ПУЛС

IMG_5515

Премиерот: Секој вмешан во случајот со „Пулс“ мора да одговара пред правдата, од Обвинителстовто не сум задоволен

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско за вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:„Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај. Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата.“

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfhclao3lm3258HkQEVN

„Ураган на орли“, вели oбвинетиот во „Пулс“, Крешник Бектеши, за митингот на ДУИ откако Ахмети му се обрати на Мицкоски

Крешник Бектеши, еден од обвинетите во случајот „Пулс“, кој по неколкумесечен притвор сега ја чека судската постапка од слобода, вчера се појави на митинг на ДУИ. За своето присуство се пофали и на социјалните мрежи, каде сподели фотографија и напиша: „Ураган на орли!“. Ова доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говорот користеше и метафори, порачувајќи: „Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли“. На ова ВМРО-ДПМНЕ му врати Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“.На собирот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ присутните беа поздравени со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео-бимот се прикажуваа инсерти од војната во 2001 година. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја искористи конвенцијата за да упати силна порака до Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за укинување на правата на Албанците, суспендирање на законот за албански јазик и нарушување на Охридскиот рамковен договор.

Коментари | пред 4 месеци

puls-6

Судот најави дека обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата

Кривичниот суд информира дека до крајот на неделата ќе биде донесена оценка за обвинителниот акт поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес за овој предмет, па токму поради тоа досега на неколку наврати ја информираше јавноста за текот на оцената и преземените чекори“, соопштија од судот.Се работи за постапка против 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 адвокати и претставници. Од приемот на обвинителниот акт, судот ги ангажирал сите ресурси за негова достава до странките и прием на приговорите. Меѓутоа, во изминатите месеци, дел од адвокатите и претставниците на правните лица биле недостапни во нивните канцеларии, поради што доставата, а со тоа и роковите за приговори, се одолговлекувале.Откако обвинителниот акт е доставен до сите обвинети и нивните бранители, на 3 октомври 2025 година истекуваат законските рокови за приговори.„Со тоа се исполнети сите услови за оцена и се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет. Јавноста и странките ќе бидат навремено известени“, додаваат од Кривичниот суд.Од судот нагласуваат дека прават максимални напори за да се исполнат сите законски обврски и да се гарантираат правата на странките, со цел предметот да не биде компромитиран во понатамошната постапка.

Македонија | пред 4 месеци

puls-35

Објавени докази за корупцијата во „Пулс“: Инспектори од МВР и УЈП предупредувале за контроли во замена за подароци и резервации, Обвинителството проверува

Иако судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште не е започнат, во јавноста излегуваат нови докази за лица кои воопшто не се опфатени со обвинението.„Истражувачката репортерска лабораторија“ (ИРЛ) објави текстуални разговори кои упатуваат дека сопствениците на дискотеката однапред биле предупредувани од инспектори за претстојни контроли. Според ИРЛ, дел од инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи дури примале и скапи подароци за возврат, меѓу кои биле и часовник.ИРЛ објави и текстуални пораки кои покажуваат дека сопствениците на дискотеката комуницирале со инспектори од МВР кои барале привилегии – меѓу нив и резервирани маси во клубот.Додека институциите се оправдуваат, семејствата на загинатите и преживеаните продолжуваат да раскажуваат за нивната голгота.„Кога стигнавме таму – гужва, дим, пламен. Немаше струја. Наидов на зид од деца, сите беа испреплетени, без свест. Моето дете не можев да го најдам. За 500 луѓе имаше еден излез од два метри – тоа е убиство“, сведочи Сашко Алексов, татко на починатата Сара.За преживеаниот Јорданчо Ефтимов траумите се уште свежи, тој вели дека во еден момент бил помирен дека ќе умре:„Додека лежев на земјата, само кога ја протнав раката, сфатив дека ме вадат од гомилата. Тоа беше чудо“.Марија Петрушова, која го изгубила синот Андреј, раскажува за другиот син Кристијан:„Вика – јас влегов, темно, некој ќе те фати за нога, ти го влечеш надвор, не гледаш кој е“.Очевидци и родители опишуваат апокалиптична слика: преполни болници, мртви тела низ ходниците, крв и очај.„Кога влегував, пазев да не згазам некое детенце“, потресено изјави Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче.Градот Кочани останува во тешка траума.„Нема веќе живот тука, сите бараме правда“, велат жителите.Основното јавно обвинителство реагираше на сторијата на ИРЛ со соопштение дека сите докази се земени предвид и се проверуваат:„При поднесување на обвинението и на средбата со семејствата на загинатите, појаснивме дека проверки се вршат и во однос на повеќе институции, вклучително и УЈП. Но законските надлежности на УЈП се однесуваат на даночни и финансиски прашања, а не на безбедност, па тие не беа опфатени во обвинението. Сепак, во контекст на евентуални коруптивни дела на поединци, постапките се во тек. Презентираната комуникација е веќе дел од доказниот материјал доставен до судот. Апелираме за воздржаност од изнесување непроверени информации кои можат да ја загрозат постапката“.

Македонија | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

(Видео) Родителите од „Пулс“ даваат рок до 3 октомври — ако нема одговори, следуваат протести и блокади

Дел од родителите на загинатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ упатија остар повик до јавните обвинители и до судиите: бараат итни и јасни одговори за напредокот на постапките и најавија дека доколку до 3 октомври не добијат конкретен одговор, мирните маршеви ќе прекинат и ќе следуваат протести и блокади.„Обвинители и судии, ние, семејствата на жртвите од трагедијата во ‘Пулс’, бараме итен и јасен одговор од вас. Доста е со молчење, поминаа шест месеци. Срамота е“, рече мајка на едно од загинатите деца. Родителите појаснуваат дека до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) веќе доставиле прашања и очекуваат информации за тоа до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе се подготви обвинителниот акт. На судиите од Кривичниот суд им упатија прашање дали ќе донесат оценка на обвинителниот акт или ќе се повлечат пред политички влијанија.„Нема повеќе трпеливост, бараме итна одговорност. Време е да заврши одолговлекувањето. Ако до петок, 3 октомври, не добиеме одговор, нема повеќе мирни маршеви — ќе има протести и блокади. Нема повторно молчење“, додаде мајката. Роднините нагласуваат дека нивниот повик не е политички мотивиран, туку е израз на бес и тага поради месеци без одговори и без правна разврска. Тие порачаа дека ќе ја бараат вистината и одговорноста „до крај“, бидејќи, како што велат, цели семејства се уништени и немаат што да изгубат, па ја повикаа правосудната власт да покаже доблест.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqsh0vks2p8dlbpEjtGj

Во Пробиштип откриена биста на полицаецот Тоше Тодоровски, жртва во „Пулс“

Во кругот на полициската станица во Пробиштип денеска беше откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. На чинот присуствуваа неговото семејство, роднини, пријатели и колеги. Присутен беше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со делегација од МВР.Тодоровски загина извршувајќи службени задачи за време на акција за контрола на наркотици во дискотеката. Во моментот кога избувнал пожарот, тој останал внатре и не успеал да се извлече.Трагедијата во која животот го загубија вкупно 62 лица, најголем дел млади од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје, останува една од најголемите во поновата историја на земјата.

Македонија | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

Родителите од трагедијата во „Пулс“: Ако можевте 30 километри до Штип, можете и 300 метри до Паркот?

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во кое се обединети дел од родителите на загинатите деца во кочанската трагедија, упати порака до јавноста по големиот концерт на Дино Мерлин во Штип.„Скоро цело Кочани патуваше 30 километри до Штип на концерт. А градоначалникот на Штип, ете, предизборно најде време и срце да ги покани повредените деца и да им обезбеди маси за Дино Мерлин. Респект за гестот, респект за одзивот! А ние се прашуваме… Кочанчани, ако можевте 30 километри до Штип, зарем 300–400 метри до Паркот на револуцијата се премногу? Таму не ве чекаат ѕвезди на сцена, туку споменот на вашите другари и другарки – 62 ангели што таа кобна ноќ ја оставија младоста на овој град,“ стои во реакцијата.Од здружението додаваат дека следниот марш не е за концерт или медиуми, туку за човечка почит и за вистинска правда:„Наши сограѓани, родители – ве очекуваме на следниот марш. За 62 светлосни траги кои ја оставија младоста на овој град, за секоја насмевка што ќе недостасува, за секој срцев удар на сеќавањето – да покажеме дека споменот живее и дека љубовта и почитта остануваат засекогаш.“

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymlcjb5hphtuh9dS8634

Додека тие што се виновни се кријат зад оправдувања, јас тука сум — со раце полни цвеќе, ќе се борам за твојата правда, напиша мајката на загинатата Ивона

Стојка Иванова-Антова, мајка на Ивона Антова која загина во трагедијата во клубот „Пулс“ заедно со уште 61 лице, на социјалните мрежи објави потресна порака за својата ќерка и повика на правда.„Ивонче моја, ангеле мој... Секој цвет што го носам, секоја свеќа што ја палам — е дадена од моето скршено срце за тебе. Сè тука е подредено за твојот мир: светлина, мирис на цвеќе, мала небесна куќичка што ја направив за тебе со свои раце“, напиша таа.Во објавата таа вели дека „домот не можам да го средам — не можам да се вратам на обичноста додека ти не си тука — но за тебе можев и правам сè“.Иванова-Антова ја опиша болката за изгубеното дете: „Ти беше мојата радост, мојата насмевка, мојот живот. И она што ми го земаа — ми го зедоа без да ми дадат причини, без да ги платат со срце. Им го гледам нивното избегнување, нивните шепотења, ‘не знаевме’, ‘случајно’ — но не е случајно кога млади животи се скратени и кога некој мисли дека може да си замине без одговор. Јас нема да замолчам. Не за тебе, не за нас.“„Ако имаше барем капка совест, ќе се приближеа и ќе побараа прошка. Но прошката не ја барам затоа што ја сакам нив — ја барам за правда за тебе, за да не им се повтори на други деца, други мајки, други семејства“, продолжи таа во својата порака.„И додека тие што се виновни се кријат зад оправдувања, јас тука сум — со раце полни цвеќе, со очи полни солзи и со срце кое не може да престане да те вика. Ги редам твоите слики, го чистам твоето мало небо, иако дома не можам да најдам сила да почистам ништо друго — затоа што секое мое битие е посветено само на тебе. Твојата фотка, твојата насмевка — тоа е мојата сила да станам и да бидам тука за тебе“, напиша Иванова-Антова.Во објавата заврши со зборовите: „Ти благодарам што постоеше во мојот живот, Ивонче. Беше премногу кратко, но беше совршено по своја убавина. Ќе продолжам да те чувам, да те украсувам, да те носам во секој здив и во секоја молитва. И нема да молчам за вистината — за тебе, за сите што те сакаа, за секое малечко срце што заслужува да живее и да се смее. Каде и да си сега — гледај, јас ти средив убаво. Ти имаш небо од свеќи и ангели, а јас ќе се борам со сите сили за твојата правда. До денот кога ќе те прегрнам повторно — ти си мојата вечна љубов. Те сака мамичка највеќе од сè.“

Коментари | пред 4 месеци

marija-petrusova

Тешка исповед на мајката на загинатиот Андреј во „Пулс“: Животот ми остана темница, те изгубив легнат на кревет без изгореници...

Шест месеци по трагичниот настан во Кочани, кога меѓу жртвите беше и нејзиниот син, мајката Марија Петрушева ги сподели своите болни чувства и неизмерната тага во јавна исповед. Во емотивниот текст таа раскажува како секој ден се обидува да ја почувствува присутноста на синот Андреј преку старите пораки и снимки на мобилниот телефон.Нејзината исповед, во целост:„Син на мајка – Андреј. Сине мој, сè уште стоиш во мојот телефон како 'Син на мајка'. Секој ден повторно ги отворам нашите разговори и читам... барам трага од тебе, глас што нема да замолчи. Зборови што ми се како здив, но и како нож. Телефонот ми е во рака, проверувам – дали си ми пишал, дали имам пропуштен повик... секојпат се надевам на чудо. Сеуште ја бирам твојата шифра, почнувам порака – пишувам, пишувам – а одговор нема. Само мртва тишина.Поминаа шест месеци, сине. Шест месеци без тебе, без твојата насмевка, без твоите прегратки. И јас одбивам да прифатам дека никогаш нема да се вратиш. Душата ми е искината на милион парчиња. Секој ден ми е потежок, секој здив ми е потежок. Болката расте, а со неа и празнината.Секогаш се сеќавам на ноќта... Ноќта кога петнаесет минути неизвесност беа мојата најголема светлина. Последната вест што ја слушнав кога ве барав пред ужасот кој го затеков пред дискотеката: „Со амбулантно возило отидоа во болница, Андреј беше со слаб пулс, Кристијан е во свесна состојба, со него е...“ Петнаесет минути надеж. Петнаесет минути вера дека ќе останете живи и двајцата. А потоа... кога влегов и те видов легнат на кревет, без изгореници... не сфатив. Не прифатив. Не можев да поверувам дека е готово, дека те изгубив засекогаш. Само гласот на брат ти одекна до мене: „МАМО, МАМО, НЕ УСПЕА БРАТ МИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗАСЕКОГАШ!“Тој крик ми ја распарчи душата. Се обидувавме да те анимираме, да те вратиме... Се борев да ја грабнам твојата душа назад, но Господ не ме послуша. Плачев: „Земи ме мене, Господи, остави го него. Тој е млад, тој е мојата иднина, тој е мојот живот!“ Но не... те изгубив, сине. Те изгубив засекогаш.Се враќам на тој ден – 16 март 2025 година – денот кога светот престана да постои за мене. Денот кога ми згасна сонцето. Денот кога ја изгубив мојата сила. Зошто, Андреј? Зошто не успеа? Зошто не можеше да се спасиш? Илјада прашања ми горат во мислите, но одговори нема. Само болка. Само црнина.Животот ми остана темница. Секој здив е како нож. Секој чекор е без смисла. Сине мој, ангеле мој – ми недостигаш повеќе од сè, повеќе од зборови. Те барам во сонот, те очекувам на вратата – да влезеш со насмевка и да ми речеш: „Мамо, тука сум“. Но се будам, и вистината пак ме убива. Ќе продолжам да пишувам пораки што никогаш нема да стигнат. Ќе продолжам да те барам во секоја светлина, во секој здив, во секое срце што чука околу мене. Зашто ти, Андреј мој си и ќе останеш мојата вечна љубов, мојата вечна рана, мојата вечна болка.“

Коментари | пред 4 месеци

0-02-05-31f9dc9813f3387767ffa3f71077aed8f040199ea9b4e0e2c7738f779db83e81_22202c35080

(Видео) „6 месеци без правда“ – Скопје со ѕвездено небо се сети на жртвите од Кочани

На скопскиот плоштад, граѓани со т.н. „ѕвездено небо“ одбележаа шест месеци од трагедијата во Кочани каде загинаа 62 лица. Од плоштадот во Скопје, се испрати порака дека се чека правда. На единствениот транспарент, пишуваше „6 месеци без правда, Кочани“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Дел од присутните носеа и маички „не умираме од несреќи, умираме од корупција“.Пред фонтаната, беше ставена фотографија од Андреј од ДНК, а пред него, свеќа. Една од присутните, носеше фотографија и од загинатата Надица која имаше 18 години, а под неа пишуваше „Почивај во мир, те сакам“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

Собир во вторник на плоштад за загинатите во Кочани: „Вака веќе не може, не смееме да отрпнеме“

Движењето „Кој е следен“ најави собир на плоштадот во Скопје, а по изминувањето на шестте месеци од трагедијата во Кочани каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица. Собирот е закажан за во вторник, во 20:16 минути.„Не беше несреќа, не беше трагедија, беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вторник, 16 септември, 20:16 минути, младите повикаа на тивок собир и ѕвездено небо. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да нѐ разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговронсот, секој на свој начин“, сои во највата.

Скопје | пред 4 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-20-at-21.43.58_a1700c48

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“: Мајката на Ивона со потресна порака

Стојка Антова, мајката на загинатата Ивона во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, денеска се огласи со емотивна објава на социјалните мрежи по повод шест месеци од трагедијата.„6 месеци без моето Ивонче. Шест месеци одам на гроб, а виновниците си шетаат... Мене ми ја искорнаа душата, а нив совеста не ги допира. Една беше Ивона – мојот ангел, мојот живот. Ќе ја љубам засекогаш, а правдата ќе дојде – и тогаш ќе боли таму кај што најмногу треба,“ напиша Антова.Објавата предизвика силни реакции во јавноста, потсетувајќи уште еднаш на болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски во најголемата понова трагедија во Македонија. Случајот „Пулс“ сè уште е во тек пред институциите, а родителите на жртвите постојано апелираат за брза и правична разрешница.

Коментари | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-2

До кога ќе се чека обвинетите да седнат на обвинителна клупа, прашаа роднините на загинатите ви “Пулс”

Родителите и семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска по 21 пат излегоа на улиците на Кочани, барајќи побрза реакција на институциите и правда за своите најблиски.Протестниот „Марш за ангелите“ повторно ја помина добро познатата траса – од „Паркот на револуцијата“, покрај Трговскиот центар, Општината, Управата за јавни приходи и полициската станица, до Основниот суд и Обвинителството.Пред зградата на институциите, роднините јавно се обратија до судиите и обвинителите, потсетувајќи дека веќе три месеци се чека на оценка на обвинителниот акт.„Одолговлекување без оправдана причина е спротивно на законот и претставува основ за реакција од страна на оштетените и јавноста. Ние ве прашуваме – постои ли рок во кој Советот мора да донесе одлука? Ако не постои, барем кажете кога може да се очекува завршување на оваа постапка,“ изјави Розета Џамова, сестра на една од жртвите.Протестот се одржа само еден ден откако Обвинителството ја прошири истрагата за трагедијата. Поднесено е ново обвинение против реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, кој се товари за тешки дела против општата сигурност поради сериозни пропусти во организацијата и мерките за заштита во дискотеката.Истовремено, до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на сите претходно определени мерки за обезбедување присуство на обвинетиот.

Македонија | пред 4 месеци

suport1

(Видео) „Гледате што направивме ние за шест месеци за Кочани, што направивте вие?“, остар говор на Ивановски од „Support Kocani“ пред функционерите од градот

На доделувањето на признанија по повод Денот на ослободувањето на Кочани, Иван Ивановски од „Support Kocani“ им се обрати директно на присутните функционери, советници, директори и пратеници со остри зборови. View this post on InstagramA post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Многу ми е жал што за ваква работа треба да добиеме награда. Морам да бидам искрен малку. Сите сме криви за ова што ни се случи. Да, некој е повеќе крив, некој е помалку крив. Вие што седите тука и сте на функција сте малку повеќе криви од нас. Така што, запрашајте се сите, мислам дека е време да ги тргнете партиите на страна и од срце да правите работи. Ова е она што ние за шест месеци успеавме да направиме за нашиот град. Вие што направивте? Не викам дека ништо не сте направиле, ама дајте, седнете, за луѓето правете сите работи. Дајте да покажеме срце за Кочани. Ни се иселуваат луѓе, ни гинат, а ние партиски се препукуваме кој од која партија бил“, кажа Ивановски во име на „Support Kocani“ кои изминативе месеци собраа илјадници евра донации, обезбедуваа целосна логистика за купување на медицински помагала кои тие ги финансираа, помагаа на семејства погодени од трагедијата во „Пулс“.Ивановски додаде: „Дајте сега вие што сте при крај со мандатот и нови што ќе дојдат, размислувајте за Кочани, па после сите други работи. Можеби ова не беше ова добра прилика да ви го кажам, на ова место, но сега ми лежеше на срце“.

Македонија | пред 4 месеци

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Обвинение против Александар Нацев, реалниот сопственик на обезбедувањето во „Пулс“: Познато за што се гони

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.Поради нивните пропусти во еден подолг временски период, како и поради конкретните дејствија на дел од обвинетите, на 16.03.2025 година во угостителскиот објект во Кочани бил предизвикан пожар на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесна повреда се здобиле 65 лица.Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица.На критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот.Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека се уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања