Промени тема
Контакт

Додека тие што се виновни се кријат зад оправдувања, јас тука сум — со раце полни цвеќе, ќе се борам за твојата правда, напиша мајката на загинатата Ивона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
media-librarymlcjb5hphtuh9dS8634

Стојка Иванова-Антова, мајка на Ивона Антова која загина во трагедијата во клубот „Пулс“ заедно со уште 61 лице, на социјалните мрежи објави потресна порака за својата ќерка и повика на правда.

„Ивонче моја, ангеле мој... Секој цвет што го носам, секоја свеќа што ја палам — е дадена од моето скршено срце за тебе. Сè тука е подредено за твојот мир: светлина, мирис на цвеќе, мала небесна куќичка што ја направив за тебе со свои раце“, напиша таа.

— реклама —

Во објавата таа вели дека „домот не можам да го средам — не можам да се вратам на обичноста додека ти не си тука — но за тебе можев и правам сè“.

Иванова-Антова ја опиша болката за изгубеното дете: „Ти беше мојата радост, мојата насмевка, мојот живот. И она што ми го земаа — ми го зедоа без да ми дадат причини, без да ги платат со срце. Им го гледам нивното избегнување, нивните шепотења, ‘не знаевме’, ‘случајно’ — но не е случајно кога млади животи се скратени и кога некој мисли дека може да си замине без одговор. Јас нема да замолчам. Не за тебе, не за нас.“

— реклама —

„Ако имаше барем капка совест, ќе се приближеа и ќе побараа прошка. Но прошката не ја барам затоа што ја сакам нив — ја барам за правда за тебе, за да не им се повтори на други деца, други мајки, други семејства“, продолжи таа во својата порака.

— реклама —

„И додека тие што се виновни се кријат зад оправдувања, јас тука сум — со раце полни цвеќе, со очи полни солзи и со срце кое не може да престане да те вика. Ги редам твоите слики, го чистам твоето мало небо, иако дома не можам да најдам сила да почистам ништо друго — затоа што секое мое битие е посветено само на тебе. Твојата фотка, твојата насмевка — тоа е мојата сила да станам и да бидам тука за тебе“, напиша Иванова-Антова.

Во објавата заврши со зборовите: „Ти благодарам што постоеше во мојот живот, Ивонче. Беше премногу кратко, но беше совршено по своја убавина. Ќе продолжам да те чувам, да те украсувам, да те носам во секој здив и во секоја молитва. И нема да молчам за вистината — за тебе, за сите што те сакаа, за секое малечко срце што заслужува да живее и да се смее. Каде и да си сега — гледај, јас ти средив убаво. Ти имаш небо од свеќи и ангели, а јас ќе се борам со сите сили за твојата правда. До денот кога ќе те прегрнам повторно — ти си мојата вечна љубов. Те сака мамичка највеќе од сè.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања