Промени тема
Контакт

Граѓаните побараа веднаш да се дислоцира фабриката: „Усје нè труе“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryk737qpffia9adBXMWqr

Граѓани и активисти денеска одржаа протест на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје, на околу пет километри од центарот на градот, барајќи дислокација на цементарницата „Усје“ надвор од урбаното подрачје. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, која обвинува дека фабриката континуирано го загадува воздухот во главниот град.

— реклама —

Според организаторите, во изминатиот период било истражувано работењето на цементарницата, при што, како што наведоа, станува збор за интернационална компанија со слични проблеми и во други земји. Петар Керамитчиев од „Стоп за Усје“ изјави дека, според нивните сознанија, странскиот капитал и раководството на компанијата наоѓаат „легални начини“ да го оправдаат загадувањето, што, според него, директно го загрозува здравјето на граѓаните и децата.

Од иницијативата порачаа дека денешниот протест е предупредување до властите и дека по празниците ќе следуваат нови протести и можни блокади на сообраќајот, доколку не се преземат конкретни мерки против, како што велат, големите загадувачи.

— реклама —

Неколку часа пред протестот, од „Титан Усје“ соопштија дека работењето на цементарницата е под постојан надзор на Државниот инспекторат за животна средина. Од компанијата информираа дека последниот инспекциски увид бил извршен на 18 декември, како и ненајавена контрола на 18 ноември, при што во двата случаи било утврдено дека нема отстапувања од законски дозволените лимити.

— реклама —

Од „Усје“ нагласуваат дека фабриката располага со високо ефикасен и комплексен систем на филтрирање, со околу 2.000 филтер-вреќи по филтер, кои ја задржуваат прашината и ја враќаат во производниот процес. Компанијата категорично ги отфрла тврдењата дека филтрите се исклучуваат, посочувајќи дека тие се неразделен дел од производната линија.

Според „Титан Усје“, податоците од мерењата покажуваат дека нема директна поврзаност меѓу работењето на цементарницата и загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје. Како аргумент наведуваат дека во зимските месеци, кога загадувањето е најголемо, печките често не работат поради редовни ремонти, додека во лето, кога работат со полн капацитет, квалитетот на воздухот е најдобар.

Компанијата поседува А-интегрирана еколошка дозвола и врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови со опрема од германски производител, а, како што тврдат, сите мерења покажуваат дека емисиите се под законски дозволените гранични вредности, што било потврдено и од независни лаборатории.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 2 седмици

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања