Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Граѓаните во Албанија трет ден по ред излегоа на улиците на Тирана во знак на протест против планираниот луксузен туристички комплекс на албанското крајбрежје, проект што е поврзан со американскиот инвеститор Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Демонстрантите бараат стопирање на проектот во заштитеното подрачје Звернец, предупредувајќи на можни сериозни еколошки последици.

— реклама —

Поддршка за протестите пристигна и од Македонија. Неколку граѓани од Скопје во четврток напладне протестираа пред Амбасадата на Албанија. На собирот беа забележани транспаренти со пораки „Скопје е со Албанија“ и „Немаме земја за да му ја продаваме на кој било“, додека дел од учесниците носеа и симболи со фламинга, како предупредување за можната штета врз природниот екосистем.

— реклама —

Во меѓувреме, реакција на социјалните мрежи имаше Ујмер Муамеди, кој го критикуваше присуството на дел од учесниците од Македонија.

— реклама —

„Денес се собрале неколку луѓе, меѓу кои и Рамадан Рамадани, кој еднаш протестира за џамија, еднаш против црква, еднаш за Албанија, еднаш за Турција, еднаш беше со Бранко, па после со Заев итн., нормално без македонско знаме, да даваат поддршка за протестите во Албанија. Не во наше име! Македонците ќе даваат поддршка за младите во Албанија, но тоа ќе се прави на цивилизиран начин со знамиња на Македонија. Албанците во Албанија се цивилизирани луѓе и не прифаќаат некој што не ја почитува сопствената држава да им даде поддршка“, напиша Муамеди.

media-library8q0filhn2u137Ni9R9H

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryh0thsmclcvie3RVpkIF

Исполнети барањата на жителите во Бутел по вчерашните протести, преземени мерки за побезбедни улици

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryvh1ap308sd4cfR672Qy

(Видео) Протестот заврши, наместо пораките за правосудниот, впечаток оставија само знамињата и националистичките извици

Скопје | пред 1 месец

media-librarykg62qr0m9dtgf78yGrN

(Видео) Со „летање орли“, извици „УЧК“, без македонско знаме од каде се бараат права, а знамиња од САД – се бара правосуден на албански

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања