Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Утре масовен протест за повисоки плати во Скопје – се бара 600 евра минимална плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
protest-na-ssm

Утре, 28 јануари, со почеток во 17:00 часот, работниците од сите сектори излегуваат на масовен протест во Скопје.

Под мотото „Денот кога зборуваат работниците“, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), поддржан од синдикатите за образование, култура, полиција и медиуми, ќе го изрази незадоволството од ниските примања.

— реклама —

Зборното место е пред зградата на ССМ, а главните барања се 600 евра минимална плата за секој работник и линеарно покачување од 100 евра на сите останати плати.

„Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први. Ако не излеземе на улица, значи дека се согласуваме со сиромаштијата“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

— реклама —

Кон протестот официјално се приклучува и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Од синдикатот велат дека одлуката е донесена поради континуираниот пад на приходите во медиумската индустрија. Според нивните податоци, повеќе од половина од медиумските работници заработуваат под просекот, а една третина се држат на минимална плата. ССНМ смета дека зголемувањето на минималецот е неопходно за да се ублажи инфлацискиот шок и да се зачува професионалното новинарство.

— реклама —

На протестот се очекува масовно присуство на вработени од образованието, културата, полицијата, индустријата и трговијата, кои порачуваат дека економско-социјалната стабилност е заедничка борба на сите работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 1 месец

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 1 месец

media-libraryh0thsmclcvie3RVpkIF

Исполнети барањата на жителите во Бутел по вчерашните протести, преземени мерки за побезбедни улици

Скопје | пред 1 месец

media-libraryvh1ap308sd4cfR672Qy

(Видео) Протестот заврши, наместо пораките за правосудниот, впечаток оставија само знамињата и националистичките извици

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања