„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ПРОТЕСТ

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

По критиките од Мицкоски, Ахмети со порака: „Горди и непоколебливи, ќе бидеме на плоштад“

Поддржувачи на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово најавија масовен протест во Скопје на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“. Настанот, кој следи по протестите во Хаг, Приштина, Тирана и Стразбур, го организираат ветерани и здруженија што бараат „правда за обвинетите во Хаг“.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно ги повика граѓаните да се приклучат на протестот, наведувајќи дека, како што рече, „гласот за правдата мора да се слушне и во Скопје“. Во неговата објава Ахмети ја истакна поддршката за ОВК и порача дека „слободата не се обвинува, туку се брани“, алудирајќи на судскиот процес против косовските лидери.Според него, поддршката што доаѓала од Приштина и Тирана ќе продолжи и во Скопје, а протестот го нарече „дел од борбата за вистината“.Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го повика Ахмети да се откаже од протестот, оцени дека ваквиот чекор ќе го изолира лидерот на ДУИ на политичката сцена. Тој тврдеше дека протестот е мотивиран од внатрепартиски пресметки пред конгресот на ДУИ и предупреди дека ваквите потези можат да создадат дополнителни тензии.Мицкоски изјави дека, според информациите што ги добива, на протестот би можеле да се приклучат групи од Косово и Албанија, како и неколку помали радикални структури од земјата. Тој додаде дека не очекува поддршка за протестот од коалициската групација „Вреди“, ниту пак позитивен сигнал од меѓународната заедница.Здружението на ветераните на ОНА, кое исто така најави учество, посочи дека протестот во Скопје ќе биде петтиот по ред собир за поддршка на обвинетите поранешни лидери на ОВК.Настанот е закажан за 13 декември во 13 часот, со најавен марш кон плоштадот „Скендербег“.

Скопје | пред 2 месеци

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг ќе се одржи во Скопјe на 13 декември.Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторствата извршени на Косово.,,На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, вели лидерот на ДУИ.Тој ги повикал Албанците да се приклучат на овој протест, со цел, како што рече, да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност.Ахмети, инаку, беше учесник на двата големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана како поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Македонија | пред 2 месеци

ustaven

Пензионерите „линеарци” на протест во понеделник пред Уставен суд

Пенизонерите кои се залагаат линеарно зголемување на пензиите, од Штип порачаа дека во понеделник пензионерите ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје.Тие се залагаат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.Освен за линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiam8t3uoadrucCUHmIG

(Видео) Со шишиња и петарди нападнат Немања Шаровиќ во Белград

Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на шешељевата Српска радикална партија и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а денес новинар на КТВ Зрењанин, познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), вчера бил нападнат во Белград за време на собир што го организирале приврзаниците на Александар Вучиќ.Шаровиќ со години беше едно од најпрепознатливите лица на Српската радикална партија, пратеник во Собранието на Србија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По расколот со него, го формираше движењето „Љубов, вера, надеж“, а потоа се посвети на медиумски активизам.Во последните години привлече големо внимание со видеата во кои со микрофон ги посетува митинзите на СНС и редовно ги исмејува приврзаниците на Вучиќ. Ваквата содржина, истовремено пофалена и критикувана во Србија, го направи една од највпечатливите фигури на антирежимската сцена.Како што објави Н1 Србија, Шаровиќ и екипата на КТВ биле на терен кога собирот на СНС станал агресивен. На снимките се гледа како насобраните го навредуваат, го напаѓаат и го гаѓаат со различни предмети. Во еден момент, еден од поддржувачите на Вучиќ силно му го избил микрофонот од рака.Според зборовите на Шаровиќ, кон него летале шишиња, петарди и други предмети. На снимката се слуша и извик: „Пи*ко усташка!“

Свет | пред 3 месеци

media-librarydqar7q8q51joaQJCYqs

(Фото и видео) Студентите и граѓаните во Нови Сад денес пишуваат историја

Денеска во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир пред железничката станица за да се обележи трагедијата на 1 ноември 2024 кога се урна бетонската надстрешница и загинаа 16 лица.Илјадници луѓе од Србија од вчера се во Нови Сад.Од Белград два дена пешачеа околу 4.000 студенти. Студентите од Нови Пазар пристигнаа по 400 километри пешачењеоктомври. Тие пешачеа од 16 октомври како дел од акцијата „16 дена за 16 жртви“ и веќе се во Нови Сад каде пристигнаа и нишките велосипедисти.Илјадници граѓани ги пречекаа на улиците со факели, огномет и извици, додека низ целиот град одекнуваа скандирања „Пумпај!“.Шеснаесет студенти во громогласна тишина, по полноќ положија 16 букети оддавајќи почит на трагично загинатите.Организатори на мирните протести се студентите кои во заедничко соопштение ја поканија јавноста на собирот. Се очекува собирот да биде мирен и комеморативен. Точно во 11:52 часот ќе биде одржана 16-минутна тишина во чест на 16-те жртви. Потоа ќе има кратки говори од студентски и граѓански организации.Големиот собир се очекува да започне вечерва.Организаторите нагласуваат дека собирот ќе биде мирен, без сирени и бучава.Сите возови во Србија се суспендирани поради наводни закани со бомби. Во Нови Сад, специјалните сили го уапсија опозицискиот политичар Миша Бачулов.Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се извини за се шти кажал за студентите и народот, ги повика оние што протестираат повторно на дијалог и рече дека денешниот ден кој е прогласен за Ден на жалост треба да биде ден што обединува, а не ден што разделува.Студентите и граѓаните не му веруваат, бараат оставка и избори.Иако по несреќата беа уапсени неколку лица, меѓу нив поранешни раководители на градската управа и изведувачи поврзани со реконструкцијата, судски епилог сè уште нема. Граѓаните и студентските организации сметаат дека државата не ја спроведува правдата доследно и дека одговорноста се одложува зад институционални процедури и политички калкулации. Денешните собири се најавуваат како повик не само за сеќавање, туку и за правична разрешница и поголема одговорност на системот.Пораката денеска ќе биде да не се заборави трагедијата, да се покаже солидарност кон семејствата на жртвите и да се потсети на одговорноста која сè уште не е преземена.Не е исклучена денес и не насилна реакција од дел дел од граѓаните приврзанци на Вучиќ и на полицита и жандереријата која во неколку наврати во изминатат година употреби прекумерна сила кон студентите кои протестираа.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryn3d74ou259oc3OrfcRV

Зелен Хуман Град со порака: „Стоп на геноцидот во Газа!“ – протест се одржа во Скопје

„Стоп на геноцидот во Газа! Излези денес на протестот и кажи гласно – не во мое име!“ – со оваа порака движењето Зелен Хуман Град ги повика граѓаните да се приклучат на вчерашниот собир во знак на поддршка за палестинскиот народ и осуда на насилството во Газа.„Имаме должност да не молчиме за суровата реалност со која се соочуваат нашите браќа и сестри од Палестина,“ порачаа организаторите. Тие потсетуваат дека, според Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, 70% од жртвите во Палестина се жени и деца, а УНИЦЕФ ја опиша Газа како „детска гробница“.Во нивното соопштение се наведува и поширока критика кон системите што, според движењето, ја одржуваат глобалната нестабилност.„Ниту една војна на светот не е изолирана или случајна. Тие произлегуваат од истиот систем во кој империјализмот ги исцртува границите и поттикнува ривалства, додека капитализмот профитира од продажба на оружје, повторна изградба на уништените градови и експлоатација на ресурси – без оглед на цената во човечки животи,“ стои во повикот.„Окончувањето на конфликтите не значи само прекин на огнот, туку и укинување на системите во кои војната е профитабилна, а мирот неисплатлив. Секој од нас заслужува мир, заштита и иднина,“ завршува пораката на Зелен Хуман Град.

Скопје | пред 4 месеци

GmGKXsXWIAAcvu6-1024x602-1

Поминаа 11 месеци од уривањето на настрешницата во Нови Сад, граѓаните го одбележаа со протестен марш

Градовите низ цела Србија одбележуваат 11 месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, со комеморативни прошетки и бдеења со свеќи.Неколку илјади луѓе синоќа тргнаа од железничката станица Прокоп кон онаа во Нов Белград по облачно време и влажен коловоз.Во колоната се вклучени студенти, граѓани, воени ветерани, но нема вообичаени скандирања, ниту звук на вувузели и свирчиња.„Нека тишината одекнува низ цела Србија“, напишаа тие во објава на социјалните мрежи, додека претходно побараа „свирчињата да се остават дома“.Студентите и демонстрантите бараат владејачките структури да бидат одговорни за несреќата и тврдат дека настрешницата се срушила поради корупција, додека владата на Српската напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ го негираат ова.

Свет | пред 4 месеци

vardariste-protest

„Стоп за Вардариште“ в петок организира два протести во Аеродром: „Работодавците да имаат разбирање за граѓаните кои ќе доцнат на работа“

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ ги повикува граѓаните утре два пати да излезат на протест. Покрај веќе закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и протест и наутро во 07:30 часот. Блокадата ќе биде на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.„Ги повикуваме работодавците да покажат разбирање и толеранција кон вработените кои евентуално ќе задоцнат на работа и ги замолуваме возачите за трпение,“ порачуваат од иницијативата.Протестот, велат, е резултат на тоа што истекол рокот од пет дена што им бил даден на институциите да започнат со исполнување на итните барања:Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште.Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување.Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно во депонијата.Поставување ограда околу Вардариште.Започнување процес за трајно затворање на депонијата.Откривање и санкционирање на потпалувачите и организаторите на пожарите.Ригорозни мерки против граѓани и компании кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште.Барањата биле доставени до претседателката на државата, Владата, Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјални политики, Град Скопје и општините Гази Баба и Аеродром, но до овој момент одговор не е добиен од ниту една институција.„Ги повикуваме СИТЕ ГРАЃАНИ да ни се придружат бидејќи ЧИСТ ВОЗДУХ е ПРИОРИТЕТ за сите нас,“ стои во соопштението на иницијативата „Стоп за Вардариште“.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

Протест пред МВР поради фемицидот во Велес – граѓански организации повикуваат „Ниту една повеќе“

Утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот, пред главниот влез на Министерството за внатрешни работи ќе се одржи протест, а во 18:00 часот ќе следи блокада кај Жена Парк Борец, како заеднички крик против колапсот на институциите што, како што велат организаторите, дозволуваат континуирано насилство врз жени што завршува со фемициди.„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!“, порачуваат од Хелсиншкиот комитет, кој е меѓу организаторите.Под мотото „Ниту една повеќе“, протестот, според организаторите, има за цел да потсети дека фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство се зголемуваат, а убиството на 31-годишната Росица Коцева од Велес е последен трагичен пример.„Убиството на Росица, и на сите жени брутално убиени од свои сегашни или поранешни партнери, можеше и мораше да биде спречено, а тие да бидат заштитени. Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“, велат од Хелсиншки.Организаторите предупредуваат дека институциите – полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа – не постапиле согласно протоколите за заштита и законските обврски, што резултирало со уште една ненадоместлива загуба.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Подржувачите на Вучиќ вечерва на протест против блокадите

Подржувачите на Вучиќ, членовите на СНС, вечерва ќе протестираат против студентските блокади.Протести се најавени низ цела Србија. Според нив блокадите го нарушуваат секојдневното функционирање на државата и дека граѓаните сакаат да се вратат во нормалниот живот и работа.Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денес ќе присуствува на митинг и дека тоа ќе биде семеен собир кој ќе биде мирен и ќе испрати порака за тоа каква Србија сакаат мнозинството нејзини граѓани.„Ќе учествувам а таму нема да има полиција. Тие ја напаѓаат полицијата затоа што знаат дека нашите полицајци се толерантни“, изјави Вучиќ вчера на гостување во ТВ Пинк.Најавени е дека граѓаните ќе се соберат од 18:00 часот и тоа во 120 градови и населени места, по што се планирани мирни маршеви против блокадите.

Свет | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje-1

Иницијатива за флаер – дете со маска, симбол на протестот против загадувањето од Вардариште!

Сериозното загадување од депонијата Вардариште повторно го крена Скопје на нозе, а граѓаните на Аеродром почнаа да се самоорганизираат со повици за блокади и протести. Новото во нивните активности е што за прв пат направија и флаер за да ја зголемат видливоста на акцијата.На флаерот, кој е граѓанска иницијатива, е прикажано дете со гас-маска – порака колку е опасен воздухот и колку сериозно го доживуваат проблемот. Под слоганот „Стоп за екоцидот во нашиот крај! Бараме итно делување!“ се најавуваат секојдневни протести од 18 до 19 часот, на булевар АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.Граѓаните кои го изработија постерот велат дека не им е целта да преземат нечие организаторство, туку да помогнат што повеќе луѓе да дознаат и да излезат на улица. „Ситуацијата нè засега сите нас и мора да се делува“, појасни еден од нив во објава на Фејсбук група, додавајќи дека планираат флаерот да го испечатат и да го залепат по влезови.Протестите се реакција на честото палење на депонијата Вардариште, за кое жителите тврдат дека предизвикува енормно загадување што го чувствува целиот град, а најмногу населбите во близина.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-05-10-at-10.16.45

Ги обвинија родителите дека протестот е политички, мајка одговори: Засрамете се, останавме без деца, ни ставате нови нервози!

Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на мајките е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша:„Да не си во наша кожа, па терај ја нашата политика, срамота, и вие сте жени, мајки, немате ли малку срце и друга работа, освен да коментирате. Нашите деца кои ги убија кои се закопани, сѐ од Македонија и од сите политики, и не ги прашаа од која партија се па да ги убијат. Засрамете се и вие нѐ замарате и ни ставате дополнителни стресови и нервози. Останавме без деца еј, без деца сме, сега нашите деца ќе бидат, утре вашите“, напиша Антова како одговор на коментарот.Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, пак ги праша: „Дали овде пишува политика или смрт“, објавувајќи фотографија од гробот на своето дете.

Македонија | пред 9 месеци

frosina-p

„Кој е следен?“ - Објавено времето за новиот протест по трагедијата со Фросина, ќе се адресираат три проблеми

Утре (недела 02.02.2025), во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала под називот „Кој е следен?“. Организаторите најавуваат:„Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици.[caption id="attachment_320984" align="alignnone" width="1330"] Screenshot[/caption]Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот2. Недоволна безбедност во градовите3. Глорификација на девијантно однесувањеАлките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот.За крај, од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување.Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-01-at-11.02.29

(Видео) Таткото на Фросина низ солзи: Ни уби бисер од дете, врвен дизајнер

Во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, беше оддржан граѓански собир во чест во знак на сочувство со родителите. На протестот присуствуваше и таткото на Фросина, Тодор Кулаков, кој испрати порака вакво нешто да не се случи повторно и побара од организаторите, доколку планираат да продолжат со протестите, да не дозволат тие да добијат политичка заднина.„Ова наше правосудство е коренот на сите наши проблеми, протежира неказнивост кое потоа се одразува на сите сфери во животот. Имаме ли неказнивост, имаме тотален распад во системот, во државата. Не само во сообраќајот, туку и во другите сфери. Последиците ги трпат децата. Тој губитник по сите мерила на животот кој го направи ова, влезен во некој лош филм, ни уби бисер од дете, врвен дизајнер. Сѐ поради таа неказнивост“, кажа низ солзи таткото Тодор Кулаков и додаде:„Не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не бидат од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш навистина ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех“.

пред 1 година

frosina-412412

Во 13 часот, Партизанска, кај што загина Фросина ќе биде блокирана: граѓани најавија протест

Граѓани најавија дека денеска излегуваат на протест по смртоносното прегазување на младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино. Тие бараат надлежните да отворат очи. Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.„Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.Возачот Јованов кој ја усмрти Фросина и претходно имал судир со законот – поседувал дрога. Кривичниот суд пресудил дека тој треба да оди во воспитно-поправен дом во Тетово, а обвинител барал притвор. Сепак, при изрекување на пресудата за Јованов, оваа мерка била укината. Обвинителот не се откажал од мерката и поднел жалба, за која до овој момент не е одлучено.„ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече - заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“, рекоа од Обвинителството.Граѓаните се револтирани и сметаат дека на Јованов му се прогледувало низ прсти за прекршоците кои досега ги правел и така се загрозувале туѓи животи, меѓу кои и на загинатата Фросина.Официјалните детали за несреќата ги испратија од Обвинителството.„Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања