РУСИЈА

ukraina-4121-odesa

Едногодишно дете убиено во руски воздушни напади врз Киев, погодена и владината зграда

Русија започна масовен и страотен напад преку ноќ со стотици беспилотни летала и ракети. Цели се украински градови, а погодени се бројни станбени згради во Киев. Во нападите врз Киев загинаа најмалку три лица, вклучувајќи и едногодишно дете, а 18 беа повредени. Владината зграда, исто така, беше погодена.,,За првпат од почетокот на војната зградата на владата е оштетена во непријателски напад покривот и горните катови“, рече премиерката Јулија Свириденко.Покрај дронови, кон градот биле испукани и крстосувачки ракети.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја потврди трагичната вест, додавајќи дека најмалку пет лица се хоспитализирани, меѓу кои и една бремена жена.Според градоначалникот, остатоци од руски беспилотни летала погодиле три станбени згради во Свјатошински округ и една во Дарнички округ, што предизвикало пожари.

Свет | пред 4 месеци

putin-vojna

Москва остро до Западот: Секој војник во Украина е цел за уништување

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку западни воени сили бидат распоредени во Украина, тие ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади.„Ако се појават некакви трупи таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од тоа дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување,“ рече Путин на економскиот форум во Владивосток.„А доколку се донесат одлуки што водат кон мир, долгорочен мир, тогаш едноставно не гледам никаква смисла во нивното присуство на украинска територија, точка,“ додаде тој.Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во Париз соопшти дека 26 земји се обврзале да ѝ дадат на Украина посвоени безбедносни гаранции по завршувањето на војната, меѓу кои и меѓународни сили на копно, море и воздух.Иако Макрон не откри кои држави конкретно се понудиле да испратат свои трупи, познато е дека Франција и Велика Британија се меѓу нив. Во исто време, Германија најави зголемување на поддршката преку обука и вооружување на украинските сили, но остана воздржана за можноста да испрати војници. Италија и Полска, пак, јасно соопштија дека нема да распоредат свои трупи во Украина.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ исто така потврди дека хрватски војници нема да бидат испратени во Украина, нагласувајќи дека таква опција никогаш не била разгледувана, иако земјата е дел од Коалицијата на волни, која вклучува околу триесетина држави, меѓу кои и Канада и Австралија.

Свет | пред 4 месеци

putin-4124

Кремљ: Путин е благодарен на Трамп, но разговорите не се лесни

Гласноговорникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека Владимир Путин високо ги цени напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина. Тој нагласи дека Кремљ го гледа Трамп единствено како претседател на САД, без дополнителни атрибути.„Путин е благодарен на претседателот Трамп за неговите мировни напори и конструктивната природа на односите што ги имаат. Но разговорите не се лесни, затоа што секој од нив ги брани интересите на својата земја,“ рече Песков, пренесе ТАСС.Тој потврди дека Путин го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва „на разговор, а не на капитулација“. Според Песков, процесот на решавање на конфликтот напредува, но сè уште е прерано да се зборува кога би можел да заврши. „Путин кажа дека постои светлина на крајот од тунелот,“ додаде тој.Во однос на односите со Вашингтон, Песков истакна дека засега нема детали за можен нов состанок меѓу Путин и Трамп. „Моментално нема развој на настаните,“ изјави тој. Песков нагласи дека контактите меѓу Русија и САД се одвиваат на повеќе нивоа – меѓу Кремљ и Белата куќа, како и меѓу разузнавачките служби – но тоа сè уште не довело до „сеопфатно оживување на односите“.Тој оцени дека билатералните односи претрпеле сериозни оштетувања за време на претходната американска администрација и дека ќе биде потребно време за нивна обнова. „Процесот на извлекување на нашите односи од целосна ошамуќеност ќе трае извесен период. Постојат негативни инерции. Преголема штета е нанесена на целата архитектура на нашите билатерални односи,“ рече Песков.Тој додаде дека Русија и САД сè уште не стигнале до точка на обновување на соработката во областа на културата и спортот.

Свет | пред 4 месеци

putin-4124

Путин: Ако Зеленски сака – нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени својот престој во Кина како позитивен и корисен, нагласувајќи дека постигнал клучен договор за проектот гасовод „Силата на Сибир 2“ и дека разговорите со кинеското раководство биле многу продуктивни.„Форматот на овие средби овозможи да разговараме за секоја тема, што е од големо значење“, изјави Путин, додавајќи дека гасоводот ќе создаде конкурентска предност за Кина, бидејќи ќе добива гас по пазарни, а не по вештачки надуени цени.Прашан за мировни гаранции за Украина, Путин рече дека секој треба да има безбедносни гаранции, вклучително и Украина, но нагласи дека тоа не значи размена на територии.„Не се бориме за земја, се бориме за правата на луѓето да зборуваат руски јазик и да живеат по своите традиции“, изјави тој, додавајќи дека се гледа светло на крајот од тунелот. Рускиот претседател повторно го повика украинскиот колега Володимир Зеленски да дојде во Москва, доколку е подготвен за директни разговори.Осврнувајќи се на состојбата на боиштата, Путин изјави дека руските сили напредуваат на сите фронтови, а Украина нема капацитет за офанзиви од поголем обем. „Можеби подготвуваат нешто, но според нашите експерти, украинската војска во моментов нема такви способности“, додаде тој. За западните санкции тврдеше дека настаните во Украина се само изговор за претходно подготвени економски мерки против Русија и други земји. „Тоа нас не нè засега,“ рече кратко.Во врска со неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за наводна завера меѓу Путин, Ким Џонг Ун и Си Џинпинг, рускиот лидер одговори со насмевка: „Трамп има добар смисол за хумор.“ Тој додаде дека никој во Кина за време на посетата не зборувал против Трамп и дека сите ја поддржале средбата во Анкориџ, изразувајќи надеж дека тоа ќе придонесе за крај на војната.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Русија ќе ѝ помогне на Кина да ја престигне Америка во нуклеарна енергија

Русија ќе и помогне на Кина да ја престигне Америка и да стане најголем светски производител на нуклеарна енергија, изјави за руската државна телевизија Алексeј Лихачов, директор на државната нуклеарна корпорација „Росатом“.Соединетите Американски Држави моментално управуваат со најголемата мрежа на нуклеарни реактори во светот, со речиси 97 гигавати (GW) инсталиран капацитет. Кина, пак, интензивно инвестира во изградба на нови реактори и според податоците на Американската управа за енергетски информации, во април 2024 година имала оперативен капацитет од 53,2 GW.„Кина има амбициозни планови за развој на атомската енергија. Целта е да се стигнат и надминат САД по инсталиран капацитет, што значи да се достигне повеќе од 100 гигавати,“ изјави Лихачов.На прашањето дали Русија ќе и помогне на Кина во реализацијата на оваа цел, тој одговори: „Се разбира. Ќе помогнеме. Веќе помагаме.“Русија досега помогнала во изградбата на четири нуклеарни реактори во Кина и моментално работи на изградба на уште четири. Според Лихачов, амбициозните планови на Пекинг бараат големи количини ураниум и нуклеарно гориво, па затоа Кина ќе треба да развие нова генерација реактори со затворен нуклеарен горивен циклус, базирани на руската технологија.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-10.23.22

Трамп вика дела Путин и Си кројат заговор против САД, одговор стигна од советник на рускиот претседател

Советникот на рускиот претседател, Дмитриј Ушаков, ги демантираше тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин, Ким Јонг Ун и Си Џинпинг договараат заговор против САД.Трамп на својата мрежа Truth Social напиша порака во која со иронија им посака „убав и траен ден на прослава“ на кинескиот претседател и „народот на Кина“, а воедно упати поздрав и до Путин и Ким, додавајќи: „додека кроите заговор против САД“.Ушаков, одговарајќи на новинарско прашање, изјави: „Сакам да кажам дека никакви завери не се прават, никој не подготвува никакви планови, завера воопшто нема, а уште помалку некој од тројцата лидери размислувал за такво нешто“.Тој додаде дека во Москва добро ја разбираат улогата на Соединетите Американски Држави во денешните меѓународни односи. „Сите се свесни за улогата што ја имаат САД, актуелната администрација на претседателот Трамп и самиот претседател Трамп“, рече Ушаков.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2023-12-01-at-10.49.15

Лавров: За мир со Украина мора да се признаат „новите територијални реалности“

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва очекува продолжување на преговорите со Украина, но само доколку во нив се признаат „новите територијални реалности“ и се воспостават нови системи на безбедносни гаранции.„За мирот да биде одржлив, новите територијални реалности мора да се признаат и формализираат во меѓународно-правна смисла,“ рече Лавров во интервју за индонезискиот весник Компас.Тој индиректно се осврна и на прашањето за приклучувањето на Украина кон НАТО, нагласувајќи дека Киев треба да има „неутрален, несврстан и ненуклеарен статус“.Украина возврати дека Русија нема право да одлучува за нејзините меѓународни сојузи, додека НАТО останува на ставот дека Москва не може да има вето врз членството на земјите во Алијансата.Лавров додаде дека шефовите на руската и украинската делегација се во директен контакт и изрази очекување дека разговорите ќе продолжат.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-vojna-14

(Видео) Вештачката интелигенција влезе на бојното поле: Украина прва во свет почна да користи AI дронови

Украина разви нова стратегија во користењето на дронови, комбинирајќи вештачка интелигенција и напреден софтвер што им овозможува на леталата меѓусебна координација. Според „Вол Стрит Журнал“, украинската армија веќе речиси една година спроведува напади со „роеви дронови“ – технологија која досега беше само предвидување за иднината на војувањето.Секоја операција обично вклучува еден извидувачки дрон и два бомбардери кои самостојно одлучуваат кога ќе ја извршат задачата. Новата технологија овозможува истовремено да се користат повеќе дронови со помал број оператори, што значително ја зголемува ефикасноста и ги штеди ресурсите. „Не е потребен пилот за секој дрон – еден оператор може да управува со повеќе летала“, објаснува Сергиј Куприенко, директор на компанијата „Swarmer“, која стои зад развојот на софтверот.Украинските единици досега ја примениле оваа технологија повеќе од сто пати, а досега се изведени напади и со групи од осум дронови. Во тестови, софтверот покажал дека може да координира и до 25 летала, а наскоро се планираат и поголеми експерименти со повеќе од сто.Иако сè уште не станува збор за „полн рој“ со стотици дронови, аналитичарите сметаат дека Украина е првата земја која ја применува оваа технологија рутински во воена акција.Меѓутоа, експертите предупредуваат и на етичките дилеми – дали машините треба да имаат самостојна одлука за напад врз војници и цивили. Од „Swarmer“ уверуваат дека конечната команда за напад секогаш ја дава човек, иако дроновите самостојно се прилагодуваат на условите на теренот.Со оваа стратегија, Украина ја зацврстува својата водечка позиција во современото војување со дронови, а глобалната трка во развојот на вакви технологии дополнително се интензивира.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-10.22.49

Си и Путин демонстрираат блискост: „Заедно градиме нов глобален поредок“

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот колега Владимир Путин „свој добар пријател“ на почетокот од нивната средба во Пекинг, пренесуваат светските агенции. Двајцата лидери нагласија дека односите меѓу Кина и Русија претставуваат пример за „соседско пријателство, сèопфатна стратешка координација и заемно корисна соработка“.Путин изјави дека Москва е подготвена да го зајакне стратешкото партнерство со Пекинг и да ја продолжи интензивната комуникација на највисоко ниво. „Односите меѓу нашите земји се без преседан“, истакна рускиот претседател.Си Џинпинг, пак, ја поздрави „потполната стратешка соработка“ меѓу двете држави и ја изрази волјата за заедничка изградба на „праведен и разумен глобален систем на управување“. Тој остро ги осуди „чиновите на заплашување“ и „менталитетот на студената војна и блоковската конфронтација“, кои, како што рече, се закана за стабилноста.Состанокот се одржа во време на зголемени глобални тензии. Путин претходно учествуваше на регионалниот самит во Тјанџин, а во среда ќе присуствува на големата воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна и капитулацијата на Јапонија.„Секогаш сме биле заедно тогаш и остануваме заедно и сега“, порача Путин, додавајќи дека присуството на парадите во Москва и Пекинг е почит кон придонесот на двата народа во победата над фашизмот.И Кина и Русија се наоѓаат во заострени односи со Западот и САД. И покрај средбата на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска во август, нема знаци за приближување во ставовите околу Украина. Истовремено, односите меѓу Кина и САД се дополнително оптоварени поради трговската војна и воведените царини, додека Европа и натаму го критикува Пекинг за поддршката кон Москва во текот на конфликтот во Украина.

Свет | пред 4 месеци

ukraina-telegram

Русите напаѓаат западни цели во Украина

Ракетите што ја погодија американската мултинационална фабрика и канцелариите на европските дипломати, аналитичарите ги сметаат за сигнал од Кремљ дека ќе се спротивстави на западните обиди за мир и заштита на Украина, објавува „Њујорк тајмс“.„Тие точно знаеја што целат“Нападите беа шок за западниот украински град Мукачево, кој досега е во голема мера поштеден од војната. Таму нема полициски час. Градоначалникот Андриј Балоха првично мислеше дека се грмотевици.Целта и времето на крстосувачките ракети беа уште поголемо изненадување. Фабриката „Флекс Лтд.“, позната по производство на домашни апарати, беше погодена шест дена откако американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа во Алјаска за да разговараат за завршување на војната.„Два удари на исто место? Не, не грешеа. Тие точно знаеја што целат“, рече Балоха.Една недела подоцна, две ракети го погодија центарот на Киев, оштетувајќи ги канцелариите на Европската унија и Британскиот совет. Русија ретко напаѓа таму бидејќи е зона на дипломатски мисии. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја обвини Москва дека намерно ја таргетира ЕУ.Сигналот на Москва: „И ние сме во војна со Западот“Аналитичарите и официјалните лица велат дека нападите врз американските и европските цели испраќаат порака - дека Путин се чувствува доволно моќен за да се спротивстави на притисокот за мир, да ја води војната како што смета за соодветно, а во исто време да му нанесе болка на Западот.Трамп повика на директни мировни разговори меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека европските земји дебатираат за безбедносните гаранции за Украина по војната. Кремљ ги нарекува разговорите прерани, а гаранциите неприфатливи.„Русија сега напаѓа врз секој во светот што сака мир“, рече Зеленски.Минатата недела, Русија испали стотици беспилотни летала и ракети кон Киев, убивајќи најмалку 25 лица во најсмртоносниот напад врз цивили откако се сретнаа Трамп и Путин. Ниту еден од загинатите не беше во дипломатските згради.фото: Телеграм/Кличко

Свет | пред 4 месеци

uapsen-rusin

Украинците уапсија осомничен за убиство на истакнат политичар, објавија фотографии: „Злосторството има руски траги“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во раните утрински часови на 1 септември објави дека осомничениот за убиството на Андриј Парубиј, поранешен претседател на парламентот и истакнат политичар, кој беше убиен на 30 август во Лавов, е уапсен.„Осомничениот го даде своето првично сведочење. Во тек се итни истражни дејствија за да се утврдат сите околности на ова убиство“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на полицијата и на Службата за безбедност на Украина за нивната брза акција.Иван Вихивски, шефот на украинската полиција, нагласи дека злосторството не е случајно и дека „има руска трага“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, напаѓачот бил уапсен во регионот Хмелницки откако се обидел да ги скрие трагите со пресоблекување и фрлање на оружјето, објавува Киев Индепендент.Парубиј, 54, беше застрелан пред својот дом во Лавов во саботата. Напаѓачот, преправен како доставувач, испукал осум истрели од огнено оружје. Полицијата соопшти дека нападот бил внимателно испланиран: напаѓачот ги следел движењата на жртвата, испланирал рута и планирал бегство.„Во рок од 24 часа од убиството, веќе бевме на трагата на сторителот, а во рок од 36 часа беше уапсен“, рече Клименко.Парубиј беше една од клучните политички фигури на модерна Украина. Роден во 1971 година во близина на Лавов, тој се вклучил во политичкиот живот за време на советската ера, кога двапати бил апсен за организирање протести. Откако Украина доби независност, тој беше избран во парламентот во 2007 година, а учествуваше и во најважните проевропски движења - „Портокаловата револуција“ во 2004 година и протестите на Мајдан во 2013/2014 година, каде што водеше групи за самоодбрана.Тој беше секретар на Советот за национална безбедност и одбрана од февруари до август 2014 година, во времето кога Русија го анектираше Крим и започна војна во источна Украина. Поради неговата улога во тој период, тој беше честа цел на руската пропаганда и дезинформациски кампањи.Парубиј беше претседател на парламентот помеѓу 2016 и 2019 година. Властите сега истражуваат дали тој добил закани во периодот пред неговото убиство.фото: Украинска полиција

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-31-at-09.54.04

Путин: Западот ја предизвика оваа криза

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјанџин, зборувајќи за офанзивата на неговата земја во Украина, повторно го обвини Западот дека е виновен за започнувањето на конфликтот.„Оваа криза не започна со нападот на Русија врз Украина, таа е резултат на државниот удар во Украина кој го поддржа и предизвика Западот,“ изјави Путин, мислејќи на протестите на Мајдан во 2014 година, по кои прорускиот претседател Виктор Јанукович ја напушти власта. Тогаш Москва го анектираше Крим и им даде поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина, што доведе до избувнување на граѓанска војна.„Вториот причинител на кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО,“ додаде Путин.Тој зборуваше пред своите главни сојузници, меѓу кои кинескиот претседател Си Џинпинг – домаќин на самитот, индискиот премиер Нарендра Моди и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. „Многу ги цениме напорите и предлозите на Кина, Индија и другите наши стратешки партнери кои сакаат да придонесат за решавање на украинската криза,“ нагласи Путин.Иако американскиот претседател Доналд Трамп постојано повикува на договор меѓу Москва и Киев, разговорите остануваат без резултат. Путин одбива прекин на огнот и бара Украина да отстапи дел од територијата и да се откаже од западната поддршка – услови кои Киев целосно ги отфрла.На маргините на самитот, Путин денеска треба да се сретне со претседателите на Турција и Иран, како и со индискиот премиер, додека утре во Пекинг ќе одржи билатерална средба со Си Џинпинг.

Свет | пред 4 месеци

rosneft-1

Пад на приходите на рускиот нафтен гигант за повеќе од 68% поради ниските цени на нафтата

Нетo приходот на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ се намали за повеќе од 68% во првата половина од годинава, достигнувајќи 245 милијарди рубљи (околу 2,6 милијарди евра), јави Ројтерс повикувајќи се на извори од индустријата.Причината за падот, како што се наведува, е намалувањето на цените на нафтата поради зголеменото производство од страна на Саудиска Арабија и другите држави-членки на Организацијата на земји извознички нафта (ОПЕК+).„Првата половина од годината ја одбележа пад на цените на нафтата, пред сè поради прекумерното производство. Главна причина е активното зголемување на производството на земјите од ОПЕК, вклучително и Саудиска Арабија, ОАЕ, Ирак и Кувајт,“ изјави првиот човек на „Роснефт“, Игор Сечин.Според индустриски извори, Русија на состаноците на ОПЕК+ изразила загриженост дека зголемувањето на производството се одвива побрзо од очекуваното.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Аxios: Белата куќа ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина

Според пишувањето на американскиот портал Axios, високи претставници на Белата куќа сметаат дека дел од европските лидери го продолжуваат војната во Украина, убедувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да почека подобар договор со Москва.Фрустрацијата во Вашингтон расте поради отсуство на напредок од разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржаа пред две недели на Алјаска. Американските претставници веруваат дека некои европски државници ја поттикнуваат Украина да очекува нереални територијални отстапки од Русија.„Европјаните не смеат да го продолжуваат овој војна и да поттикнуваат неразумни очекувања, а истовремено да очекуваат Америка да ја сноси цената,“ изјавил висок претставник на Белата куќа за Axios.Медиумот не прецизира кои земји се на мета на критиките, но наведува дека тоа не се Обединетото Кралство или Франција, кои заедно ја предводат таканаречената „коалиција на подготвените“, лабаво партнерство на западни земји што и ветуваат поддршка на Украина.

Свет | пред 4 месеци

1680095499_zelenski

Зеленски: Украина планира нови удари длабоко во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев подготвува нова серија напади врз цели длабоко во руската територија.„Украина планира нови удари длабоко во Русија. Ќе ги продолжиме нашите активни операции токму на начин кој е неопходен за одбраната на Украина,“ изјави Зеленски.Тој додаде дека „силите и ресурсите се подготвени“ и дека „се планирани нови длабоки удари“, по средбата со врховниот украински командант Олександар Сирски.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања