Промени тема
Контакт

(Видео) Најболната снимка од Кочани: Место каде болката се среќава со вечноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Настани
media-libraryfn4t5h0nscfv24pUFIE
Скопје1.мк

Драги Горгиев, татко на тапанарот Ѓорѓи Горгиев сподели снимка од гробиштата во Кочани, каде почиваат најголем дел од жртвите во страотниот пожар кој избувна во „Пулс“. Преку болната снимка, тој испраќа порака која гласи:

„Оние кои што вистински ве сакаат и почитуваат, знаат колку е тешко да се живее без вас, 63 наши англи“, вклучувајќи го и возачот на Брза помош кој почина од срцев удар откако работел повеќе од 24 часа превезувајќи ги повредените.

И Марија Петрушова, која го изгуби синот Андреј ја сподели снимката.

— реклама —

„Во Кочани, под тивкото небо, постои место што зборува без зборови… Место каде болката се среќава со вечноста, а љубовта никогаш не умира. Овде, во Алејата на Ангелите, почиваат 23 наши деца – млади животи што прерано заминаа. Во нивна близина, уште 9 ангели го делат истиот вечен мир. Сите тие – дел од нашите 62 ангели. 62 светлини што засекогаш ќе го осветлуваат патот на вистината и правдата. Нивните имиња не се забораваат. Нивните насмевки не избледуваат. Нивниот дух живее – во секое срце што чука за нив“, напиша таа.

— реклама —

Неутешна е и Светлана Ристова Стојанова, мајка на Андреј Стојанов, Александар Наунов татко на загинатата Надица, Дарко Златев вујко на Надица, Васка Стојанова мајка на загинатиот Томче, Мита Тасева мајка на загинатиот диџеј Стефан Тасев, бројни други родители, роднини и пријатели на семејствата кои ја споделија снимката.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 4 седмици

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања