„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

протест

media-libraryk737qpffia9adBXMWqr

Граѓаните побараа веднаш да се дислоцира фабриката: „Усје нè труе“

Граѓани и активисти денеска одржаа протест на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје, на околу пет километри од центарот на градот, барајќи дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од урбаното подрачје. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, која обвинува дека фабриката континуирано го загадува воздухот во главниот град.Според организаторите, во изминатиот период било истражувано работењето на цементарницата, при што, како што наведоа, станува збор за интернационална компанија со слични проблеми и во други земји. Петар Керамитчиев од „Стоп за Усје“ изјави дека, според нивните сознанија, странскиот капитал и раководството на компанијата наоѓаат „легални начини“ да го оправдаат загадувањето, што, според него, директно го загрозува здравјето на граѓаните и децата.Од иницијативата порачаа дека денешниот протест е предупредување до властите и дека по празниците ќе следуваат нови протести и можни блокади на сообраќајот, доколку не се преземат конкретни мерки против, како што велат, големите загадувачи.Неколку часа пред протестот, од „Титан Усје“ соопштија дека работењето на цементарницата е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Од компанијата информираа дека последниот инспекциски увид бил извршен на 18 декември, како и ненајавена контрола на 18 ноември, при што во двата случаи било утврдено дека нема отстапувања од законски дозволените лимити.Од „Усје“ нагласуваат дека фабриката располага со високо ефикасен и комплексен систем на филтрирање, со околу 2.000 филтер-вреќи по филтер, кои ја задржуваат прашината и ја враќаат во производниот процес. Компанијата категорично ги отфрла тврдењата дека филтрите се исклучуваат, посочувајќи дека тие се неразделен дел од производната линија.Според „Титан Усје“, податоците од мерењата покажуваат дека нема директна поврзаност меѓу работењето на цементарницата и загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Како аргумент наведуваат дека во зимските месеци, кога загадувањето е најголемо, печките често не работат поради редовни ремонти, додека во лето, кога работат со полн капацитет, квалитетот на воздухот е најдобар.Компанијата поседува А-интегрирана еколошка дозвола и врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови со опрема од германски производител, а, како што тврдат, сите мерења покажуваат дека емисиите се под законски дозволените гранични вредности, што било потврдено и од независни лаборатории.

Македонија | пред 3 дена

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Организаторите на протестот во Скопје за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК соопштија дека групат без никакви задржувања ја поминала косовско-македонската граница. Ова го потврди Хисни Гуцати, еден од организаторите и поранешен претседател на Организацијата на воени ветерани на УЧК, кој јавно му се заблагодари на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.Според Гуцати, Меџити дал гаранции дека нема да има пречки за влез на ветераните кои пристигнале да присуствуваат на протестот во Скопје.„Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кого му благодарам многу. Тој рече дека границата ќе биде отворена и е отворена за сите граѓани кои ќе дојдат да протестираат денес и дека границата е мирна“, изјави Гуцати.Тој додаде дека поранешните команданти ја поминале границата без детални контроли.„Штом генералите на ОВК пристигнаа во Скопје, границата е мирна, граѓаните ја преминуваат границата многу мирно, нема детална контрола. Сакам да им се заблагодарам на сите тие иницијатори кои ја презедоа иницијативата и испратија албански цариници и полицајци на границата и ова е најголемиот успех“, рече тој.Во своето обраќање, Гуцати изнесе и политички обвинувања во врска со судските процеси во Хаг против поранешните команданти на УЧК.Тој повтори дека, според него, „судењето на ослободителите и војната на ОВК е волја на Русија и Србија“, споменувајќи го и извештајот на покојниот Дик Марти.„Цврсто верувам дека ова го направила српската амбасада, заедно со руската во Швајцарија“, додаде Гуцати.Протестот се одржа во саботата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, како поддршка за обвинетите команданти на УЧК во Хаг за настаните од војната во 1998–1999 година. Организаторите претходно изразија загриженост дека некои од ветераните може да бидат приведени на граница поради меѓународни потерници од Србија.

Свет | пред 2 седмици

taravari-vredi-koalicija-h

Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје, политичките реакции растат пред 13 декември

Силни политички реакции се отворија во пресрет на најавениот протест на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг. Едното од трите крила на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот, оценувајќи го како „одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна“.Од таборот на Таравари повикуваат на масовност и единство: сите Албанци, велат, без разлика на политичката определба, да се приклучат на настанот што треба да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Според нив, протестот е момент за јасно и заедничко искажување на поддршка за „правдата и вистината за ослободителната војна, најчистиот чин на борба за слобода на албанскиот народ“.Организаторите, пак, информираат дека ги завршиле сите административни процедури со Град Скопје и дека очекуваат дозволата за одржување да биде официјално издадена. „Поднесовме две барања и ја плативме потребната комунална такса. Сега очекуваме формалната согласност, затоа што протестот е наше уставно право“, изјави Бујар Дардишта од Организацискиот совет.Протестот веќе доби принципиелна поддршка и од градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој оцени дека иницијативата е легитимен израз на став за хашките процеси. Како градоначалник на општината на чија територија треба да се одржи протестот, тој најави дека ќе даде согласност за негово организирање, но не прецизираше дали лично ќе присуствува.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски упати критика кон иницијативата, оценувајќи дека најавата за протест од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е „погрешен потег“ и дека треба повторно да ја разгледа одлуката.Протестот, кој формално сè уште го чека последниот административен чекор, веќе предизвика значајни политички превирања, дополнително вжештувајќи ја сцената пред 13 декември.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

(Видео) Чекале со саати на Дојран и на Евзони! Протестите на грчките земјоделци предизвикаа километарски колони

Протестите на грчките земјоделци вчера предизвикаа сериозни застои на граничните премини „Евзони“ и „Дојран“. Поради блокадите што ги поставија земјоделците, со часови беше онеспособено нормалното одвивање на сообраќајот, а колоните возила чекаале до доцна во ноќта за да влезат во земјава.Според информациите, протестот на грчките земјоделци е дел од нивните континуирани барања за поголема поддршка од грчката влада, при што блокирањето на меѓународните премини повторно беше искористено како форма на притисок.

Свет | пред 2 седмици

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

По критиките од Мицкоски, Ахмети со порака: „Горди и непоколебливи, ќе бидеме на плоштад“

Поддржувачи на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово најавија масовен протест во Скопје на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“. Настанот, кој следи по протестите во Хаг, Приштина, Тирана и Стразбур, го организираат ветерани и здруженија што бараат „правда за обвинетите во Хаг“.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно ги повика граѓаните да се приклучат на протестот, наведувајќи дека, како што рече, „гласот за правдата мора да се слушне и во Скопје“. Во неговата објава Ахмети ја истакна поддршката за ОВК и порача дека „слободата не се обвинува, туку се брани“, алудирајќи на судскиот процес против косовските лидери.Според него, поддршката што доаѓала од Приштина и Тирана ќе продолжи и во Скопје, а протестот го нарече „дел од борбата за вистината“.Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го повика Ахмети да се откаже од протестот, оцени дека ваквиот чекор ќе го изолира лидерот на ДУИ на политичката сцена. Тој тврдеше дека протестот е мотивиран од внатрепартиски пресметки пред конгресот на ДУИ и предупреди дека ваквите потези можат да создадат дополнителни тензии.Мицкоски изјави дека, според информациите што ги добива, на протестот би можеле да се приклучат групи од Косово и Албанија, како и неколку помали радикални структури од земјата. Тој додаде дека не очекува поддршка за протестот од коалициската групација „Вреди“, ниту пак позитивен сигнал од меѓународната заедница.Здружението на ветераните на ОНА, кое исто така најави учество, посочи дека протестот во Скопје ќе биде петтиот по ред собир за поддршка на обвинетите поранешни лидери на ОВК.Настанот е закажан за 13 декември во 13 часот, со најавен марш кон плоштадот „Скендербег“.

Скопје | пред 3 седмици

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг ќе се одржи во Скопјe на 13 декември.Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторствата извршени на Косово.,,На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, вели лидерот на ДУИ.Тој ги повикал Албанците да се приклучат на овој протест, со цел, како што рече, да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност.Ахмети, инаку, беше учесник на двата големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана како поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Македонија | пред 3 седмици

ustaven

Пензионерите „линеарци” на протест во понеделник пред Уставен суд

Пенизонерите кои се залагаат линеарно зголемување на пензиите, од Штип порачаа дека во понеделник пензионерите ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје.Тие се залагаат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.Освен за линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryiam8t3uoadrucCUHmIG

(Видео) Со шишиња и петарди нападнат Немања Шаровиќ во Белград

Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на шешељевата Српска радикална партија и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а денес новинар на КТВ Зрењанин, познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), вчера бил нападнат во Белград за време на собир што го организирале приврзаниците на Александар Вучиќ.Шаровиќ со години беше едно од најпрепознатливите лица на Српската радикална партија, пратеник во Собранието на Србија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По расколот со него, го формираше движењето „Љубов, вера, надеж“, а потоа се посвети на медиумски активизам.Во последните години привлече големо внимание со видеата во кои со микрофон ги посетува митинзите на СНС и редовно ги исмејува приврзаниците на Вучиќ. Ваквата содржина, истовремено пофалена и критикувана во Србија, го направи една од највпечатливите фигури на антирежимската сцена.Како што објави Н1 Србија, Шаровиќ и екипата на КТВ биле на терен кога собирот на СНС станал агресивен. На снимките се гледа како насобраните го навредуваат, го напаѓаат и го гаѓаат со различни предмети. Во еден момент, еден од поддржувачите на Вучиќ силно му го избил микрофонот од рака.Според зборовите на Шаровиќ, кон него летале шишиња, петарди и други предмети. На снимката се слуша и извик: „Пи*ко усташка!“

Свет | пред 1 месец

media-librarydqar7q8q51joaQJCYqs

(Фото и видео) Студентите и граѓаните во Нови Сад денес пишуваат историја

Денеска во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир пред железничката станица за да се обележи трагедијата на 1 ноември 2024 кога се урна бетонската надстрешница и загинаа 16 лица.Илјадници луѓе од Србија од вчера се во Нови Сад.Од Белград два дена пешачеа околу 4.000 студенти. Студентите од Нови Пазар пристигнаа по 400 километри пешачењеоктомври. Тие пешачеа од 16 октомври како дел од акцијата „16 дена за 16 жртви“ и веќе се во Нови Сад каде пристигнаа и нишките велосипедисти.Илјадници граѓани ги пречекаа на улиците со факели, огномет и извици, додека низ целиот град одекнуваа скандирања „Пумпај!“.Шеснаесет студенти во громогласна тишина, по полноќ положија 16 букети оддавајќи почит на трагично загинатите.Организатори на мирните протести се студентите кои во заедничко соопштение ја поканија јавноста на собирот. Се очекува собирот да биде мирен и комеморативен. Точно во 11:52 часот ќе биде одржана 16-минутна тишина во чест на 16-те жртви. Потоа ќе има кратки говори од студентски и граѓански организации.Големиот собир се очекува да започне вечерва.Организаторите нагласуваат дека собирот ќе биде мирен, без сирени и бучава.Сите возови во Србија се суспендирани поради наводни закани со бомби. Во Нови Сад, специјалните сили го уапсија опозицискиот политичар Миша Бачулов.Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се извини за се шти кажал за студентите и народот, ги повика оние што протестираат повторно на дијалог и рече дека денешниот ден кој е прогласен за Ден на жалост треба да биде ден што обединува, а не ден што разделува.Студентите и граѓаните не му веруваат, бараат оставка и избори.Иако по несреќата беа уапсени неколку лица, меѓу нив поранешни раководители на градската управа и изведувачи поврзани со реконструкцијата, судски епилог сè уште нема. Граѓаните и студентските организации сметаат дека државата не ја спроведува правдата доследно и дека одговорноста се одложува зад институционални процедури и политички калкулации. Денешните собири се најавуваат како повик не само за сеќавање, туку и за правична разрешница и поголема одговорност на системот.Пораката денеска ќе биде да не се заборави трагедијата, да се покаже солидарност кон семејствата на жртвите и да се потсети на одговорноста која сè уште не е преземена.Не е исклучена денес и не насилна реакција од дел дел од граѓаните приврзанци на Вучиќ и на полицита и жандереријата која во неколку наврати во изминатат година употреби прекумерна сила кон студентите кои протестираа.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn3d74ou259oc3OrfcRV

Зелен Хуман Град со порака: „Стоп на геноцидот во Газа!“ – протест се одржа во Скопје

„Стоп на геноцидот во Газа! Излези денес на протестот и кажи гласно – не во мое име!“ – со оваа порака движењето Зелен Хуман Град ги повика граѓаните да се приклучат на вчерашниот собир во знак на поддршка за палестинскиот народ и осуда на насилството во Газа.„Имаме должност да не молчиме за суровата реалност со која се соочуваат нашите браќа и сестри од Палестина,“ порачаа организаторите. Тие потсетуваат дека, според Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, 70% од жртвите во Палестина се жени и деца, а УНИЦЕФ ја опиша Газа како „детска гробница“.Во нивното соопштение се наведува и поширока критика кон системите што, според движењето, ја одржуваат глобалната нестабилност.„Ниту една војна на светот не е изолирана или случајна. Тие произлегуваат од истиот систем во кој империјализмот ги исцртува границите и поттикнува ривалства, додека капитализмот профитира од продажба на оружје, повторна изградба на уништените градови и експлоатација на ресурси – без оглед на цената во човечки животи,“ стои во повикот.„Окончувањето на конфликтите не значи само прекин на огнот, туку и укинување на системите во кои војната е профитабилна, а мирот неисплатлив. Секој од нас заслужува мир, заштита и иднина,“ завршува пораката на Зелен Хуман Град.

Скопје | пред 2 месеци

GmGKXsXWIAAcvu6-1024x602-1

Поминаа 11 месеци од уривањето на настрешницата во Нови Сад, граѓаните го одбележаа со протестен марш

Градовите низ цела Србија одбележуваат 11 месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, со комеморативни прошетки и бдеења со свеќи.Неколку илјади луѓе синоќа тргнаа од железничката станица Прокоп кон онаа во Нов Белград по облачно време и влажен коловоз.Во колоната се вклучени студенти, граѓани, воени ветерани, но нема вообичаени скандирања, ниту звук на вувузели и свирчиња.„Нека тишината одекнува низ цела Србија“, напишаа тие во објава на социјалните мрежи, додека претходно побараа „свирчињата да се остават дома“.Студентите и демонстрантите бараат владејачките структури да бидат одговорни за несреќата и тврдат дека настрешницата се срушила поради корупција, додека владата на Српската напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ го негираат ова.

Свет | пред 2 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“ в петок организира два протести во Аеродром: „Работодавците да имаат разбирање за граѓаните кои ќе доцнат на работа“

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ги повикува граѓаните утре два пати да излезат на протест. Покрај веќе закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и протест и наутро во 07:30 часот. Блокадата ќе биде на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.„Ги повикуваме работодавците да покажат разбирање и толеранција кон вработените кои евентуално ќе задоцнат на работа и ги замолуваме возачите за трпение,“ порачуваат од иницијативата.Протестот, велат, е резултат на тоа што истекол рокот од пет дена што им бил даден на институциите да започнат со исполнување на итните барања:Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување.Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно во депонијата.Поставување ограда околу Вардариште.Започнување процес за трајно затворање на депонијата.Откривање и санкционирање на потпалувачите и организаторите на пожарите.Ригорозни мерки против граѓани и компании кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.Барањата биле доставени до претседателката на државата, Владата, Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјални политики, Град Скопје и општините Гази Баба и Аеродром, но до овој момент одговор не е добиен од ниту една институција.„Ги повикуваме СИТЕ ГРАЃАНИ да ни се придружат бидејќи ЧИСТ ВОЗДУХ е ПРИОРИТЕТ за сите нас,“ стои во соопштението на иницијативата „Стоп за Вардариште“.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

Протест пред МВР поради фемицидот во Велес – граѓански организации повикуваат „Ниту една повеќе“

Утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот, пред главниот влез на Министерството за внатрешни работи ќе се одржи протест, а во 18:00 часот ќе следи блокада кај Жена Парк Борец, како заеднички крик против колапсот на институциите што, како што велат организаторите, дозволуваат континуирано насилство врз жени што завршува со фемициди.„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!“, порачуваат од Хелсиншкиот комитет, кој е меѓу организаторите.Под мотото „Ниту една повеќе“, протестот, според организаторите, има за цел да потсети дека фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство се зголемуваат, а убиството на 31-годишната Росица Коцева од Велес е последен трагичен пример.„Убиството на Росица, и на сите жени брутално убиени од свои сегашни или поранешни партнери, можеше и мораше да биде спречено, а тие да бидат заштитени. Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“, велат од Хелсиншки.Организаторите предупредуваат дека институциите – полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа – не постапиле согласно протоколите за заштита и законските обврски, што резултирало со уште една ненадоместлива загуба.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Подржувачите на Вучиќ вечерва на протест против блокадите

Подржувачите на Вучиќ, членовите на СНС, вечерва ќе протестираат против студентските блокади.Протести се најавени низ цела Србија. Според нив блокадите го нарушуваат секојдневното функционирање на државата и дека граѓаните сакаат да се вратат во нормалниот живот и работа.Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денес ќе присуствува на митинг и дека тоа ќе биде семеен собир кој ќе биде мирен и ќе испрати порака за тоа каква Србија сакаат мнозинството нејзини граѓани.„Ќе учествувам а таму нема да има полиција. Тие ја напаѓаат полицијата затоа што знаат дека нашите полицајци се толерантни“, изјави Вучиќ вчера на гостување во ТВ Пинк.Најавени е дека граѓаните ќе се соберат од 18:00 часот и тоа во 120 градови и населени места, по што се планирани мирни маршеви против блокадите.

Свет | пред 3 месеци

aerodrom-zagaduvanje-1

Иницијатива за флаер – дете со маска, симбол на протестот против загадувањето од Вардариште!

Сериозното загадување од депонијата Вардариште повторно го крена Скопје на нозе, а граѓаните на Аеродром почнаа да се самоорганизираат со повици за блокади и протести. Новото во нивните активности е што за прв пат направија и флаер за да ја зголемат видливоста на акцијата.На флаерот, кој е граѓанска иницијатива, е прикажано дете со гас-маска – порака колку е опасен воздухот и колку сериозно го доживуваат проблемот. Под слоганот „Стоп за екоцидот во нашиот крај! Бараме итно делување!“ се најавуваат секојдневни протести од 18 до 19 часот, на булевар АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.Граѓаните кои го изработија постерот велат дека не им е целта да преземат нечие организаторство, туку да помогнат што повеќе луѓе да дознаат и да излезат на улица. „Ситуацијата нè засега сите нас и мора да се делува“, појасни еден од нив во објава на Фејсбук група, додавајќи дека планираат флаерот да го испечатат и да го залепат по влезови.Протестите се реакција на честото палење на депонијата Вардариште, за кое жителите тврдат дека предизвикува енормно загадување што го чувствува целиот град, а најмногу населбите во близина.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања