Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Оливер Спасовски ургирал во СВР Штип за да се заштити газдата на дискотеката „Пулс“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Oliver-Spasovski

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од институциите поради, како што наведува, сериозни сомнежи дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вршел притисок врз полицијата во Штип и Кочани со цел да се заштити газдата на дискотеката „Пулс“.

„Јавноста мора да добие одговор дали Оливер Спасовски, во својство на министер, лично се јавувал во СВР Штип и барал да се изврши притисок врз полицијата во Кочани за да се заштити газдата на дискотеката ‘Пулс’“, стои во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во јавноста се појавиле телефонски разговори од 17 февруари 2022 година, во кои синот на газдата на дискотеката, Михаил Јованов, наводно се пофалил дека „Оливер Спасовски се јавувал у Штип у полицијата за нас“.

— реклама —

Во разговорот, според објавените транскрипти, се споменува и казна од 40.000 денари од Управата за јавни приходи, која наводно требало да биде „средена“ преку политичка интервенција.

„И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“, стои во дел од објавениот разговор.

— реклама —

„Ова е сериозно обвинување за злоупотреба на функција, влијание врз институциите и партиска заштита на блиски бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи дали Јавното обвинителство покренало постапка по овие наводи и дали Спасовски бил повикан на разговор.

— реклама —

Партијата бара одговор и дали е извршена контрола во СВР Штип и ОВР Кочани, како и дали обвинителот Коцевски „работи според закон или по партиска нарачка“.

„Коцевски и ЈО да не молчат. Ако не е постапено, тоа значи дека обвинителството свесно го прикрива скандалот и штити моќници“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Продолжува судењето за „Пулс“: Вештаците ќе сведочат за пропустите во објектот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Македонија | пред 1 месец

media-library5ep6umtq6r4239PXoZj

Во сабота ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“ во Кочани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања