ПУЛС

media-librarys5rpceji555g93jcX9Y

(Видео) Инцидент на „Маршот за ангелите“: родителите на жртвите од „Пулс“ се соочија со обвинет, го затекнаа во кафеана

Инцидент го одбележа денешниот 27. „Марш за ангелите“ во Кочани, кога учесниците го затекнаа обвинетиот во случајот за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, поранешен градоначалник на градот Ратко Димитровски во друштво на кандидат за градоначалник Владко Грозданов, во кафеана.Настанот се случил додека колоната на родители и роднини на загинатите поминувала покрај објектот, по што дошло до кратко вербално соочување.И покрај инцидентот, маршот продолжи по веќе воспоставената рута – од Паркот на револуцијата, преку Трговскиот центар, Управата за јавни приходи, Полициската станица и Основниот суд, за повторно да заврши таму од каде што почна.За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа испратени јасно и гласно преку транспарентите што ги носеа: „Крив е системот, не беше несреќа“, „Правда за нашите деца“, „Одговорност, не забораваме“.Десетици граѓани, и покрај дождливото време, им се приклучија во маршот, кој неколку минути го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.Со денешниот марш, родителите уште еднаш ја потврдија својата решеност да не замолчат додека не се утврди вистината и не се казнат одговорните за трагедијата во „Пулс“, во која загинаа 63 млади животи.

Македонија | пред 3 месеци

puls-6

Одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка.Советот за оценка на обвинителниот акт го прифатил и второто обвинение со број КО 2317/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.Обвинението, поднесено на 4 септември 2025 година, се однесува на едно лице – А.Н., осомничен за кривично дело по член 292 став 2 во врска со член 288 став 3, став 2 и член 22 од Кривичниот законик.Според информациите од судот, А.Н. се јавува како одговорно лице и реален сопственик на обвинетото правно лице „Рубикон секјурити солушн“ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, фирма за обезбедување на имот и лица.Со одобрувањето на обвинителниот акт е формиран кривично-правен предмет со број К.бр. 1970/25, кој, согласно АКМИС-системот, е распределен кај судијката Биљана Смаќовска за понатамошно постапување.Кривичниот суд информира дека за сите нови информации поврзани со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени.

Македонија | пред 3 месеци

kocani-puls-protest-4

Блокадите ќе бидат во мирување: Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ очекуваат фер судење

Родителите на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани решија да ги стават во мирување најавените секојдневни блокади на сообраќајот, откако конечно беше закажан датумот за почеток на судскиот процес.Од здружението на родителите велат дека одлуката да се прекинат блокадите не значи дека ќе престанат со борбата – напротив, тие најавуваат дека ќе продолжат со симболичниот „Марш за ангелите“ секоја сабота, како потсетник на општеството дека трагедијата не смее да се заборави и дека одговорност мора да има.„Ќе го следиме судскиот процес внимателно, ќе бараме тој да биде фер, транспарентен и непристрасен. Секој кој има вина мора да одговара“, велат од здружението.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во март годинава однесе 62 животи, претежно млади луѓе, и остави трајни последици врз локалната заедница и јавноста. Од тогаш па наваму, родителите неколку пати организираа протести, блокади и јавни повици до институциите, обвинувајќи ги за бавност и незаинтересираност.Иако одлуката за мирување на протестите доаѓа како резултат на конкретен чекор од правосудниот систем, семејствата јасно ставија до знаење дека ќе останат будни и ќе реагираат ако процесот почне да се одложува или да се одвива со недозволиво темпо.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Закажано првото судење за трагедијата во Кочани, познат датумот на одржување

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во судницата на КПУ „Идризово“.Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека обвинителниот акт, кој првично беше поднесен од ОЈО Кочани, а потоа по одлука на Јавниот обвинител на Република Македонија пренесен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, е одобрен во целост.Според судот, предметот согласно АКМИС-системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска.Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини. Поканите до странките се веќе во фаза на достава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn9dtdk4de0d93L6ast9

(Видео) Ѕвездено небо во Штип во чест на Панчо

Граѓани се собираат во Штип за да му оддадат почит на Владимир Блажев Панчо, член на групата ДНК. Тој по седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс”, не успеа да се избори и почина од повредите и изгорениците од пожарот.„Во чест на Панчо, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото Ѕвездено небо во чест на Панчо е симболичен гест на благодарност и сеќавање”, велат организаторите.На социјалните мрежи се шират пораки: „Небото да блеска како што Панчо блескаше за сите нас.”Панчо е 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.Панчо ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот.Третата по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, беше без изјави, во знак на почит кон вокалот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.

Македонија | пред 3 месеци

kocani-puls-protest-8

За најголемата трагедија во Македонија – никој не прифаќа вина: Ниту еден обвинет за пожарот во „Пулс“ не признал одговорност

Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 64 лица и над 200 беа повредени, не признал вина во фазата на оценка на обвинението. Во документ од 117 страници, дури 109 се посветени на приговорите на одбраната, кои тврдат дека делата се од предолг период и дека недостасуваат надлежности и пријави за постапување, пишува Призма по увид во документот.Судскиот совет одлучил оценката да се разгледува на затворена седница.Првообвинетиот сопственик Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во Куманово, дел од одговорноста ја префрла на институциите кои според него биле одговорни да го регулираат како и на организаторите на настапот, со тврдење дека не бил информиран за употреба на пиротехника. Неговиот син Михаил и братот Тодор наведуваат дека немале формални одговорности во управувањето со дискотеката. Вината се префрла врзПриговори поднеле и инспектори, градоначалници и поранешни функционери на локално и централно ниво, главно повикувајќи се на ненадлежност или отсуство на соодветни пријави/налози за постапување. Одбраната го нарекува обвинението паушално и најавува долг процес.Обвинението опфаќа 34 лица и три фирми, со повеќе од 1.440 докази и 283 предложени сведоци, што предметот го прави еден од најобемните во поновата судска практика. Се очекува судот да го закаже првото рочиште по завршување на процесните проверки

Македонија | пред 3 месеци

media-library4sk0809m0a2j5ZeuNWq

“Систина” со последна порака за Панчо: Се боревме 213 дена и верувавме до крај

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со длабока тага се прости од пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци лекување од тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета. Нема зборови за утеха за твоите два ангела – Марјан и Андреја, и за твојата Маја. Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри и болничари кои беа 24 часа со тебе. Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство, се боревме и верувавме“, стои во објавата на болницата.Неговата смрт предизвика бура од емоции и жалење низ јавноста, а бројни јавни личности и граѓани изразија сочувство до семејството и блиските.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfegui34lqg04aYFOOfY

Потресна исповед на Елена Ристеска за Панчо: Ме скрши на милион парчиња, како да се радувам јас кога те нема?

Поп-пејачката Елена Ристеска со силни емоции се прости од својот долгогодишен пријател и колега Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по неколкумесечна битка со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Ах, бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина! Останаа недоречени многу работи. Не знаев дека вака ќе боли – како за роден брат. Ми беше брат кој никогаш го немав,“ напиша Ристеска во својата објава на социјалните мрежи.Таа со потресни зборови се присети на нивното пријателство и заедничките моменти:„Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме? Со кого да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати? Од правење друштво во диско дур пушташ музика, до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти… Се прејадувавме со бајадери додека се возевме. Се лутевме еден на друг како вистински брат и сестра.“Ристеска откри и дека токму пред трагедијата разговарале за нов заеднички дует со ДНК, кој, за жал, останал незавршен:„Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за наш дует со ДНК кој никогаш не го снимивме.“„Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе? Ах, бате мој, како да се радувам јас кога те нема? До следно видување, таму горе, каде нема неправди и болка,“ завршува нејзината објава.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3m3ofisbc5od3QakovO

”Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент”, Тамара и Каролина се збогуваа од Панчо

Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент, напиша Тамара по објавата за смртта на Панчо.Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.Многу дружби, спомени, концерти, снимања...Многу смеење, музика и емоции...Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали советува...Патувај мирно Џуџе.Секогаш ќе те сакам, напиша Тамара на Инстаграм.Меѓу бројните личности кои се збогуваат од Панчо е и Каролина Гочева.„Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysgn2hvqn088a83jiXej

„Душата ми е распарчена стари, мислев нема да се дадеш“, шок и тага по смртта на Панчо

Панчо беше симбол на урбаната музика и еден од најхаризматичните артисти на домашната сцена. Неговата енергија, искреност и љубов кон публиката ја оставија групата ДНК како едно од најпопуларните имиња на новата генерација македонски изведувачи.Во јавноста се споделуваат бројни пораки на сочувство од пријатели, колеги и познати јавни личности кои се простуваат од него.Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и спомени од настапите и приватните моменти со Панчо.Коментираат: „Уште една голема душа ја напушти македонската сцена“.Смртта на Владимир Блажев – Панчо означува уште една длабока рана во најтешката трагедија што ја погоди Македонија во последната деценија.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuujqe82jhi3gdWIKOJl

Родителите на загинатите со потресна порака за смртта на Панчо: Почивај во мир, пренеси им поздрав на нашите ангели

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев – Панчо. Бог да ви даде сила. Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – талентиран пејач, полн со енергија и музика што допираше до срцата. Замина прерано, оставајќи празнина која не може да се пополни“, стои во објавата.Од здружението потсетуваат дека Панчо е 63-та жртва на пожарот во „Пулс“, трагедија која остави длабоки последици и траума кај семејствата на настраданите.„Како родители што ја почувствувавме најголемата болка – губење на дете – ја знаеме бездната на оваа тага. Вашата болка е наша болка, вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој празен момент што го остава оваа трагедија“, напишаа од здружението.Во објавата тие испратија и порака за правда: „Ова не е број – ова е живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени? Колку уште семејства ќе страдаат? Правдата мора да се извојува – за Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен. Ние нема да молчиме!“Здружението завршува со емотивна порака: „Почивај во мир, Панчо. Нека ти е светол патот до Царството Небесно. Пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца.“

Македонија | пред 3 месеци

panco-3

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото од Панчо од ДНК

Јавното обвинителство потврди дека ќе биде издадена наредба за обдукција на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување.„Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството.Панчо изминатите месеци се лекуваше во приватната болница „Систина“ поради тешките изгореници што ги задоби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Тој беше деветтиот член на групата кој го изгуби животот, а воедно и 63-та жртва на катастрофата.Докторски тимови со месеци се бореа за животот на Панчо, а тој беше со тешки повреди и влошена психичка состојба. И покрај долготрајното лекување и интензивната медицинска грижа, тој не успеа да се избори.Против него претходно беше покрената постапка под сомнение дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката. Обвинителството ја стави постапката во мирување поради неговата хоспитализација.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8nr7cnl9uota8ZDABSu

Почина Панчо од ДНК, тој е 63 директна жртва од пожарот во „Пулс“

По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК.Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај напорите, тој не успеал да се спаси. Официјални информации за тоа како се влошила здравствената состојба засега нема.Панчо е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот. Тој е 63 жртва на страотниот пожар. Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.Последно, за него беше покрената постапка од Обвинителството која беше ставена во мирување поради неговото болничко лекување. Со сомничеа дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4tkh3n6vovnk3DFKiUm

„Трагедијата во 'Пулс' ѝ го одзеде животот брутално и прерано“, но Сања Христова од Облешево живее во спомените на сите

Поминаа седум месеци од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, но спомените за Сања Христова од Облешево не избледуваат.Сања, која беше жртва на фаталниот пожар, имаше само 25 години. Таа беше дипломиран психолог на Славјанскиот факултет, со искрена желба да им помогне на луѓето. Нејзината мајка, Ангелина Христова, во изјава за Канал 77 вели дека Сања имала неверојатна способност да ги разбира луѓето тивко и без осуда.„Таа ги разбираше луѓето со зборови што лечеа. Секогаш стоеше на страната на најранливите – осамените, отфрлените, најмалите,“ вели Ангелина.Во нејзините зборови се чувствува и болка и гордост: „Покрај хуманоста, Сања беше љубопитна и отворена кон светот. Работеше и во странство, сакаше да научи, да види нови нешта. Имаше соништа исполнети со љубов, надеж и желба за подобар свет.“Особено ја обожуваше природата и животните, а кучињата беа нејзина најголема љубов. „Секое напуштено или изгубено куче за Сања беше повик за акција, за грижа и љубов,“ раскажува нејзината мајка.Трагедијата што се случи во Кочани ѝ го одзеде животот брутално, неправедно и прерано. Но нејзиниот дух не може да се избрише. Сања живее понатаму – во секое спасено куче, во секој топол збор што некогаш го кажала, во секој спомен што ги грее срцата на оние што ја познаваа.„Сања не е само жртва. Таа е симбол на добрината што светот ја бара. Љубовта што ја ширеше нема крај. Таа е жива – во сите нас,“ додава Ангелина Христова за Канал 77.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од ЈО и Коцевски за случајот со дискотеката „Пулс“ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Јавното обвинителство и министерот Љупчо Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра или, како што се тврди во телефонска комуникација објавена во јавноста, поранешниот министер Оливер Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето.„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката ‘Пулс’ платила казна или Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање. Доколку казната не е платена, Спасовски итно треба да биде повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај“, стои во соопштението на владејачката партија.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е потребно да се стави крај на „калкулациите и заштитата на моќниците блиски до СДС“, нагласувајќи дека политичките влијанија во судството мора да престанат.„Дали Спасовски ја спасил ‘Пулс’ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот.„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен, а секој кој е вмешан треба да се санкционира. Време е за владеење на правото и правдата“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања