисија.Во бугарските медиуми се пренесуваат ставови на транспортни здруженија дека ситуацијата е „економски неодржлива“ за компаниите, а се најавуваат и разговори меѓу претставници на транспортниот сектор и бугарските институции за координација на мерките и евентуален заеднички настап кон Европската комисија, со цел да се ублажат последиците од новиот систем за влез и излез во ЕУ.Дополнително, бугарското Министерство за надворешни работи преку медиумите соопшти дека внимателно ја следи состојбата и дека „доколку ситуацијата ескалира, Бугарија ќе ги искористи дипломатските канали и контактите со Европската комисија за да се олесни режимот и да се најде решение за проблемите со новиот систем за влез и излез во ЕУ и примената на правилото 90/180 дена.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

ЕУ ги следи протестите на камионџиите, најавена стратегија за визи оваа недела

Од Делегацијата на ЕУ во Скопје денес, по барање на „Независен“, одговорија дека ги следат внимателно протестите на камионџиите и дека и за нив ова е прашање што привлекува целосно внимание, најавувајќи претстојна стратегија за визи – веќе оваа недела.Во одговорот на Делегацијата исто така се потенцира дека во Брисел се свесни дека за голем број професионалци од трети земји може да биде неопходно пристапот до Шенген зоната да биде повеќе од 90 дена.„Свесни сме за загриженоста што ја искажаа транспортните оператори во Западен Балкан. Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите партнери во регионот. Системот за влез-излез не воведува никакви нови барања во врска со должината на кратките престои во Шенген зоната. Она што го прави е да обезбеди подобро спроведување на постојните правила и систематско откривање на нерегуларни практики.Според Шенгенските правила, граѓаните на земјите без виза имаат право да останат во Шенген зоната 90 дена во кој било период од 180 дена. Секој престој надвор од ова мора да биде покриен со виза за долгорочен престој или дозвола за престој издадена од земја-членка. Овие правила важат подеднакво низ целата Шенген зона и се во сила веќе многу години. Шенгенските правила, исто така, веќе обезбедуваат флексибилност во однос на прекуграничните работници.Сега, свесни сме дека за голем број професионалци од трети земји кои не се прекугранични работници, пристапот до Шенген зоната може да биде неопходен повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите кои се потпираат на висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците на турнеја.Ова е исто така поврзано со националните правила и постојните билатерални договори. Ова е прашање кое го привлекува нашето целосно внимание. И ова е нешто на кое се работи – и размислува, исто така во контекст на подготовката на претстојната стратегија за визи која е предвидена подоцна оваа недела.Остануваме ангажирани со партнерите од Западен Балкан и продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата“, стои во реакцијата од делегацијата на Европската унија во Скопје.Извор: Независен

Македонија | пред 1 месец

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Бунт на камионџиите: Без нас продавниците ќе бидат празни, ако ЕУ не го смени правилото, од април камионите ќе стојат, ќе нема кој да ги вози

Ако ЕУ не го смени правилото, од април камионите ќе стојат, ќе нема кој да ги вози. Со оваа порака македонските превозници денеска напладне започнаа со блокада на излезниот сообраќај за тешки товарни возила на граничните премини Стар Дојран, Богородица и Меџитлија, во знак на протест против ограничувањето на престојот на професионалните возачи на 90 дена во период од 180 дена во земјите од Шенген зоната.Превозниците бараат одложување или измена на правилото кое од 10 април ќе почне да се применува со електронско броење на деновите на престој во Шенген просторот. Како што посочуваат, возачите при секое излегување од Македонија практично влегуваат во Шенген зоната, а нивната професија не може да се третира како туристичко или миграциско движење, туку како работен ангажман.„Се надевам дека во Европската унија ќе имаат разбирање, затоа што станува збор за четири земји од Западен Балкан. Не е возможно сите фабрики и увозно-извозни компании да запрат со работа. Турските превозници ни се приклучуваат така што нема да одат по алтернативни правци, туку ќе застанат на границите и ќе чекаат додека не заврши протестот“, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на здружението на превозници „Макам-транс“.На граничниот премин Блаце денеска беше присутен и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изрази поддршка за протестот на превозниците и укажа дека станува збор за сериозен економски проблем што може да има далекусежни последици врз македонското и регионалното стопанство.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

СКСМ: Блокадите на граничните премини не се решение, ризик од колапс на економијата на Западен Балкан

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен Балкан во целост, е ставот на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ).„Блокадите не може да бидат решение, бидејќи ако се наруши протокот на стоки на граничните премини со ЕУ, само еден ден, а не дури седум дена какви што се моменталните најави, губитници не се само транспортерите во меѓународниот патен сообраќај, туку сите деловни субјекти кои се влучени во надворешно трговската соработка. Засега никој неможе да каже колкави ќе бидат загубите бидејќи тие ќе бидат по повеќе основи: пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство ради недостаток на суровина итн, но сигурно е дека загубите ќе бидат од големи размери, што не е во ничиј интерес“, се наведува во соопштението.Минатата недела, СКСМ, заедно со коморите од Западен Балкан, упати заеднички апел до претседателката на Европската комисија во кое укажаа дека очекуваат земјите-членки да усвојат привремени мерки овозможувајќи им на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт, сè додека не се воспостави трајно и системско решение.Според СКСМ, ваквиот пристап би бил во заеднички интерес на Европската Унија и Западен Балкан и би претставувал јасен сигнал за веродостојна посветеност на интеграцијата на регионот и зачувувањето на функционирањето на синџирите на снабдувањe.„Моменталниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко е да се усогласи со нашите заеднички напори за понатамошно интегрирање на економиите на регионот во Единствениот пазар на ЕУ. Економиите на Западен Балкан, како кандидати и на јасен пат кон членство во Европската Унија, целосно опкружени со границите на ЕУ, треба да имаат корист од поедноставена и диференцирана примена на режимот на ЕЕS, што ќе го одрази нивниот статус како партнери во пристапувањето и ќе обезбеди јасна разлика од другите трети земји. На крај останува фактот дека Европската Унија е нашиот најважен извозен пазар, со над три четвртини од вкупниот извоз на земјата и затоа од наш стратешки интерес е да се одржи стабилноста на синџирите на снабдување и непречено да се одвива протокот на стоки“, велат од Стопанската комора.

Македонија | пред 1 месец

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Превозниците од Македонија и регионот на протест: блокада на товарниот сообраќај

Превозниците од Македонија и од земјите во регионот денеска, најавија протест со блокада на товарниот сообраќај на сите гранични премини во државата. Според најавите на организаторите, камионите нема да бидат пропуштани, додека патничките возила и автобусите ќе сообраќаат непречено.Блокадите ќе започнат во 12 часот и ќе се реализираат на граничните премини со Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за да се обезбеди непречен проток на патничкиот сообраќај и да се спречат поголеми застои.Протестот го организираат здруженијата на превозници, кои бараат решавање на проблемите поврзани со правилата за престој и работа на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната, како и подобрување на условите за меѓународен патен транспорт. Од здруженијата најавуваат дека блокадите може да траат и неколку дена, доколку не се постигне договор со надлежните институции.Освен македонските, блокада на граничните премини кои водат до шенген-зоната најавија и превозниците од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Македонија | пред 1 месец

media-library3gmg93i8b4et1V5WONA

Локалните власти бараат повлекување на службата за имиграција од Минесота

Началникот на полицијата во Минеаполис потврди дека федерални агенти за имиграција усмртиле 37-годишен жител на градот, настан што предизвика нов бран жестоки судири и меѓусебни обвинувања меѓу локалните и федералните власти поради засилените депортации што ги спроведува администрацијата на претседателот Доналд Трамп.„Нашето барање е федералните агенции што дејствуваат во нашиот град да работат со истата дисциплина, хуманост и интегритет што се неопходни за ефикасно спроведување на законот“, изјави началникот на полицијата Брајан О’Хара. Тој нагласи дека, според сознанијата на неговата канцеларија, убиениот Алекс Прети бил државјанин на САД и легален сопственик на оружје со дозвола за носење.Убиството, извршено од агент на граничната патрола, дополнително ги влоши веќе зголемените тензии поради претходното пукање во Рене Гуд на почетокот од месецов. Демократските лидери на градско и државно ниво повторно упатија повици до Службата за имиграција и царина на САД да ги повлече своите сили и да ја запре агресивната кампања во регионот на таканаречените „градови близнаци“.Адвокатите што ги застапуваат државата Минесота и градовите Минеаполис и Сент Пол поднесоа итен предлог до федералниот суд, барајќи целосна блокада на операцијата на Министерството за внатрешна безбедност. Во поднесокот се наведува дека е неопходна итна судска интервенција за да се спречи понатамошна ескалација и нови жртви поврзани со операцијата „Метро наплив“.Паралелно, правните застапници на демонстрантите, кои тврдат дека биле незаконски приведени и нападнати од припадници на федералните служби, побараа од апелациониот суд повторно да воведе ограничувања за употреба на солзавец и друга муниција против протестите. Тие предупредија дека се очекуваат нови масовни собири поради смртта на Прети, што создава итна потреба од судска заштита.Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, јавно го повика претседателот да ја повлече федералната имиграциска контрола од градот, прашувајќи колку уште жители и американски граѓани треба да загинат или да бидат сериозно повредени за операцијата да запре. Ова е трет ваков инцидент во Минеаполис откако во декември започна засиленото спроведување на имиграциските политики во Минесота.Гувернерот Тим Волц соопшти дека разговарал со претседателот Трамп, оценувајќи ја состојбата како „одвратна“ и побара итен крај на операцијата и повлекување на федералните сили од државата. Сличен став изрази и сенаторката Ејми Клобучар, која јавно побара Службата за имиграција и царина да биде веднаш отстранета од регионот.Од Министерството за внатрешна безбедност, пак, соопштија дека убиеното лице го третираат како осомничен и дека кај него било пронајдено огнено оружје со дополнителна муниција.

Свет | пред 1 месец

trendafilov-5151

Протест за плата на 28 јануари: „И еден работник да излезе, ќе бидеме со него“

Сојузот на синдикатите на Македонија, Сојуз на синдикатите на Македонија, најави протест за зголемување на платите, кој ќе се одржи на 28 јануари со почеток во 17 часот, пред просториите на ССМ.Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека синдикатот ќе застане зад секој работник кој ќе одлучи да го искаже своето незадоволство.„И еден работник да излезе на улица, ССМ ќе биде со него и ќе бара зголемување на неговата плата“, истакна Трендафилов, нагласувајќи дека борбата за достоинствени примања не смее да се одложува ниту да се префрла на друг.Од ССМ упатија јавен повик до сите вработени да се приклучат на протестот, порачувајќи дека платите се заеднички проблем и дека само со заеднички притисок може да се издејствуваат конкретни решенија.„Протестираме за плата. Придружи ни се, не чекај друг да се бори за твојата плата“, порачуваат од ССМ, најавувајќи дека протестот е порака до институциите дека трпението на работниците е при крај и дека е време за реални и видливи подобрувања на животниот стандард.

Македонија | пред 1 месец

46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

„Или ќе излеземе сите, или ќе не снема еден по еден“: „Стоп за Усје“ повторно на протест

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, најавија дека денес во 18 часот, повторно излегуваат на улица затоа што, како што велат, воздухот што го дишеме е секој ден се поопасен за животот.Ќе ги блокираат раскрсницата на булеварот „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“ (правец кон Усје).Оваа блокада, велат, произлегува од итното барање на граѓаните- Здравјето пред профитот.,,Или ќе излеземе сите – или ќе не снема еден по еден ! Излези, затоа што Воздухот нема да се исчисти сам!“, е пораката упатена до скопјани.„Усје“ сè уште одбива да се постават мерни станици кои ние граѓаните ќе ги следиме нон-стоп 24/7. Сè дотогаш нема да им веруваме на сите што тврдат дека Усје не загадува.Бидејќи институциите не реагираат – ние граѓаните ќе мора повторно да го кренеме својот глас на блокадата”, велат од иницијативата и бараат мерната станица кај „Усје“ постојано да врши мерење и јавно прикажување на резултатите, а дополнително и да биде интегрирана во апликациите за мерење на квалитетот на воздухот.Од иницијативата велат дека нивните барања биле испратени до повеќе институции на 29 декември, но одговор сè уште нема.„Ова веќе не е институционален пропуст, ова е свесно игнорирање на јавното здравје и човековите права. Кога институциите молчат, граѓаните зборуваат. Кога нема одговори, има блокади. Затоа што немаме луксуз да чекаме додека се разболуваме и умираме! Ова е последно предупредување. Здравјето не е предмет за игнорирање. Воздухот не е привилегија. Молкот нема да помине“, стои во објавата.

Скопје | пред 1 месец

media-library57i0hsedc90i8kWN4hw

(Видео) „Влада заробена од дрогата”, судир меѓу полицијата и демонстрантите во Тирана

Судири меѓу албанската полиција и демонстрантите избија синоќа на протестот пред зградата на Владата во Тирана. Протестот беше организиран од основачот и лидер на политичкото движење „Албанија станува“, Адријатик Лапај.Поддржувачите на Лапај фрлаа брашно пред канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама, како симбол на, како што тврдат, „влада заробена од дрогата“, а дел од брашното беше фрлано и кон полициските службеници, објави албанската телевизија А2.Според албанските медиуми, дошло до судири меѓу граѓаните и полицијата, при што полицијата привела неколку демонстранти.

Свет | пред 1 месец

media-library7pnt6194l0qp2z9hswe

(Видео) „Може да ни се случи на сите“: Протест за казната за Фатон Љури

Стотина роднини и пријатели на осудениот моторџија Фатон Љури денеска одржаа протест пред Кривичниот суд, откако во понеделникот тој доби 11 години затвор. Љури беше осуден за смртта на 68-годишниот Југослав Николовски, кој беше прегазен во јули додека моторџијата возел мотор без дозвола и по пешачка патека кај „Паркот на франкофонијата“.Учесниците во протестот, дел од кои носеа маички со ангелски крилја и слика на човек зад решетки, а дел го криеја лицето со качулки, маршот го започнаа пеш од населбата Чаир. Тие носеа транспаренти со пораки како „Правда за Фатон Љури“, „Нема правда – нема мир“ и „Правда под притисок е неправда“, повикувајќи на „неселективно судење“.Протестантите алудираа дека Љури бил осуден поради својата етничка припадност и посочија на случаи со многу пониски казни за слични инциденти. „Зошто да се казни 24-годишен, млад дечко, кога не сакајќи се случило, утре може да се случи на сите? Имало пример и порано вакви случаи кои биле казнети со минимална казна, како случајот на Бобан Илиќ што го има убиено четиригодишното дете. До кога ќе биде оваа неправда кон нас во оваа држава?“, рече еден од учесниците.Од Кривичниот суд реагираа дека обвинетиот признал вина во присуство на адвокат, а судот одлучувал врз основа на доказите и во рамки на законските одредби. Судот потсети дека обвинетиот има право на жалба до Апелацискиот суд.„Изразувањето незадоволство преку јавни собири е легитимно право на секој граѓанин, но било каков обид за притисок не смее и нема да влијае врз независното судско одлучување. Судскиот систем предвидува правни механизми за незадоволните страни. Секоја странка што смета дека висината на изречената санкција не соодветствува со делото има право на жалба до повисокиот суд. Тоа е единствениот легален пат за преиспитување на една пресуда“, се наведува во соопштението на судот.Видео материјал од: Сител ТВ

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk737qpffia9adBXMWqr

Граѓаните побараа веднаш да се дислоцира фабриката: „Усје нè труе“

Граѓани и активисти денеска одржаа протест на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје, на околу пет километри од центарот на градот, барајќи дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од урбаното подрачје. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, која обвинува дека фабриката континуирано го загадува воздухот во главниот град.Според организаторите, во изминатиот период било истражувано работењето на цементарницата, при што, како што наведоа, станува збор за интернационална компанија со слични проблеми и во други земји. Петар Керамитчиев од „Стоп за Усје“ изјави дека, според нивните сознанија, странскиот капитал и раководството на компанијата наоѓаат „легални начини“ да го оправдаат загадувањето, што, според него, директно го загрозува здравјето на граѓаните и децата.Од иницијативата порачаа дека денешниот протест е предупредување до властите и дека по празниците ќе следуваат нови протести и можни блокади на сообраќајот, доколку не се преземат конкретни мерки против, како што велат, големите загадувачи.Неколку часа пред протестот, од „Титан Усје“ соопштија дека работењето на цементарницата е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Од компанијата информираа дека последниот инспекциски увид бил извршен на 18 декември, како и ненајавена контрола на 18 ноември, при што во двата случаи било утврдено дека нема отстапувања од законски дозволените лимити.Од „Усје“ нагласуваат дека фабриката располага со високо ефикасен и комплексен систем на филтрирање, со околу 2.000 филтер-вреќи по филтер, кои ја задржуваат прашината и ја враќаат во производниот процес. Компанијата категорично ги отфрла тврдењата дека филтрите се исклучуваат, посочувајќи дека тие се неразделен дел од производната линија.Според „Титан Усје“, податоците од мерењата покажуваат дека нема директна поврзаност меѓу работењето на цементарницата и загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Како аргумент наведуваат дека во зимските месеци, кога загадувањето е најголемо, печките често не работат поради редовни ремонти, додека во лето, кога работат со полн капацитет, квалитетот на воздухот е најдобар.Компанијата поседува А-интегрирана еколошка дозвола и врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови со опрема од германски производител, а, како што тврдат, сите мерења покажуваат дека емисиите се под законски дозволените гранични вредности, што било потврдено и од независни лаборатории.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Организаторите на протестот во Скопје за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК соопштија дека групат без никакви задржувања ја поминала косовско-македонската граница. Ова го потврди Хисни Гуцати, еден од организаторите и поранешен претседател на Организацијата на воени ветерани на УЧК, кој јавно му се заблагодари на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.Според Гуцати, Меџити дал гаранции дека нема да има пречки за влез на ветераните кои пристигнале да присуствуваат на протестот во Скопје.„Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кого му благодарам многу. Тој рече дека границата ќе биде отворена и е отворена за сите граѓани кои ќе дојдат да протестираат денес и дека границата е мирна“, изјави Гуцати.Тој додаде дека поранешните команданти ја поминале границата без детални контроли.„Штом генералите на ОВК пристигнаа во Скопје, границата е мирна, граѓаните ја преминуваат границата многу мирно, нема детална контрола. Сакам да им се заблагодарам на сите тие иницијатори кои ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех“, рече тој.Во своето обраќање, Гуцати изнесе и политички обвинувања во врска со судските процеси во Хаг против поранешните команданти на УЧК.Тој повтори дека, според него, „судењето на ослободителите и војната на ОВК е волја на Русија и Србија“, споменувајќи го и извештајот на покојниот Дик Марти.„Цврсто верувам дека ова го направила српската амбасада, заедно со руската во Швајцарија“, додаде Гуцати.Протестот се одржа во саботата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, како поддршка за обвинетите команданти на УЧК во Хаг за настаните од војната во 1998–1999 година. Организаторите претходно изразија загриженост дека некои од ветераните може да бидат приведени на граница поради меѓународни потерници од Србија.

Свет | пред 2 месеци

taravari-vredi-koalicija-h

Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје, политичките реакции растат пред 13 декември

Силни политички реакции се отворија во пресрет на најавениот протест на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг. Едното од трите крила на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот, оценувајќи го како „одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна“.Од таборот на Таравари повикуваат на масовност и единство: сите Албанци, велат, без разлика на политичката определба, да се приклучат на настанот што треба да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Според нив, протестот е момент за јасно и заедничко искажување на поддршка за „правдата и вистината за ослободителната војна, најчистиот чин на борба за слобода на албанскиот народ“.Организаторите, пак, информираат дека ги завршиле сите административни процедури со Град Скопје и дека очекуваат дозволата за одржување да биде официјално издадена. „Поднесовме две барања и ја плативме потребната комунална такса. Сега очекуваме формалната согласност, затоа што протестот е наше уставно право“, изјави Бујар Дардишта од Организацискиот совет.Протестот веќе доби принципиелна поддршка и од градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој оцени дека иницијативата е легитимен израз на став за хашките процеси. Како градоначалник на општината на чија територија треба да се одржи протестот, тој најави дека ќе даде согласност за негово организирање, но не прецизираше дали лично ќе присуствува.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски упати критика кон иницијативата, оценувајќи дека најавата за протест од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е „погрешен потег“ и дека треба повторно да ја разгледа одлуката.Протестот, кој формално сè уште го чека последниот административен чекор, веќе предизвика значајни политички превирања, дополнително вжештувајќи ја сцената пред 13 декември.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

(Видео) Чекале со саати на Дојран и на Евзони! Протестите на грчките земјоделци предизвикаа километарски колони

Протестите на грчките земјоделци вчера предизвикаа сериозни застои на граничните премини „Евзони“ и „Дојран“. Поради блокадите што ги поставија земјоделците, со часови беше онеспособено нормалното одвивање на сообраќајот, а колоните возила чекаале до доцна во ноќта за да влезат во земјава.Според информациите, протестот на грчките земјоделци е дел од нивните континуирани барања за поголема поддршка од грчката влада, при што блокирањето на меѓународните премини повторно беше искористено како форма на притисок.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања