Промени тема
Контакт

По пожарот во Кочани – тивката криза: расте бројот на луѓе кои бараат психолошка помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx
Скопје1.мк

Речиси седум месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 62 млади лица, во регионот расте бројот на граѓани кои имаат потреба, но и бараат психијатриска и психолошка поддршка. Тие не се само семејствата на загинатите и повредените, туку и луѓе кои биле индиректно засегнати од настанот – сограѓани, сведоци, пријатели или млади кои ја чувствуваат колективната траума.

Директорката на Клиниката за психијатрија, д-р Славица Арсова, вели дека по вакви трагедии, потребата од психолошка интервенција не се јавува веднаш.

— реклама —

„Тоа беше огромен шок за сите. Луѓето доживеаја криза која создаде чувство на несигурност и страв. Дел од пациентите се јавуваат кај нас, дел во регионалните центри, но има и млади кои студираат или живеат во Скопје и полесно бараат помош овде. Видливи се не само физичките последици кај повредените, туку и длабоките психички траги што остануваат кај сите засегнати“, изјави д-р Арсова по повод Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).

Професорот Антонио Новотни вели дека во време на отуѓеност и недоверба, заедништвото и слушањето на луѓето во криза се најсилната терапија.

— реклама —

„Семејството, локалната заедница и професионалците треба да бидат достапни, затоа што само заедничката поддршка може да спречи подлабоки последици“, рече тој.

— реклама —

Проблемот со менталното здравје не е ограничен само на Кочани.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во Македонија над 60% од амбулантските случаи се поврзани со стрес, анксиозност и соматоформни растројства, а секој трет млад човек пријавува симптоми на депресија или анксиозност.

— реклама —

Недостигот од психолози и психијатри во помалите градови, како Кочани, дополнително ја отежнува состојбата. ИЈЗ препорачува јакнење на локалните центри за ментално здравје, развивање мобилни тимови и воведување онлајн психолошка поддршка – особено за младите, кои се најранлива група по вакви трауми.

„Со јакнење на локалните центри и навремена психолошка интервенција може да се спречат долгорочни последици. Менталното здравје мора да стане дел од сите јавни политики – од образованието, до трудот и социјалната заштита“, стои во извештајот на Институтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања