РУСИЈА

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Руски МиГ-ови во естонскиот простор: НАТО активира консултации, Трамп предупредува на „голем проблем“

Три руски борбени авиони МиГ-31 во петокот навлегле во естонскиот воздушен простор над Финскиот залив, каде што останале 12 минути без дозвола, соопштија естонските власти.Москва ги демантираше наводите, но Талин го оцени инцидентот како сериозно нарушување на суверенитетот и првпат во последниве 34 години побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Естонија, истовремено, активираше консултации со НАТО според Член 4 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува вонредни разговори кога држава-членка смета дека и е загрозена безбедноста.Министерот за одбрана на Естонија, Хано Певкур, изјави дека реакцијата на НАТО покажала ефикасност и спремност дури и за крајни мерки.„Видовме дека НАТО функционира многу ефикасно... до точка на подготвеност за употреба на сила, доколку сме принудени“, рече тој.Певкур додаде дека руските провокации имаат цел да го одвлечат вниманието на Западот од поддршката за Украина.Портпаролот на НАТО потврди дека земјите-членки ќе одржат состанок оваа недела. Освен во Естонија, слични инциденти се пријавени и во Полска и Романија. Полските сили неодамна дури соборија руски дронови кои навлегоа во нивниот воздушен простор, што беше прв директен пресрет на НАТО над територија на алијансата.Истовремено, во Полска два руски авиони се доближиле до платформа за дупчење во Балтичкото Море, а Романија крена ловци Ф-16 поради навлегување на дрон кој потоа се вратил да бомбардира цели во Украина.Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост.„Не ми се допаѓа кога тоа се случува. Тоа може да биде голем проблем“, изјави тој.Чешкиот претседател Петр Павел предупреди дека на „руските провокации мора да се одговори цврсто, вклучително и со воена опција доколку биде потребно“.Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека Кремљ тестира колку НАТО е подготвен да продолжи со поддршката за Киев: „Русија ги испитува границите и одлучноста на алијансата.“Министерот Певкур нагласи дека настаните не можат да се гледаат изолирано.„Ова е дел од поширок план – од дроновите во Полска до руските авиони над нашите води. Се работи за систематски обид да нè исцрпат и поделат“, порача тој.Со тоа, НАТО се соочува со тешка одлука – како да одговори на руските акции што постојано се движат на тенката линија меѓу провокација и отворена ескалација.

Свет | пред 4 месеци

ekplozija-rusija

Русија: Украински напад врз Белгород, убиени две лица

Две лица загинаа, а четири се повредени во украински напади врз руската Белгородска област, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков преку „Телеграм“, пренесува Ројтерс.Според информациите, една жена загинала откако граната погодила семејна куќа во населбата Шебекино, а еден маж бил убиен при напад со дрон во Ракитњe.Белгородската област редовно е цел на напади од Украина откако Русија во февруари 2022 година започна целосна инвазија врз украинска територија.

Свет | пред 4 месеци

peskov-putin1

Песков: Путин и Трамп имаат интерес за мирно решение на украинското прашање

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, како и американскиот претседател Доналд Трамп, задржува интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение.„Русија очекува дека САД и претседателот Трамп лично ќе вложат напори за да помогнат во ова прашање. Потоа ќе видиме што ќе произлезе од тоа,“ рече Песков во интервју за телевизијата Русија 1, пренесува ТАСС.Тој додаде дека за време на официјалната посета на Трамп во Велика Британија оваа недела, Лондон детално го информирал за своите планови да продолжи со притисокот врз Русија и дополнително да ги заостри санкциите.„Тоа не е нешто што ќе придонесе за решение,“ оцени Песков, кој ја нарече Велика Британија еден од лидерите на „проратниот табор“.Според него, претседателот Трамп во Британија веројатно слушнал многу за плановите за продолжување на притисокот врз Русија, за зајакнување на, како што ги нарече, „незаконските санкции“ и за обиди да се спречи Русија на секој можен начин, пренесува РИА Новости.

Свет | пред 4 месеци

w_57602642

Дали НАТО е подготвен за модерната ера на војување?

Речиси две недели по ноќта кога сирените за воздушна опасност и бучавата на НАТО-авионите ја прекинаа тишината на истокот од Полска, клучното прашање во Европа не е само дали Москва намерно испрати повеќе од 20 дронови во воздушниот простор на НАТО, туку и што воениот одговор открива за долгорочната способност на Алијансата да се справи со ваквата закана.Според полските власти, остатоците од дроновите што паднале се евтини модели „Гербер“, изработени од шперплоча и стиропор, со цена околу 8.500 евра по парче. Истовремено, НАТО реагирал со авиони Ф-16 и Ф-35 вредни милиони, што значи дека акцијата чинела десетици илјади евра само за гориво и одржување.„Асиметријата на трошоците едноставно не функционира,“ предупредува Роберт Толаст од британскиот тинк-тенк RUSI.Иако НАТО покажа ефикасност против масовниот напад со ирански дронови врз Израел во април, експертите предупредуваат дека долгорочната цена на ваквата одбрана е неодржлива.„Повеќето западни армии пред Украина воопшто не ја разгледуваа асиметричната закана од дронови,“ вели Толаст.Дека технологијата постои сведочи британската компанија MARSS, која веќе произведува пресретнувачки дронови управувани со вештачка интелигенција. Но, директорот Јоханес Пинл тврди дека НАТО системите за набавка се „заглавени во осумдесеттите“.„Во Европа сè уште пишуваат спецификации за систем кој ние веќе со години го користиме во операции,“ нагласува тој.Војната во Украина создаде забрзани процедури за набавка, кои им овозможуваат на државите директно да купуваат опрема за Киев.„Ако опремата е за Украина – добивате веднаш. Ако е за вашата армија – ќе чекате процедура,“ објаснува Сијете Хаминга од Robin Radar Systems, чија технологија детектира ирански „Шахед“ дронови на 12 километри.Пример за ваква трансформација е португалскиот стартап Tekever. Од 2022 година, британската влада инвестираше речиси 300 милиони евра во нивните извидувачки дронови AR3 за Украина. Почетоков на годината, RAF најави дека ќе ги интегрира во својот нов електронски систем StormShroud – за само шест месеци од тестирањето до оперативна употреба.Текевер неодамна отвори нова фабрика со илјада работни места во Велика Британија, четврта по ред, најавувајќи масовно производство на дронови.„Ризикот мора да се дели меѓу индустријата и владата,“ вели Карл Бру од одделот за одбрана на компанијата.Со оглед на тоа што Украина стана вистинско тестно поле за нови технологии, јасно е дека НАТО мора да се приспособи многу побрзо отколку досега. Прашањето што останува е: ќе успее ли Алијансата да го направи тој чекор пред да биде предоцна?

Свет | пред 4 месеци

media-librarypg7pu9dtc8n29LA4U7I

НАТО потсетува на 2015: Дали Естонија може да стане нова Турција за Русија?

НАТО и Европа остро реагираа на вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на три руски авиони МиГ-31, кои според Талин останале вкупно 12 минути над територијата на земјата. Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна го оцени инцидентот како „невидено дрзок“ и четврто вакво прекршување годинава. Русите биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 стационирани во базата во Естонија.Најострата реакција стигна од литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која порача дека овој случај е уште еден доказ за потребата од операцијата „Источна стража“ и додаде:„Североисточната граница на НАТО се тестира со причина, мора да го сфатиме тоа сериозно.“ Таа потсети и на 2015 година, кога Турција постави преседан со уривањето на руски авион.Инцидентот на кој се повика литванската министерка се случи на 24 ноември 2015 година, кога турски Ф-16 урна руски авион Су-24 на турско-сириската граница. Анкара тврдеше дека авионот навлегол во турскиот воздушен простор и бил предупреден 10 пати во рок од пет минути, пред да биде погоден со ракета воздух-воздух. Според Турција, рускиот Су-24 влегол два километри внатре во нејзиниот простор и таму останал 17 секунди. Москва, пак, инсистираше дека авионот летал исклучиво над сириска територија и не примил никакви предупредувања.Од двочлената посада, пилотот потполковник Олег Пешков беше убиен од сириски бунтовници додека се спушташе со падобран, додека навигаторот Константин Мурахтин беше спасен и вратен во руската база Хмејмим во Латакија. Во обидот за спасување загина и руски маринец, кога хеликоптер Ми-8 беше погоден од оган.Инцидентот предизвика голема дипломатска криза меѓу Москва и Анкара, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека американската војска била запознаена со локацијата и времето на летот. Вашингтон го демантираше тоа, нагласувајќи дека постојат докази оти авионот навистина накратко влегол во турскиот воздушен простор.Потсетувањето на тој случај денеска е предупредување дека НАТО би можел да реагира остро ако руските прекршувања продолжат, што дополнително ја зголемува тензијата на источниот фронт на Алијансата.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryssab59jq7gv13DjUjOn

(Видео) Експлозии и пожар по напади со дронови врз руски рафинерии

Украинските сили во текот на ноќта со дронови нападнаа рафинерии во Саратовската и Самарската област во Русија, пренесуваат руски „Телеграм“ канали повикувајќи се на изјави на жители. Нападите доаѓаат во момент кога Киев ја интензивира кампањата против руската нафтена и гасна инфраструктура.Во градот Саратов, дрон погодил нафтена рафинерија на периферијата, предизвикувајќи силна експлозија. На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од голем пожар кој бил видлив и од центарот на градот. Според украинската армија, оваа рафинерија учествува со 2,54% од вкупниот капацитет за преработка на нафта во Русија.Гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин, не го спомна директно нападот врз рафинеријата, но изјави дека дрон погодил станбена зграда во градот, при што едно лице било повредено. Саратов се наоѓа околу 150 километри од границата со Казахстан и речиси 600 километри источно од линијата на фронтот во Украина.Во Самарската област, пак, украински дронови погодиле рафинерија во градот Новокујбишевск, кој се наоѓа повеќе од 900 километри од руско-украинската граница. Жители пријавиле голем пожар во близина на градот, но засега нема информации за точниот степен на штетата.Украинците тврдат дека погодиле и производствено-отпремна станица на Самарската линија (ЛПДС), каде што се меша сурова нафта со различен процент на сулфур за да се добие извозната „Уралс“ нафта.Руската авијациска управа во текот на ноќта соопшти дека привремено бил прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Самара поради нападите.

Свет | пред 4 месеци

media-librarykof3mshm5ru94cC3H6B

Москва: Нашите авиони не го нарушија естонскиот воздушен простор

Руските борбени авиони не го нарушиле естонскиот воздушен простор и летале над неутралните води на Балтичкото Море, соопшти руското Министерство за одбрана во раните утрински часови на Телеграм.„Летот беше изведен во целосна согласност со меѓународните правила за воздушен сообраќај, без какво било нарушување на границите на други држави, што го потврдија независни проверки“, стои во соопштението за трите авиони МиГ-31.Талин, пак, тврди спротивното. Естонија вчера соопшти дека трите руски авиони без дозвола влегле во нејзиниот воздушен простор и таму останале вкупно 12 минути.„Русија годинава веќе четири пати го прекрши нашиот воздушен простор, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при кое три борбени авиони навлегоа во нашата територија, е невидена дрскост“, изјави министерот за надворешни работи Маргус Цахкна.Естонската армија објасни дека руските авиони биле пресретнати од италијански ловци Ф-35, стационирани во базата во Естонија во рамките на мисијата за воздушен надзор над Балтикот.Поради инцидентот, премиерот Кристан Михаел објави дека Естонија го активира Член 4 од НАТО, кој ѝ овозможува на секоја земја-членка да побара консултации доколку смета дека нејзиниот територијален интегритет или безбедност се загрозени. За разлика од Членот 5, кој предвидува колективна воена одбрана, Членот 4 подразбира дипломатски консултации и координација.Случајот доаѓа нешто повеќе од една седмица откако повеќе од 20 руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор, дел од кои беа соборени од НАТО авиони. И НАТО и Европската Унија остро го осудија најновиот упад, оценувајќи го како „екстремно опасна провокација“ и изразувајќи целосна поддршка за Естонија.Американскиот претседател Доналд Трамп, запрашан од новинарите во Белата куќа, кусо изјави:„Не ми се допаѓа тоа. Не сакам кога се случува вакво нешто. Може да предизвика големи проблеми, но ќе ве информирам подоцна.“

Свет | пред 4 месеци

putin-vojna

Путин: Производството на оружје во Русија зголемено и до 30 пати за две години

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети фабриката за оружје „Мотовилиха“ во Перм, каде што зборуваше за драматичното зголемување на производството на вооружување во последните две години.„Не се сомневам дека во овој период, кој е релативно краток од перспектива на вашата историја, беше произведено многу во одредени видови оружје и производи. Како што веќе знаете, зголемувањето на производството не беше во проценти, туку повеќекратно – двојно, тројно, десеткратно, петнаесеткратно, а за некои производи речиси триесетпати, буквално за година и пол до две години“, изјави Путин, пренесува РИА Новости.Тој истакна дека побарувачката за модерни вооружени сили нема да престане ниту со завршувањето на, како што ја нарече, „специјалната воена операција“ во Украина. Според него, Русија ќе продолжи да ги развива и модернизира своите вооружени сили, „правејќи ги модерни, компактни и моќни“.„Се надевам и очекувам дека овие настани поврзани со специјалната воена операција ќе поминат“, додаде Путин во разговор со вработените во фабриката.Посетата на фабриката „Мотовилиха“ е дел од неговата работна тура во Пермската област, регион кој се наоѓа на границата меѓу Европа и Азија

Свет | пред 4 месеци

media-librarylb0dqfm6tq84eJ9UGkZ

Сè повеќе мистериозни смртни случаи меѓу руски олигарси и директори

На периферијата на Москва е пронајдено телото на 50-годишниот Александар Тјунин, генерален директор на компанијата „НПК Химпроминжинеринг“, подружница на државниот нуклеарен гигант „Росатом“. Тјунин лежел покрај својот автомобил на пат во близина на шума, а крај него биле најдени ловечка пушка и проштално писмо, јавува United24 Media.Според пишувањата на The Moscow Times од 19 септември, во писмото тој навел дека решил да си го одземе животот поради депресија која ја чувствувал последните пет години и која, како што запишал, станувала „сè потешка со секоја измината година“. Иако руските државни медиуми, меѓу кои и ТАСС, брзо го класифицираа случајот како самоубиство, смртта на Тјунин го продолжува загрижувачкиот низ мистериозни и неразјаснети смртни случаи меѓу високи раководители во енергетскиот, нуклеарниот и индустрискиот сектор во Русија од почетокот на инвазијата врз Украина.Тјунин ја водеше компанијата од април 2016 година, управувајќи со производството на јаглеродни композити за авионска, енергетска и индустриска примена. Подоцна фирмата беше припоена кон „Уматекс“, дивизија на „Росатом“ специјализирана за напредни материјали, која во февруари 2023 година беше ставена под американски санкции.Ова е само последен случај во серијата сомнителни смртни случаи на влијателни директори во Русија. На 8 септември во Калининградската област властите пронајдоа обезглавено тело на Алексеј Синицин, директор на рударска компанија. Во август јавноста ја потресоа и ненадејните смртни случаи на Дмитриј Осипов, претседател на „Уралкалиј“, како и на Михаил Кенин, основач на градежниот гигант „Самолет“.Овие случаи се случуваат во период кога руската економија бележи сериозно забавување. Извршниот директор на „Сбербанк“, Херман Греф, неодамна предупреди на „техничка стагнација“ и раст на БДП кој се движи кон нула, што дополнително го зголемува притисокот врз индустријата и домаќинствата.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Човек на Трамп: Путин сака да го обнови Руското Царство – мора да го запреме

Генерал-полковник Кит Келог, ветеран од Виетнамската и Заливската војна, денес е помошник на американскиот претседател Доналд Трамп и специјален претседателски изасланик за Украина. Во интервју за The Telegraph, Келог изнесе остри оценки за Владимир Путин и предупреди на опасностите од руската експанзија.„Путин е агент на КГБ. Никогаш не престана да биде еден од нив. Тој е манипулатор. Се прави дека не зборува англиски, а ние го фативме неколку пати дека всушност зборува. Единствено оружје против ваков човек е силата,“ изјави Келог.На прашањето дали Русија, доколку ја освои Украина, би нападнала земја-членка на НАТО, Келог одговори без двоумење:„Апсолутно. Путин сака да го обнови Руското Царство. Историјата е јасна – тоа ме потсетува на Хитлер во 1938 година кога бараше Судети, па Порајне, Полска, а потоа почна Втората светска војна. Историјата не се повторува, но се римува. Затоа мора да го запреме – сега.“Келог го опиша Путин и како „реалист“ кој, ако се зголеми улогот, ќе отстапи.„Путин е во заблуда дека победува во оваа војна. Трамп му дава време и простор за преговори, но картите се сè уште во наши раце,“ нагласи тој.Според него, приоритетот е прекин на огнот:„Трамп претпочита мировни преговори, јас прво прекин на огнот – затоа што еднаш кога ќе застане, тешко е повторно да започне.“81-годишниот генерал оцени дека руските загуби во Украина – мртви и ранети – веќе надминуваат еден милион. Тој и порача на Европа дека мора да се подготви за поддршка на Украина и без американска помош, додавајќи дека тоа не значи целосно повлекување на САД, туку потреба Европа да „стои на свои нозе“.

Свет | пред 4 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Кремљ: Трамп е емотивен околу Украина – и тоа е разбирливо

Кремљ соопшти дека претпоставува оти американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму вложува напори за изнаоѓање решение за конфликтот во Украина, и покрај неговата изјава дека рускиот претседател Владимир Путин го „изневерил“ со своите постапки.Трамп неколку пати досега изрази разочараност поради продолжените руски напади врз украински цели, иако, како што тврди, се обидувал да посредува во пронаоѓање мирно решение. Во четвртокот, на заедничка прес-конференција со британскиот премиер Киер Стармер, Трамп изјави дека се чувствува „изневерен“ од Путин.„Претседателот Трамп е, да речеме, прилично емотивен околу оваа тема. Тоа е сосема разбирливо,“ изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската новинска агенција РИА.Тој додаде дека Москва претпоставува оти и понатаму постои политичка волја и намера од страна на Трамп и на САД да се вложат напори за олеснување на решението за Украина.Рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери во повеќе наврати ги пофалија обидите на Трамп да најде решение за украинското прашање и да организира средби на високо

Свет | пред 4 месеци

media-librarykof3mshm5ru94cC3H6B

Естонија и врачи протестна нота на Русија поради инцидентот со авионите

Естонија официјално упати протестна нота до Русија поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор.Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти за Associated Press дека бил повикан рускиот отправник на работи, кој привремено ја извршува функцијата амбасадор, и дека лично му е врачена нотата.

Свет | пред 4 месеци

kremlj-moskva

Руски амбасадор при ОН: „Не верувам во тоа што Естонија зборува за Русија“

Додека Белата куќа сè уште нема официјален став за инцидентот, ни Москва засега не се изјасни околу нарушувањето на естонскиот воздушен простор.Како што пренесува The Guardian, на прашање на Reuters во Њујорк, рускиот амбасадор при Обединетите нации, Василиј Небензја, изјавил дека не е запознаен со случајот, но додал дека „не верува во тоа што Естонија го зборува за Русија“.На дополнително прашање за естонските обвинувања дека руски авиони навлегле во нивниот воздушен простор, Небензја саркастично одговорил: „Колку трагично.“

Свет | пред 4 месеци

kineski-voeni-avioni-6

Германија: Пресретнат руски воен авион Ил-20 близу воздушниот простор на НАТО

Германската делегација при НАТО соопшти дека денеска пресретнале руски воен авион Ил-20 кој летал во близина на воздушниот простор на Алијансата без летен план и без активиран транспондер.Како одговор, германски ловец „Eurofighter“ полетал од воената база Лааге за да го следи леталото и да обезбеди контрола на ситуацијата.Овој инцидент се случува само неколку часа по нарушувањето на естонскиот воздушен простор од три руски МиГ-31 авиони, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу НАТО и Русија.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

НАТО со решителна реакција по инцидентот со руските авиони

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека Алијансата реагирала брзо и решително на денешното руско нарушување на естонскиот воздушен простор.Во објава на социјалната мрежа Х, Руте информира дека имал разговор со естонскиот премиер по инцидентот, нагласувајќи: „Одговорот на НАТО во рамките на мисијата ‘Истоčna стража’ беше брз и одлучен.“

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања