ПУЛС

media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ

По дописот за случајот ‘Пулс’: Комората обвинува за притисок врз адвокатите, а на судењето гледаат како тест за прсвосудниот систем

Адвокатската комора на Република Македонија реагираше остро на дописот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски во врска со предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во своето соопштение, Комората порача дека тврдењата на обвинителството се неосновани, неточни и претставуваат мешање во независноста на адвокатската професија.Од Комората наведуваат дека адвокатите биле целосно запознаени со обвинението и доказниот материјал, спротивно на тврдењата на обвинителот дека даваат коментари „без да ја знаат содржината на обвинението“. Според нив, со поднесувањето на обвинението тоа станало достапно за јавноста, а со тоа и за сите правни застапници.Во однос на наводите дека адвокатите го нарушиле угледот на судот, Комората нагласува дека ниту еден адвокат не постапувал спротивно на Кодексот за професионална етика. „Адвокатите имаат уставно и законско право на слобода на изразување, да даваат правни мислења и критички осврти во предмети од јавен интерес,“ се наведува во реакцијата. Тие додаваат дека досега нема забелешки од ниту еден суд дека бил нарушен неговиот углед, и оттука не е јасно зошто Јавното обвинителство се впушта во проценки кои не се во негова надлежност.Комората потсетува дека досега повеќе експерти и правни аналитичари укажале дека, со оглед на бројот на обвинети и оштетени лица, процесот реално ќе трае подолго. Затоа, реакцијата на обвинителството на ваквите забелешки ја сметаат за неразбирлива.„До сега не е утврдено дека ниту еден адвокат на кој било начин ја одолговлекувал или оневозможувал постапката. Напротив, истрагата во целост ја водеше Јавното обвинителство,“ се наведува во соопштението. Од таму потсетуваат дека токму обвинителството во изминатиот период јавно изнесувало детали за обвинетите и нивните дејствија, пред обвинителниот акт формално да стапи на сила.Комората потсетува дека во случајот има повеќе од 60 загинати и над 200 оштетени лица, а адвокатите настапуваат и како бранители на обвинетите и како полномошници на оштетените, што, како што велат, ја исклучува можноста за намерно одолговлекување на постапката.„Судот вложи максимални напори за обезбедување услови за почеток на процесот, и тоа го цениме,“ стои во реакцијата.Во завршницата, Адвокатската комора порача дека обвинителството не е суд, туку странка во постапката, и дека со вакви дописи се повредува независноста на адвокатите и се создава впечаток дека се врши притисок врз одбраната.„Ова судење ќе биде тест за ефикасноста и правичноста на целиот правосуден систем. Сите страни мора да постапуваат професионално и со взаемна почит, водејќи се од принципите на владеењето на правото,“ завршува соопштението на Адвокатската комора.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryq8g4t38olrj610cbDWF

Почина полицаец од Кочани осомичен во случајот “Пулс”

Почина пензионираниот полицаец, Владо Петров, кој беше во притвор поради поврзаност со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.Независниот синдикат на полицијата ja соопшти веста на својот ФБ профил.“Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност.Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил Главен испектор за собраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни. КАЈ ЌЕ ВИ ОДАТ ДУШИТЕ”, прашува Синдикатот.Ниту еден од осомничените полицајци не беше во притвор, туку со мерки за обезбедување присуство.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3e8ti2j184vf1YBoZZC

„Ова е најлошиот, најнепрофесионалниот обвинител во историјата на оваа тажна земја“: Дукоски му се обрати на Љупчо Коцевски

Адвокатот Сашо Дуковски на социјалните мрежи директно му се обрати на првиот човек на Основното јавно обвинителство Љупчо Коцевски, за кого рече дека не е компетентен да биде прв обвинител.„Ова е најлошиот,односно, најнепрофесионалниот републички обвинител во историјата на оваа тажна земја!!!Љупчо Коцевски!!!!Лејдис енд џентлмен!Тврдам!Не сум ангажиран во предметот за Кочани така да, немам било што лично!Реагирам како еснаф, бидејќи сум повеќе од длабоко уверен дека нашата еснафска организација, адвокатската комора на Македонија, ќе реагира, ултра млако или воопшто нема да реагира, на нападите кон еден адвокат-бранител и други бранители, во предметот Кочани!!!!Сетете се само на предметот 27-ми Април кога не казни “истакнатиот правник“, Кацарска и како реагираше нашиот еснаф!!!А треба, но за тоа во друга прилика!!!Да се обидеш да тресеш глупости и да бараш бранител да не реагира на нешто што смета дека е, и е, негова должност во врска со клиентот и постапката е едноставно ПРАВНО НЕПИСМЕНО!!!!Неколку пати излегуваше со правни небулози во врска со предметот Кочани, изнесуваше “детали“ од истрагата и постапката и тогаш беше, се океј а?Сега ти смета кога бранител, адвокат ќе реагира законски за својот клиент и целата постапка, нели, м?Па ќе реагираш со некави глупави барања и слично, до адвокатската комора!Па еве, да прашам:Си слушнал некогаш за уставно загарантираното право на став и мислење, стручен став и мислење, особено во оваа фаза на постапката по обвинение стапено на правна сила, м? Не си слушнал, тврдам!Си слушнал некогаш што е функцијата на бранител во постапката, иако си бил адвокат, м?Си слушнал дека обвинителството на кое ти си прв човек (многу лошо) е само една од странките во постапката и ништо повеќе, м? Сигурно не!Си слушнал за право на искажување на свој професионален став и стручно мислење, или секогаш си мислиш дека вие како обвинители сте нешто повеќе од обични странки во постапката, мислам, како што сте си навикнати до сега и ти со ова тоа се обидуваш повторно да го промовираш? Срам да ти е како правник, голема срамота!Мислиш ли дека само со подигање на обвинение си ја завршил работата како странка во постапката, м, иако ти ни едно дејствие не си превземал туку имаше тим од обвинители и секогаш истапуваше и читаше, само како неписмен портпарол читајќи подготвени соопштенија?До кога мислиш да ја толерираш праксата да ако бранителите бараат присаство на сослушување на некој важен сведок или вештачење во истрагата, тоа да го игнорираш а тука ќе пишуваш глупи соопштенија и барања?Дали во животот си напишал обвинение и си застапувал, твое напишано обвинение пред суд, м?Никој од адвокатите ниту ти се плаши ниту имаш било какво право да пишуваш вакви глупости, какви пишуваш до адвокатската комора.Кога сакаш, приватно или јавно може да продискутираме за ова, но ти, никогаш тоа нема да го направиш затоа што немаш појма за што пишувам, правно!Ова е мое исклучиво професионално мислење за највисок јавен обвинител во земјава, функција која сега ја вршиш, против тебе немам ништо лично како човек, но ТИ не може да си прв човек на обвинителство. Едноставно,не си компетентен за тоа.И на крај, уште две работи:-Мислиш ли нешто да направиш како прв човек на обвинителството за предметот за модуларната болница во Тетово, м, обвинителе? Многу ме интересира.-Дали ќе продолжиш да изразуваш став, како изразуваш, негативен за обвинетите од 27-ми Април и барањата за исправање на таа неправда.До кога ќе чекаш се полиција да ти даде на тацна а ти со прст да не мрдаш...,м?Без почит!“,напиша Дуковски.

Македонија | пред 3 месеци

Oliver-Spasovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Оливер Спасовски ургирал во СВР Штип за да се заштити газдата на дискотеката „Пулс“?

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од институциите поради, како што наведува, сериозни сомнежи дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вршел притисок врз полицијата во Штип и Кочани со цел да се заштити газдата на дискотеката „Пулс“.„Јавноста мора да добие одговор дали Оливер Спасовски, во својство на министер, лично се јавувал во СВР Штип и барал да се изврши притисок врз полицијата во Кочани за да се заштити газдата на дискотеката ‘Пулс’“, стои во соопштението на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во јавноста се појавиле телефонски разговори од 17 февруари 2022 година, во кои синот на газдата на дискотеката, Михаил Јованов, наводно се пофалил дека „Оливер Спасовски се јавувал у Штип у полицијата за нас“.Во разговорот, според објавените транскрипти, се споменува и казна од 40.000 денари од Управата за јавни приходи, која наводно требало да биде „средена“ преку политичка интервенција.„И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“, стои во дел од објавениот разговор.„Ова е сериозно обвинување за злоупотреба на функција, влијание врз институциите и партиска заштита на блиски бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи дали Јавното обвинителство покренало постапка по овие наводи и дали Спасовски бил повикан на разговор.Партијата бара одговор и дали е извршена контрола во СВР Штип и ОВР Кочани, како и дали обвинителот Коцевски „работи според закон или по партиска нарачка“.„Коцевски и ЈО да не молчат. Ако не е постапено, тоа значи дека обвинителството свесно го прикрива скандалот и штити моќници“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfn4t5h0nscfv24pUFIE

(Видео) Најболната снимка од Кочани: Место каде болката се среќава со вечноста

Драги Горгиев, татко на тапанарот Ѓорѓи Горгиев сподели снимка од гробиштата во Кочани, каде почиваат најголем дел од жртвите во страотниот пожар кој избувна во „Пулс“. Преку болната снимка, тој испраќа порака која гласи:„Оние кои што вистински ве сакаат и почитуваат, знаат колку е тешко да се живее без вас, 63 наши англи“, вклучувајќи го и возачот на Брза помош кој почина од срцев удар откако работел повеќе од 24 часа превезувајќи ги повредените.И Марија Петрушова, која го изгуби синот Андреј ја сподели снимката.„Во Кочани, под тивкото небо, постои место што зборува без зборови… Место каде болката се среќава со вечноста, а љубовта никогаш не умира. Овде, во Алејата на Ангелите, почиваат 23 наши деца – млади животи што прерано заминаа. Во нивна близина, уште 9 ангели го делат истиот вечен мир. Сите тие – дел од нашите 62 ангели. 62 светлини што засекогаш ќе го осветлуваат патот на вистината и правдата. Нивните имиња не се забораваат. Нивните насмевки не избледуваат. Нивниот дух живее – во секое срце што чука за нив“, напиша таа.Неутешна е и Светлана Ристова Стојанова, мајка на Андреј Стојанов, Александар Наунов татко на загинатата Надица, Дарко Златев вујко на Надица, Васка Стојанова мајка на загинатиот Томче, Мита Тасева мајка на загинатиот диџеј Стефан Тасев, бројни други родители, роднини и пријатели на семејствата кои ја споделија снимката.

Настани | пред 3 месеци

media-library7814rh5lvbhi1o2uCXa

Родителите на загинатите од „Пулс“ најавија блокади: Не прифаќаме судење што ќе трае 15 години

Дел од семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“, сметаат дека изјавите на адвокатите дека судењето на обвинетите ќе трае и до 15 години, е обид за одолговлекување. Тие бараат судовите да се екипираат, а порачаа и дека немаат намера да чекаат 15 години за вистината. Од недела (утре), велат дека ќе блокираат секојдневно една од сообраќајниците во Кочани.„Зборовите звучат како обид да се подготви јавноста за бавно одолговлекување и заборавање. Ние тоа нема да го дозовлиме. Нашите деца не се бројки, туку се човечки животи. Секој ден без правда е нова рана за нас. Бараме, баравме и пак бараме, итна и конкретна акција од институциите, да се зголеми капацитетот со дополнителни судии и соработници за да не се одолговлекува процесот“, рече Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.На крајот, порача дека ќе бидат на улица додека не почне судењето.„Животот на едно дете, вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри“, додаде Наунова во име на де од семејствата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

Адвокатката Јошевска му врати на Коцевски: Обвинителството повеќе ќе се грижи за својот имиџ отколку за обвинението

Се заострува полемиката меѓу Државното јавно обвинителство и бранителите во случајот „Пулс“, по објавеното писмо на државниот обвинител Љупчо Коцевски до Адвокатската комора, во кое ги обвинува дел од адвокатите дека со јавни настапи ја доведуваат јавноста во заблуда и го нарушуваат угледот на институциите.Во писмото, Коцевски остро реагира на, како што наведува, „неетички коментари“ и „невистини“ изнесени во медиумите од поединечни адвокати кои, според него, ја претставуваат својата позиција како независни правни експерти, а всушност се бранители на обвинетите во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.„Коментарите се изнесуваат без адвокатите воопшто да се запознаени со доказниот материјал или со динамиката на судењето. Таквото однесување е спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите, кој бара од нив да го чуваат угледот на судот и на институциите пред кои настапуваат“, стои во писмото на Коцевски.Тој особено се осврна на јавниот настап на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која гостуваше во емисијата „Студио 10“ на „ТВ24“, наведувајќи дека не добила целосен увид во доказниот материјал. Коцевски ова го оцени како „неетички јавен настап и обид за нарушување на интегритетот на истрагата“.„Наводите дека не ѝ бил даден дел од доказниот материјал се целосно неточни. Документите се доставени интегрално до Судот и сите бранители. Доколку адвокатката не го презела материјалот или не го прегледала, тоа може да го каже пред Судот, а не во медиумите“, наведува Коцевски.По реакцијата на Обвинителството, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска се огласи преку Фејсбук, оценувајќи дека писмото на државниот обвинител претставува „директен притисок врз слободата на говорот и професионалната независност на адвокатите“.„Писмото на Јавното обвинителство до Адвокатската комора го чувствувам како притисок и директен напад врз мојата слобода на говор и професионална независност. Би сакала да го видам Обвинителството со иста енергичност кога е нападнато од извршната власт, бидејќи тоа е прашање на институционален интегритет, а не на лична суета,“ напиша таа.Јошевска-Анастасовска потсети дека во своите јавни настапи секогаш јасно ја нагласувала својата улога како бранител во конкретниот случај, а не како независен експерт.Таа се повика и на пресудата Nikula v. Finland (Европски суд за човекови права, 2002), во која се вели дека адвокатите имаат право да зборуваат за функционирањето на правосудниот систем „без страв од санкции, доколку нивната критика е професионална и во добра намера“.„Ако денот по утрото се познава, тогаш преку вакви реакции можеме да очекуваме дека Обвинителството повеќе ќе се грижи за својот имиџ отколку за суштината на обвинението,“ додаде таа.

Коментари | пред 3 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Коцевски жестоко кон Адвокатската комора: „Местото за соочување на доказите за „Пулс“ е судницата, а не медиумите“

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија попладнево остро реагираше на јавните настапи на дел од адвокатите кои го коментирале обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Оттаму коментираат дека со нивните изјави го нарушуваат угледот на судот и институциите.Во писмо испратено до Адвокатската комора на Република Северна Македонија, јавниот обвинител Љупчо Коцевски посочува дека дел од адвокатите јавно изнесуваат неосновани проценки за текот и траењето на судската постапка, без да бидат запознаени со доказите и обвинението. Таквото однесување, како што се наведува, е спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите, според кој тие се должни да го чуваат угледот на судовите и правосудните органи.Изнесувањето на неосновани проценки за долгото траење на судската постапка наштетува на угледот на Судот и претставува обид истиот да се прикаже како спор и неефикасен, иако судењето воопшто не е започнато“, се вели во реакцијата.Обвинителството наведува дека дел од адвокатите се претставуваат како независни експерти, а притоа не откриваат дека се бранители на обвинетите, со што, според институцијата, ја доведуваат јавноста во заблуда. Како пример за неетички јавен настап, во писмото е посочено учеството на адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, каде што, според Обвинителството, изнесла невистини дека не ѝ бил доставен целосниот доказен материјал.Наведените пораки се дел од доказен материјал што е интегрално доставен во Судот и до сите бранители, стои во дописот.Коцевски нагласува дека доказниот материјал во предметот „Кочани“ е обемен и резултат на макотрпна работа на обвинителите, особено потенцирајќи дека местото за соочување на доказите е судницата, а не медиумите.Пред нас е тежок, но исклучително важен процес со кој треба да испорачаме правда за жртвите во кочанската трагедија. Адвокатите имаат професионална одговорност да придонесат за ефикасно и правично судење, наведува Коцевски, барајќи од Адвокатската комора да апелира за почитување на етичките стандарди.Обвинителството истакнува дека тимот кој го застапува обвинението за пожарот во „Пулс“ има целосна поддршка од институцијата и дека нема да дозволи ниту едно рочиште да се одложи по вина на јавен обвинител.„Поднесениот обвинителен акт е потврден од Судот и е стапен на правна сила. Наскоро ќе следуваат одлуки и во други постапки поврзани со овој тежок настан“, се вели на крајот во реакцијата на Јавното обвинителство.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

По пожарот во Кочани – тивката криза: расте бројот на луѓе кои бараат психолошка помош

Речиси седум месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 62 млади лица, во регионот расте бројот на граѓани кои имаат потреба, но и бараат психијатриска и психолошка поддршка. Тие не се само семејствата на загинатите и повредените, туку и луѓе кои биле индиректно засегнати од настанот – сограѓани, сведоци, пријатели или млади кои ја чувствуваат колективната траума.Директорката на Клиниката за психијатрија, д-р Славица Арсова, вели дека по вакви трагедии, потребата од психолошка интервенција не се јавува веднаш.„Тоа беше огромен шок за сите. Луѓето доживеаја криза која создаде чувство на несигурност и страв. Дел од пациентите се јавуваат кај нас, дел во регионалните центри, но има и млади кои студираат или живеат во Скопје и полесно бараат помош овде. Видливи се не само физичките последици кај повредените, туку и длабоките психички траги што остануваат кај сите засегнати“, изјави д-р Арсова по повод Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).Професорот Антонио Новотни вели дека во време на отуѓеност и недоверба, заедништвото и слушањето на луѓето во криза се најсилната терапија.„Семејството, локалната заедница и професионалците треба да бидат достапни, затоа што само заедничката поддршка може да спречи подлабоки последици“, рече тој.Проблемот со менталното здравје не е ограничен само на Кочани.Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во Македонија над 60% од амбулантските случаи се поврзани со стрес, анксиозност и соматоформни растројства, а секој трет млад човек пријавува симптоми на депресија или анксиозност.Недостигот од психолози и психијатри во помалите градови, како Кочани, дополнително ја отежнува состојбата. ИЈЗ препорачува јакнење на локалните центри за ментално здравје, развивање мобилни тимови и воведување онлајн психолошка поддршка – особено за младите, кои се најранлива група по вакви трауми.„Со јакнење на локалните центри и навремена психолошка интервенција може да се спречат долгорочни последици. Менталното здравје мора да стане дел од сите јавни политики – од образованието, до трудот и социјалната заштита“, стои во извештајот на Институтот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7ra5i71kgrcrdtybfc3

Судијката која го судеше Заев, ќе го суди „Пулс“: предметот е распределен преку АКМИС системот

Судијката Диана Груевска-Илиевска е назначена да го води судењето против обвинетите во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“, соопшти Кривичниот суд. Распределбата била направена преку АКМИС-системот на судот.Илиевска е позната по повеќе високопрофилни случаи кои ги судела, како што е трагедијата кај Ласкарци, случајот за новинарот Томислав Кежаровски, предметот „Сопот“, убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, но и случајот „Поткуп“ каде обвинет беше Зоран Заев.Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинителниот акт за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој се опфатени 37 обвинети лица со 33 бранители. Од Кривичниот суд нагласуваат дека при постапката била земена предвид сензитивноста на случајот, јавниот интерес и чувствителноста на над 250 оштетени лица и семејства на жртвите.„Судот се обиде на најефикасен начин да ги исполни сите законски обврски и да обезбеди навремено постапување. Понатамошните процесни дејствија ќе бидат спроведени од надлежниот судија, а јавноста и странките ќе бидат известувани за текот на постапката“, соопштија од Кривичниот суд.

Македонија | пред 4 месеци

puls-19

Одобрен обвинителниот акт за пожарот во „Пулс“ – судот го потврди обвинението во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр.155/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.„Како што наведовме во сите претходни соопштенија и медиумски одговори, со цел доследно, точно и навремено известување на јавноста, Кривичниот суд во конкретната постапка ги ангажираше сите расположливи ресурси за навремено и законито постапување, за да не се создадат непотребни пропусти кои би ја компромитирале постапката. Поради тоа, потребно е јавноста да го има хронолошкиот тек на постапката, и тоа:• Врховниот суд на РСМ на 25.06.2025 година донесе решение КР–35/25 со кое за стварно и месно надлежен за постапување по обвинителниот акт се определува Основниот кривичен суд Скопје, ценејќи дека по предметот треба да постапуваат „судии со стекнато искуство и познавање на кривичната материја кои ќе овозможат ефикасно, стручно и законито постапување, а воедно ќе придонесат за сензибилизирање на јавноста“.• На 02.07.2025 година Основниот суд во Кочани до нашиот суд го достави обвинителниот акт, а на 08.07.2025 година достави дополнение на истиот.• Веднаш по приемот на обвинителниот акт истиот е распределен во Одделението за кривично полнолетни. Со оглед дека станува збор за обвинителен акт кој согласно законските одредби треба да биде оценет од совет, актот преку АКМИС системот се распредели кај судијата Моника Бахчовановска, која постапува како Претседател на советот за оценка на обвинителен акт. Согласно Годишниот распоред во совет за оценка заедно со судијата Моника Бахчовановска, се судиите Билјана Коцевска и судијата Бранка Наумовска. Овие две судијки побараа изземање од советот за оценка, бидејќи ќерката на судијата Билјана Коцевска – адвокат Ивана Коцевска е бранител на дел од осомничените, а судијата Бранка Наумовска е во роднинска врска со една од жртвите, причини што се предвидени во законот како основ за изземање. По изземањето на овие две судии, како судии кои што ќе постапуваат во фазата на оценка поставени се двајца судии од Специјализираното одделение за судење на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција и тоа судијата Софче Гаврилова Ефремов и судијата Илија Трпков. Нивното определување е на начин како што актите од одделението за организиран криминал и корупција ги оценуваат судии од одделот за кривично полнолетни (а ова е од причина што судиите кои што го оценувале актот не можат да учествуваат во постапка на главна расправа, а се со цел да не се доведе Основниот кривичен суд Скопје како најголем суд во државата да нема судии кои што ќе постапуваат по овој предмет). Двата члена на советот за оценка се поставени по редослед според годишниот распоред, како што и е предвидено во Судскиот деловник.• Додека советот веќе постапуваше по предметот, на 15.07.2025 година Јавниот обвинител на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со кое за стварно и месно надлежно обвинителство за постапување по обвинението поврзано со пожарот се определува ОЈО Скопје.Со оглед дека станува збор за обвинителен акт во кој што има 37 обвинети лица кои што имаат 33 бранители, беше исклучително тешко да се достави обвинителниот акт до сите нив, особено од причина што на голем дел од нив мерките притвор беа заменети, па во моментот на достава Претседателот на советот за оцена имаше потешкотии да може да утврди кој обвинет каква мерка има и каде се наоѓа за да може да се изврши доставата. Особено потешкотии имаше и доставата на делот од бранителите на кои и покрај тоа што им се најавуваше терминот на достава, сепак истите не беа пронајдени во нивните канцеларии. Доставата ја вршевме преку судските служби на Основен кривичен суд Скопје, сѐ со цел да не се одолговлечи истото доколку оди по редовна пошта.Дополнителен проблем при доставата се јави поради тоа што во првично поднесениот обвинителен акт, пред истиот да биде доуреден, во диспозитивот не беа целосно наведени личните податоци на обвинетите од страна на Основниот суд Кочани, како и решенијата за адресите каде се издржува мерката куќен притвор, што дополнително мораше да го проверува Кривичниот суд.Но, и покрај сето тоа, судот во целост ја имаше предвид сензибилноста на постапката, јавниот интерес и пред сè чувствителноста на над 250 оштетени лица и семејства на починатите во пожарот. Токму поради тоа, се обиде на најефикасен начин да ги исполни сите законски обврски и да го оцени актот во предвидениот законски рок.Советот за оценка донесе Решение К-ООА бр.155/25 на 03.10.2025 година со кое го одобри обвинителен акт во целост, по што се оформи кривичен предмет К.бр. 1872/25.Како што посочивме, во претходното постапување по овој предмет од советот за оценка беа изземени судијата Билјана Коцевска и судијата Бранка Наумовска, а од постапување во кривичниот совет иземен е и судијата Ивица Стефановски, од причина што како бранители во овој предмет се јавуваат неговата сестра и бранител со кој е во кумовска врска, додека пак судијата Елизабета Постоловска, која го нема законски предвиденото искуство, неможе да постапува по овој предмет и заради сето тоа при распределбата на предметот овие судии се исклучени од автоматската распределба во АКМИС системот .Предметот согласно АКМИС системот е распредлен кај надлежен судија за понатамошно постапување, а за сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, странките и јавноста ќе бидат известени“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Не е завршена постапката за Кочани, се води предистрага за УЈП и други институции поврзани со „Пулс“, уверува државниот обвинител Коцевски

Oбвинителство води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции за десетина кривични дела во врска со пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека со завршување на обвинението не значи дека завршила и постапката за Кочани и дека податоци што беа изнесени од страна на Истражувачката репортерска лабораторија не се ништо ново и дека сите овие пораки се испратени до одбраната и судот.-Јавното обвинителство уште од почетокот постапуваше по поднесена кривична пријава. Меѓутоа Јавното обвинителство водеше и предистражна постапка и во однос на сите останати други институции, што значи дека во моментот на подигање на обвинение, немаше докази во однос на инспектори во УЈП, меѓутоа предистражната постапка беше отворена веднаш и таа сè уште трае, со тоа што со завршување на обвинението не значи дека заврши и постапката за Кочани изјави Коцевски.Во однос на другиот предмет за пожарот во „Пулс“ што го води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против 13 полициски службеници и за кој сè уште нема обвинение, Коцевски рече дека тоа е така затоа што на предметот работи само еден јавен обвинител, но и дека се запазени сите рокови.-По другиот предмет постапува само еден јавен обвинител. Причината зошто е така, е затоа што сè уште немаме доволно јавни обвинители, односно сè уште имаме 70 јавни обвинители помалку. Наредните три и пол години така ќе биде и од тие причини, со оглед дека е еден јавен обвинител, постапката се води подолго време, меѓутоа таа ќе заврши наскоро, рече Коцевски.Истражувачката репортерска лабораторија во неделата објави документарен филм со наслов „Нашиот морален компромис“, во кој беа објавени нови снимки и сведоштва на родители на загинати и лица кои биле во објектот, како и разговори преку апликации меѓу сопствениците на дискотеката и инспектори на УЈП.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryem24g7aqh5lq7XSN9Iq

По шест месеци си замина дома: Младата Мелани која беше повредена во „Пулс“ излезе од болница

Осумнаесетгодишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, конечно се врати дома по повеќе од шест месеци лекување, пишува „Плусинфо“.Несреќата на 16 март остави сериозни последици врз младата девојка – опасност по живот, бројни изгореници и интоксикација со гасови. Првично била хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија во Белград, па вратена во Македонија.Родителите на Мелани велат дека чувството кога нивното дете повторно се вратило дома е непроценливо.„6 март беше денот кога времето застана за многу семејства. Трагедија која никој не може да ја предвиди, ниту да ја прифати. Токму тој викенд Мелани замина во Кочани, среќна што ќе оди на концерт на својот омилен бенд ДНК. Така започна нашиот кошмар. Неколку часа подоцна, наместо фотографии и пораки, добивме повик што никој родител не сака да го слушне. Кога конечно ја видовме, и покрај болката и шокот, имавме едно чувство – благодарност што е жива – изјавил таткото Александар за „Плусинфо“.Тој додава дека по долги месеци неизвесност, конечно насмевката се вратила во нивното семејство:„Мелани е дома и се опоравува. Поминавме низ многу непроспиени ноќи, стравови и надежи. Нема зборови со кои можеме да ја изразиме нашата благодарност до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и целиот тим што се грижеше за нашето дете. Таа беше хоспитализирана во две клиники пред тоа, но упорноста, пожртвуваноста и мултидисциплинарниот пристап на тимот во „Аџибадем Систина“ беа клучни за нејзиното излекување“, изјавил таткото.

Македонија | пред 4 месеци

puls-kocevski

Калајџиев: Обвинението за „Пулс“ е нарачка од политика, не правна грешка

Правникот и универзитетски професор Гордан Калајџиев остро реагираше на обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинителството се повикува на т.н. „верижна одговорност“.„Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност. Страшно е што не се работи за грешка, туку за нарачка од политиката,“ изјави Калајџиев.Тој посочи дека сите правни авторитети се сложиле дека таква правна конструкција „не може да издржи“, но Обвинителството сепак инсистирало на неа.„Згора на тоа, обвинителите кои ја туркаат ваквата теорија дури и се унапредуваат во кариерата,“ додаде тој.Калајџиев оцени дека уште поголем проблем е тоа што судот нема храброст да го отфрли „широкото обвинение“ и да испрати јасна порака дека такви нарачани постапки не можат да поминат.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

„Судот мака мачи со нарачана правна конструкција без докази“, вели адвокатката Анастасовска за обвинението за „Пулс“

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која застапува еден од обвинетите во случајот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, остро реагираше на дел од ставовите што произлегоа од Обвинителството.„Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ не треба да бидат предмет на обвинение. Но, наместо јасно разграничување што е криминал директно поврзан со пожарот, што е злоупотреба и несовесно работење на службите со конкретни докази, а што е системски пропуст за кој нема индивидуална кривична одговорност, вие измислувате термини како ‘верижни пропусти’ или ‘синџир на континуирани пропусти’ за да му се додворите на власта,“ изјави Јошевска Анастасовска.Таа обвини дека обвинението е „налицкано“ со квалификации за умисла и соизвршителство, само за да изгледа „тешко“, и дека е избрзано заради кариерни поени на поединци.„Нашиот Кривичен суд, кој и самиот мака мачи што да прави, се бори со фактот дека против природата му е да удри силно и да врати обвинение со јасна порака дека ваква нарачана правна конструкција без докази не може да пројде. Во целиот тој галиматијас се прави двојна штета – семејствата на жртвите остануваат збунети и разочарани, а општеството сѐ повеќе тоне во недоверба,“ додаде таа.Адвокатката заклучи дека „синџирот е силен онолку колку што е силна најслабата алка“ и предупреди дека „траумите допрва доаѓаат“.

Коментари | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања